Ерол Сулејмановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Nov 2018 09:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ерол Сулејмановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Во духовниот храм“, прва самостојна изложба на Ерол Сулејмановски https://arhiva.vistina.com.mk/vo-duhovniot-hram-prva-samostojna-izlozba-na-erol-sulejmanovski/ Tue, 06 Nov 2018 09:12:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56456

„Во духовниот храм“ е насловот на првата самостојна изложба на македонскиот сликар Ерол Сулејмановски која ќе се одржи од 09.11.2018 до 19.11.2018 година во Скопје. Сулејмановски по професија е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа, во сликарството е вљубен од своите најмлади денови, а на своите слики посветил 30 години од животот. Преку неговите дела кои ќе бидат изложени, посетителите на изложбата ќе имаат можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација. Самите наслови алудираат на темата од македонскиот живот. Дел од нив се „Македонка“, „Жетварки“, „Старо Скопје“, „Молитва“, „Три генерации“… Познатиот македонски поет Мирче Нешовски за делата на Сулејмановски ќе рече дека тие имаат свој специфичен печат и код на магична илуминарна композициска поставеност. -Сликарот со видот од неговото вешто изострено око и со бистрината во целата композиција, не пропушта од вид ниеден пластично насликан детаљ. Но, и кога има преливи на колоритот во широки рефлексии, сликарот не дозволува превид, стрпливо и чисто ги дава наносите на преливите на боите и колоритот и ни ја дава целосната грандиозност на рафинирана вонвременска слика врз длабочината на пречистената рафинирана плоха, се вели во критиката на Нешовски.
Ерол Сулејмановски
Изложбата „Во духовниот храм“ на Ерол Сулејмановски ќе биде отворена во петок (09.11.2018 г.) со почеток во 19 часот во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност. извор:курир.мк]]>