епитаф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Mar 2021 10:18:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png епитаф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 40 дена од смртта на Балашевиќ: Гробот на покојниот кантавтор поместен за десеттина метри, а него наместо епитаф стих од негова песна (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/40-dena-od-smrtta-na-balashevikj-grobot-na-pokojniot-kantavtor-pomesten-za-desettina-metri-a-nego-namesto-epitaf-stih-od-negova-pesna-foto/ Wed, 31 Mar 2021 10:18:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196866

Изминаа 40 дена од смртта на  големиот Ѓорѓе Балашевиќ, кога цела поранешна Југославија жалеше како за млку уметници кои заминаа пред него. Погребот на Балашевиќ беше извршен на 21 февруари во кругот на најтесното негово семејство, а на него присуствуваа и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ. Обожавателите на Балашевиќ, вчера отидоа да му оддадат почит на починатиот уметник на 40-те дена по неговата смрт, каде веднаш забележаа дека гробот на Балашевиќ не бил на местото каде што тој бил погребан на 21 февруари. Имено, гробот на починатиот кантавтор бил преместен десеттина метри понатаму,  во сенката на четинарите. Покрај името на починатиот, има православен крст, и намесо епитаф стих од неговата песна „Портрет на мојот живот“: „Без црно, белото не би вредело“. Извор и фото: НСХроника.рс]]>

Две години без Есма Реџепова: И направија споменик – и го утнаа епитафот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dve-godini-bez-esma-redzepova-i-napravija-spomenik-i-go-utnaa-epitafot-foto/ Tue, 11 Dec 2018 10:41:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62482

На денешен ден 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска. Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали  и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот. За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.
Кралицата на ромската музика по две години, конечно доби и пристоен споменик на градските гробишта во Бутел. Споменикот го подигна Владата на РМ, откако нејзините наследници и внуци јавно се караа за гробното место. Актуелната влада на државата на која и остави толку многу, конечено и направи споменик, но и го утнаа надгробниот натпис... епитафот!
Имено, посветата не е според правилата на правопис и граматика на Македонскиот литературен јазик, па на неа треба да стои: Споменикот го подигНа ВладаТА на РМ, а не подига Влада, како што е напишано сега. Арно ама... Од кого е - добро е!]]>