еп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 May 2023 08:33:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Триото “Харакири“ ве води на – „Спротивниот крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trioto-harakiri-ve-vodi-na-sprotivniot-kraj-video/ Fri, 12 May 2023 08:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301693

ХАRAKIRI е ново македонско трио кое грубо кажано свири алтернативен рок, но вели дека го турка истиот до границите и пробува да му го скине хименот. Својот стилски компромис го нашле во моќните и fuzzy гитарски рифови, строгите грувови и чувствителните вокали. После турнеја со Луфтанза низ повеќе градови на Балканот, и скоро издадено EP “харакири” триото доаѓа на „Д Фестивал 2023“ во Дојран. Триото го сочинуваат: Андреј Димовски - гитара и вокал, Виктор Стојановски - тапани, Марко Печеновиќ - бас и вокал. „Харакири” го издаде своето прво ЕР, а достапно е на YouTube и Bandcamp, наскоро и на други платформи. ЕП-то содржи 4 песни: 1. Спротивниот крај 2. Јазикот сив 3. Иста доза 4. Нема да се повтори Материјалот е снимен е во 2023 во Алшар Студио, а миксот и мастерот е направен од Раде Биковски. Како пилот најава проследете ја темата „Спротивниот крај“ и видеото за истата во црно бела техника кое го потпишува Марко Печеновиќ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Промовирано ЕП-то на „Пијан славеј“ https://arhiva.vistina.com.mk/promovirano-ep-to-na-pijan-slavej/ Thu, 19 May 2022 12:59:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251331

Во пресрет на 21. OFFest (1-4 јуни), Скопскиот џез фестивал, во среда, на 18 мај 2022 во „Макка бар“ во 20 часот го промовираше новото издание на SJF Records – првата дискографска објава на ПИЈАН СЛАВЕЈ.

Ова EП содржи 5 авторски композиции на ПИЈАН СЛАВЕЈ (Бранислав Николов), во вкупно времетраење од 18 минути. Покрај физичкото компакт-диск издание, Pijan Slavej EP ќе биде достапно и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси. Pijan Slavej EP е 48. издание на SJF Records.

]]>

Игор Ангеловски: Целта е да ја поминеме групата и да направиме ново изненадување https://arhiva.vistina.com.mk/igor-angelovski-celta-e-da-ja-pomineme-grupata-i-da-napravime-novo-iznenaduvanje/ Mon, 22 Feb 2021 13:59:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190893

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Европското првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули оваа година во 12 града ширум Европа. Нашата репрезентација е во групата Ц групата заедно со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Првиот меч на нашиот национален тим, кој воедно е единствениот дебитан на ЕП, го игра во Букурешт на 13 јуни против Австрија, а на 17 јуни исто така во овој град противник ќе ни биде Украина. Последниот дуел од групата го играме против Холандија на 21 јуни во Амстердам. Разговаравме со еден од творците на овој голем успех е селекторот Игор Ангеловски. На почетокот на неговиот мандат сите мислеа дека никој не може да ја „оправи“ работата во фудбалската селекција. По „македонски рецепт“ сите повторно мислеа дека ќе биде уште еден во редот. Најави дека ќе се обиде да направи селекција по свој вкус што ќе игра офанзивен фудбал, ќе се надигрува со секој ривал и нема да се плаши од „големите“. И тоа му успеа за разлика од негови претходници. Имаше храброст да им даде веднаш шанса и на дел од „златните момчиња“ од У21 тимот кој се пласираше на ЕП во Полска заедно во комбинација со поискусните на чело со капитенот Горан Пандев. Создаде одлична хемија и атмосфера во селекцијата, неверојатно заедништво и почнаа резултатите, а кулминираше на 12.11.2020 година по историската победа над Грузија од 1-0 и првиот пласман на нашата репрезентација на едно големо натпреварување како што е ЕП. Господине Ангеловски пред денешниот разговор честитки за новото признание и награда која пристигна од Агенцијата за млади и спорт каде бевте прогласени за тренер на годината за 2020 година. Ангеловски: Благодарам на честитките. Искрено признанијата и наградите годат и се како потврда за трудот и работата  што сте ја работеле и успешно сте ја завршиле. Особено за мене значи што јавноста го кажа за мојот труд и се работи што не се купуваат со пари и немаат цена. Посебна сатисфакција е тоа што сум успеал да ја добијам нацијата, нивната поддршка како и институциите кои што ги доделуваат тие награди. На што се должи овој неверојатен успех кој го направивте и која беше добитната формула за пласман на ЕП ? Ангеловски: Во неколку наврати реков дека најзаслужни се фудбалерите. Јас само направив нешто во репрезентацијата, а тоа е чесно да се работи во селекцијата, да играат најдобрите во моментот што сметаме ние како стручен штаб, да има едно големо почитување во неа и да му покажеме на нашиот народ дека влегуваме сплотени на секој меч. Репрезентацијата ја презедов во една многу тешка ситуација, точно пред пет години. На мојот прв натпревар како селектор против Црна Гора на Градскиот стадион во Скопје или Арена Тодор Проески имаше 70 или 80 гледачи максимум, што говори во тој момент каков бил интересот за селекцијата. Мојот прв работен ден како селектор прво што направив заминав за Џенова за да поразговарам со Горан Пандев кој до тогаш не настапуваше за националниот тим цели две години поради некои работи во работата на Федерацијата во тоа време. Отидов и му го кажав моето видување и дека треба да се врати. Од таа гледна точка по пет години се покажа како вистински потег и заедно со сите останати фудбалери изградивме култ на репрезентацијата. Сите сега не’ поддржуваат и се восхитуваат не само на начинот на кој ги играме натпреварите, туку и на начинот на кој функционираме како едно семејство, како браќа. Така на сите им се спротивставувавме, на секој противник и стигнавме до крајната цел, а тоа е пласман на едно големо натпреварување како што е ЕП, што беше сон на многу генерации. Долго време сум во фудбалот и сум ја следел селекцијата на сите натпреваро почнувајќи од првиот на домашен терен против Словенија, сон им било на сите да се пласираат, но само оваа група играчи успеа на што сме посебно горди. Пак се навраќаме на ноќта во Тбилиси и решавачкиот меч со Грузија. Што помисливте и што Ви помина низ глава пред самиот крај на натпреварот ? Ангеловски: Интересна игра на бројки. На 12.11.2015 година беше моето деби со Црна Гора кое го добивме со 4:1 пред некои 80 гледачи на стадионот во Скопје. На 12.11.2020  година натпревар со Грузија каде што  Македонија го обезбеди пласманот на ЕП, датум кој вечно ќе биде впишан не само во мојот живот туку и во аналите на македонскиот фудбал како датум на кој како држава за прв пат изборивме пласман на едно големо натпреварување во фудбал. Во тој момент не само во самиот финиш, туку и во текот на целиот меч бев максимално скоцентриран, особено кога го отворивме резултатот. Како да бидат извршени измените, да ја неутрализираме нивната игра, каде успеавме во тоа. Не шутнаа на голот, ние имавме посед на топката, имавме игра и две изворедни шанси. Моите совети тогаш беа да не се превзема безпотребен ризик и максимално да бидеме фокусирани на секој дел од теренот, да одиграме уште поголем пресинг на противничката половина за да ги натераме Грузијците на панични исфрлања. На крајот последниот судиски свиреж и дојде големото славје, не само во Грузија туку веднаш под трибинете видовме што се случува и во Македонија. Кога зборувам солзи радосници ми навираат во очи, бидејќи нашиот народ знае да се радува, а токму ние бевме тие што им ја приредивме таа голема и неизмерна радост. Цел живот ќе го паметам тој момент. На Европското првенство Македонија е во група со Австрија, Украина и Холандија. Дали нашата репрезентација има шанси против овие селекции? Ангеловски: Станува збор за квалитетни репрезентации. Имавме можност во претходните квалификации да играме со Австрија и знаете како поминавме. За Холандија пак не сакам да трошам зборови фудбалска велесила, додека Украина е една селекција која е во огромен подем. Тие се квалитетни, но и ние имаме квалитет на кој се гордееме. Јас не можам да ветам дека ќе бидеме европски шампиони, но можам со сигурност да ветам дека како игравме досега така ќе биде и на Европското првенство. Јас пред пет години како селектор поставив една цел за која многумина во тој момент и со потсмев ја гледаа, а тоа е пласман на Европско. Без разлика на се, во овој момент никој не бара од мене ништо, туку јас како Игор Ангеловски поставувам за цел да ја поминеме групата. Од фудбалерите ќе барам тоа што досега во правевме во овие изминати пет години истото да биде и на самиот шампионат каде ќе одиме од натпревар во натпревар. Од 15- ти до 17 февруари организиравте мини камп на кој беа повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколку интернационалци. Колку сте задоволни од прикажаното на потенцијалните кандидати за националниот дрес? Ангеловски: Правилото на ФИФА кое сега е на сила е дека клубовите во мартовскиот собир да не им дозволат на фудбалерите да пристигнат во зависност од Ковид ситуацијата поради карантиот по враќањето во матичните земји каде настапуваат, клубот може и да не го пушти фудбалерот да настапи за репрезентацијата. Навистина проблем затоа што на две недели пред собирот нема да знаеме на кого ќе може да сметаме. Се ќе зависи не само од клубовите, туку и од земјте каде мерките поради пандемијата се менуваат од ден за ден. Од таа причина организирав мини камп кој траеше три дена и еден тренинг натпревар со скопски Работнички на кој фудбалерите кои што беа повикани имаа можност да се запознаат со методите и работата во репрезентацијата како и ние да ги запознаеме нивните квалитети. Може слободно да кажам дека имаме потенцијал кој може да го искористиме во зависнот од потребите во националниот тим во зависност од моменталната ситуација. Фудбалерите кои беа дел од кампот беа 95 проценти од домашното првенство, неколку интернационалци на кои клубовите им дозволија да дојдат бидејќи не беше редовен термин на ФИФА. Каков е планот на подготовките пред Европското Првенство ? Ангеловски: Планот за подготовките пред ЕП комплетно е разработен. Собирот е на 25 мај, додека на 29 мај е предвидена контролна пријателска средба со Словенија која ќе биде единствениот тест пред шампионатот дуел кој ќе се одигра во Скопје. Мечот го играме на домашен терен пред се поради фактот дека ова за нас ќе биде прво учество на големо натпреварување. Сакам репрезентацијата да биде дома блиску до навивачите, до Вас медиумите за да имате можност да известувате за текот на подготовките и сите заеднички да направиме една позитивна атмосфера, сите заеднички да отидеме на тоа ЕП каде ќе настапиме. Потребна поддршка ќе ни треба од целата јавност и како и од Вас медиумите. Ако сите така сплотени отидеме таму, шансите за добар резултат се далеку поголеми. Токму поради тоа решив комплетните подготовки да ги одработиме во нашиот главен град. Се одлучив за Словенија затоа што е квалитетна репрезентација и е одбрана за противник од причина што нивниот начин на игра наликува на австрискиот и украинскиот. Во меѓувреме во март ќе стартуваат и квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар каде ќе имаме два екстра силни натпревари со Романија и Германија во гости. Четири години сме заедно, костурот е тој и нема потреба од дополнителни тактички воигрувања. Нормално и да избегнеме непотребни евентуални повреди пред ЕП. На 8 јуни веќе селиме во Букурешт во нашата нова база каде ќе имаме период на аклиматизација и каде ќе тренираме се до премиерниот меч на 13 јуни против Австрија. Во овие пет години како што сте селектор кој натпревар ќе ви остане во длабоко сеќавање, а кој пораз најтешко ви падна? Ангеловски: Натпреварот во Грузија сите ќе го паметиме, нема дилема. Од останатите средби од тренерски аспект најмногу ме израдува мечот во Торино против Италија, дуел против фудбалска велесила репрезентација која на свој терен мораше да победи, затоа што во тој момент беше во трка со Шпанија за пласман на СП. Одигравме 1-1, се спротивставивме со игра и квалитет и ако добро се сеќавам во второто полувреме на тој меч домаќините на нивен терен немаа ниту еден удар кон нашиот гол. Пораз кој најтешко ми падна е токму против истиот противник Италија, но во Скопје каде ги надигравме, а крајот во самиот финиш бевме поразени. Вашиот договор го продолживте со Фудбалската Федерација на Македонија. Ангеловски: Што се однесува до мојот договор тој веќе е продолжен. Уште тогаш реков дека нема да поставувам услови и мојот личен интерес го оставам на страна и во преден план е националниот. Максимално бев посветен на својата работа и професионално си ги извршував своите задачи. Тој е со важност од шест месеци или поточно до 31.07.2021 година и за секој детаљ од договорот сум подготвен да одговорам. Во март оваа година стартува нов квалификациски циклус за пласман на СП 2022 во Катар. Какви се шансите на Македонија во конкуренција на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн? Ангеловски: Во оваа група каде се наоѓаме ние Германија е голем фаворит, без конкуренција. Таа буквално е фудбалски тешкаш да се изразам во боксерски жаргон. Со сите останати репрезентации може да играме и да се вклучиме во борбата за второто место во групата. Романија би ја издвоил како една квалитетна селекција со која ги стартуваме квалификациите која заедно со Исланд е кандидат за второто место. Стартуваме на нивен терен каде ќе го покажеме сиот свој квалитет. Продолжуваме со Лихтенштајн на домашен терен, а завршуваме во мартовскиот циклус со Германија пак во гости каде за седум дена ќе одиграме три натпревари во еден краток временски интервал. На средбите ќе пристапиме фокусирани максимално затоа што имаат натпреварувачки карактер и носат бодови за пласман на СП, но воедно ќе ги искористиме како една своевидна подготовка пред ЕП. На крајот од нашиот денешен разговор која е Вашата најголема желба пред ЕП ? Ангеловски: На нешто што посебно сум среќен и горд е тоа што мечтаевме сите заедно кога ќе дојде тој ден кога ние како репрезентација облечени во националните дресови ќе бидеме дел од едно големо натпреварување. Се случи тоа, денот е 13-ти јуни 2021 година.,Ние се пласиравме на Европско првенство. Сигурен сум, а тоа го докажа многу пати македонскиот народ, кој максимално ќе ни ја даде својата поддршка. Силно посакувам оваа пандемиија што поскоро да заврши за да дојдат нашите навивачи во што поголем број на стадионот во Букурешт и во Амстердам. Кога тие се на трибините фудбалерите можат чуда да направат затоа што ја чувствуваат таа енергија. Мора искрено да ви кажам дека мечот со Косово и со Грузија го игравме пред празни трибини, но ја чувствувавме таа енергија во секој момент. Тоа се виде по последниот свиреж против Грузија каде во време на пандемија нашиот народ излезе на улиците во нашата држава и бурно го прослави успехот. Тоа доволно покажува дека Македонија имала голема желба за еден таков успех кој дочека после цели 30 години и тоа под мое водство и фудбалерите кои ги предводам како селектор. Автор: Бошко Тасиќ]]>

МРТВ потврди: Европското првенство во 2021 ќе го гледаме на националниот сервис https://arhiva.vistina.com.mk/mrtv-potvrdi-evropskoto-prvenstvo-vo-2021-kje-go-gledame-na-nacionalniot-servis/ Fri, 13 Nov 2020 06:58:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175916

Македонската телевизија ги откупи правата и ќе го пренесува во целост Европското фудбалско првенство закажано за следното лето. Сите натпреварите вклучително и  оние на фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги следиме на МТВ, со коментар на Македонски јазик. ]]>

Коронавирусот ќе го одложи натпреварот Македонија – Косово? https://arhiva.vistina.com.mk/koronavirusot-kje-go-odlozi-natprevarot-makedonija-kosovo/ Mon, 02 Mar 2020 12:58:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137085

Фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и на Косово, за пласман на европското првенство, би можело да биде одложен. Иако УЕФА натпреварот го закажа за 26 март, сѐ погласни се гласините дека поради вирусот Корона средбата би се одложила за во мај. Се очекува конечната одлука да се знае по седницата на македонската влада на чиј дневен ред ќе се најде и оваа точка.]]>

Чешка втор противник на македонските ракометари на ЕП 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/cheshka-vtor-protivnik-na-makedonskite-rakometari-na-ep-2020/ Sun, 12 Jan 2020 11:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128467

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 16 часот против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. По минималниот триумф над Украина во стартниот меч од групата Б во Виена македонските ракометари попладнево се пред нов предивик на еврошампионатот, во 2 коло ги очекува ранетата селекција на Чешка која во првото коло загуби од домаќинот Австрија и сега е без право на грешка. Но, црвено жолтите  по денот одмор искористен за тренинг и анализа на првиот дуел со подршка од фалангата во арената Штадхале очекуваат добра игра и резултат и против стариот должник Чешка. Играта во одбрана против најдобриот стрелец од минатото Европско, капитенот на Чешка, Ондреј Здрахала е клучна за конечниот исхор на средбата. Воедно избраниците на Брестовац денеска не смеат да се дозволат пад на концентрацијата како на мечот со Украина во решавачката делница од дуелот со квалитетната Чешка. извор: Курир.мк]]>

Браво мајстори: Кирил Лазаров погоди со звукот на сирената против Украина, Македонија со победа стартуваше на ЕП во ракомет https://arhiva.vistina.com.mk/bravo-majstori-kiril-lazarov-pogodi-so-zvukot-na-sirenata-protiv-ukraina-makedonija-so-pobeda-startuvashe-na-ep/ Fri, 10 Jan 2020 23:19:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128411

Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство, откако вечерва во Виена ја совлада Украина со 26-25 (13-10) во Б групата. Кирил Лазаров погоди со звукот на сирената против Украина, откако капитенот ја превзеде одговорноста и погоди за конечни 26-25 за Македонија, со што нашите ракометари ги освоија првите 2 бода во Б групата. Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Сепак наш херој на натпреварот беше и голманот Митревски кој блескаше меѓу стативите. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци. Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка. Извор: Дриблинг.мк