ентерфест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 27 May 2018 10:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ентерфест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Заради временските неприлики „Ентерфест“ презакажан за крај на летото https://arhiva.vistina.com.mk/zaradi-vremenskite-nepriliki-enterfest-prezakazan-za-kraj-na-letoto/ Sat, 26 May 2018 07:19:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28852

Заради лошите временски услови, првото издание на фестивалот „Ентер-фест“, кое што требаше да се одржи од 29 мај до 2 јуни, се презакажува за крајот на летото, односно од 29 август до 2 септември. Веста ја споделија организаторите, нагласувајќи дека сите купени влезници ќе важат и за новиот термин. „Бидејќи Вашиот и нашиот фестивал се оддржува на просторот околу Арената Борис Трајковски, временските услови се доста неповолни и паѓа дожд скоро секоја вечер, приморани сме Ентер Фест да го презакажеме за 29.08.2018 до 02.09.2018. Сите купуени влезници ќе бидат валидни за новиот термин на фестивалот. Се гледаме на најголемата ЖУРКА НА БАЛКАНОТ“ - порачуваат во своето известување организаторите. Се надеваме дека новиот термин нема многу да влијае врз потврдениот список со четириесетина изведувачи за петте фестивалски вечери, а учеството го откажа само ар-ен-би дуото ДНК. Инаку, посетителите на „Ентер-фест“, кои можат да присуствуваат на сите пет вечери со блок-влезница по цена од 990 денари, ќе се забавуваат со музика од најголемите домашни и регионални музички имиња, меѓу кои: Тамара Тодевска, „Ај кју“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бени и „Нон топ“, „Визија“, „Конкеринг лајон“, Дани, „Кепурдат“, Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, „Темпера“, „Фолтин“ и оркестарот Агушеви, како и Ера Истрефи, Дадо Топиќ, „Ван Гог“, „Дивље јагоде“, „Елементал“ и многу други.
Настанот ќе се одвива на две сцени, надвор и внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а влезниците за сите пет фестивалски денови се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс.]]>

Oд 29-ти мај до 2-ри јуни во Скопје ќе се случува „Ентерфест“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-29-ti-maj-do-2-ri-juni-vo-skopje-kje-se-sluchuva-enterfest/ Thu, 10 May 2018 08:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26144

Од 29-ти мај, па сè до 2-ри јуни, Скопје влегува во поинаква музичка димензија. Во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар Борис Трајковски, започнува најголемиот музички хепенинг за љубителите на фестивалите, наречен ЕНТЕРФЕСТ. На двете сцени ќе ве забавуваат добро познати музички имиња, како од нашата музичка сцена, така и од целиот регион. Скопје конечно може да се гордее со вистински фестивалски спектакл, нудејќи му го на нашиот град она што недостасува.
Петдневната фестивалска еуфорија има за цел да ги соедини сите љубители на музиката и да понуди програма за сите вкусови и возрасни граници, па поради тоа, репертоарот на ЕНТЕРФЕСТ изобилува со најразлични музички правци. ЕНТЕРФЕСТ отвора можност за добра забава и вистинска фестивалска атмосфера за кои изминатите години сите љубители на квалитетната музика сонуваа.
На сцената на ЕНТЕРФЕСТ во текот на овие пет музички дена ќе настапат: Ера Иштрефи, Ван Гог, Бед Копи, Дивље Јагоде, Дадо Топиќ, Партибрејкерс, Тамара Тодевска, Атомско Склониште, ПМГ, Гоце Саф, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ај Кју, Фолтин и уште 70 други изведувачи. Со оглед на големината на овој музички проект, ангажирани се 1000 луѓе кои ќе бидат задолжени за беспрекорното функционирање и движење на големата публика која ќе присуствува.
Врвната техничка опрема, специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје, и звук каков што досега не е чуен на овие простори, ќе направат овие 5 денови Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕРФЕСТ. Билетите се веќе во продажба,  за петдневен влез на фестивалот. Истите може да се купат онлајн на MkTickets, нивната продажна мрежa, како и во локалите на Trend Caffe , Next Bar & FoodMr.JackCali Café , Kalabalak Park, Custom Pub во Скопје и Bar Cube, Министерство и Бар Трговски во Куманово. Ова лето нека започне во ритамот на најпознатите евергрини и најголемите музички хитови на денешницата. Не ја пропуштајте можноста да бидете сведоци на најголемиот музички спектакл на кој ќе присуствуваат најпознатите музички изведувачи од целиот регион. Изберете музика, изберете уживање, изберете ЕНТЕРФЕСТ.    ]]>