енди рајт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Nov 2018 15:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png енди рајт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Прес конференција: Познати се сите детали и се’ е подготвено за утрешниот концерт во чест на Тоше https://arhiva.vistina.com.mk/pres-konferencija-poznati-site-detali-i-se-e-podgotveno-za-utreshniot-koncert-vo-chest-na-toshe/ Thu, 01 Nov 2018 14:58:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55778

На еден ден пред одржувањето на големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, денес, четврток 1-ви ноември во 14 часот во хотелот Парк - Скопје се одржа прес конференција и промоција на неговиот нов албум „Secret Place“.  На промоцијата присуствуваше и стариот пријател на Тоше и фондацијата Проески - англискиот композитор и продуцент Енди Рајт.
Токму тој побуди голем интерес кја присутните новинари кои како за време на официјалниот дел на промоцијата внимателно ги следеа неговите раскажувања за сеќавањата на Тоше, страите и новите песни и воопшто како дошло до реализацијата на целиот овој проект.  Исто така, по завршувањето на истата англискиот продуцент даваше интервјуа, и одговарапше на прашањата на претставниците на медиумите кои се интересираа за сите непознати детали.
Покрај претставниците на организаторот - фондацијата Проески и  Аворд продукција и гостинот од Англија, Енди Рајт, најголем интерес кај седмата сила предизвика и присуството на внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој беше мета на новинарите и фоторепортерите.
Инаку, на пресот беше најавен концертот кој ќе се одржи утревечер,  петок, 02 ноември  во ВИП Арена „Борис Трајковски“, како и објавена програмата и потврден конечниот список на изведувачите кои ќе ги изведат песните од репертоарот на нашата муазичка икона. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео спота со песните од Тоше.
За оваа прилика организаторите најавија дел од најголемите домашни, регионални и балкански музички ѕвезди како:
Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак... кои, како што најави организаторот, се очекуваат да пристигнат во текот на денешното попладне, вечерва и утре рано изутрина во Скопје.  
Покрај нив највени беа и се појавија на прес конференцијата  уште и Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева... кои се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и ќе ги изведат песните од мјузиклот „Тајно моја“, а покрај нив од најавените македонски музички извдувачи па пресот присутен беше само Наум Петрески.
Внукот на Тоше  Кристијан Ристески  на концертот ќе ја изведе „We are blood“, песната која се наоѓа на новиот албум и деновиве  заедно со видеозаписот за неа, веќе  беше промовирана во радио и ТВ етерот.]]>

ЕКСКЛУЗИВНО: Еве кои музички ѕвезди ќе пеат на концертот за Тоше и кој ќе биде водител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/55226/ Tue, 30 Oct 2018 08:52:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55226

На големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда кој ќе се одржи во петок, 02 ноември  во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе биде промовиран албумот „Secret Place“, со новите, досега необјавени песни од Тоше Проески. Тој е и автор на дел од песните, а неколку песни се заедничко дело на Тоше и познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео спота со  песните од Тоше.
За оваа прилика организаторите собраа дел од најголемите домашни, регионални и балкански музички ѕвезди кои ќе изведуваат песни од Тоше.
Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева... се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, како и песните од мјузиклот „Тајно моја“, додека неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе „We are blood“, песната која се наоѓа на новиот албум.
Вистина.ком.мк ексклузивно дознава дека водител на целиот настан ќе биде познатиот македонски актер и стенд ап водител Сашко Коцев!
Инаку денес, вторник, 30.10.2018. премиерно ќе биде пуштен и видеоспотот за We are blood, а песната  која од вчера се емитува на радио станиците ширум Македонија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kristijan Risteski (@kristijanristeski) on

За четврток, 01.11.18. попладне е планирана и прес конференцијата во чии рамки ќе се одржи и промоција на албумот, на кој ќе присуствува англискиот продуцент Енди Рајт, во чие студио се работеше материјалот за песните. Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, со овој концерт ја продолжуваат хуманата мисија на Тоше. Собраните средства  се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје. Концертот во петок почнува во 20 ч. Влезниците може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија Рекордс.    ]]>