емрах мехмеди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jun 2020 08:04:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png емрах мехмеди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина млад македонски пејач – познатите се простуваат од својот колега https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-mlad-makedonski-pejach-poznatite-se-prostuvaat-od-svojot-kolega/ Fri, 12 Jun 2020 07:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153351

Неочекувано почина фолк пејачот Емрах Мехмеди од Дебар. Како што дознава 24Инфо, Емрах животот го загубил во несреќен случај, паѓајки од скеле. Емрах важеше за млад и надежен пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави две мали дечиња и сопруга. Колегите од фолк естрадата  преку социјалните мрежи се простуваат од Емрах . Пејачот Благоја Грујовски на својот „Фејсбук“ објави заедничка фотографија и напиша: „Ахх бе Емрах ... зар вака требаше да заминеш! Немам зборови да искажам колку жалам. Почивај во мир убаво дете. Најдлабоко сочувство до фамилијата и цела Жировница и Река. Изгубивме пријател колега и прекрасна личност“. Фолкерката Елена Велевска исто така се проси од Емрах. „Јас сум шокирана од тажната вест. Тешко е  да се пронајдат вистинските зборови во ваков момент“, пишува таа покрај заедничката фоторафија. Стојне Никола како и своите колеги е изненадена од веста на колегата. „Што да кажам што веќе не е кажно. Добар човеку, колега....почивај во мир....Сочувство до фамилијата“. Татијана Стефановска се прости од својот колега. „Ужасно тажно. Со неверување се простуваме од тебе. Почивај во мир Емрах Мехмеди. Сочувство до фамилијата“. Aнета Мицевска - Молика на својот „Фејсбук“ се прости од колегата со емотивна порака: „Ах, бе дете златно, вака ли требаше да завршиш. Не ми се верува. Бог да те прости. Длабоко сочувство до фамилијата Мехмеди и цела Жировница“, напиша пејачката. Сања Сани Гроздановска е во неверување поради смртта на колегата. „Не ми се верува!!! Почивај во мир“. Редакцијата на Вистина.ком.мк изразува длабоко сочувство до семејството Мехмеди.]]>