емра куртишова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Feb 2024 10:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png емра куртишова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во „Преспав“ јавноста дозна која е Исаура, а на снимањето филмот за Џеј – „Недела“, Емра Куртишова дозна дека е бремена, но и дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка Лена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prespav-javnosta-dozna-koja-e-isaura-a-na-snimaneto-filmot-za-dhej-nedela-emra-kurtishova-dozna-deka-e-bremena-no-i-deka-tatko-i-nema-da-go-docheka-raganeto-na-nejzinata-kerka-lena-video/ Wed, 07 Feb 2024 07:33:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337825

Иако за љубителите на театарската уметност и претходно не беше анонимна, особено за помладата публика како професионален актер во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје,  пошироката јавност сепак ја запозна дури по емитувањето на третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, кога се појави во ликот на собарката Исаура, која му стана голема љубов на рецепционерот Талат. Актерката Емра Куртишова со оваа улога преку ноќ  ја освои публиката, па како еден од познатите и популарни ликови во „Преспав“ стана етаблирана актерска ТВ ѕвезда за која јавноста и медиумите почнаа се повеќе да се интересираат и почесто да ја третираат. Порталите на своите насловници, ТВ емисиите како гостинка во нивните најнови изданија, Јутјуб просторот и подкастерите исто така неретко ја седнуваат пред камерите... Исклучок не направи ниту најстариот и најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас, „Бекстејџ“ кој во интервју пред камерата ја седна актерката за која се повеќе гласно се зборува. Особено по уште едно маестрално остварување, овој пат регионално и на големото платно, откако одлично ја одигра улогата на мајката на починатата естрадна ѕвезда Џеј Рамадановски, во неговиот автобиографски филм „Недеља“, чија премиера се прикажува и во Македонија. Како што по некое непишано правило убавите случки се случуват случајно, така и Емра станала дел од актерската екипа на филмот за животот на Џеј. Како ја добила улогата, дали знаела воопшто нешто за животот на пејачот претходно, кој и помогнал во снимањето на пробното домашно кастинг видео, како течел процесот на градењето на улогата... За свадбата, бременоста, загубата на таткото непосредно по стапувањето во брак, за поврзаноста со него и последните денови и мигови пред тој да замине од овој свет, за болката кога додека била бремена сфатила дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка... И за уште некои непознати нешта за неа, македонската актерка Емра Куртишова „ја отвори душата“ пред камерата на „естрадниот ТВ магазин од зад сцената“. Погледнете го видеото во продолжение... ]]>

Магични моменти од зимскиот одмор: Познатите Македонци се препуштија во снежна авантура (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/magichni-momenti-od-zimskiot-odmor-poznatite-makedontsi-se-prepushtija-vo-snezhna-avantura-foto/ Fri, 19 Jan 2024 09:38:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335115

На  зимската идила навистина е тешко да и одолееме, а сега кога е време токму за зтакви авантури не треба да се пропушти тоа задоволство. Македонските познати личности на нивните профили редовно објавуваат магични моменти од скијачките патеки или едноставно од прошетка по планинските предели со цел да ги поттикнат сите оние кои сѐ уште не се одлучиле да ја почувствуваат природата одблизу. Така, пејачката Викторија Лоба веќе по втор пат замина на Копаоник, но сега се пофали и во чие друштво. Таа откако го сподели погледот во кој што ужива, на скијачката стаза позираше со сопругот кој исто така е вљубеник во скијањето. Сепак, освен со него на оваа авантура ги земала и нејзините миленичиња,  кученцата кои ги чува и потврди дека без нив никаде не оди. На планината Кожув со дебела зимска јакна и розов  шал, но и очила за заштита од белината, замина и актерката Емра Куртишова Стојанова која на публиката и стана позната по нејзината  улога на Исаура во серијата „Преспав“. Друштво и правеше нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов со кого го проширија семејството и ја добија ќеркичката Лена. Пејачот Павле Камилоски пак, ја посети снежната прекривка во Галичник каде што е редовно присутен. Тој со раширени раце позираше свртен кон планината, а веројатно го фотографирала неговата сопруга планинарката Ирина Дишовска со која минатата година се заколнаа на вечна љубов и добија син. Периодот е совршен за посета на некое убаво снежно планинско место, па оние кои досега не заминале, би било убаво да го направат тоа. Доколку се во можност, секако! Фото: printskrin/instagram  ]]>

Исаура од „Преспав“ на сите ни ја честита новата година, а себе си си го честита роденденот: „Хепи брдеј ту ми“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/isaura-od-prespav-na-site-ni-ja-chestita-novata-godina-a-sebe-si-si-go-chestita-rodendenot-hepi-brdej-tu-mi-foto/ Sun, 31 Dec 2023 19:30:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333120

Емра Куртишова попозната по улогата на Исаура од популарната македонска серија „Преспав“ со своите пријатели на социјалната мрежа Инстаграм на нејзиниот профил, сподели неколку нови фотографии со повод. Таа на најновата објава во раце ја држи малата Лена која дојде на свет на 30 октомври, а сега за прв пат се сликаше со Дедо Мраз и родителите. „Хепи брдеј ту ми, хепи Њу јир ту ол оф ју!!! Виш ју ол д бест“  - напиша познатата актерка покрај фотографиите со цел да ни ги честита празниците на сите, а себе си си го честиташе роденденот.
А како подарок таа денес го има најубавото нешто кое заедно со сопругот Петар го држи во раце. Емра пред мајчинството и брачниот статус, не беше  многу активна на социјалните мрежи, но сега откако нештата се сменија, актерката се почесто знае да открие нешто повеќе од нејзината приватност. Фото: Instagram printscreen/ emra.kurtishova]]>

Со дупла доза љубов кон нова етапа: Исаура од „Преспав“ ги собра најслатките плодови од животот во пакет фото – спомени (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/so-dupla-doza-lubov-kon-nova-etapa-isaura-od-prespav-gi-sobra-najslatkite-plodovi-od-zhivotot-vo-paket-foto-spomeni-foto/ Fri, 15 Dec 2023 09:34:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331176

Наскоро ќе започне прикажувањето на најавуваната 7-ма сезона на популарната македонска серија „Преспав“, а точниот датум е закажан за 18-ти декември (понеделник) на националната МРТВ. Добро познатите ликови од серијата веќе им станаа омилени на верните гледачи, па речиси секој има некој карактерен фаворит. Една од нив дефинитивно е Исаура која во новите епизоди ќе ја гледаме во блажена состојба.
Во реалноста не и се случуваше нешто многу поразлично кога е бременоста во прашање, само што веќе сега, Исаура односно актерката Емра Куртишова- Стојанова од неодамна е реализирана и среќна мајка на ќеркичката Лена која ја доби со актерот и колега Петар Стојанов. Емра пред фазата на мајчинството и брачниот статус, не беше од оние што се многу активни на социјалните мрежи, но сега откако нештата се сменија, харизматичната актерка се почесто знае да открие нешто повеќе од својата приватност. Меѓу најновите објави осамна галерија фотографии собрана во едно видео како сублимат од сите слатки плодови кои ги собра од животот во периодот откако кажа „да“, се омажи и направи забава, дозна дека е бремена, го доживеа чинот кога првпат ја виде својата рожба, првата прегратка, заедничка радост за проширениот состав кој премина во семејство. Сите овие убави и слатки моменти на душа Емра ги објави пред очите на јавноста, горда и испполента за она непроценливо богатство кое го има.   -Двата најважни денови во твојот живот се денот кога си роден, и денот кога ќе сфатиш зошто.
Она зошто следеше во документираните спомени кои реално се создаваат и живеат секојдневно, постојано надоградени и мултиплицирани, видоизмениети, но со една заедничка и најважна алка едноставно наречена љубов! фото: Instagram printscreen/ emra.kurtishova]]>

Празнично расположение во домот на Емра Куртишова – актерката на мошне креативен и необичен начин и подготви мало изненадување на ќеркичката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/praznichno-raspolozhenie-vo-domot-na-emra-kurtishova-akterkata-na-moshne-kreativen-i-neobichen-nachin-i-podgotvi-malo-iznenaduvane-na-kerkichkata-foto/ Tue, 05 Dec 2023 09:41:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329915

Како и секогаш декември е резервиран за новогодишно украсување на топлите домови, а во тој студен зимски месец  украсите го креваат празничното расположение, но секако најзабавно и најинтересно им е на најмалите членови во семејството. Актерката Емра Куртишова Стојанова која на публиката и стана позната по нејзината  улога на Исаура во серијата „Преспав“, неодамна ја сподели радосната вест дека таа и нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов го проширија семејството и ја добија ќеркичката Лена. Тие двајцата сега за прв пат ќе ја дочекаат Новата Година во улога на родители. Па така на убавата наследничка, меѓу првите, побрзаа да и подготват празнична атмосфера  но, на мошне креативен и необичен начин. Овој пат Емра во тој празничен дух,  сподели две преслатки фотографиии, од кои едната беше со елката од нивниот дом,  и беше украсена со еден лампион на кој стоеше испишано името за кое тие се одлучија и му го дадоа на слаткото девојче, Лена. Додека на другата беа само рачињата на малечката  кое сега е најголема инспирација на актерката за се' што е убаво и весело. Лена иако е малечка, веројатно се израдувала на убавиот лампион, кој ќе и остане како убав спомен од нејзините родители, а кога ќе порасне голема девојка со задоволство ќе го чува во кутијата полна со новогодишни украси. Фото: Printskrin/Instagram/emra.kurtishova  ]]>

Биле во истите клупи од забавиште и основно: Овие две познати Македонки денес имаат јавна професија, едната е ТВ водителка, а другата актерка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bile-vo-istite-klupi-od-zabavishte-i-osnovno-ovie-dve-poznati-makedonki-denes-imaat-javna-profesija-ednata-e-tv-voditelka-a-drugata-akterka-foto/ Mon, 20 Nov 2023 12:02:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327591

Овие две школски другарки од ОУ Невена Георгиева – Дуња во Кисела Вода, некогаш делеа исти училишни клупи и тоа од забавиште и основно училиште. Двете се иста генерација, а денес делат јавна професија, додуша сосема различна, но и двете се пред камери. Едната секојдневно, а другата повремено кога снима телевизиски проекти. Можеби веќе погодувате, а можеби и не... Девојчето со шишките во црвеното комплетче е ТВ водителката Александра Пановска Илиевска која ја гледате од утринската на Канал 5, а претходно ја паметите од кулинарското шоу „Брза кујна“. Нејзината школска, денес актерка или девојчето со бела кошула и црно елече, е познатата актерка Емра Куртишова или попозната како Исаура од „Преспав“. Емра кога не ја снима „Преспав“ или други телевизиски проекти, младта театарска публика ја гледа на даските што живот значат од „Театарот за деца и млади“ во Скопје. Александра на Инстаграм го објави овој спомен од детството и моментите кои никогаш не се забораваат, а за Вистина прати уште една фотографија и со нас ја сподели и поврзаноста со Емра. -Тоа ми се едни од најубавите спомени. Да, така е. Со Емра завршивме заедно, бевме во исто одделение и во забавиште, ни кажа Александра. Освен ушилиштето, спомените од детството, јавната професија, ги поврзува и мајчинството, односно тоа дека и двете имаат ќерки. Александра ја има Сара која наскоро ќе полни три години, додека Емра неодамна ја доби ќекичката Лена. Дали ќе ги следат чекорите на своите мајки или на тато, па и тие ќе се одлучат за нешто слично, има време, но крвта не е вода, па и примерот кој имаат. фото:Инстаграм принтскрин/Александра Илиевска/Емра Куртишова]]>

Да се заучи од пелени: Исаура од „Преспав“ на прва прошетка го однесе новороденото бебе во кафеана, а Џамбазов и остави урнебесен коментар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-zauchi-od-peleni-isaura-od-prespav-na-prva-proshetka-go-odnese-novorodenoto-bebe-vo-kafeana-a-dhambazov-i-ostavi-urnebesen-komentar-foto/ Wed, 15 Nov 2023 09:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326927

Веќе е познато дека од месец декември 2023 година ќе започне да се емитува седмата сезона од мега популарната македонска серија „Преспав“. Игор Џамбазов неодамна откри детали од тоа што генерално ќе се случува во пансионот, а меѓу другото сподели и дека Исаура ќе биде бремена од Талат. Веројатно епизодите се снимаа додека таа беше бремена и во реалноста, а вистински го носеше бебето од својот сопруг и колега Петар Стојанов. Малата наследничка која го доби името Лена веќе е дојдена на свет и е во прегратките на мама и тато. Лена се роди пред неполн месец, а мама веќе ја изнезе на прва прошетка, изборот на локација беше необичен – кафеана. Веројано на мама Емра и се пријате некое кафанско јадење, па го подготви бебето и го понесе со себе. За овој момент од првата заедничка фотографија, гордата мајка покажа на својот Инстаграм држејќи ја во рацете, стопена од љубов и пијана од бебешкиот мирис. -Лена за првпат во кафана, стои во описот, а првата реакција беше од колегата Игор Џамбазов или бате Миле на кој кафеаната му е омилено место, па оттука за него ова беше сосема оправдан зачеток на навиките уште од пелени. -Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба .. и порача Игор, а Емра со многу смајли симболи очигледно квалитетно насмеана од духовитиот Миле, кусо му врати: - Не јадела лук, му врати таа.   Засега доволна е само посетата, а адаптацијата веќе е започната, па дури и кафанските мириси се сосема доволни...   За потсетување, Емра Куртишова оваа година во месец јуни, се омажи со нејзиниот сакан, актерот Петар Стојанов, а интересно е тоа што младата талентирана актерка доби ангажман и во Србија, односно за филмот за легендарниот Џеј каде ќе ја гледаме во улогата на неговата мајка. фото: Instagram preentskrin/Emra Kurtisova/ @majaargakijeva]]>

Штркот слета, се роди Лена наследничката на Емра Куртишова и Петар Стојанов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shtrkot-sleta-se-rodi-lena-naslednichkata-na-emra-kurtishova-i-petar-stojanov-foto/ Mon, 30 Oct 2023 07:09:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324335

Со бебешка мелоција и фотографија од раче, актерката Емра Куртишова во јавноста сподели радосна вест, откако се породи и стана мајка. - Добредојде бебе Лана, те сакаме до месечината и назад - а потоа го тагна и тато Петар, кој исто така ја сподели објавата со неговите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Нејзиниот сопруг и колега за веста објави прв пред неа на неговиот фб профил, каде напиша: - Емра Куртишова Стојанова ми ја подари најголемата среќа! Ни се роди ќерка Лена нека е жива и здрава. Емра неодамна за еден магазин изјави дека планираат да го прошират семејството покрај нејзините шест деца: кучиња, мачиња и гулабот Кристијан. Па така, таа и Петар како докажани родители сега ја добија и ќеркичката која одлучиле да ја крстат Лена. Емра Куртишова (36) која стана попозната по улогата на Исаура од популарната македонска серија „Преспав“оваа година во месец Јуни, се омажи со нејзиниот избраник актерот Петар Стојанов. Кратко по нивната свадба почина нејзиниот татко, а тоа нејзе многу ја погоди. - Не постои полошо од смрт на родител, кој истовремено ти бил и најдобар другар - изјави таа во едно интервју. По болниот период кој го помина со помош на нејзиниот животен сопатник Петар, Емра сега стана мајка. Иако таа, набрзо ќе започне и со снимање на следната, седма сезона  на „Преспав“, каде се очекува да  следат големи пресврти. Емра доби ангажмани и во Србија за снимање на филмот посветен на пејачот Џеј Рамадановски каде ја доби улогата на мајката на Џеј. Се на се ја очекуваат големи предизвици, но пофалните зборови за актерката ќе бидат повеќе од сигурни. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Емра Куртишова/Петар Стојанов  ]]>

Ниту Лоренцо ниту Талат, Исаура од „Преспав“ кажа „да“ на вистинската љубов: Емра Куртишова се омажи за Петар Стојанов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nitu-lorentso-nitu-talat-isaura-od-prespav-kazha-da-na-vistinskata-lubov-emra-kurtishova-se-omazhi-za-petar-stojanov-foto/ Sat, 10 Jun 2023 07:31:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305750

Емра Куртишова (36) која стана попозната по улогата на Исаура од популарната македонска серија „Преспав“ му кажа „да“ на нејзиниот избраник актерот Петар Стојанов. Помошничката Исаура (Емра Куртишова) која во третата сезона на „Преспав“  му стана голема љубов на рецепционерот Талат за брзо време си замина од пансионот со својот Лоренцо но, во четвртата сезона повторно му се врати и остана подолго.  Сепак приказната повторно се реплицираше и таа пак си замина со Лоренцо што не е случај и во нејзиниот вистински живот. Нејзиното срце во реалноста е резервирано само за Петар со кого е во љубовна врска веќе три години и која сега ја крунисаа со брак и свадбена веселба. Инаку, тие се свршија минатата година во декември кога Петар ја побара Емра токму на нејзиниот роденден. „Многу сум среќна, со Петар сме во љубов три години, а тој ме побара за жена на мојот роденден. Функционираме како да се знаеме цел живот и многу ни е убаво“, раскажа Емра за „Репортер“, минатата години во декември кога двојката објави и фотографии од запросувањето. Емра ретко споделува фотографии од приватниот живот на социјалните мрежи па многумина беа изненадени кога откри дека се свршила, а сега и дека со Петар се венчале. „Мој си е, си го земав“, напиша Емра на свадбената фотографија со Петар, а честитките од нејзините следбеници почнаа да се нижат.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Emra Kurtishova (@emra.kurtishova)

Емра и Петар се колеги од „Театарот за деца и младинци“ од каде се знаат подолго време и се добро познати и кај помладата публика. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Емра Куртишова/Стојанов П.]]>

Исаура е секси помошничка во „Преспав“, а и приватно актрактивна и провокативна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/isaura-e-seksi-pomoshnichka-vo-prespav-a-i-privatno-aktraktivna-i-provokativna-foto/ Thu, 17 Mar 2022 08:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243379

Во третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, се појави помошничката Исаура која стана голема љубов на рецепционерот Талат, но за брзо време таа си замина од пансионот со својот Лоренцо. Но,судбината,односно сценариото повторно ја донесе и во наредните сезони на популарниот македонски ситком. Во серијата има доста комични сцени со Исаура актерката Емра Куртишова, а особено е препознатлива и по својот атрактивен изглед како помошничка во „Преспав“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Emra Kurtishova (@emra.kurtishova)

Иако вели дека преиватно не многу ги сака социјалните мрежи, периодов знае да објави по некоја фотографија, а моѓу последните позира во провокативна поза облечена во тесни фармерки и со прекрстени нозе. Дека е згодна е евидентно, а го носи шармот во себе и кога позира како фотомодел. „Нешто ново“- пишува Емра во описот, веројатно навестувајќи дека работи на некој рекламен проект во кој ќе ја видиме наскоро.
 
Инаку, улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика. За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…
 
Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. фото:Инстаграм/емра куртишова/сашко стојановски/иван наунов]]>