емпатија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 10:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png емпатија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-zhestoko-go-vperi-prstot-vo-poedini-kolegi-od-estradata-i-javniot-zhivot-site-koi-si-gi-promovirate-vashite-nastani-na-ovoj-den-ste-obichni-bedni-bezrbetnitsi-foto/ Wed, 06 Dec 2023 10:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330104

Огромната болка по невидената трагедија што деновиве ја потресе македонската јавност се' уште не стивнува. Можеби шокот и неверувањето полека се претвораат во соочување со реалноста од која нема враќање, но од трагедијата  треба да се извлечат поуките и направи се' вакво нешто никогаш и никому да не му се повтори. По трагедијата емпатија и сочувството беа речиси колективна одлика на целата нација која тагуваше по невината жртва, чиј детски живот наслино беше одземен. Но, како што вели старата поговорка: „Во секое жито мора да има и плевел“, го имаше и овој пат, во овој случај. Како што веќе пишувавме кога веќе политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер беа откажани, настаните и концертите – одложени, промоциите на нови песни и музички видеа - пролонгирани... Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето од естрадно-забавниот свет, иако некои не веднаш и не баш сите… Ова изнервира многумина кои коментираа на социјалните мрежи жестоко реагирајќи на тоа како може во вакви моменти на траор и тага некој да си тера забава, веселба, музика, да си промовира ивенти, настани, настапи... Ако веќе власта нема сенс за тоа дека во вакви околности Македонија барем 24 часа требаше да биде земја на тагата, како што тоа на пример го направи соседна Србија која се случи масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, тогаш секоја индивидува  мораше да има барем малку душа да ја сподели тагата за невино загубената детска душа. Еден од оние кој најмногу изнирверина најжестоко изреагира на социјалните мрежи вперувајќи го прстот во своите „неразумни и бездушни колеги“ од естрадата кои ја игнорираа болката и тагата по објвата за смртта на малата Вања, беше Панчо - ДНК. Владимир Блажев како што му стои во личната карта и овој пат имаше што да каже и кого да прозве крајно изнервиран од односот на некои свои колеги кон „траорната стварност“!  Изваден од такт, тој своите профили на социјалните мрежи ги опсипа со жестоки „комплименти“ оние свои колеги кои ниту смртта на малото девојче не ги допрела, па како да ништо да не се случило си ја терале својата испланирана агенда од промоции, настапи, ивенти, прослави, родендени... На таквите пејачки, старлети, инфлуенсерки... естрадни јавни фаци,  Панчо им порача:   Фото: Facebook/Vladimir Blazev]]>

Психолозите откриваат која особина е најважна за долга и среќна љубовна врска https://arhiva.vistina.com.mk/psiholozite-otkrivaat-koja-osobina-e-najvazna-za-dolga-i-srekjna-ljubovna-vrska/ Mon, 09 May 2022 13:00:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249454

Довербата, разменувањето љубов – се само дел од важните работи за среќна врска или брак. Доколку ги прашате експертите која е најважната особина која гарантирa долготрајна љубовна среќа, ќе се согласат дека станува збор за емпатијата. Eмпатијата можеме да ја дефинираме како способност за разбирање на туѓите чувства, сочувствување со нив и споделување на чувствата со другите. Таа е срцето на секоја врска, а без неа поединци не можат вистински да се поврзат еден за друг. До овие сознанија дошле докторите Џон Бовлбл и Мери Еинсворт и тоа истражувајќи ги однесувањата на бебињата и нивните родители. Истражувањето покажало дека децата чии родители не биле сочувствителни подоцна во животот имале проблеми со поврзување со другите, особено во контекст на љубовни односи. Човечките суштества се создадени за градење на врски, а емпатијата е многу важна. Доколку личноста не се сочувствува со другата половина, ѝ испраќа порака дека не ја почитува. Тогаш врската станува нестабилна и со текот на времето се распаѓа. Емпатијата е важна и кај двата пола, таа може да се развие, а обидите на градење на оваа важна човекова особина кај мажите се смета за позитивен сојузник на вистинската насока кон подобра и квалитетна врска, потврдила студијата на Здружението на американски психијатри со истражувачите од Харвард и колеџот Брин Мавр. Дури и доколку мажот не е емпатичен, неговата желба да се сочувствува со партнерката ќе го направи среќен и задоволен.  ]]>

Дали знаете дека емпатијата е училиштен предмет во Данска? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-deka-empatijata-e-uchilishten-predmet-vo-danska/ Tue, 10 Nov 2020 13:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175431

Од 1993 година во Данска задолжителен предмет во училиштата е емпатијата. Можеби тоа е причината зошто во извештајот на ОН од пред неколку години оваа земја е прогласена за една од најсреќните во целиот свет. Постојат многу причини зошто Данска воведе емпатија во училиштата. Докажано е дека емпатијата помага во градење подобри односи, го намалува бројот на врсничко малтретирање меѓу учениците и помага во работата. Емпатичните тинејџери се многу понасочени кон задачи и цели наспроти тинејџерите што немаат развиена емпатија. Со оглед на тоа дека целото школување во Данска е многу прогресивно и ориентирано на развој на животни вештини, не е чудно што овој предмет се најде во училиштата. Еден час неделно е посветен на лекции за емпатија, а предметот го изучуваат деца на возраст од 6 до 16 години.   Во текот на часовите учениците разговараат за своите проблеми, без оглед дали се поврзани со училиште или не. Потоа целиот клас бара решенија. Основата на решенијата е во внимателното слушање и разбирање. Доколку се случи да не постојат проблеми за кои може да се разговара, учениците можат да поминат време уживајќи и одмарајќи се. Тоа е нешто што Данците го нарекуваат „хиге“, а за кое во нашиот јазик нема соодветен превод. Едноставно објаснето, хиге претставува создавање пријатна, топла и интимна атмосфера. Тимската работа е клучот во изучување на емпатијата. Резултатите од истражувањата покажуваат дека 60 отсто од задачите во данските училишта се извршени со помош на тимска работа. Не се истакнуваат поединци, туку се работи на тоа да им се помогне на помалку талентираните деца на кои им треба помош. Со заедничко учење децата можат да научат многу повеќе работи отколку кога се натпреваруваат меѓу себе за подобри оценки и поголемо внимание. Нашето образование не е ни блиску до данското и сигурно дека наскоро нема да имаме можност нашите деца да учат вакви важни работи, но се надеваме дека со оваа приказна инспириравме самостојно, во семејството, да посветите време на данскиот начин на воспитување и грижа. Вашите деца ќе ви бидат благодарни и полесно ќе се соочат со сето она што ќе им го донесе животот во иднина. Извор]]>