емоции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 12:16:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png емоции – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емотивно скршена: Илда Шаулиќ ги преработи песните на Шабан, но на снимањето на видеата пејачката заврши во солзи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivno-skrshena-ilda-shaulik-gi-preraboti-pesnite-na-shaban-no-na-snimaneto-na-videata-pejachkata-zavrshi-vo-solzi-foto/ Mon, 05 Feb 2024 12:16:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337502

Емоциите беа толку силни што Илда Шаулиќ не можеше без солзи да го заврши снимањето на спотови за песните на нејзиниот татко Шабан. И покрај тоа, сите кадри се снимени, а во сето тоа и помогнале членовите на семејството кои цело време ја поддржувале зад сцената. Ќерката Ема, сопругот Бојан, мајката Гордана, сестрата Санела, братучетката Уна биле покрај Илда во моментите во емоциите опасно се заканувале да ја скршат пејачката, која пет години по трагедијата, таа за прв пат направи нова верзија на песните на својот татко Шабан во чест на кралот на народната музика, како што го нарекуваат. „Беше навистина тешко, имаше солзи, но на крајот сè завршивме како што треба и верувам дека да беше жив ќе се гордееше“ - изјави Илда, која ја имаше поддршката и од долгогодишните соработници и пријатели Милош Надаждин и Душан Лазиќ Лаза. Фото: Инстаграм/ildasaulic  ]]>

Марија Шерифовиќ се соочува со бура од емоции откако доби син: „Со мене нешто не е во ред“ https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-se-soochuva-so-bura-od-emotsii-otkako-dobi-sin-so-mene-neshto-ne-e-vo-red/ Fri, 26 Jan 2024 12:12:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336453

Марија Шерифовиќ неодамна ја исполни улогата на мајка и оттогаш можеме да ја видиме во едно поинакво, поемотивно светло. Таа сега се сликаше со наследникот Марио, а потоа имаше порака до сите. - Одете веднаш, гушкајте ги мајките, татковците, бабите, дедовците, децата, сопрузите, сопругите, девојките, момчињата, пријателите, кумовите, чичковците, браќата, сестрите и бидете благодарни затоа што сте здрави, сити и сакани - напиша Шерифовиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Марија тогаш откри дека станала многу емотивна на што не била навикната. - Нешто сериозно не е во ред со мене. Скролам низ Инстаграм, го гледам Џери Мегваер, сега ми фали пица, чоколадни шејкови и слично. Итно треба да престанам да бидам толку емотивна. А можеби е само време да се збогуваме со таа Марија – рече таа.
 
Марија потоа организираше анкета и ги праша луѓето дали повеќе им се допаѓа „емо Марија“ или „опасната“? - Не ми се допаѓа насоката во која оди оваа анкета - низ смеа додала Шерифовиќ. фото:instagram printscreen/ serifovic]]>

Марија Шерифовиќ го прослави првиот Божиќ со синот и прати моќна порака (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-go-proslavi-prviot-bozhik-so-sinot-i-prati-mokna-poraka-foto/ Wed, 10 Jan 2024 11:03:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334354

Ова се посебни денови за Марија Шерифовиќ. Во новата година влезе среќна како никогаш досега, бидејќи и се исполни најголемата желба - стана мајка. Нејзиниот син Марио се роди во Америка, а неколку дена пред празниците го донесе во Белград. Поп-ѕвездата дури дојде да пее на дочекот. Новата година ја помина работејќи, но Божиќ сепак е нешто топло, емотивно, нешто што сите го поврзуваме со семејството. Ова е првиот што го слави со своето дете и без сомнение има посебно значење за неа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Се’ ќе помине, но душата, лицето и она што е добро останува засекогаш. Божји мир. Христос се роди “. Зборовите на патријархот Павле беа напишани на сликата што ја објави на Инстаграм. Сè во нејзиниот живот неодамна беше некако во склад со песната „Доаѓа љубов“ која му ја посвети на малиот Марио: „Сине мој, ова ти е првиот подарок“.
 
- Мојот спокој доби лице, а моето срце сега има безбедно засолниште. Ја напишав оваа песна за него, додека го чекав и сонував. Затоа го споделувам со сите вас, за со него да сонувате за сите оние кои ви носат љубов и мир. Мојата љубов дојде - нејзиното име е Марио. фото:Instagram printscreen/ serifovic]]>

Емилија Розман за Божиќ ја преплавија сеќавања: „Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе?“ https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-za-bozikj-ja-preplavija-sekjavanja-zarem-taka-se-ostavaat-lugjeto-shto-te-sakaat-povekje-od-sebe/ Sat, 06 Jan 2024 07:54:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66382

Божиќните празници се време на радост, можност за потсетување на семејните вредности, на споделување на љубовта со најблиските, најмилите, најсаканите... Оние кои се се' уште со вас, до вас, околу вас... Нејзе Божиќ и се поклопи со уште едно друго нешто... Драго, а сепак болно. Неговиот роденден. Сеќавањата и го исполнија срцето, но празнината која и се всели во душата по неговото заминување, се' уште е голема, огромна, бесконечна... И тешко дека некој ќе може некогаш да ја пополни, да ја затвори таа рана која остава вечна лузна.
Вака некако македонската манекенка, мисица, топ модел...  Емилија Розман ги доживеа празниците. Не можеше да не  се потсети, да не го спомне, а и да не го сподели она што и лежи на душа за нејзиниот починат татко. Фотографијата или повеќе постираната еден вид уметничката слика беше најдобар одраз на она што го чувствува... На празнината за неговиот роденден кој се поклопува токму со Божиќните денови, во кои неговото отсуство е ненадоместиво... Дури до таа мера, што кај неа предизвика „лутина“.
Да можев да ти го дадам мојот живот тато, ќе ти го дадев без секунда размислување. Уште талкам низ животот барајќи причина зошто да живеам без тебе...  Зарем така се оставаат луѓето што те сакаат повеќе од себе? Лута сум ти тато... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН каде и да си, ама лута сум ти...“ - напишала со скршено срце убавата Емилија.
При тоа потсетувајќи се на една стара фотографија со нејзиниот татко токму од времето на Божиќните празници, Розман уште еднаш потсети на тоа колку се важни семејството и најблиските, луѓето кои ги сакаме... А уште поважно, ако тоа им го покажеме додека можеме, додека се тука до нас, со нас, околу нас... пред да биде доцна!
  Фото: Инстаграм/rozmanticna]]>

Милица Тодоровиќ среде концерт се расплака на сцената: Напливот на чувства и љубовни емоции си ја зедоа цената (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-todorovik-srede-kontsert-se-rasplaka-na-stsenata-naplivot-na-chuvstva-i-lubovni-emotsii-si-ja-zedoa-tsenata-video/ Thu, 04 Jan 2024 11:03:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333708

Популарната српска фолк пејачка Милица Тодоровиќ новогодишните празници како и повеќето нејзини колешки ги помина работно. Некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“  за новогодишната ноќ настапи во Белград, каде заедно со својата публика ја дочека новата 2024 година. Ден подоцна, на 1-ви јануари, таа замина во соседството каде пееше во Жмињ, Хрватска. На овој настап пејачката од само нејзе познати причини се расплака на сцената, додека ја изведуваше песната „Ти мое злато“. Дали емоциите толку ја погодија Милица, па пејачката не можеше да ги задржи солзите, па мораше да ги крие така што и го сврте грбот на публиката, бришејќи си го лицето. За среќа, фолкерката бргу го надвладеа напливот на чувствата што одненадеж ја обземаа, па успеа да се врати во ритам и колосек, а концертот да продолжи по својот вообичаен тек.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @milicatodorovicfanpage.off

Фото и видео: Инстаграм/milicatodorovicfanpage.off
]]>

Калиопи ја резимира 2023 година во екслузивно интервју за Вистина: „Без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-ja-rezimira-2023-godina-vo-eksluzivno-intervju-za-vistina-bez-ogled-na-toa-kakva-planina-mi-tezhi-na-pleshkite-jas-mirno-gi-zatvoram-ochite/ Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332923

За нашата поп -пејачка Калиопи редовно се залепени епитетите дива, кралица, најдобра… што таа во неколку наврати кажала дека нема проблем да ги стави на лицитација. Сепак, ласкањето за тоа што е таа и она што го работи, сосема оправдано се надополнува. Неуморен професионалец, секогаш непосредна и отворена за своите фанови, без чувството дека таа е ѕвезда и е недостижна во денешниот естраден свет. Децениската кариера, бројните хитови и концерти ја прават она што е денес, а според обемот на се’ што направила во годината која ја испраќаме, ќе треба да одговори многу и да испишеме уште повеќе од ова и повторно да останаме недокажани. За крајот на 2023 година Калиопи во ексклузивно интервју за Вистина зборуваше за тоа како ја сублимира оваа 2023 година, се’ она со кое и беше исполнета приватно и професионално, како и тоа што следи во 2024 година. Како се чувствува Калиопи пред крајот на годината? -Невообичаено спокојна. И последниве денови до пречекот ги користам за убави и креативни моменти, додека за годинешниов дочек на Новата година си посакав мирна и тивка ноќ. Празничниот дух успевате да си го донесете сами или за тоа мора да има синергија од целокупното опкружување? -Секогаш за добро расположение мора да започнете од себе, а потоа секако продолжувате во духот на споделувањето. Опкружувањето е многу важно, но сметам дека горе-долу сите ние веќе однапред си го знаеме нашиот избор на луѓе. Кој е Вашиот рецепт за постојана насмевка и позитивна енергија како личен печат, секако покрај моќниот вокал по што сте и препознатливи? -Го гледам само она што сакам да го видам! Не дозволувам никој и ништо да ми го расипе моето гледиште на светот, бидејќи иако свесна во какво време живееме, мене очите и срцето ќе ми бидат водени од љубовта! И тоа сакам да го поделам со луѓето, а нема подобар начин од насмевката! Покрај мојот глас, луѓето ме препознаваат и по неа. Години наназад редовно ја добивате и апсорбирате непресушната љубов од публиката, но дали Калиопи е емотивно исполената и сакана кога ќе се симне од сцена и ќе остане сама? -Претпоставувам дека сите ние си живееме некаква наша "сцена", без оглед на професиите. И сите ние го имаме моментот кога остануваме сами со себе, а јас тој момент го сметам за многу продуктивен. Потребен е пред сѐ да си ги средиме мислите и да си помуабетиме искрено со себе. Јас добивам огромно количество на љубов и под светлата на рефлекторите, но и кога тие ќе се угасат... Вложувате многу во кариерата, музиката, публиката, а доказ дека задоволството постои е перманентноста од која немате отстапки години наназад. Каде се крие клучот на истрајноста, неуморноста, инспирацијата, посветеноста...? -Нема поголем влог од доследноста до она во што си верувал од секогаш. Да се биде свој, е клучот, но секако и најскапиот дел. Тоа чини многу... Но на крајот од денот, без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите, бидејќи знам, утрото ќе ме награди со нова сила за храброста и решителноста да бидам своја. Апетитите на публката никогаш не се задоволени од Калиопи и нејзината музика, а тие воопшто не се мали со оглед дека регионот не е мал и Ве обожава. Постојано на пат, од хотел до холел, од сцена на сцена, Вие се давате, но од каде е Вашиот духовен извор за да се издржи и постигне тоа? -Љубовта и вербата се мојот главен извор и сила за сѐ она што ме очекува на патот наречен живот. Затоа и ништо не ми е тешко. Во проблемот го гледам предизвикот, во искушениата си го тестирам трпението и така растам. А се додека публиката е погладна за мојата музика, мене ќе ме има... Годинава одржавте многу концерти низ регионот, добивте многу аплаузи, враќање на бис, цвеќиња, разни подароци... Кои беа најдрагите моменти кога би ги споиле во едно? -Завршното поклонување со мојот бенд, пред да ја напуштиме сцената... Не можам да ви го доловам тоа чувство преку збор, тоа мора да се доживее... Затоа до година и тука, кај нас ќе го поделиме тоа чувство, на концертите кои се во план во Македонија. Колку општествените случувања се одразуваа на инспирацијата и кративноста, независно дали се позитивни или негативни? -О, и тоа како се одразуваат. Моите песни не се само љубовни, тие опфаќаат и социјални теми, ангажирани песни, некогаш се чист коментар на одредени случувања. Уметноста е широк простор во кој се изговараат и отсликуваат најголемите вистини. Јас и Ромео сме токму затоа феноменален тандем, особено кога е во прашање точната мисла преточена во збор. Ако се осврнете наназад низ годините од почетоците на Вашата кариера до денес, како би го оцениле развојот на македонската музика /естрада, кои беа најплодните години, а кои најсушните? -Секое време земено и од социјален и културолошки аспект си носи извесни промени. За некој тие се позитивни, додека за друг се катастрофални. Токму од тој аспект не знам колку е паметно било што да кажам на таа тема, а да не бидам погрешно сфатена. Затоа мудро ќе молчам и ќе го користам правото своето мислење да го искажувам преку своите дела. „Не сакам да снимам дуети, тоа не е мој стил“ беше подвлечена една Ваша изјава во медиумите. Зошто е тоа така и тоа веднаш откако излезе последениот и најнов дует со Жељко Самарџиќ кој патем поминува одлично? -Изјава извадена од контекст. Секако, нелогично е да кажам такво нешто, а истовремено да дејствувам поинаку! Зборував за тоа дека немам многу дуети во мојата кариера, бидејќи дуетот е нешто што треба да се случи по чувство , а не по план. Песната можам да ја делам само со некој кој ги чувствува нештата, луѓето и животот на сличен начин како јас. Од каде треба да почнат промените за повторно да заживее македонската поп музика. Да бидат повеќе посетени домашните концерти, настапи и да не се штеди да се одделат пари за карта за она што е наше, домашно? -Промените почнуваат од самопочитта. Кога тоа ќе го освестиме, ќе започнат сите други општествени и институционални промени кои се потребни во секој сегмент на нашето живеење. Што стои во приватната и професионална агенда на Калиопи за 2024 година? -Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме... Ако Калиопи е Дедо Мраз и може една работа да им подари на луѓето во Македонија, што би било тоа? -СРЕЌА фото: Приватна архива/ Ѓорѓи Христовски/Мартин Шишковски]]>

Тамара за крај на годината е на чисто со самата себе и оние кои веќе не се дел од нејзиниот живот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-za-kraj-na-godinata-e-na-chisto-so-samata-sebe-i-onie-koi-veke-ne-se-del-od-nejziniot-zhivot-foto/ Wed, 27 Dec 2023 09:24:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332556

Секој од нас знае да си направи муабет сам со себе кој не мора да е гласно, туку тивко и во себе. За тоа не мора да е крај на годината за да донесеме заклучоци, да ги сумираме впечатоците, да ги разграничиме нештата и да ставиме точка или да дадеме шанса за понатаму... Тамара Тодевска можеби не го срочи напишаното кое го сподели јавно на својот профил, туку се пронајде во извадокот и се идинтификуваше во истиот во кој се вели: -Се надевам дека тивко ќе им се заблагодариш на луѓето кои си заминаа од твојот живот оваа година. Од една или друга причина, не остануваат сите - не само романтично, туку и во пријателствата. Не завршува секоја личност од која очекувате да застане покрај вас. Некои луѓе не беа наменети да бидат во вашата приказна до крајот на вашите години, туку привремени ликови проткаени низ вашите приказни за да ве научат поуки и да ве направат подобра личност. И ако ти го напуштат животот, се надевам дека нема да се претепаш и да го носиш со себе - туку биди благодарен за заедничките времиња и посакај им добро, гласи објавата. Во 2022 година Тамара јавно потврди дека се разведува од сега веќе екс- сопругот Александар Димитровски, а 2023 веќе беше годината во која тој е личноста која веќе не е во нејзиниот живот, барем не како брачен партнер. Во објавата мислеше на некој друг/и или не, не посочи, но затоа сигурно е за оној што реално и се знае дека веќе не е дел од нејзиниот живот. Беше година и на нови шанси, нови љубови за кои не криеше, туку отворено пред себе и пред сите покажа како стојат нештата. Во Новата ќе влезе со нови животни избори и искуства од кои како што „вели“ погоре изнела поука. фото: instagram printscreen/ tamaratodevska]]>

„Секоја жена скапо плаќа за својата сила“: Нина Бадриќ проговори за својот љубовен живот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoja-zhena-skapo-plaka-za-svojata-sila-nina-badrik-progovori-za-svojot-luboven-zhivot-foto/ Wed, 20 Dec 2023 08:35:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331748

Како храбра и независна жена, Нина признала дека имала проблем кога е во прашање емотивниот партнер и се согласила дека мажите често се плашат од успешни жени. - Имаше многу тешки моменти, нема да лажам, но тоа го оставив зад затворени врати и сама го исплакав. Многу пати сум платила скапо и преплатилa туѓо друштво, навистина. Доживеав многу разочарувања во некои врски. Само затоа што сум силна жена која знае што сака, платив за мојата сила. Ја платив многу, многу скапо. Сепак, животот ме изгради, неверојатно, уште посилна. И тогаш сфатив дека е подобро да си сам и среќен отколку да собираш трошки од масата. Животот е толку краток што некаде би била со половина срце. Секоја жена скапо плаќа за својата сила, а јас само ќе кажам дека некој паметен некогаш рекол: „На силна жена и треба нечие рамо, за да плаче и да го носи тоа рамо во животот, како и секоја друга жена“. Јас сум како и секоја друга жена, кога ќе се вратам дома се пресоблекувам, врзувам опавче и почнувам да готвам, да размислувам и сите тие проблеми што ги има секоја од нас. Значи, силната жена треба да има уште посилно рамо до себе што ќе ја носи низ животот, но ако го нема тоа и тоа е во ред. А како што не ја крие силата, не ги крие ни чувствата, па откри како се однесува кога ќе се заљуби. - Јас сум Рак во хороскоп, а Риби во подзнак, се ви е јасно. Јас сум чиста емоција. Срцето ме носеше секаде, доцна го вклучив мозокот во некои работи. Така бев воспитана, моите родители беа секогаш искрени и ме советуваа секогаш да го следам срцето. Како што минуваа годините, сфатив дека многу пати мозокот требаше да дојде пред срцето. Да го знаев ова порано, ќе се поштедев од болката на животот, но така е, никогаш не плачеш по истуреното млеко. Она што не можам да го променам кај себе е мојата емотивност и емпатија кон луѓето. Мислам дека тоа ми се гледа, без разлика колку се обидувам да го сокријам тоа. Фото: Printskrin/Instagram/badrich  ]]>

Кој прв кажува „те сакам“: Мажите или жените? https://arhiva.vistina.com.mk/koj-prv-kazhuva-te-sakam-mazhite-ili-zhenite-2/ Mon, 18 Dec 2023 13:20:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331526

Дали отсекогаш сте мислеле дека жените први ќе му кажат „те сакам“ на новиот партнер во врската? Дали отсекогаш сте мислеле дека жените први ќе му кажат „те сакам“ на новиот партнер во врската? Ако е така, тогаш и вие, како и многу други, сте направиле неточна претпоставка. Повеќето луѓе се изненадени кога слушаат дека жените не се првите кои велат „те сакам“ во нова врска, туку мажите. Една неодамнешна студија објавена во SAGE Journal of Social and Personal Relationships се обиде да открие кој е поверојатно прво да ги каже двата магични збора „Те сакам“. Веројатноста дека мажите први ќе се изјаснат за својата љубов може да изненади многумина! Спротивно на родовите стереотипи кои преовладуваат, студијата покажа дека мажите се генерално првите кои велат „те сакам“. Исто така, наведува дека мажите во просек размислувале да ја изразат својата љубов околу 69 дена. Од друга страна, на жените им требало малку повеќе време, размислувајќи да ги кажат своите чувства по околу 77 дена од врската. Оваа неодамнешна студија фрла светлина на изненадувачки аспект на романтичната динамика, сугерирајќи дека, спротивно на популарното верување, мажите честопати први ги изразуваат своите чувства, пишува Power of Positivity. Сепак, колку и да се просветителни овие наоди, од клучно значење е да им се пристапи од поширока перспектива. Љубовта и нејзиното изразување е сложена интеракција на емоции и индивидуални личности. Додека студиите како овие даваат фасцинантни сознанија, важно е да се запамети дека секоја личност и врска се уникатни. Најважно е да го пронајдете она што е најдобро за вас и вашиот партнер и не е важно дали вие или вашиот партнер први ќе ги изговорите тие познати и важни зборови. извор:курир.мк фото:freepik]]>

Александра Пријовиќ се распадна од емоции и не можеше да ги задржи солзите – пејачката и се заблагодари на Лепа Брена што ја гледа како своја ќерка (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-prijovik-se-raspadna-od-emotsii-i-ne-mozheshe-da-gi-zadrzhi-solzite-pejachkata-i-se-zablagodari-na-lepa-brena-shto-ja-gleda-kako-svoja-kerka-video/ Tue, 05 Dec 2023 09:16:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329900

Пејачката Александра Пријовиќ ја продолжи концертната турнеја „Од исток до запад“, а синоќа го одржа својот  четврти по ред спектакл во Хрватска, каде закажа пет загрепски арени. Имено, покрај тоа што публиката цела вечер пеела во дует со неа, кон крајот на концертот неколку минути скандираа „Прија, те сакаме“, по што пејачката се распадна од емоции и не можеше задржи нејзините солзи. Кон крајот на  четвртиот концерт во Арена Загреб, младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ настапи заедно со Лепа Брена и Јелена Розга со песната „Ајде да водиме љубов“. Розга ја напушти сцената, а Прија и Брена заедно ја изведоа песната „Посакај среќа на другите“, а потоа Александра и се заблагодари. -Долго размислував како да ја најавам, а потоа сфатив дека нема потреба да ја најавам... Ве молам, аплауз за најголемата досега - Лепа Брена - рекла Александра, па кажа: - Беки, ти благодарам што секогаш ме поддржуваш и ме гледаш како твоја ќерка! Ти благодарам за сите совети, а ова е еден од нив... – додаде Прија. Фото: Printskrin/Instagram/aleksandraprijovic/Јутјуб]]>