емир хот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Apr 2019 11:22:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png емир хот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дамјан Пејчиноски со џипси-џез варијација на евергринот „Еден бакнеж“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-pejchinoski-so-dzipsi-dzez-varijacija-na-evergrinot-eden-baknez-video/ Mon, 15 Apr 2019 11:22:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83046

Македонскиот евергрин Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја Зоран Георгиев и Нина Спирова, е една од најпознатите и најпреработувани македонски песни, за која текстот го напиша Христо Крстевски, музиката Петар Пешев, а аранжманот го направи легендарниот Драган Ѓаконовски Шпато.
Освен вокалните интерпретации на бројни македонски изведувачи, исто толку воодушевуваат и инструменталните верзии, како што е и штотуку објавената од нашиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски, овој пат во џипси-џез стил.
За новото руво на „Еден бакнеж“, тој ги здружи силите со колегата Емир Хот, со кого соработува веќе подолго време, а на виолина гостува Љубомир Толумбаџиев. Во создавањето учествуваа уште и Горан Гешовски на контрабас и Николче Мицевски на перкусии, а аудио-миксот и мастерингот ги направи Микјал Хванастајн во студиото „Мајк“ на Фарските Острови.
Еден бакнеж“ е дел од новиот проект кој Пејчиноски го подготвува со Емир Хот, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=yks0SBcXqPE Извор:РадиоМК]]>