емил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Mar 2022 07:06:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png емил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како изгледаат денес и што работат децата и сопругата на македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-izgledaat-denes-i-shto-rabotat-decata-i-soprugata-na-makedonskata-folk-legenda-pokojniot-pepi-baftirovski-foto/ Wed, 30 Mar 2022 07:04:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244737

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена во 90-ите. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД. Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава и имаше хитови како безвременската „Ако згрешам, нека изгорам“, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со  целото семејство: сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил, со кои се враќа во Америка во 2003 година каде е решен да започне нов живот По неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и тешката бoлecт – канцер на белите дробови. Пејачот по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта и ќе почине во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка. Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно, иако последните години, според неговите пријатели, тој ги поминал сам, не јавувајќи се никому. Откако му била дијагнocтицирана болеста, бил хocпитализиран, а неговите пријатели од САД преку Интернет упатија апел за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија, каде сакал да биде неговото вечно почивалиште, што била една од неговите најголеми желби во неговите последни денови од животот. Сепак, Пепи Бафтировски нема да дочека последната желба да му се исполни. Никому ништо не згреши, а изгоре… Изгоре во желбата да почива на родната грутка земја, во својата мајка Македонија. Почина и беше пoгpeбан во Чикаго. Зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат: ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни. Неговата поранешна сопруга Aва Керш, која се' уште живе во Чикаго - САД, на одбележувањето на една од годишнините од смртта на пејачот во изјава за „Фокус“, сепак демантираше дека последната желба на Пепи била да почива во Македонија. „Чувствувам празнина без него… Го изгубив мојот најголем пријател пред кого пеев, играв, се смеев, и пред кого можев да зборувам со часови, а тој да ме слуша со најголемо внимание.Јас сум жена која го имаше целото внимание на светот. Со него се чувствував како да снимав филм во кој главната улога ја играв јас. Празните зборови кои сега се пишуваат за нас, повеќе не дозволувам да ме вознемируваат “ - раскажала Ава и додала дека Пепи починал опкружен со најблиските, знаејќи дека е сакан и никогаш нема да биде заборавен. Таа откако со Пепи се пресели во 2003 година работи во здравството, во Лојола Универзитетот, но остана активна и на тамошната сцена и учествува во популарни танцувачки шоу програми. А како денес изгледаат и што прават синот и ќерката на Пепи и на Ава? Синот Емил е студент по медицина на Универзитетот во Чикаго. Според фотографиите што ги споделува, тој израснал во вистински  маж, убаво и стројно  момче, а за него велат дека бил и  многу посветен на својата идна професија. Марина пак, ќерката на Пепи и на Ава е мажена и има три машки деца. Таа многу личи со својата мајка и од која се чини  русокосата дама ја населдила убавината и изгледа како да е фото-модел. Фото: Јутјуб и Фејсбук принтскрин/Ava Kersh/Emil Baftirovski]]>