ема попивода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Jul 2023 12:16:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ема попивода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и пијанистката Ема Попивода ќе настапат на интернационалниот фестивал „КоторАрт“ во Црна Гора https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-kameren-orkestar-profundis-i-pijanistkata-ema-popivoda-ke-nastapat-na-internatsionalniot-festival-kotorart-vo-tsrna-gora/ Thu, 27 Jul 2023 12:16:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311830

Во недела, 30. јули, македонскиот камерен оркестар „Профундис“ заедно со виртуозната пијанистка Ема Попивода како солист ќе настапат на интернационалниот музички фестивал „КоторАрт“ во Котор, Црна Гора. Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ ова лето, по спектакуларниот настап на сцената на престижниот фестивал „Раванелиус“ во Србија. - „Навистина сме среќни што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме, па затоа поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и несомнено значаен момент во нашата уметничка кариера.“ – изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“. Инаку, фестивалот „КоторАрт“ со своето 21-годишно постоење се смета за еден од најголемите и најзначајните фестивали на уметноста во Црна Гора и регионот. Секоја година фестивалот е домаќин на впечатлив број меѓународни уметници, а со над 200 програми на различни локации во Котор и заливот Бока Которска, привлекува милиони посетители, со што е еден од најпосетуваните фестивали во регионот. Камерниот оркестар „Профундис“ е  уметнички состав кој постои веќе четири години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во РСМ, Националната опера и балет и Националната филхармонија.]]>

Концерт „Акустик електроникс“ во Станица 26 https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-akustik-elektroniks-vo-stanica-26/ Tue, 26 Feb 2019 14:38:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74865

Во рамки на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2019 , на 27 февруари во клубот Станица 26, со почеток во 22 часот, ќе се одржи концерт на Ема Попивода – пијано, Оливер Јосифовски – контрабас и Александар Петров – тапан со композиции на теми од познати електронски хитови.
Проектот е познат под името „Акустик електроникс“, оригинален музички перформанс во кој најпознатите електронски хитови се обработени и се изведуваат на пијано со придружба контрабас и моќниот звук на  тапанот.  Во ова второ издание  на концертниот проект, публиката ќе може да слушне обработки на одбрани електронски песни од различен временски период, кои се подредени во еден вид историјат на електронската музика. Инспирирани од современата музика, во стилот на класичните композитори, на акустични инструменти, во сосема нова возбудлива атмосфера се појавуваат песни на Orbital, Kraftwerk, New Order, Bronski beat, Frankie Knuckles, David Morales, Moby, Layo & Bushwaka, Future sound of London, DЈ Rolando, David Morales, Fatima Yamaha… По концертот забавата продолжува со ДЈ Mirko Popov и ДЈ DJ Zoki Bejbe. https://www.youtube.com/watch?time_continue=161&v=oOy5veFXVy4]]>