елмас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Jul 2022 09:01:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елмас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сатја Грабулоски – дизајнер: „Требаше да му направам патики на Коби Брајант, но дента кога стигнав во Лос Анџелес тој загина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/satja-grabuloski-dizajner-trebashe-da-mu-napravam-patiki-na-kobi-brajant-no-denta-koga-stignav-vo-los-andzeles-toj-zagina-video/ Fri, 15 Jul 2022 06:14:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258770

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски веќе седум години црта патики за големите светски ѕвезди.  Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Мајли Сајрус, Дуа Липа и Тиесто... или нашите Горан Пандев, Елиф Елмас,  се само дел од околу тристате ѕвезди кои имаат патики со негов потпис.
Тој и неговиот тим рачно ги изработуваат уникатните дизајни, а некогаш им требаат и преку 200 часа за еден чифт патики. Сепак, Сатја никогаш не си ја исполни желбата да дизајнира за Коби Брајант, иако било договорено и тој да добие пар патики. „Бев во САД и требаше да имам состанок со Л.А Лејкерс околу деталите на нашата соработка. Но, дента кога стигнав во Лос Анџелес се случи хеликоптерската несреќа во која загина Коби. Кога слетав, уште на аеродромот гледав фанови во негови дресови и на почетокот не знаев што се случува. Дури потоа ми кажаа дека Брајант загинал, а патиките за коишто имавме и готова скица, никогаш не ги направив“- раскажа Грабулоски за „Репортер“. Денеска соработува со најголемите ѕвезди и лесно стига до нив преку контактите и пријателствата што ги создал низ годините. Уште во средно школо почнал со маркер за платно да чкрта по своите патики. И денес првиот пар го чува во неговото студио. Така и почнал со оваа работа за ден денес да стане светска приказна. „Изгледа неверојатно дете од Скопје да стигне до некои имиња. Но, уште на почетокот си реков дека нема да се оптоварувам со имиња и сите ќе ги третирам исто. Ама, не е секогаш сеедно и раката знае да ми се затресе од возбуда. Тоа ми се случи кога ги цртав патиките на Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на светот“- рече Сатја и ни ги покажа патиките кои се веќе готови и кои наскоро треба да ги испрати кај славниот кошаркар. Јавноста го познава како дизајнер, но малкумина знаат дека дедо му Јордан Грабул го дизајнираше Македониумот во Крушево, а баба му го изработи ентериерот. И мајка му Лира е наградуван уметник, познат костимограф и уметнички педагог,  па искрен е кога вели дека семејното име понекогаш му создава притисок. Но горд е на фамилијата и се надева дека еден ден и тој ќе стигне до нивното ниво. „Не се сеќавам кога последен пат сум бил во Македониумот, најверојатно затоа што последниот пат кога бев таму, внатре имаше некоја училишна клупа на која се продаваа сувенири, што според мене е навреда за авторството. Пред неколку години во Њујорк се организираше изложба на југословенската архитектура, а меѓу дизајните што беа изложени, беше и Македониумот. Беше убаво да го видам вниманието што го добива работата на дедо ми и ми беше чест да бидам таму, ама и поттик да продолжам и јас напред“, вели Сатја.  
Низ разговорот ни откри и дека само 10% од она што го работат се објавува во јавноста, па еден ден сака да направи изложба што ќе ја прошета Европа. Тука се и муабетите за семејното наследство , но и колку често се расправа со мајка му за работата, оти од неодамна и таа е дел од неговото студио SWithaDot. Како се прават патиките, како ракометарката Андреа Лекиќ му дала ветер во грб во кариерата и со кои светски ѕвезди од соработник станал пријател...   Гледајте го интервјуто.
]]>

Македонија „ја клекна на колена“ Германија на нејзин терен: Голема победа на гости на нашите фудбалери од 2:1 https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ja-klekna-na-kolena-germanija-na-nejzin-teren-golema-pobeda-na-gosti-na-nashite-fudbaleri-od-2-1/ Wed, 31 Mar 2021 21:23:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196954

Фудбалската репрезентација на Македонија изигра неверојатно на гостувањето против Германија. Македонија победи со резултат од 2:1 и освои огромни 3 бодa во квалификациите за СП 2022. Македонија успеа да се избори за голема победа против Германија во 3 коло од квалификациите за СП во Катар. Горан Пандев во 45+2 и донесе водство на Македонија и со ова стана најстариот играч кој и дал гол на Македонија во квалификации за Светско првенство. Во второто полувреме, главниот судија Карашев сметаше дека Алиоски го соборил Сане, па Гундоган од пенал израмни во 73 минута. Потоа чист пенал не и беше досуден на Македонија откако Емре Чан по изведениот корнер играше со рака во шеснаесетникот на Германија. Спортската правда стигна во 85 минута кога Елиф Елмас додавањето до Адеми го куниса со шести гол за него во националниот дрес, доволен за голема победа на Македонија над фаворизираната Германија. Во следното 4 коло од мундијалските квалификации, Македонија ја дочекува во моментов водечката Ерменија со три победи и 9 бода во нашата група, по денешната победа на Ерменците над Романија со 3:2. Натпреварот Македонија - Ерменија се игра поЕУРО 2021, на 2-ри септември на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Нашите момчиња оставија срце на терен и се покажаа во најдобро можно светло! Душата ни ја обоија во црвено жолта боја. Браво мајстори, Македонија се гордее со вас!]]>