елки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Dec 2023 11:03:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За неа една е малку: Јелена Карлеуша накити дури четири елки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/za-nea-edna-e-malku-jelena-karleusha-nakiti-duri-chetiri-elki-foto/ Tue, 26 Dec 2023 11:03:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332478

Кога е бал, нека биде маскенбал! Јелена Карлеуша лани ја дочека Новата година со една елка, а сега нејзиниот дом го накити со четвори. Поточно во два домови. Во старата куќа украсила две елки, додека во новата има „само“ една. Во дворот има ирваси со сини светла, а на терасата уште еден украс кој наликува на елка. „Немам чувство дека се ближи Нова година. Се чувствувам како да е март. Тоа не ме спречи да ги украсам двете куќи за празници (во втората живее Алфа, поголема е и поубава) и да потрошам непотребна сума пари, што ме нервира сега како и секоја година. Се’ на се’ празниците доаѓаат...“ напиша таа во објава на Инстаграм и во својата приказна покажа како ги украсила елките. Популарната пејачка навистина не штедела на украсувањето. Раскошна, но и елегантна, во нејзин стил. Во „старата“ куќа има две новогодишни елки една до друга кои се украсени само со светилки и изгледаат убаво кога ќе се изгаснат светлата во собата. До нив се црвени топчиња во улога на џиновски украси. Централното дрво стои во дневната соба на новата куќа, соба во која доминира белата боја. Бели се и украсите на елката, заедно со големата ѕвезда одозгора. Прозорците се украсени со препарирани елени, плишани мечиња, венци, а кога ќе погледнете низ прозорецот ќе ве шармира голем ирвас, веројатно наречен Рудолф, со сини светла. Терасата е исто така имагинативно уредена. Вистинска зимска бајка во домот на Јелена Карлеуша, на која, освен пејачката, секако најмногу се радуваат и нејзините ќерки Атина и Ника. фото:Instagram printscreen/ karleusastar]]>

Пејачките го украсија својот дом: Беквалац и Илда накитија елки со розови лампиони, а дома кај Вики е како во шопинг мол (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkite-go-ukrasija-svojot-dom-bekvalac-i-ilda-nakitija-elki-so-rozovi-lampioni-a-doma-kaj-viki-e-kako-vo-shoping-mol-foto/ Thu, 17 Dec 2020 10:23:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181365

До Нова Годинао станаа само две недели и иако нема да има големи прослави, многумина со нетрпение ги очекуваат празниците кои ќе ги дочекаат дома, со своите семејства. Јавните личности, особено оние кои имаат мали деца, не се помалку возбудени, па затоа го искористија недостатокот на работа за да ја украсат елката со своите најмили, а заедно да го украсат и домот. Една од првите што го подготви својот дом за новогодишните празници е Наташа Беквалац, која уште во ноември ги извади украсите и започна да украсува. Во тоа и помогнаа нејзините ќерки, а со сигурност може да се каже дека елката на Ната е една од најубавите. Преовладуваат розови и сребрени лампиони и речиси да нема гранка на која нема украси. Фотографијата ја сподели на Инстаграм со порака. „Добро утро и среќна Нова 2021 година. Ви посакувам на сите да бидеме здрави. Би сакала повторно да ги гушнам мама и тато. Научивме многу, драга 2020 година, додека траеше, благодарам“ - напиша пејачката. Илда Шаулиќ оваа година играше со слични тонови, украсувајќи го својот дом на почетокот на декември, а то го стори порано заради нејзината наследничка, која како и секое дете, со нетрпение ги очекува новогодишните празници. Елката на пејачката изгледа како оние што ги гледаме на филм, а на неа доминираат розовите и бронзените тонови. Вики Миљковиќ,  се обиде својот стан во „Белград на вода“ да го накити како шопинг мол - полн со украси и Дедо Мразовци... На нејзината елка доминираат црвената и златната боја, како и безброј шарени сијалички.]]>

Секој град во Македонија има своја новогодишна елка: Еве како ја китат елката скопјани, битолчани, прилепчани, охриѓани, струмичани… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-grad-vo-makedonija-ima-svoja-novogodishna-elka-eve-kakva-imaat-skopjani-bitolchani-prilepchani-ohrigjani-strumichani-foto/ Thu, 12 Dec 2019 11:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123491

Прва асоцијација за Нова Година се Дедо Мраз и новогодишната елка... На најпознатиот и најпосакуван дедо на светот најмногу ни текнува токму во овој период во година, а елаката...? Неа сите ја китиме отприлика сите исто: со новогодишни украси, лампиони, сијалички, фигури... Иста, ама кај сите, сепак различна. Ама дека секој град во Македонија има свои специфики во китењето и своја тип на новогодишна елка сигурно не сте знаеле. Токму чикашкиот камионџија Дарко „Влогс“ Јефремов дојде на идеја да ви ги претстави новогодишните елки по македонските градови. не сите, се разбира, ма затоа најинтересните и најуникатните... Како што секој град, секое подрачје или регион во Македонија има свои специфики, така има и своја елка. Затоа, погледнете какви елки имаат скопјани, битолчани, прилепчани, велешани, струмичани, крушевчани... 1. Скопската е најнакитена со украси. И најмногу личи на вистинска елка, ама само ако можеш да ја видиш... од маглата и смогот. 2. Скопје има многу општини, свои региони, населби... „држава во држава“ што би рекле, а Драчево е една од  најпрочуените... по кромидот! 3.  Битола е вториот најголем град во Македонија... ама важи и за најградскиот, а и чупињата им се „јака штикла“. 4. Охрид е најпознатиот туристички центар. Рибарине кога не фаштет пастрмчиња, трските ги чуваат за елка! 5. Велес е близу до метрополата, ам уште поблизу до Америка. Откако расчистија со „Франкфурт мафија“, велешани се префрлија на изборна интернет Трампманија, па редно е и елката да им биде „америчка“! 6. Тетово е исто така блиску до престолнината, ама уште поблиску до рафална стрелба. Таму кога се слави, не се штеди на муниција... Ни за сунет, ни за свадба ни за Нова Година!  Затоа и елката им е „пушка“... Море „бомба“!!! 7. Кочани е познат по оризот, а оризот ситно зрнце, не се гледа да го ставиш на елка... Чаре - накитија елката со второто што најмногу го имаат кочанчани после оризот - бугарски пасош! 8. Да не Ресен, Европа јаболка нема да помириса, а камо ли да проба... Затоа и елката на ресенчани им е така богато наредена. Што да ги фрлаат кога нема откуп, вака барем украсни  елки може да извезуваат! 9. Прилепчани со извоз немаат главоболки... Тутунот се' уште се пуши наголемо... Го „пушиме“ сите, па и фазла има... Тоа што прекарот на прилепчани им е каков што им е,  а на нивното поднебје банани не виреат,  не значи дека треба да им правите мајмунлоци, па елка од увоз не треба да имаат? 10. На прилепчани бизнисот со пушењето полека им го превземаат струмичани... Само не со тутунот... А какво ти е пушењето, такава ти е и елката... Релакс - плантажна! Од кај братот или брачедот... 11. Кој пуши, кој пие... Тоа ти е Македонија. А кај се пие најмногу, ако не таму кајшто најмногу се прават виното и рачијта... Разбира се у  Тиквешијата... Алкохолот сигурно не оди фира, ама за да не се фрла амбалажата како скисната зелка, еве ти од шишиња направена новогодишна елка... 12.Малешевијата нема ни тутун, ни јаболка, ни грозје, ама затоа има нешто што се сади, а не се гледа, оти расте под земја... Компир во вреќа, а вреќа по вреќа и ете ти беровска елка, за новогодишна среќа... 13. И за крај највисокиот град во Македонија... Крушево! Таму ништо не вирее од земјоделски култури... Само Лобито им е јако и богато, ама затоа елката сиромашка... оти е Влашка! Ах, да... И оваа последнава елка да не ја заборавиме. Неа на нашиот премиер, францускиот претседател му ја подари... И тоа уште пред извесно време... Како „мали знак пажње“ за Преспанскиот договор, да си ја постави во двор: „ From Paris with Love“...! Епа, Среќна Нова, народе!    ]]>