елка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 11:01:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката Милена искрена и кога работата не е за фалење, па праша дали и на другите им се случува како нејзe (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-milena-iskrena-i-koga-rabotata-ne-e-za-falene-pa-prasha-dali-i-na-drugite-im-se-sluchuva-kako-vo-nejze-foto/ Fri, 02 Feb 2024 09:08:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337208

Секоја година на почетокот од месец декември стартува китењето на елките и се мести празничната декорација во домот. Тогаш, скоро секој практикува преку социјалните мрежи да ја покаже сопствената новогодишна и божиќна магија во домот, а голем дел од познатите го направија тоа, па традиционално и годинава се пофалија со своето декоративно дело и вештина во украсување. Но што се случува кога ќе дојде време како сега, односно периодот кога треба да се раскити? За оваа спротивна ситуација речиси никој не зборува или покажува. До кога стојат елките и декорациите и дали се држат до некое општоприфатено правило дека елките треба да стојат накитени до Водици?   Нова година помина, Божиќ, Стара Нова, па и Водици, а празничните дрвца и декорациите се уште стојат накитени кај некои. ТВ водителката Милена Антовска овој пат ја начна токму оваа тема, па дури и кога нештата навидум не се за фалење. Кај неа се уште стои накитена елката во домот и нештата се уште се во празничен дух. -Дали има уште некој освен мене што не откитил елка? -Многумина од нејзините приојатели и следбениици се пронајдоа во истото, па за да и биде некоја утеха и кажаа дека и кај нив ситуацијата околу елката е иста. Едни и кажаа дека имаат идеја воопшто да не ја раскитуваат, па така накитена да ја стават во подрум и да биде подготвена за следната година, па ич да не се мачат со китење пак. Милена откако виртуелно си помуабети и сподели искуства, се подзамисли, па со магијата што се уште си ја чува и има дома, наздрави со чашка вино за се’ да си продолжи така убаво и позитивно, па нека тера до колку може... фото:Instagram printscreen/ milena_antovska]]>

Анета Љумаковска го покажа новогодишниот амбиент во домот, а еден детаљ остава посебен впечаток (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-lumakovska-go-pokazha-novogodishniot-ambient-vo-domot-a-eden-detal-ostava-poseben-vpechatok-foto/ Mon, 08 Jan 2024 08:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333634

Можеби е изненадувачко и звучи чудно, но пејачката Анета Љумаковска за разлика од своите колеги од фолк сцената, новогодишната ноќ ја помина без ангажман. Ова веројатно го сакаше самата, да се одмори од предновогодишните турбо прослави, да се раскомоти во својот дом и Новата да ја дочека во мирна атмосфера и без многу помпа од која постојано е опкружена.
Па така, Анета се смести удобно во својата софа пред телевизорот и елката, а од новогодишната програма реши изборот да не бега од она што е нејзиното секојдневие – музиката се разбира и тоа не било која туку својата. На „стори“ објавите од Инстаграм таа покажа како се гледа и слуша самата од една новогодишна програма која се емитуваше, а таа ја снимаше претходно. Кој и правеше друштво дома не откри, но дека имаше еден необичен дочек од порано, тоа е сигурно.
Сепак, по не многу денови празничен одмор, Ането повторно се активира и тоа со настап на Плоштадот Македонија каде ќе пее на отворено пред скопјани. фото: Instagram printskrin/ anetaljumakovska2701]]>

Лила годината ја заврши со нова љубов и предизвици какви досега немала: „Господ напомош“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-godinata-ja-zavrshuva-so-nova-lubov-i-predizvitsi-kakvi-dosega-nemala-gospod-napomosh-foto/ Mon, 08 Jan 2024 08:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330450

Новогодишните елки во домот украсени, а празничниот дух се трудиме секој на свој начин да си го донесеме во домот и во срцето. Секој со своите желби за поубаво денес и утре, па здрави, живи, помудри и поискусни да преминме кон Новата 2024 година. За Лила Филиповска изминатата беше тешка, но и победничка година. Таа се избори со опаката болест, проговори јавно за се’ што доживеа од премрежјата со ракот на дојка, а откако успешно ја тргна тежината од себе, се препушти на животот каков што секогаш умеела да го живее, само овој пат уште послатко од преходно и со уште поширока насмевка за новото утре. Во своите јавни излагања за болеста спомена и дека најголемиот лек во излекувањето на тешката состојба било нејзиното домашно милениче- мачорот Рагнар. Лила тогаш прати моќна порака колку се важни домашните миленици, а во случајов мачките за луѓето и во добро, но и кога ни е најтешко. Поучена од искуство, Лила за крај на 2023 година се реши за еден важен чекор, да добие дупла доза од лекот наречен мачешка љубов. Лила се реши да вдоми уште едно маче, џинџер младо мачорче кое е во фаза кога штотуку накитената елка во домот му е најинтересна за играње. Рагнар веќе мора да направи простор од својата бележана територија, особено кај газдарицата која веќе му даде простор на новиот миленик и тоа во спалната. Портокаловиот крзнен убавец се вика Мајло и од старт е привилигиран да и спие на градите на Лила, да и преде и да и праќа позитивни вибрации. Периодот на адаптација со две мачки сигурно ќе потрае, а за згодите и незгодите од овој голем предизвик веруваме дека допрва ќе гледаме од „стори“ објавите на Лила која веќе си знае дека и треба „Господ напомош!“ фото: Instagram printskrin/ lilafilipovska]]>

Станот на македонската фолкерка е украсен како од новогодишна бајка: Само еден поглед на домот на Марија Луиса и за час, ќе се почувствувате како да сте на гости кај Дедо Мраз (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanot-na-makedonskata-folkerka-e-ukrasen-kako-od-novogodishna-bajka-samo-eden-pogled-na-domot-na-marija-luisa-i-za-chas-kje-se-pochuvstvuvate-kako-da-ste-na-gosti-kaj-dedo-mraz-video/ Sat, 30 Dec 2023 07:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282265

Новогодишната ефурија велат ги обзема возрасните, а новогодишната магија ги опчинува децата... Украсувањето на различни простори, од плоштади и излози на продавници, трговски центри и шопинг молови, па се до дворови, тераси, куќи и станови говори дека и возрасните живеат во светот на бајките. Или барем сакаат на час да е така, да се вратат во деновите кога биле деца, а  новогодишните и божиќните празници се најубавата прилика за прошетка по спомените од детството. Речиси сите ние ги украсуваме своите живеалишта пред Нова Година, зашто така е ем посвечено, попразнично, а и некако сето тоа блештавило на лампионите, украсите и сијаличките прави да ни е и домот поблескав, а амбиентот  понтимен, поубав, некако потопол... Среде соба или во некој агол од истата, елката ни стои и ја красат лампиони во илјада бои... Исто како во познатата детска песничка. Но, за некои не се само украсената елка и подароците под неа доволни туку, амбиентот во домот умеат да си го претворат во вистинска новогодишна бајка. Во сопствена волшебна приказна во која амбиентот на целиот дом наликува на оној од сликовниците и филмовите за најпосакуваниот дедо на светот. Естрадните ѕвезди насекаде па и кај нас сакаат да предничат и да се пофалат со тоа како го украсиле домот, каков новогодишен амбиент создале во просторот во кој живеат, да ја покажат својата смисла за склад и естетика, а воедно интима и романтика. И повеќето успеваат во тоа... И светските и регионалните и овие нашите, од домашната естрада. Секоја на свој начин знае да ја покаже убавината на новогодишната магија што самата  ја создала во својот дом. Сепак, меѓу сите ѕвезди, домот на една се издвојува, кога е во прашање волшебната бајковитост на новогодишната магија.  Битолската фолкерка со скопска адреса на живеење во својот дом направила новогодишен амбиент како од приказните. Станот на оваа македонска пејачка е украсен како од новогодишна бајка, зашто доволен е само еден поглед на домот на Марија Луиса Тодоровска и за час, ќе се почувствувате како да сте на гости кај Дедо Мраз! Зашто буквално секој агол, секое делче од нејзинто скопско живеалиште е претворено во бајковито катче... Од стотици лампиони на на богато накитената елка, сијалички, новогодишни куќички, светилки, украси, ликови од приказните за Дедо Мраз и неговите снежни пејсажи во просторите од каде што доаѓа... Едноставно, на пејачката се' од рака и поаѓа да осмисли, украси и аранжира, а потоа и неа и на секој што ќе и дојде на гости, му останува единствено само да ужива во бајковитиот амбиент осмислен во секој сегмент од домаќинката.
@marijaluisa8♬ original sound - Marija Luisa
Се разбира, ако веќе доаѓате на гости во дом налик на оној  на Дедо Мраз, очекувајте таму да ве пречека „Снежана од бајките“... Подготвена за срдечно дружење крај елката покрај каминот... Но, вакво гостопримство не му се случува баш секому и толку често. Затоа, ваше е само да оставите бакнеж што се памети... на вистинското место! Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska Видео: ТикТок/ marijaluisa8
 ]]>

Нина Бадриќ во кусо жолто фустанче покрај елката испрати новогодишна честитка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nina-badrik-vo-kuso-zholto-fustanche-pokraj-elkata-isprati-novogodishna-chestitka-foto/ Fri, 29 Dec 2023 12:44:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333062

Познатата балканска поп пејачка Нина Бадриќ во одлично, весело и пријатно расположение го помина Божиќ, па нестрпливо ја очекува и Новата 2024-та година. Таа објави новогодишни фотографии направени покрај својата новогодишна елка. Нина зрачи со позитивна и убава енергија. Облечена во кусо жолто фустанче и бели чорапи до колна од Гучи и за своите 51 година, таа изгледа навистина фантастично. „Среќа, радост, снага, заедништво, спокој, мир, веселби, љубов…. Среќен Божиќ“, напиша Бадриќ во описот на фотографиите под елката, на кои за жал, самата и се радува.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Фото: Инстаграм/badrich]]>

Ана Севиќ има елка која е слатко задоволство, а децата не можат да и одолеат (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-sevik-ima-elka-koja-e-slatko-zadovolstvo-a-detsata-ne-mozhat-da-i-odoleat-foto/ Fri, 29 Dec 2023 10:59:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332985

Ана Севиќ често објавува неколку фотографии од својот луксузен стан, а сега ја покажа и новогодишната елка која инспирација ја најде во украсувањето во бонбони. Сепак, на фотографиите се и нејзините деца, поради што глетката ги разнежни сите. Децата на Ана, ќерките Лорена и Сена, како и синот Симеон беа на празнични фотографии, а таа ги облече и во пижами во празнични пижами. Елката на Ана инспирирана од бонбони и лижавчиња, во црвено-бела боја, привлече големо внимание на социјалните мрежи. Меѓутоа, децата на Ана расеале се, додека помалата сестра и брат ги држи во скут постарата ќерка Лорена. - За крајот на годината, најслатките слики 2023/2024 „Кенди“ елка за моите најголеми слатки. Сакам Новата година да ви донесе само сладок вкус и најслатки моменти. Да создадеме најслатки спомени во него - напиша Ана заедно со фотографија од децата кои позираат покрај елката. фото:Instagram printscreen/ anasevicofficial]]>

Јелисавета Орашанин ја покажа својата новогодишна елка –  Никој нема ваква (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jelisaveta-orashanin-ja-pokazha-svojata-novogodishna-elka-nikoj-nema-vakva-foto/ Thu, 28 Dec 2023 09:05:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332761

Новогодишните и божиќните празници се на чекор пред нас, а познати личности ги украсија своите домови и ги накитија своите елки. Истото го направи и Јелисавета Орашанин, а вниманието го привлече и нејзината елка. Покрај тоа што е природна, која ја засадила во голема саксија, украсите прават посебен момент. Како што можете да видите, тие се направени од картон, така што и дава посебен шарм на нивната елка. Освен елката, Јелисавета покажа и друг дел од станот каде има и елки од картон и Дедо Мраз нацртан на хартија. Да потсетиме, минатиот месец актерката го прослави својот 35-ти роденден во еден ресторан во друштво на своите пријатели. Она што на сите им падна во очи е тоа што на прославата не присуствуваше нејзиниот сопруг, кошаркарот Милош Теодосиќ. Јелисавета за оваа пригода избра сив мини фустан кој ги истакна нејзините атрибути, особено долгите нозе, но и деколтето.

Новогодишната елка во домот на Јелена и Новак Ѓоковиќ годинава е посебна (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishnata-elka-vo-domot-na-jelena-i-novak-gokovik-godinava-e-posebna-video/ Wed, 27 Dec 2023 11:26:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332663

Јелена и Новак се многу зафатени, што со синот Стефан и ќерката Тара, што со кариерата на тениски ас. Сепак, бројните обврски не се пречка за уредување на домот, а празниците во домот на Ѓоковиќ никогаш не биле поубави. Како ја накитиле елката годинава покажа тенискиот ас кој од својот топол дом на сите им посака среќни празници. Многумина забележаа дека Ѓоковиќ посебно се потрудил со новогодишното украсување. Новогодишната елка е одлично украсена во златни и крем тонови, а сосема е сигурно дека наследниците на Новак биле неизмерно задоволни од неа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Новак и Јелена се грижат сите празници да ги поминат заедно, особено Божиќ. Да потсетиме, Новак беше одликуван со Орден Свети Сава од прв степен, што е највисокото признание кое го доделува СПЦ за добротворни цели и посветеност на религијата. Оваа награда му беше доделена „за љубовта кон црквата и помагањето на српскиот народ и светите места на Светата црква, особено на Косово и Метохија“, рече тогаш патријархот Иринеј. фото:Instagram printscreen/ djokernole]]>

Елка до плафон: Синот на Драгана Мирковиќ ја објави магичната атмосфера во замокот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elka-do-plafon-sinot-na-dragana-mirkovik-ja-objavi-magichnata-atmosfera-vo-zamokot-foto/ Thu, 21 Dec 2023 13:02:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332011

Замокот на Драгана Мирковиќ е украсен со најлуксузните дрвја кои имавме можност да ги видиме оваа сезона во домовите на јавните личности. Новогодишната елка во семејниот замок Ебенфурт е исполнета со украси во црвена и бела боја, додека треперливите лампиони изгледаат како целата магија на празникот да се спуштила на зелените гранки. Под елката на Драгана Мирковиќ, која се простира од подот до таванот, има украсни фигури од јагниња, ангели и Дедо Мраз, кои додаваат топлина во луксузниот дом. Во прекрасниот амбиент на виенскиот дом очигледно уживал синот на Драгана, Марко Бијелиќ, кој ја сликал елката и фотографијата ја објавил на својата социјална мрежа. Не е тајна дека Драгана заедно со нејзиниот сопруг Тони го опремиле замокот со луксузен мебел, па освен елката можевме да видиме и скап лустер кој на собата и дава белег на гламур. Домот на Драгана Мирковиќ пред божиќните и новогодишните празници изгледа како од бајка, а секоја година по повод католички Божиќ, Мануела и Марко, кои одамна не живеат со мама и тато, ќе го посетат семејниот дом и ќе ја прослават со заеднички одмор. фото: Instagram printscreen/ dragana_mirkovic/ marko.vnm]]>

Зошто ѕвездата на елката се поставува на врвот? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-zvezdata-na-elkata-se-postavuva-na-vrvot/ Wed, 20 Dec 2023 13:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331878

Украсувањето на елката свечено се завршува со поставување на ѕвезда одозгора, со што започнува празничната атмосфера во домовите. Првиот доказ за украсување на новогодишна елка доаѓа од единаесеттиот век. Во Германија елката ја украсуваа со црвени јаболка, во Западна Германија ја украсуваа и колачињата во различни форми и свеќи, кои се симбол на Христос и вечна светлина. Овој ритуал се раширил низ Европа низ вековите. Принцот Алберт ја украсил првата елка во Англија во 1841 година. Била украсена со подароци, хартиени цвеќиња и бонбони. Многу брзо овој убав обичај се воспостави и преминал од високата класа на обичниот народ. На зелените гранчиња во почетокот се ставаа јаболка, потоа колачиња, ореви, суви сливи и урми, машнички. Легендата вели дека еден германски дувач на стакло бил многу тажен бидејќи немал пари да купи украси за елка што може да се јадат за своите малечки, па решил да направи стаклени топчиња. Неговите одликувања предизвикаа вистински ентузијазам кај луѓето, а овој човек со текот на времето се збогатил. Украсувањето на елката свечено се завршува со поставување на ѕвезда одозгора, со што започнува празничната атмосфера во домовите. Ѕвездата на врвот на елката традиционално се поврзува со божиќните прослави, се пее во многу песни и го претставува најважниот настан во историјата на христијанството, раѓањето на Исус Христос. Легендата вели дека на еден ангел, во моментот кога се родил Исус, му било жал што дрвото немало плод и дека не можел, како другите што дошле да му се поклонат на синот Божји, да му даде нешто, па зел ѕвезда од небото и ја ставил на врвот на елката. Во официјалната христијанска историја е запишано дека во моментот на раѓањето на Исус на небото се појавила светла ѕвезда „Витлеемска ѕвезда“, која објавила дека се родил синот Божји. извор:курир.мк фото:Freepik]]>