елизбает тејлор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Dec 2019 12:29:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елизбает тејлор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ким Кардашијан како Елизабет Тејлор (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kim-kardashijan-kako-elizabet-tejlor-foto/ Wed, 25 Dec 2019 12:29:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125889

Сите имаме свои идоли, ликови кои ги обожаваме и кои ни се инспирација во секојдневниот живот. Со ознаката #MyIdol и „селфито“ од неа како позира до стара фотографија од Елизабет Тејлор, Ким Кардашијан повторно ни покажа кој е нејзиниот идол на социјалната мрежа Инстаграм. Американската старлета досега во неколку прилики изјави дека е фасцинирана со Тејлор, којашто почина во март 2011 година на 79 – годишна возраст. Еден месец пред смртта на познатата глумица, Кардашијан ја интервјуираше за „Harper’s Bazaar“, а последниот ’твит’ на ѕвездата пред нејзината смрт беше токму за тоа издание. „Следи ја својата страст, следи го своето срце и работите што ти требаат ќе дојдат едно по друго“. – Тејлор ја советуваше Ким во интервјуто. Ким Кардашијан сега нè врати и во златната ера на Холивуд неколку години наназад. Сопругата на Канје Вест учествува во фотосесија за списанието 7HOLLYWOOD, терајќи не  да заборавиме  дека годината е 2019 година. На фотографиите, Кардашијан носи црн фустан, а косата е стилски тапирана. Изборот на реалити ѕвездата не е случајен. Ким отсекогаш тврдела дека инспирацијата ја црпи од актерките Софија Лорен и Елизабет Тејлор. ]]>