елиф елмас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Jul 2023 08:23:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елиф елмас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите знаат дека Елмас е вонсериски талент за фудбал, а само малкумина дека Елиф е роден ММА борец: Волшебник на теренот, „ѕвер“ во октагонот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-znaat-deka-elmas-e-vonseriski-talent-za-fudbal-a-samo-malkumina-deka-elif-e-roden-mma-borets-volshebnik-na-terenot-zver-vo-oktagonot-video/ Wed, 05 Jul 2023 08:21:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308947

По Дарко Панчев и Горан Пандев, Елиф Елмас е најголемата и најуспешна македонска фудбалска ѕвезда. Толку млад, а веќе со шампионска титула со Наполи во една од најсилните фудбалски лиги од европската петорка - италијанското Калчо. Дека Елмас е е вонсериски талент за фудбал, сите знаат. Волшебник на зелениот терен, магионичар со топката... Но, само на малкумина им е познато дека Елиф е роден талент и за некои други спортови. Природно надарен за боречките на пример, како што се Кикбокс, ММА, УФЦ или Џиу Џицу... Така што колку и да ви изгледа нежен и кршлив, волшебникот од зелениот тревнат терен, всушност е вистински „ѕвер“ во октагонот, како што го нарекуваат мрежестиот ринг за споменатиот вид борби во спортот кој е се' само не нежен. Дека е тоа така, потврдуваат и видеата кои осамна на Инстаграм приказните на тренерот Ивица Алексовски, односно познатиот македонски центар за ваков вид боречки вештини “The Strongest“. Елмас беше кај нив на гости па сам решил или тие го кандисале да се обиде да проба за да види како изгледа да си кикбоксер или ММА борец... Опремата на него и еве го Елиф како силно удира... И тоа за прв пат како како кикбоксер. Лева-десна, потоа една ескиважа, па уште една и на крај неколку завршини удари во плексусот на противникот, во случајов спаринг партнерот, кој по тренингот за Елмас ќе каже само едно: „Природно, роден талент“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by CalcioNapoli24 (@calcionapoli24.it)

Потоа уште малку таканаречени „Муаи-таи“ вежби, кои колку и да се тешки, Елиф не само што машки ги издржа, туку и покажа дека со него нема шега... Но, тоа не е се.
 
„Добриот глас надалеку се слуша“, а врвниот мултиталент надалеку се гледа, па тренингот со боречките вештини не остана незабележан и во Италија. Така италианскиот  calcionapoli24.it ја сподели веста со фото и видеоклипче на кое се гледа како Елмас покрај кикбоксот ги демонстрира и неговите џију - џицу, односно ММА боречки вештини со својот спаринг партнер, покажувајќи дека вистински мултиталент за секој спорт.
 
„Елмас одржува кондиција во Македонија и со ММА“, „Елмас 'дели лекции' од ММА“, „Елмас верзија на Роки Балбоа“... се само некои од насловите што осамнаа во Италија. Новата сезона во Калчото набргу започнува, а и настапите на Наполи во Лигата на шампионите... Оние одбрамбени играчи што ќе го чуваат нашиот „дијамант“ нека му ја мислат. Фер плеј и надигрување - може, ама да не им падне напамет некоја глупост да направат грубост... Впрочем, убаво нека ги прегледаат видеава пред и да помислат! Фото: Инстаграм принтскрин/elifelmas24/thestrongestmacedonia/calcionapoli24.it]]>

Панчо-ДНК му беше гостин на Елиф Елмас во Неапол: ДЈ Шорти на ѕвездената прослава на шампионската титула на Наполи (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-beshe-mu-beshe-gostin-na-elif-elmas-vo-neapol-dj-shorti-na-zvezdenata-proslava-na-shampionskata-titula-na-napoli-foto-video/ Wed, 07 Jun 2023 08:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305246

Не е тајна дека на Панчо-ДНК  покрај музиката спортот му е втора љубов... И самиот несуден спортист, секој успех, секоја победа и уште повеќе титула на некоја македонска екипа или поединц го прави горд Македонец, па затоа Панчо е многу повеќе од само пасиониран љубител или обичен навивач. Тој едноставно се соживува и живее со спортот и спортските подвизи на нашите спортисти. Така, откако беше дел од снимањето на докумантарецот за животот и кариерата на македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски  во кој учествуваше и неговиот брат Бошко, на Панчо му се укажа можност за уште едно несекојдневно уживање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Искуство какво што можеби се доживува еднаш во животот, зашто до шампионската титула во калчото не се доаѓа лесно, а тоа по чекање од 33 години му се случи на Наполи, клубот во кој важна алка до титулата  беше и нашиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас. Токму дружбата на фубалерот и музичарот уште отпорано, придонесе Панчо заедно со композиторот и продуцент Лазар Цветковски и уште неколку другари да бидат радо видени гости на Елмас и останатите поединци од Наполи на последниот натпревар и деновите потоа при прославата на титулата.
 
„Градот кој живее за фудбалот го крена пехарот после 33 години! Пред се пресреќен и горд сум на Елиф за неговиот огромен успех кој е само почеток, и воедно сум убеден дека фудбалскиот свет допрва ќе слуша за тивкиот, воспитан и ненаметлив Македонец кој доаѓа од скопски Бутел спремен да го покори фубалскиот свет и испишува историја преставувајќи и промовирајќи ја нашата земја Македонија“ - споделил Панчо покрај фотографиите од градската прослава на Наполи, заблагодарувајќи му се на Елмас  за укажаната можност и гостопримство. А Елмас како добар домаќин и пријател ги угости и удостои со се што е потребно Панчо и екипата, па дури и ги одведе на забавата која во еден ноќен клуб се одвиваше како дел од славеничката журка на поедини фудбалери на калчо шампионот Наполи. Најдобриот калчо стрелец Виктор Осимен или мозокот на екипата Пјотер Зјелински, како и еден од столбовите во одбраната Рахмани беа само дел од ѕвездите на Наполи со кои Панчо дружбата ја овековечи во заедничко селфи.
 
Ама затоа дружбата во ноќниот клуб беше незаборавна... Се пуштаа познати хитови, се пееше и танцуваше, до доцна во ноќта... На заминување, со носталгична фотографија полна спомени која Панчо ја сподели додека авионот го напушташе небото над Неапол, македонскиот ДЈ и ар ен би артист постирал: „Чао наполи, се гледаме наскоро“! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial  ]]>

Фудбалскиот дијамант и музичката ѕвезда сепак ништо емотивно не ги врзува: Зад наводните Инстаграм симпати на Елиф Елмас кон Мартија Станојковиќ и обратно, се крие лажен профил! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalskiot-dijamant-i-muzichkata-dzvezda-sepak-nishto-emotivno-ne-gi-vrzuva-zad-navodnite-instagram-simpati-na-elif-elmas-kon-martija-stanojkovikj-i-obratno-se-krie-lazen-profil-foto/ Mon, 28 Feb 2022 13:17:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240982

Иницирани од објавените фотографии со лајкови, пораки и љубовни емотикони, откако објавивме напис, прашувајќи дали помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само можеби само еднострани симпатии, пристигна пристигна реакцијата од луѓето кои се грижат за кариерата на македонскиот фудбалски дијамант. Имено, претставниците на таборот на Елмас реагираа демантирајќи во негово име било каква, наводна љубовна или емотивна врска на македонскиот фудбалски ас со македонската пејачка Мартија Станојковиќ, тврдејќи дека профилот на  Елиф Елмас - by.elmass  е лажен, на кој осамнаа фотографиите со емотивни пораки и љубовни емотикони, кои божем фудбалерот на некој начин и ги испраќал на пејачката, а таа дел од нив и објави. Имено, тие велат дека на социјалните мрежи постојат креирани десетици лажни профили на Елмас, од кои понекогаш се злоупотребува името на ѕвездата на „Наполи“ и Македонската фудбалска репрезентација, при тоа потенцирајќи дека еден и единствен вистински профил на Елмас е оној официјалниот:   elifelmas24 При тоа истакнуваат дека постојат и многу негови фан страници. По ова станува јасно дека фудбалскиот дијамнат и музичката ѕвезда од Македонија сепак ништо емотивно не ги спојува ниту врзува. Зад наводните симпати на Елиф Елмас кон Мартија Станојковиќ и обратно, едноставно се крие лажен профил и ништо друго! Останува секогаш отворена можноста на нашата редакција обајцата и лично да се изјаснат дали некогаш лично се запознале и што мислат еден за друг како познати и популарни спортско - естрадни ѕвезди, а и да дадат свој коментар за нивната „наводна афера“! Друго прашање е кој тоа во име на фудбалската ѕвезда јавно и искажува отворени симпатии на пејачката преку социјалните мрежи и зошто го прави тоа? Заради немање храброст или од некакви други намери, некому од нив двајца да им наштети?!          ]]>

Помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само (еднострани) симпатии? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pomegju-elif-elmas-i-martija-stanojkovikj-ima-nekoja-tajna-vrska-ili-samo-ednostrani-simpatii-foto/ Mon, 28 Feb 2022 08:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240851

Неодамна, поточно за празникот на виното и љубовта Св. Трифун и Св. Валентин, јавност ја заскокотка размената на пораки или поточно емотикони со срценца и оганчиња помеѓу две македонски млади ѕведи. Едната веќе со интернационална спортска кариера, другата до домашна, музичка и обиди да се освои соседството. Имено, фудбалскиот дијамнат Елиф Елмас и младата и атракативна пејачка Мартија Станојковиќ наговестија нешто, што навидум помина незабележано, за што многумина велат: „Таков беше денот, децата можеби се познаваат, па пријателски си делат и споделуваат комплименти“ и слично. Да, таков беше денот, ама само оној кој вистински не љубел или поточно кој не бил „зацапан до уши“ во некого не знае што е тоа „фатална привлечост“... Имено како што уште тогаш, ден „после денот“ објавивме и  згодната кумановка  додека вози со полн гас, објавила идентична фотографија кај неа, а истата осамна и кај Елиф Елмас!? Колку и да е случајно, а симпатијта само онака „виртуелна“, две нешта малку подоцна ја прават ситуацијата уште поинтересна. Имено, Мартија направи преработка, односно отпеа една прекрасна акустична балада - „Nana triste“ („Тажна приспива“) од младата шпанска пејачка и композитор Наталија Лакунза. Срцепарателна песна која Мартија ј донела со таква смоција, со екпресија во која ја вдахнала сета своја душа, што секој што ќе ја слушне, особено оние поискусните , ќе потврди дека вакава изведба не може да постои доколку не си длабоко заљубен. Вокалните спосбности настрана, но доколку срцето и љубовите чувства самите од тебе не излегуваат, доколку таа емоција не ја доживуваш, не можеш ни да ја испееш и пренесеш на другите. А младата кумановска пејачка во изведбата на песната буквално „се стопила“ со своите чувства.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Ден-два откако ја објави на социјалните мрежи, една интересна фотографија од најноивата фотосесија на Мартија, која тогаш била о посета на Валенсија - Шпанија,  осамна на социјалните мрежи... И тоа замислете, кај никој друг, туку кај нашиот фудбалски дијамант - Елиф Елмас! На неа испишан комплимент: „Убавата Мартија Станојковиќ“, а комплиментот зачинет со љубовен емотикон! Оттука нова љубопитност со истото старо, скокотливо прашање: „Дали Елиф – нашиот фудбалски дијамант и Мартија – нашата нова пејачка ѕвезда не делат иста љубов на дистанца, во две различни гнезда? Односно, дали  помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само... (еднострани) симпатии? Фото: Инстаграм принтскрин/by.elmass/martijastanojkovic    ]]>

Мотивирачка порака на Елиф Елмас – лекција како се сака Македонија: Дијамантот блеска и кога не може да игра (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/motivirachka-poraka-na-elif-elmas-lekcija-kako-se-saka-makedonija-dijamantot-bleska-i-koga-ne-moze-da-igra-video/ Fri, 09 Oct 2020 07:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170763

Фудбалската репрезентација на Македонија е на чекор до историски успех. Пандев и другарите направија „квантен скок“ со победата над Косово од 2:1 и сега останува само уште да се направи  последниот чекор, да се победи Грузија на гости и да се испише историја. На фудбалскиот терен никогаш не е лесно, особено не пред вакви важни мечеви кои се случуваат еднаш во животот. Шанса која не смее да се промаши, прилика која не смее да се пропушти... Победи, зашто кој знае кога друг пат ќе ти се пружи слична можност да ја одведеш својата земја за прв пат во нејзината историја на едно големо натпреварување. А, историјата тешко се испишува, легендите уште потешко се создаваат, но сепак и тоа е возможно. Македонските фудбалери ја потврдија тезата дека и малите нации можат да се најдат меѓу големите дивови,  иако „невозможната мисија“ се' уште не е завршено, но... ќе биде! Сега веќе никој не верува дека нема да успееме. Колку и да е тешко, а ќе биде, како што беше на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Косово!  Императивот „мора“, понекогаш знае да биде тежок товар, страста ја убие силата, да ја согори во желбата, да ја отапи моќта, да го испразни набиениот набој... Но, знае да ти даде крилја и дополнителна сила, да те вивне над твоите можности, високо меѓу ѕвездите... Како што ги вивна нашите фудбалски момчиња, претворајќи ги во фудбалски херои, на чекор до остварување на сонот на нацијата, на дофат на испишување на нашата „фудбалска  бајка“, во која сите веруваме дека - ќе биде! На фудбалерите, селекторот, стручниот штаб, ФФМ... им беше тешко, но нему му беше уште потешко. Еден од најдобрите, новата фудбалска ѕвезда, македонскиот фудбалски дијамант, нема да може да игра - беше грозната вест која пристигна од Неапол кога се дозна дека Елиф Елмас е позитивен на коронавирусот и неговиот настап со Косово со сигурност не е можен. Тешкотија за селекторот и стручниот штаб, проблем за екипата во која еден од главните „замаеци“ ќе недостасува, најтешко - нему, на младиот фудбалски „драгуљ“, Елмас! И заради здравствената состојба, но многу повеќе заради сознанието дека нема да биде во Скопје таа вечер на теренот, заедно со екипата, со своите другари, да помогне, да придонесе, можеби да го реши мечот со асистенција или погодок! За жал, од таа коже не се можеше, но затоа Елиф не би бил само блескав дијамант на фудбалскиот терен, туку е и златно дете, личност чиј пример е за „поклон до земја“, зашто големината е една во фудбалската вештина, но величината е сосема друга во човештината, која Елмас со само еден гест покажа дека кај него е голема како планина. Младиот фудбалер, ја вклучи камерата на мобилниот од карантинот, па на работ на солзи што не може да игра, собра сили и одржа мотивирачки говор, порака на поддршка за своите другари од репрезентација, за сите навивачи, за сите Македонци, за нацијата... Лекција за тоа, како се сака Македониј, со која Елиф Елмас потврди дека „дијамантот блеска“ и кога не може да игра! Погледнете ја мотивирачката видеопорака на Елмас пред натпреварот со Косово, кој тој ја сподели на своите профили на социјалните мрежи, порака за пример, за респект и длабок наклон: ]]>

Елиф Елмас ѝ подари долна облека, кадифено мече и букет рози на анонимна девојка, а јавноста за малку ќе го ставеше на нејзиниот список! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elif-elmas-podari-dolna-obleka-kadifeno-meche-i-buket-rozi-na-anonimna-devojka-a-javnosta-za-malku-kje-go-staveshe-na-nejziniot-spisok-foto/ Wed, 30 Oct 2019 09:44:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115193

Не тајна ниту непознато дека нашиот Елиф Елмас важи за фудбалски дијамант, кој со уште малку „брусење“ и среќа, лесно може да  ја достигне славата и цената на најголемите светски фудбалски ѕвезди. И додека за фудбалот секојдневно ни станува јасно дека ова „наше дете“ има и тоа каков потенцијал, за неговата приватност малку се знае. А како расте славата, расте и љубопитноста, што тоа прави Елиф приватно, надвор од теренот? Иако е активен на социјалните мрежи, Елмас сепак постира речиси само фотографии од неговиот професионален живот и важните спортски моменти. Приватноста некаде во втор или трет план, срамежливо ја криеше, се до пред некој ден кога фудбалскиот бисер  ги изненади своите следбеници на Инстаграм. Елиф на своето „стори“ сподели  фотографија која буквално ги остави со подзината уста своите следбеници и обожаватели. На неа кадифено мече облечено во дресот на Наполи, букет црвени рози и украсна кеса во која според  логото на брендот во прашање е тајна... И тоа не било чија туку некоја од „Тајните на Викторија“ ( Victoria's Secret)... Што значи дека внатре се крие подарок во вид на луксузно парче, ексклузивна женска долна облека! И црвениот аларм веднаш се запали! А штом некој од познатите  ја „заскокотка“ јавноста, веднаш тргнуваат и приказните, кому македонскиот фудбалер и ѕвездата на Наполи му праќа интимни подароци?! Особено заради тоа што некако истовремено во фокусот на интересот беше и познатата италијанска модна инфлуенсерка и старлета, расната Флоријана Месина, која реши да проговори за нејзините врски и контакти, понуди и непристојни предлози од разни фудбалери во Италија. Црвот на сомнежот кој ги доведе во спрега подарокот на Елмас и италијанската убавица е фактот што токму таа е и голема навивачка на фудбалскиот клуб Наполи. Љубовта кон боите на клубот таа отворено, а и прилично разголено ги покажува, споделувајќи ги преку своите фотографии на социјалните мрежи. Месина во исто време откри дека и се јавувале голем број женети играчи, но и оние кои се слободни, за да си поминат убаво со неа, кои со неа стапувале во контакт токму преку социјалните мрежи. „Бројот на фудбалери кои ми праќаа бакнежи преку Инстаграм или ме покануваа на вечера е многу голем“ - изјавила Флоријана што предизвика хаос во фудбалскиот свет, особено во Италија. Особено откако раскошната убавица рекла дека за домашните играчи не сака да зборува и да ги открива нивните имиња иако списокот е долг... И таман некои помислија дека „малиот“ од Наполи „паднал“ на „шармот и понудата“ на расната инфлуенсерка, па „тајниот подарок“ е наменет за неа, а по него ќе има веројатно и „тајна вечера“, за среќа „камен од срце“ им падна на сите откако и самата Флоријана „ги отвори картите“, во кои ниту оддалеку го нема нашиот Елмас! Имено, таа прокоментира дека контакти имала со петмина фудбали на Интер, а останатите кои ја контактирале играат надвор од Италија! Што значи дека кадифеното мече ќе заврши во сосема други раце, црвените рози ќе и мирисаат на сосема друга мадам, чие тело ќе ја носи и скапата и ексклузивна долна облека...  Ама која е ТАА - останува тајна. Не само „на Викторија“, туку и на Елмас. Како што е тајна дали ТОЈ можеби ќе „дебитира“ како единствен „играч“ во моментот кога ТАА за прв пат ќе ја облече на себе „Тајната на Викторија“?!      ]]>

Елмас: Горд на мене и на мојата Македонија! https://arhiva.vistina.com.mk/elmas-gord-na-mene-i-na-mojata-makedonija/ Fri, 11 Oct 2019 17:01:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112144

Нашата репрезентација синоќа ја совлада Словенија со 2-1 на „Тодор Проески“ арената во Скопје и со тоа ги задржа шансите за второто место во групата Г, кое носи бараж за пласман на Европското првенство 2020. Елиф Елмас, кој ги постигна двата гола синоќа за „црвено-жолтите“, покажа дека е следната ѕвезда на нашата репрезентација, а по мечот на социјалните мрежи упати кратка порака: Горд на мене и на мојата Македонија!
]]>