елф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2017 09:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачката годинава со својот „Проект среќа“ реши да биде Дедо Мраз, ама знаете ли кој Дедо Мраз го посети најзиниот дом, а таа го дочека со виски? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-godinava-so-svojot-proekt-srekja-reshi-da-bide-dedo-mraz-ama-znaete-li-koj-dedo-mraz-go-poseti-najziniot-dom-a-taa-go-docheka-so-viski-foto/ Thu, 28 Dec 2017 09:54:33 +0000 http://vistina.mk/?p=8055

Македонската поп пејачка Кристина Петровска Арнаудова со својот хумнанитарен „Проект среќа“  и кампањата „И јас сум Дедо Мраз“ годинава усреќи многу дечиња кои поинаку тешко дека би дошле до своите посакувани новогодишни подароци и пакетчиња. Кампањата на пејачката е повеќе од успешна и добар пример како треба поединците, особено оние познатите да се однесуваат кон заедницата и нејзините ранливи или маргинални групи на граѓани, особено оние најмладите.
Арнаудова со својот „Проект среќа“ реши годинава да биде Дедо Мраз, ама знаете ли кој Дедо Мраз го посети нејзиниот дом и им донесе подароци на нејзините дечиња? А Дедо Мраз и дојде дома. И тоа не сам, туку заедно со неговиот верен придружник и помошник Елф. Обајцата онака тивко, ненајавено, барем не за најмалите членови на семејството Петровски, се прикрадоа, па се спуштија од покривот по олукот и преку терасата влегоа директно во спалната соба на поголемиот син Максим.  И колку и да сакаа да бидат тивки, онака, одејќи на прсти, на Дедо Мраз му влезе влакно од брадата во носот па силно кивна и... го разбуди Максим.
Овој затечен, вчудовиден, ама и видно возбуден од радост и среќа, иако се’ уште мамурен и разбушавен, со насмевка и раширени раце ги пречека Дедо Мраз и Елф, кои му ги врачија неговите омилени подароци, додека на помалиот Матео му ги оставија под елката!
Потоа следуваше една заедничка фотографија за спомен и долго сеќавање, па уште едно Дедомразовско с(Елф)и  и детето одново задоволно си легна, тонејќи во своите остварени новогодишни сништа!
Откако дечињата заспаа, маските паднаа, а Арнаудова и сопругот Александар Петрески како добри домаќини ги почестија Сашко Коцев (Дедо Мраз) и Горазд Цветковски (Елф) со по една чашка виски! Колку за да ги згреат „старите актерски коски“. Остатокот од „Џони - шетачот“ остана на масата, а Дедо Мраз и Елф... овој пат не мораа да си заминат преку терасата! Барем не би требало, ама...?!
   ]]>