елена андоновска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png елена андоновска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Андоновска во чест на 120 години Илинден ја промовираше новата верзија на народната песна – „Тапан чука мила мамо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-vo-chest-na-120-godini-ilinden-ja-promovirashe-novata-verzija-na-narodnata-pesna-tapan-chuka-mila-mamo-video/ Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312723

Ден пред големиот Македонски празник Илинден, Елена Андоновска на својот YouTube канал најави премиера за песната „Тапан чука мила мамо“. Станува збор за народна песна која доби нов музички аранжман овој пат во соработка со Златко Миладиноски. Песната се снимаше во музичкото студио “Подрумот” во музичка продукција на Ангел Ќосев. Како музички соработници ги слушаме Илија Филиповски – виолина, Даниел Маневски – кавал, Златко Миладиноски – тамбура, Андреј Трајковски – зурла, Марјан Андоновски – ударни инструменти, Горан Гешовски – бас гитара, Томислав Димовски – електрична гитара.   Видео записот е во реализаија на MoonLight Production. Како продуцент и сценарист се потпишува Марјан Андоновски, режисер – Димитар Сеизов, Директор на фотографија – Дарко Елек. Во улога на мајка ја гледаме Лилјана Михајловска, првенка на Ансамблот “Танец” која пензионерските денови ги поминува активно и креативно со голема љубов кон уметноста и македонската култура. Голема благодарност за соработката Елена упатува на Универзитетскиот ансамбл при УГД – Штип, Ансамбл “Македонија”, а воедно и кон Проф. Д-р Владимир Јаневски за уметничката соработка во делот на народната носија. Елена и овојпат совршено го долови спојот на современото и традиционалното па покрај градскиот фустан со кој ја претстави модата на почетоците на XX век, Елена ја гледаме и во уникатна модна креација од модната куќа Елена Лука. Ова не е нивна прва соработка, а мора да признаеме дека оваа модна креација која потсетува на раскошот на жените од митологијата совршено се вклопува во целата видео приказна. Елена вели дека љубовта кон Македонија и Македонската народна песна ја води низ кариерата и успесите. Овој проект е посветен на целиот Македонски народ кој го слави Илинден. Уживајте во звукот на „Тапан чука мила мамо“ и во видео приказната кои влеваат надеж дека македонската народна музика секогаш е во тренд. ]]>

Елена Андоновска со најава нова песна и видео во чест на големата Вања Лазарова https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-so-najava-nova-pesna-i-video-vo-chest-na-golemata-vanja-lazarova/ Tue, 13 Apr 2021 12:54:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198883

Деновиве Елена Андоновска го сними видео записот за песната “Мори деј Невено” која е дел од нејзиниот нов албум “Запеало славеј пиле”. На тој начин таа официјално ја започна и медиумската промоција на албумот токму како што им вети на своите обожаватели. Истиот се снимаше во Кратово, Куклице и с. Страцин од каде што потекнува доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова. За свои соработници Елена повторно ги одбра “Арт студио” – продукција со кои успешно ги сработи и предходните видео приказни од првиот свој албум. Судејќи според кадрите ова ќе биде една прекрасна визуелна разгледница која опфаќа уште еден познат крај и предели од нашата лична Македонија….предели како создадени за да одекне гласот на Елена која ни нагласи дека ова нејзино видео ќе биде во чест на големата и незаборавна Вања Лазарова. Промоцијата во етерот следи наскоро…]]>

“Запеало славеј пиле” нов студиски албум на Елена Андоновска https://arhiva.vistina.com.mk/zapealo-slavej-pile-nov-studiski-album-na-elena-andonovska/ Wed, 30 Dec 2020 11:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183534

Познатата и веќе докажана пејачка на македонски народни песни, младата Елена Андоновска со задоволство сподели интересна и убава информација на која веруваме многумина на македонската музичка сцена ќе се израдуваат. Во година кога ретко кој снимаше, продуцираше и коронавирусот беше нашето скојдневние, за жал,… Елена не застана и заедно со своите соработници упорно го снимаше и конечно го заврши нејзиниот втор студиски албум насловен “Запеало славеј пиле”. Ова ново музичко парче исполнето со 10 македонски народни песни отпеани во нов аранжман, на кое што сите ние треба да бидеме горди, е подржано и од Министерството за култура, како дел од програмата за проекти од национален интерес на Република Македонија за 2020-та година. Во реализацијата на овој музички проект учество земаа голем број на познати македонски музички имиња, некои веќе докажани, а за некој допрва и ќе се дознава и слуша. Меѓу сите нив ќе ги споменеме: Дарко Илиевски, Александар Јовевски, Марјан Андоновски, Илија Филиповски, Андреј Трајковски, Филип Николовски… и уште многу, многу други кои да не беа овој проект можеби и немаше да биде она што е денес. Андоновска за Музика24 вели дека во текот на наредната година јавноста, публиката и сите оние кои ја сакаат, негуваат и слушаат македонската народна песна и музика ќе имаат можност и привилегија да бидат дел од многуте концертни проекти кои се веќе во план за следната 2021 година.]]>

Елена Андоновска со видеоприказна ја оживеа антологиската „Кој што ме чуе да пеам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-so-videoprikazna-ja-ozivea-antologiskata-koj-shto-me-chue-da-peam-video/ Tue, 14 Jan 2020 13:55:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128946

Младата македонска фолк-пејачка, Елена Андоновска, летово го промовираше својот музички албум насловен „Кој што ме чуе да пеам“.
Изданието содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од доајените на македонска изворна и новосоздадена песна: Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски… Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски, давајки им современ и урбан израз, но тие сепак го задржале автентичниот македонски мелос. Во подготовката на албумот учествувале реномирани музичари од кои голем дел се членови на групата „Седенка“, а албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“ во продукција на Ангел Ќосев. Она што најново може да го слушнеме и видиме од Андоновска е токму видеоспотот за насловната песна од албумот -  „Кој што ме чуе да пеам“, кој го промовираше неодамна на нејзиниот роденден. За ова прекрасно дело голема заслуга има и оркестарот во кој учествуваат - Александар Јовевски – пиано, кавал, тамбура, бас тамбура, Момчило Митровски – кларинет, Илија Филиповски – виолина, Дарко Ничевски – хармоника, Филип Николовски –гитара, Марјан Андоновски – ударни инструменти, Гоце Пановски – бас гитара. Видеоспотот го потпишува видеопродукција „АРТ Студио“. Во него покрај Елена како статисти се појавуваат и Ивана Стојановска и Леон Златковски, а видеото е снимено во сарајот во Ресен и во куќата на Васил Главинов во Велес. Извор: Точка.мк
]]>

Елена Андоновска ја визуелизираше својата верзија на „Мома седи на чардакот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-ja-vizuelizirashe-svojata-verzija-na-moma-sedi-na-chardakot-video/ Thu, 17 Jan 2019 13:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67939

Фолк пејачката Елена Андоновска деновиве ги промовираше во медиумите новиот видео запис за песната „Мома седи на чардакот“, која е уште едно музичко парче од новиот музички проект на Елена и членовите на групата „Седенка“, насловен „Кој што ме чуе да пејам“. Ова е втора песна од албумот која добива видео запис, веднаш по дебитантската „Босо моме“. 
Инаку, проектот содржи десет композиции кои се всушност еден вид кавер верзии, односно преаранжирани преработки на познатите народни песни, испеани од легендарните доајени на македонската народна песна.
Песните се преаранжирани во ново руво од страна на  Александар Јовевски, кои иако задираат во модерениот етно стил, исполнет со современи музички примеси, воопшто не изгубиле од својата оригиналност и автентичност, толку карактеристични за  македонскиот мелос. Напротив, дури и се збогатени со што добиле на својата музичка вредност која соодветствува со духот на модерното доба, што е редок пример во денешново време, во кое царуваат кичот и шундот.
Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“, а зад  продукцијата стои проверениот мајстор Ангел Ќосев. Видеото е  сниманово амбиентот на скопскиот ресторан Лира, а него го потпишува продукцијата „Арт студио“.
Гости во видеото се и дел од екипата музичари со кои Елена соработувала на снимањето на нејзиниот албум, од кои најголем дел се нејзини колеги од групата „Седенка“, во која таа однеодамна и самат членува.
Инаку Елена Андоновска е професионален музичар, која студирала етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Професионално е вработена во Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“, а е во брак со својот музички колега Марјан Андоновски.
Како звучи и изгледа  „Мома седи на чардакот“ во изведба на Елена Андоновска проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=nUvWGXhCkTg

Елена Андоновска е „Босо моме“ со порака – „Кој што ме чуе да пеам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/boso-to-mome-elena-andonovska-poracha-koj-shto-me-chue-da-peam-video/ Wed, 04 Jul 2018 11:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36115

Младата македонска фолк пејачка Елена Андоновска го промовираше својот  музички  албум насловен „Кој што ме чуе да пеам“.
Албумот содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од доајените на македонска изворна и ноцвосоздадена песна,  Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски...
Аранжманите на песните ги изработи Александар Јовевски давајки им современ и урбан израз, но тие сепак го задржале автентичниот македонски мелос. Во подготовката на албумот учествувале реномирани музичари од кои голем дел се членови на групата “Седенка“. Албумот е снимен во музичкото студио “Подрумот“ во  продукција на Ангел Ќосев.
Обвивката на албумот ја изработиле Костадин Калошев – фотографија и Никола Николовски – задолжен за графичкиот дизајн. Како лајт мотив од албумот „Кој што ме чуе да пеам“, Елена неодамна го промовираше првиот пилот синл и видеозаписот за песната “Босо моме“. Истиот е снимен во прекрасните предели на Западна Македонија и преубавата природа на Лазарополе, а видеото го потпишува  Арт продукција. https://www.youtube.com/watch?v=O2H3irzuvwM