електрошок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 12:43:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png електрошок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска остана „(електро)шокирана“: EВН и скрати од бакшишот, ама не и од сексуалното задоволство (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ostana-elektro-shokirana-evn-i-skrati-od-bakshishot-ama-ne-i-od-seksualnoto-zadovolstvo-foto/ Wed, 24 Jan 2024 10:44:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336011

Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска  откако добро се „нафатира“ за Новогодишните празници и деновите потоа, целокупното заработено материјално добро реши да го складира во посебна кутија... За рози! Зашто нивниот мирис Марија го обожава... Навика стекната на работа во кафеана! Арно ама, како што е редот, секогаш мора да има некое непишано правило, некој ѓавол кој ќе ти го поремети раатот, па така и на пејачката се најде некој што непланирано и чепна во кутијата без да ја праша за да и набере понекоја „роза од букетот“! Ова и тоа како ја изнервира битолчанката со скопска адреса, која повеќето од денот го преспива, а ноќта заради природата на работата ионака не е дома. Имено, иако власта и ЕВН најавија поевтина струја и помали сметки, но пејачката кога ја доби последната сметка за потрошена електрична енергија, доби алергија. Сумата беше со таков  квантен скок, кој кај Марија Луиса предизвика „електрошок“! Откако онака шокирана и накострешена малку се присобра, зашто ЕВН решил „да ја изгаси“, фолкерката беше решена  да не им премолчи! Мобилниот врака и ја фотографираше сметката која ја сподели на своите  Инстаграм  приказни, на кои реши струјаџиите да ги казни со тоа што јавно ги прозва и им се закани: „Алооооо ЕВН, дали сте нормални јас сама да потрошам толку струја не е реално“ - ги прозва и вербално оние што се обидо да и „брцнат во џебот“  и безобразно да и чепнат од заработката на Марија Луиса Тодоровска. Сепак, сексапилната убавица реши уште еднаш да се преиспита за да утврди кој уред најмногу и троши?! Кој од домашните апарати е најголем потрошувач, па тргна од чиста логика дека најмногу би требало да троши оној уред, кој најмногу го употребува. Марија не е по готвењето, па секако не е шпоретот, фрижидерот не е голем потрошувач, бојлерот можеби, ама не во толкави количини... И тогаш и текна! Она што најмногу го користи од сите можни уреди е нејзината замена кога маж и недостига. Неговата замена во вид на играчка за слатки задоволства во секоја прилика и секое ќоше, нејзиниот силиконски пријател кого си го вика Тоше! Но  Марија Луиса само што помисли, веднаш сфати дека попусто се расфрла со „грешни мисли“  за сметка на нејзиниот најдобар силиконски „интимен пријател“, кога тој всушност струја и не користи, туку своите „неограничени можности“ ги напојува со батерии! Така што  EВН на Марија Луиса можеби и скрати од бакшишот, ама не и од она најслаткото, сексуалното задоволство! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska    ]]>

Весна – Бејби прими „електро-шок“: Таа го рекламираше, а ЕВН ја шокираше со енормно високи сметки за струја! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-primi-elektro-shok-taa-go-reklamirashe-a-evn-ja-shokirashe-so-enormno-visoki-smetki-za-struja-video/ Wed, 09 Feb 2022 07:37:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238219

Сигурно се сеќавате кога пред неколку години автомобилот на Весна Бејби Петрушевска среде Скопје се најде во водите на Вардар, а ЕВН потоа ја искористи таа случка со актерката да сними реклама за онлајн плаќање на нивните сметки за струја. Тогаш Бејби одново влезе во реката под Камениот мост, само опремена со нуркачка опрема божем барајќи да ги извади сметките од потонатиот автомобил за да ги плати, всушност рекламирајќи ја кампањата на ЕВН за онлајн плаќање. Ни ЕВН ни Бејби тогаш не обзнанија колку едните ги чинеше рекламата, а колку другата страна заработи за нуркањето  по  фактури во Вардар среде Скопје.
Арно ама, кармата е кучка, а „гладните за пари рекетари на неолиберализмот“ се немилосрдни, па фактурата сега ни стигна на сите нам, ама и на неа, и тоа баеги голема. Весна - Бејби доживеа „електро-шок“ кога ги доби последните сметки за струја, па по непреспаната ноќ, уште рано изутрината како и многумина јавно се пожали на социјалните мрежи, од што тоа „кожата и се ежи“. “Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални... Рекетари“ - им порача Bејби во видеопораката на „неуземјените струјаџии“  претходно прашувајќи ги:  „ЕВН онлајн, како сте?  Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките!“
После ова пред Бејби, ЕВН само спомни ја, таа веднаш добива „електро - инсомнија“! Фото: Инстаграм принтскрин/evn_ag/vesnapetrushevska]]>