електронска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Jul 2018 11:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png електронска музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нина Кравиц на „Грин бич фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/nina-kravic-na-grin-bich-festival/ Fri, 27 Jul 2018 11:16:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40361

Вечерва, (петок, 27 јули) се одржува најголемиот фестивал на електронската музика во земјава, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ, кој годинава на новата локација на охридското крајбрежје, во паркот на хотел „Еуротел“, е воедно и најголемиот музички настан во Струга во последните повеќе од 10 години! Гаранцијата дека пред нас е уште едно врвно доживување и моќно издание на омилениот летен настан за фановите на квалитетната електронска музика оваа година доаѓа со привилегијата на ГРИН БИЧ конечно да го погледнеме премиерниот настап во Македонија на најпопуларната дама на светската електронска сцена  – НИНА КРАВИЦ (NINA KRAVIZ)! Сибирската „техно-кралица“ е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата и оваа година токму таа имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои се зборува ширум целата планета - порачуваат организаторите и ве канат на врвна техно журка.]]>

Шафран – „Знам дека ти се допаѓам” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shafran-znam-deka-ti-se-dopagjam-video/ Wed, 02 May 2018 11:10:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24540

„Шафран“ е името на новиот македонски електронски бенд, кој создава модерна електронска поп музика . Основачи се Тони Стефковски и Кирил Трајковски, а кои се обидуваат да го достигнат врвот на ваквиот тип на музика која се изведува во клубовите ширум земјата и светот. Почетокот на овој проект започна летото 2017 година кога е снимена првата песна на „Шафран“ со наслов „Знам дека ти се допаѓам”. За музиката и аранжманот е задолжен Тони Стевковски, а за текстот и изведбата актерот Кирил Трајковски - Максим. Придружните вокали ги пее Јанка Лефкова, снимател бил Димитар Маневски, додека мастероингот го направил Ричард Адисон. Визуелизацијата е на Иван Ѓорѓиевски, а песната е пуштена и се врти на радио станиците низ Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=sJV-Jn_ddtU]]>