електрична енергија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Sep 2022 08:37:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png електрична енергија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството https://arhiva.vistina.com.mk/10-soveti-kako-da-shtedish-elektrichna-energija-vo-domakjinstvoto/ Wed, 28 Sep 2022 08:37:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269060

Почетокот на есенската сезона е период во кој најчесто сме изложени на поголеми финансиски издатоци во семејството и домаќинството. Децата и младите се враќаат во училиште или на факултет, потребна е нова топла облека за студените денови кои доаѓаат, а со стартот на грејната сезона се зголемуваат и месечните сметки за струја. Кога станува збор за потрошувачката на струја во домот постојат мали и едноставни начини со кои можеме истата да ја намалиме и со тоа да ги намалиме и трошоците. Ти претставуваме 10 совети за заштеда на електрична енергија дома:
  1. Загревај ги само просториите во кои престојуваш ти и останатите членови на семејството. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Загревањето на вода во домот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Затоа не го оставај бојлерот постојано вклучен, а водата загревај ја непосредно пред користење или преку ноќ, кога струјата е евтина. Дополнително можеш и да го намалиш притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, или пак да ја намалиш температурата на загревање.
  3. Користи светилки со економична потрошувачка кои трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго. Кај дел од светилките можеш да поставиш и сензори за светло со кои истите ќе се палат при движење.
  4. Доколку отсуствуваш од дома повеќе од еден ден најдобро е да ги исклучиш од струја телевизорот и дигиталниот приемник бидејќи овие уреди трошат струја дури и кога се исклучени.
  5. Провери го термостатот на фрижидерот. Тој најефикасно работи кога температурата е поставена меѓу 3 и 5 степени, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
  6. Не го поставувај фрижидерот во близина на извори на топлина. Во таквите случаи ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура, а со тоа ќе потроши и повеќе електрична енергија.
  7. При готвење поклопувај ги садовите со капак. Така ќе ја задржиш топлината во садот при што храната побрзо ќе се зготви, а истовремено ќе биде и повкусна.
  8. Машините за перење алишта и садови користи ги само откако целосно ќе ги наполниш, и пуштај ги да работат во часовите/деновите кога струјата е евтина.
  9. Користи ги програмите за перење алишта со пониска температура. Најголемиот дел од алиштата може да се исперат и со ладна вода, а на овој начин ќе ги заштитиш и ткаенините.
Постави изолациски ленти на вратите и прозорците, а доколку си во можност вложи во целосната изолација на станбена единица. Кога станува збор за менаџирање на домашниот буџет и високите трошоци за електрична енергија во есенскиот/зимскиот период, сметките за струја можеш да ги плаќаш на рати со Diners Club на evnoline.mk, во ЕВН салоните и ЕВН киоск уредите. На овој начин можеш да си ги олесниш плаќањата во месеците кога сметките се повисоки и оптимално да го распределиш домашниот буџет според потребите. Дознај повеќе за сите предности и поволности кои ти ги нуди Diners Club и аплицирај на diners.mk]]>

Дваесет начини како да заштедите електрична енергија https://arhiva.vistina.com.mk/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/ Sat, 18 Jun 2022 08:03:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255037

Со зголемувањето на сметките за електрична енергија, многу домаќинства бараат начини да се намали потрошувачката на енергија. Со промена на некои мали навики драстично може да се намали потрошувачката на енергија. Да се затворат вентилите на радијаторите во собите што не се користат. Да се постават термостатски вентили и термостатски глави. Да се испушти воздухот од радијаторите два пати во годината за одржување на ефикасноста. Да се вгради дигитален термостат за греење и ладење за прецизно контролирање на температурата. Апаратите денес се направени да трошат помалку енергија. Секогаш можете да ја проверите неговата етикета со класа на потрошувачка пред да го купите. Најдобрата практика е се уште кога потрошувачот не е во употреба да се исклучи. Тоа сигурно ќе покаже на значително намалување на сметката за електрична енергија. Користете соларна енергија. Сончевата енергија може да се користи за производство на енергија за многу работи, како на пример за топла вода, осветлување на различни делови од работното место и за полнење на мобилни и преносни уреди. Ќе се заштеди енергија, преку намалување на температурата на вашиот бојлер. Многу пати грејачот работи само за одржување на температурата на водата во бојлерот и ја затоплува многу повеќе отколку што некогаш ќе ја користите. Ќе заштедите енергија и кога ке го програмирате термостатот кога да се пали и кога да се гаси односно да се исклучи кога ќе си легнете или пак кога не сте дома. Ако сакате економично греење тогаш потребно е да инсталирате нов електронски, автоматски термостат за вашиот котел. Со овој термостат можете да ја контролирате температурата и кога не сте дома, за кога ќе се вратите вашиот дом ке ја има посакуваната температура. Елиминирајте ја непотребно потрошената енергија. 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра. Загревањето на вода во домот односно во бојлерот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Прв начин е да се намали притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, додека вториот начин е да се намали температурата на бојлерот. Со овие два начини се заштедува на електрична енергија. Соларните бојлери не се нова технологија, тие на пазарот се повеќе години и заштедуваат многу повеќе електрична енергија од обичните. Што се однесува до бојлерите, една од опциите е да се замени постоечкиот бојлер со нов бојлер во зависност од потребите од системот за греење што го имате инсталирано во вашиот дом. Бојлерот рабори 24 часа дневно за да ја загрее водата, а понекогаш и по неколку пати во денот во зависност од потребите (за туширање, миење на садови итн ). Системите кои се користат веќе со децении во Европа ја загреваат водата само кога е потребно. На почетокот овие системи се скапа инвестиција, но имаат брз повраток на истата бидејќи подоцна овие системи ги заштедуваат вашите пари односно вашата сметка за електрична енергија не е многу висока. Монтирајте тајмер на вашиот бојлер. Тајмерот служи кога водата во бојлерот ке се загрее да го исклучи греачот и со тоа ќе заштедите на електрична енергија. Користете повеќе ладна вода додека перете или користете топла вода со пониска температура . Така ќе заштедите од 2 до 4 % од енергијата. Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија. Ако сте тип на човек кој заборава да ја намали температурата во текот на ноќта, или пак кога излегувате за на работа тогаш треба да инсталирате неделен дигитален тајмер кој може да ја прилагоди промената на температурата на онаа вредност која ќе му ја зададете.  Со инсталирањето на неделниот дигитален тајмер ќе се задржи температурата во вашиот дом на посакуваното ниво и преку ден и преку ноќ. Неделниот дигитален тајмер ќе ги намали вашите сметки за електрична енергија до 10%. Инсталирајте изолации на таванот и на ѕидовите, променете ги прозорците и вратите за да ја зачувате посакуваната топлина во вашиот дом.]]>