екв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Jan 2023 11:57:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png екв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Живееше и умре како ангел: Ги создаде култните „Шарло акробата“ и „ЕКВ“, сите го знаеја како ВД, а на крај заврши осамен, напуштен и тажен, заборавен од сите… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhiveeshe-i-umre-kako-angel-gi-sozdade-kultnite-sharlo-akrobata-i-ekv-site-go-znaeja-kako-vd-a-na-kraj-zavrshi-osamen-napushten-i-tazhen-zaboraven-od-site-foto/ Fri, 13 Jan 2023 11:47:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284157

80-тите години на минатиот век во Југославија дефинитивно беа одбележани со „новиот бран“ во рок ен рол музиката,  уметноста, субкултурата и културата воопшто и бендовите кои „жареа и палеа“ во тие години. Таквата музика предизвика бунт кај младите, а авторите ги користеа своите песни за справување со светот и често создаваа стихови со содржини инспирирани од социјални теми. Најголем од најголемите, според многумина, беше белградскиот бенд „ЕКВ“. Иако денес не е прва асоцијација со култниот бенд, Ивица Вдовиќ кого сите го знаеја како ВД беше една од иконите на југословенскиот рок и, според некои, човекот кој ги создаде бендовите  „Шарло акробата“ и „ЕКВ“, онаков како што го знаеме. За жал, В.Д. беше и првото официјално регистрирано ХИВ-позитивно лице во поранешна Југославија. Кога еднаш зборуваше за Вдовиќ, покојната актерка Соња Савиќ, инаку голема пријателка на „ЕКВ“, изјави дека Белград веднаш му свртел грб и дека луѓето масовно го избегнувале поради неговата болест, пишува index.hr. Легендарната актерка тврдеше дека Вдовиќ е најважната личност на „ЕКВ“ и човекот кој го создал Милан Младеновиќ. В.Д. ја создаде и Маргита Стефановиќ, бидејќи ја внесе во бендот кога таа му беше девојка. Поради болеста, ВД ја напушти групата бидејќи со текот на времето свирките му станаа премногу заморни. Почина во Белград во 1992 година, од СИДА. Соња Савиќ во интервју изјави дека по смртта на Ивица Вдовиќ тажната вест му ја соопштила на нивниот пријател од Загреб, пејачот и автор Дарко Рундек. „Кога ме праша како умре, реков дека само паднал од креветот во некаква „инфективна кеса“ која никој не сакал да ја крене“ - се расплакала актерката, а Рундек наводно и одговорил: „ Живееше и умре како ангел“. По ВД речиси сите членови на „Шарло акробата“ и „ЕКВ“ завршија трагично. Милан Младеновиќ, Маргита Стефановиќ, Бојан Печар... починаа млади од последици на ХИВ, срцев удар или прекумерно земање дрога... Како и самата актерка Соња Савиќ, додека еден од основачите на „Шарло...“, подоцна лидер на култните „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ - Која, едвај преживува како последица од мозочниот удар кој го доживеа пред неколку години. Вака изгледаше ВД и вака звучеа „Шарло акробата“ на една од песните („Нико као ја“) од нивниот единствен албум (КЛИКНИ ТУКА). ]]>

Ѓорѓе Давид направи преработка на ултимативната химна на култната група ЕКВ – ,,Пар година за нас” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjorgje-david-napravi-prerabotka-na-ultimativnata-himna-na-kultnata-grupa-ekv-par-godina-za-nas-video/ Mon, 07 Nov 2022 12:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274697

Преработка на ултимативната химна на групата ЕКВ ,,Пар година за нас"  направи Ѓорѓе Давид со неговиот бенд, а за песната снимија и спот. Овие денови актуелното видео е поставено е на Јутјуб каде има многу прегледи, а тв станиците во Србија постојано го канат за гостин во своите емисии. Зошто токму оваа обработка, Ѓорѓе Давид самиот објаснува: „Оваа приказна започнува во 1994г. На 5ти ноември баш на мојот роденден , групите Електричен оргазам, Партибрејкерси и мојата тогашна група имавме голем концерт во спортската сала во Младеновац, Србија. Се радувавме затоа што тоа беше собир на одлични бендови, преполна сала и знаевме дека ќе има одлична журка. За жал после вториот концерт на еден од бендовите се појави сега покојниот Душан Дуле Ерцеговац кој беше менаџер на бендот Екатерина Велика, а и главен организатор на тој настан соопшти дека Милан Младеновиќ само што починал. Организаторите и шефовите на бендовите решија да не го прекинат концертот туку тој да продолжи во негова чест и тоа да го кажеме. Дваесет и осум години подоцна кога го славам својот 58ми роденден се склопија коцките така да од албумот кој го правиме со обработки на екс ју песни да биде обработена и ултимативната химна на ЕКВ ,,Пар година за нас". Од мај месец баравме режисер, сценарио, тон, слика, но сите предлози кој ни ги даваа некако не ни се допаѓаа, се' до моментот кога се појави Вук Протиќ Халуџа, кој излезе со своја идеја која се покажа одлична. Има некоја тајна врска дефинитивно кога се прават нештата со многу достоинство, почитување,внимание кон великаните кои воспитувале многу генерации, а еден од нив е бездруго и Милан Младеновиќ како автор. Реакциите за обработката,за спотот се многу позитивни иако е многу тешко за ваква химна кога се обработува да се долови позитивна рокенрол емоција, но на моја голема радост успеавме“ - вели Ѓорѓе Давид канејќи ве премиерно да го погледнете видеото на оваа негова кавер верзија на песната на ЕКВ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

На денешен ден почина Милан Младеновиќ, лидерот на култните ЕКВ: „Ти си сета наша болка… на една цела изгубена генерација“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-deneshen-den-pochina-milan-mladenovikj-liderot-na-kultnite-ekv-ti-si-seta-nasha-bolka-na-edna-cela-izgubena-generacija-video/ Thu, 05 Nov 2020 12:57:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174770

Легендата на југословенскиот рок, основач на неколку култни бендови што го одбележа растот на многумина и иницијатор на новиот бран во ЈУ музиката, Милан Младеновиќ, почина на денешен ден пред точно 26 години. „Момчето од водата“ е родено на 21 септември 1958 година во Загреб, а во најраното детство ја покажа својата љубов кон музиката. На шестгодишна возраст, со семејството се преселил во Сараево, а во 1970 година во Белград. Тој заврши во 11-тата гимназија во Белград, каде кон крајот на седумдесеттите години заедно со неговиот школски пријател Драгомир Михаиловиќ Гаги го основа својот прв бенд „Лимоново дрво“, а потоа и познатата група „Шарло Акробата“, за подоцна да се здобие со најголема регионална слава во бендот  „ЕКВ “. Во 1986 година, беше издаден албум со песната „Ти си сета моја болка“, кој „ЕКВ“ ги лансираше директно кон ѕвездите. Тие станаа најпопуларниот бенд и останаа се' до 1994 година. Секоја девојка од поранешните ЈУ простори во тоа време беше за потајно вљубена во Младеновиќ и имаше многу шпекулации за неговиот љубовен живот, но јавно, малку се знаеше. Последните години од животот ги помина со Маја Маричиќ, која му беше најголема љубов во животот и на која и е посветена песната „Очи со боја на мед“. После спектакуларниот настап во Будва во 1994 година, Младеновиќ беше итно пренесен во болница, каде му беше дијагностициран рак на панкреасот, од кој почина на 5-ти ноември истата година во Белград каде беше погребан и почива на Новите гробишта во српската престолнина. Со неговата смрт, „Екатерина Велика“ престана да постои. Кога почина, Милан имаше само 36 години и 35 килограми, а неговата смрт беше проследена со многу контроверзии. Да потсетиме, сите членови на бендот ги следеа приказните за конзумирање наркотици, што во тоа време беше табу тема, а исто така многу се зборуваше за нивниот бурен приватен и љубовен живот. Зад себе оставија песни кои продолжуваат да живеат до денес. Проклетството на групата „ЕКВ“ не го однесе само Младеновиќ, туку за жал меѓу живите веќе не се ниту Иван Вдовиќ (1961-1992), Маргита Маги Стефановиќ (1959-2002) и Бојан Печар (1960-1998), а во 2013 година во Белград почина и долгогодишниот менаџер на ЕКВ, Небојша Гргиќ - Грга. https://www.youtube.com/watch?v=iuSthfwzjPs&feature=emb_logo]]>

25 години без Милан Младеновиќ – ЕКВ https://arhiva.vistina.com.mk/25-godini-bez-milan-mladenovikj-ekv/ Tue, 05 Nov 2019 13:54:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116729

Пред 25 години почина Милан Младеновиќ, легендарниот фронтмен на култната група „Екатарина Велика“, еден од највлијателните бендови во поранешна Југославија. Младеновиќ почина од рак на панкрееас. Младеновиќ беше роден во 1958 година во Загреб, а поголемиот дел од детството и од животот го помина во Белград.  На крајот на 1970-ите, тој ја основал својата прва група „Лимуново дрво“, од што ќе произлезе „Шарло акробата“, а потоа и „Екатарина Велика“, прво под името „Катарина Друга“. Бендовите во кој  беше член беа мошне важни на музичката сцена и за генерациите во Југославија во 1980-ите. „За крај, само би кажал дека во никој случај не жалам што сите овие години сум ги потрошил на така несериозна работа како рокенрол и мислам дека почесно и поискрено и не сум можел да ги потрошам“, се вели на крајот на монографијата посветена на Милан Младеновиќ. Името на Милан Младеновиќ денес носат улици во Белград, Загреб и Подгорица.  ]]>

Сеќавање на ЕКВ: „Деца из воде“ и Срѓан Тодоровиќ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/sekjavanje-na-ekv-deca-iz-vode-i-srgjan-todorovikj-vo-mkc/ Tue, 30 Oct 2018 09:26:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55253

По повод 60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ (1958, Загреб)  на 16 ноември во МКЦ ќе се одржи  мултимедијална програма под насловот „Сеќавање на Милан и ЕКВ“ кој го приготвува проект бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ. После повеќе од две децении на бина во Скопје ќе настапи легендарниот Жика, оригинален тапанар во ЕКВ и ќе одсвири дел од програмата на овој преокт бенд. Тој беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со ЕКВ сними два албума - „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како Земља, Круг, Срце, Љубав, Пар година за нас, Поред мене, 7 дана... доминираа на топ листите, а тој период се смета за најуспешниот период на ЕКВ. Огромен продонес за тој успех донесе и Жика со својот уникатен стил на свирење. Пред тоа има настапувано во Дисциплина Кичме, а пред „Дисциплина“ има свирено во неколку белградски бендови во периодот на „новиот бран“. После ЕКВ, забележува и времени соработки со Партибрејкерс, Електрични Оргазам, Казна за Уши, а подоцна комплетно се посветува на актерството и добива улоги во познати филмови и серии. После пауза од повеќе од две децении прилика да го видиме, слушнеме и поздравиме Жика во Скопје. Деца из воде е ЕКВ проект бенд создаден пред три години во Белград со идеја концертно да го одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, ЕКВ и нивниот музички опус. Бендот го сочинуваат Зоран Младеновиќ, Луна Шкопеља, Лазар Остојиќ и Никола Рајовиќ. Сите членови на бендот се искусни и врвни музичари вклучени во разни други бендови, а во овој проект ги спои заедничката пасија кон ЕКВ. На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест студиски албуми на ЕКВ, како и нивното деби како Катарина II и двата најголеми хита од периодот на Милан во Шарло Акробата. Пред концертот во Даниснг Сала МКЦ ќе се прикаже филмот Дечак из Воде. Краток филм снимен во 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ. Филмот хронолошки ги следи животот и кариерата на Милан, а проникнат е со песните ЕКВ, Шарло Акробата и проектите Римтутитуки и Ејнџлс брет. Изграден е од перспектива на еден млад музичар што е роден по смртта на Милан и ги сака ЕКВ и преку соговорниците истражува кој бил Милан Младеновиќ и какви биле општеството и околностите во времето кога творел, а завршува со заклучокот каков белег имаат оставено неговите дела денес. Како соговорници во филмот се појавуваат Зоран Костиќ (Партибрејкерс), Душан Којиќ Која (ШарлоАкробата, Дисциплина Кичме), Иван Ранковиќ Рака (тапанар на ЕКВ 1985-1987), Александар Жикиќ (автор на биографијата „Место во меќава: Приказна за Милан Младеновиќ“), Горанка Мариќ (фотограф) и други познати личности и музичари, а анкетирани се и обични граѓани. Билети во претпродажба преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница МКЦ.]]>