екс-ју – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Jan 2021 08:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png екс-ју – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Ненад Стефановиќ – Јапанац, најдобриот бас гитарист во екс Југославија: Замина човекот што свири на над 1000 плочи https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nenad-stefanovikj-japanac-najdobriot-bas-gitarist-vo-eks-jugoslavija-zamina-chovekot-shto-sviri-na-nad-1000-plochi/ Sat, 09 Jan 2021 08:20:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184390

Ненад Стефановиќ, Јапанац, поранешен басист на „Пилоти“, почина вчера, 8 јануари 2021 год. на 62-годишна возраст, а денес е погребан. Во својата кариера соработуваше со многу познати личности. Многумина се простија од него на социјалните мрежи, вклучително и Бајага со своите “Инструктори“, која објави статус со емотивни зборови на Фејсбук. „Драги пријатели, минатата година ја завршивме тажно, со заминувањето на Миша Алексиќ, и за жал, и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ - Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите бас-гитаристи досега не само на овие простори. Неша свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и уште на многу други песни. Свиреше на плочите и ЦД-ата на голем број наши колеги - Бијело дугме, Оливер Мандиќ ... Постои голема празнина на нашето музичко небо по неговото заминување. Почивај во мир, драг Нешо. Овој свет на музика повеќе нема да биде ист без тебе. Те сакаат твоите Бајага и Инструктори “, пишува во соопштението. Ненад Стефановиќ е роден во 1959 година во Крушевац. Се докажа како многу сигурен, прецизен, точен, оригинален и инвентивен басист, и како одличен познавач на применетата хармонија, свирејќи на гитара истовремено. Учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена.]]>

Дека Велибор Џаровски е најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс ЈУ-историјата сите знаеме, ама знаете ли како пее Џаро? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/deka-velibor-dzarovski-e-najpoznatiot-estraden-menadzer-na-site-vreminja-vo-eks-ju-istorijata-site-znaeme-ama-znaete-li-kako-pee-dzaro-video/ Tue, 21 Apr 2020 07:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145678

Тој е несомнено жива легенда. Човекот за чија работа и кариера се испреплетени безброј случки, настани и легенди, човек кој важи за најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс-ЈУ историјата, па се до ден денес... Работел со најголемите ѕвезди во регионот од Мишо Ковач и Оливер Драгојевиќ, преку Индекси, Леб и Сол и Бијело Дугме, до Оливер Мандиќ и Здравко Чолиќ... и уште стотици други. Ситната боранија и не ја броиме. Организирал илјадници концерти, бил вмешан во безброј афери, наместил којзнае колку фудбалски натпревари, па и цели првенства. Законот го знае и од оваа и од онаа страна... на решетките. Бил со него во судир, ама и негов најдобар пријател, преку локалните и државните началници и командири на полицијата. Контроверзите околу „кралот на местенките“, големиот Велибор Џаровски - Џаро тешко кој може да ги изброи. И да не беше болеста, веројатно денес наместо да ги „празни“ обложувалниците, се' уште ќе ги полнеше и празнеше казината, а и тоа како полнеше салите и стадионите... И тоа повеќе отколку што нивните капацитети собираат. Гостин во многу ТВ емисии, дел од сеќавањата, биографиите и мемоарите на многу познати и славни личности, човек со цели поглавја во пишаните и печатените анали на некогашна ЈУ естрада, човек со многу лица, а само едно име и прекар: „Ученик на ѓаволот“, како што во својата антологиска книга за историјата на екс ЈУ естрадата  „Подобро минато“  ќе го нарече новинарот и публицист, Петар Луковиќ. Џаро денес пензионер, кому во оваа корона пандемија најмногу му недостасуваат ливчињата и обложувалниците, но не и смисолот за хумор, ама и за нешто друго, што очигледно малкумина го знаат. Имено, покрај талентот „од ништо да направи многу и од многу да остане на ништо“, великиот Џаро кој работел со бардовите на регионалната естрада, во себе носи и талент, со кој  до некои од денешниве „естрадни уметници“ слободно може да застане рамо до рамо, а како стојат работите, дури и да ги засени. Зашто, сите знаеме дека Велибор Џаровски е најпознатиот менаџер на сите времиња во екс ЈУ естрадната историја, ама знаете ли како пее Џаро? Карантинот не само што е добра можност за одмор во кругот на семејството, туку и згодна прилика да се покаже скриениот потенцијал, во случајов на Џаровски, вокалниот. Масичка во дворот, радио - ЦД плеерот на неа и бесплатна забава за домашните и првиите комши, ексклузивно и во живо од самиот Џаро. на репертоарот уште една легенда - покојниот Оливер Драгојевиќ и неговата антологиска „Опрости ми папе“ и... караоке шоуто на Џаро може да започне. Ретка можност и за јавноста да слушне дека великиот Џаро можел да направи и самиот солидна пејачка кариера, патем, без да има трошоци... Или поточно, во она време да ја дели добивката 100 % со менаџерот т.е. со самиот себе! Вака,  „Опрости ми папе“... и („Благоја“, како што на шега го вика неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска) само за лепо домашно и комшиско друштво, ама и ексклузивно за сите вас... Дами и господа, Џаро караоке шоу!
]]>

Раде Шербеџија на гости во Скопје призна дека е ЈУ-носталгичар: „Ех мала моја, само кога би знаела какви времиња беа тоа?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rade-sherbedzija-na-gosti-vo-skopje-prizna-deka-e-ju-nostalgichar-eh-mala-moja-samo-koga-bi-znaela-kakvi-vreminja-bea-toa-video/ Tue, 03 Mar 2020 11:41:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137226

Познатиот хрватски актер и изведувач, Раде Шербеџија, деновиве беше гостин во Македонија, па неговото присуство во македонската престолнина го искористи естрадниот магазин „Бекстејџ“ за интервју со големиот актер. Во рамки на интервјуто, холивудската екс-ЈУ ѕвезда зборуваше за својата кариера, семејството,  новиот албум кој го снимаше во студиото на браќата Тавитјан, но и за носталгијата за Југославија. „Ех малечка моја, само кога ти би знаела какви времиња беа тоа... Прекрасни, тоа не се опишува со зборови“... -  и се обрати Раде на новинарката. Инаку, Шербеџија одржа и концерт во Скопје под името „Ја те пјесмом зовем“. Целото интервју  со можеби најголемиот екс југословенски актер можете да го погледнете во видеото во продолжение: ]]>