екран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Nov 2023 09:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png екран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Стојановска „го извади од папучи“ Тимчо Апостолов, па уредникот на некогаш најпознатата естрадна ревија „Екран“ „буквално“ ја „растури“ уредничката на утринската на ТВ Сител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stojanovska-go-izvadi-od-papuchi-timcho-apostolov-pa-urednikot-na-nekogash-najpoznatata-estradna-revija-ekran-bukvalno-ja-rasturi-urednichkata-na-utrinskata-na-tv-sitel-foto/ Fri, 24 Nov 2023 09:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328372

„Екран“ со децении важеше не само за единствената, туку и најдобрата македонска естрадна ревија. Музика, театар, филм, ТВ, мода, хумор, забава... Се' што треба да има еден магазин за она време во кој беше престиж воопшто да се појавиш. За да добиеш насловница, треба да имаш изедено„ сто фурни леб“, да си артист или уметник од кариера   со дебело портфолио, полно со „подобро минато“ и “поубава иднина“. На оние што новинарството им е професија и се во овој еснаф, најдобро знаат што значи функцијата уредник. Одговорност пред се', знаење, умеење, лидерски способности, вештина, искуство, стратегија... Она што е шефот во другите професии, тоа е уредникот во новинарскиот еснаф. Тимчо Апостолов беше еден од последните уредници на „Екран“. Некогаш водител, подоцна новинар, публицист, последните години се до крајот од „работниот мандат“ уредник на најпознатата ревија. И по пензионирањето остана остар критичар на она што го нуди еснафот во било која форма, очигледно се' до денес. Последниот пример најдобро покажува дека ништо не може „да му  се  поткрадне“,  а тој тоа да не го забележи. Она што Тимчо најмногу деновиве „го изиритира и налути“ очигледно е утринската програма на ТВ Сител - „Ја сакам Македонија“, односно нејзината актуелна уредничка Елена Стојановска - Јанковска, овој пат во улога на ТВ водителка. Поточно нејзината утринска најава која некогашниот уредник на „Екран“ „буквално“ го „извади од папучи“, па овој   уредничката на утринската „буквално“  ја „растури“... на својот Фејсбук профил! Имено, на Тимчо му пречел нејзиниот начин на изразување и сиромашната понуда на зборови во вокабуларот на водителката, која според него постојано повторувала еден ист збор - „буквално“ и по неколку пати во една иста реченица?! Апостолов ова не можел да и го прости на Елена и да го премолчи, па решил јавно да ја сподели критиката на смека на „говорните можности“ на водителката, на социјалните мрежи. Така на својот Фејсбук профил Тимчо Апостолов и „буквално“ во писмена форма и го „плеснал в лице“ на актуелната уредничка она што му пречело во нејзината утринска најава: „Денес ( четврток - 23 ноември) , водителката на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, во најава од пет реченици, пет пати го употреби зборот “БУКВАЛНО“.Тоа беше маестрална најава.....Не знам колку ученици на некој испит успешно би ја решиле задачата да состават пет реченици со зборот “БУКВАЛНО“? Ќе ја парафразирам нејзината најава ; На улиците во Скопје а посебно на тротоарите , БУКВАЛНО владеат посебни правила.Сигурно сте забележале дека троторарите БУКВАЛНО се окупирани од паркирани возила, дека минувачите БУКВАЛНО се мачат да минуваат, дека со оваа БУКВАЛНО грда глетка се соочуваме секојдневно ...За овој БУКВАЛНО голем неред ќе ве информираме во следниот прилог... Така , ние гледачите добро и БУКВАЛНО бевме информирани за овој БУКВАЛНО голем проблем во Скопје. Ама јас БУКВАЛНО се препотив кога ми дојде мислата: Како водителката ќе ја реализираше најавата, ако во тој момент не се сетеше на зборот БУКВАЛНО?“ Буквално или брутално, некогашниот уредник на „Екран“ го кажал своето... Или поточно, она што го мислел - го напишал! Како уредничката и ТВ водилката на утринската на ТВ Сител ќе ја доживее критиката, и дали ќе има реакција на истата, останува на неа!? Фото: Facebook/Timco Apostolov и Instagram/enna_inna]]>

Екраните може лошо да влијаат врз комуникативните вештини на децата https://arhiva.vistina.com.mk/ekranite-mozhe-losho-da-vlijaat-vrz-komunikativnite-veshtini-na-detsata/ Tue, 22 Aug 2023 11:26:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314815

Децата кои минуваат часови пред уредите со екрани би можеле да се соочат со побавно решавање на проблемите и побавна комуникација, предупредува ново истражување на Универзитетот Тохоку во Јапонија. Испитувањата опфатиле 7.097 деца и велат дека колку повеќе едногодишните деца гледаат во екран, толку е поголемо влијанието врз нивниот развој. Оние кои гледале телевизија или таблет повеќе од четири часа дневно во текот на првата година од животот доживеале доцнење во развојот. Меѓутоа, кај деца со четири години, социјалните и личните вештини и решавањето проблеми се совпаднале со оние нивните врсници. Стручните лица забележуваат и дека јазичните вештини на некои деца се подобриле доколку уредите со екрани се користат за образовни цели. Родителите ги пополнувале потребните прашалници за развојот на нивното дете. Авторот на студијата, д-р Таку Обара заклучува дека поголемото време пред екранот на возраст од една година е поврзано со развојни доцнења во комуникацијата и решавањето проблеми на возраст од две до четири години. извор:курир.мк]]>

Како детето да се оттргне од паметните уреди во зимскиот распуст? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-deteto-da-se-ottrgne-od-pametnite-uredi-vo-zimskiot-raspust/ Tue, 03 Jan 2023 13:21:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282628

За време на зимскиот распуст активностите на отворено се намалуваат, па родителите, најчесто за да си олеснат себеси, им дозволуваат на децата да минуваат повеќе време „пред екраните“. Тоа, сепак, не е најдобрата опција за малечките, велат стручњаците. Конзумирањето медиумски содржини може да им наштети на децата при развивање емпатија, бидејќи ги отуѓува од социјалните интеракции и така тие го губат интересот за потребите на другите. Но, има начини да се намали употребата на мобилни телефони и таблети кај детето. Пред сѐ, возрасниот мора да биде пример со тоа што самиот ќе ја намали нивната употреба. Детето прво учи од своите родители и се однесува според она што го гледа кај другите. Поставете ограничување на користењето на уредот. На детето тоа нема да му се допадне на почетокот, но сите се навикнуваат. Тоа е еден од најдобрите совети за оттргнување од екранот. Следна „неодоливата понуда“ со други занимливи и забавни содржини, на пр. друштвени игри за целото семејство. На овој начин, освен што помалку ќе се користат уредите, децата ќе научат и нови вештини додека играат. Корисно е да се има место каде што ќе може, едноставно – да се остави мобилниот телефон, па и возрасните и децата ќе може да се посветат на пополезни и покорисни активности. Важно е, секако, детето да остане зафатено со она што го правите. Дозволете му, на пр., да готви едноставни оброци или да учествува во чистењето на плакарот, а тоа да биде забавно. На овој начин и детето ќе се чувствува подобро, а и ќе стекне добри навики коишто подоцна во животот ќе му бидат од корист. извор:курир.мк]]>

Без силикони, ботокс и филери: Вака изгледаше Хелена Роза на својата прва насловна страница пред 23 години(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bez-silikoni-botoks-i-fileri-vaka-izgledashe-helena-roza-na-svojata-prva-naslovna-stranica-pred-23-godini-foto/ Tue, 24 Nov 2020 08:19:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177492

Поранешната ТВ водителка Хелена Роза иако одамна не е активна во јавниот живот во Македонија и неколку години со семејството живее во Нов Зеланд, најзината актуелност во медиумите на домашен терен никогаш не стивнала. За Хелена често можеме да прочитаме околу нејзините активности во Нов Зеланд, за синчето Тиан, ќерката Кјара, за сопругот Игор... Социјалните мрежи се мостот на комуникацијата, а Хелена е особено активна на Фејсбук каде  често  знае да сподели интересни моменти од нејзиното секојдневие и приватност.
Во месец август годинава таа наполни 43 години, за кои вели дека нема никакви комплекси да ги открие и гордо се носи со бројот. Овој пат на нејзиниот профил се најде стара фотографија од нејзината младост, односно насловна страница направена за списанието Екран пред 23 години. А да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник. Хелена појасни дека тоа е нејзината прва насловна страница каде позира качена на мотор во сино мини фустанче од кое како и секогаш провокативна и бујна ја буди фантазијата. Некогаш природната женска убавина беше врвот која заслужено ги полнеше насловните, за разлика од денес кога естетските корекции и трендовите на истите, направија се повеќе девојки и жени да личат една на друга. -Насловна и фотки без фотошоп, без филтри, без врски, без политика, без силикони, ботокс и филери. Среќен 50-ти роденден Екран, напиша Хелена во описот на објавата. Коментарите очекувано се редеа, па многумина се согласија дека природната убавина и денес е непроценлива, иако се наметнати некои други вредности на моделирани убавици.]]>

Што им прави 8-часовното гледање во екран на вашите очи и како да се заштитите од тоа? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-im-pravi-8-chasovnoto-gledanje-vo-ekran-na-vashite-ochi-i-kako-da-se-zashtitite-od-toa/ Fri, 13 Mar 2020 14:00:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139388

Просечниот вработен човек во денешно време поминува барем 8 часа дневно гледајќи во екранот на својот компјутер на работа, без да се вбројат часовите поминати пред телевизор или со паметниот телефон во рака. Познато е дека повеќечасовното гледање во екран не е добро за нашите очи, но сè уште нема јасни совети од докторите колку време смееме да посветиме на таквата активност, а да не му наштетиме на својот вид, пишува “Fox News”. Луѓето во просек поминуваат 11 часа дневно гледајќи во екран, што го зголемува ризикот од појава на кратковидност и нарушување на сонот. Иако досега биле направени голем број истражувања на тема негативните последици од гледањето во екран, не е утврдено во која мера тоа придонесува за внатрешното оштетување на окото. “Засега е сигурно дека гледањето во дигитален екран може да влијае на појава на кратковидност и дека ова трајно оштетување на окото доведува до тоа луѓето да не можат да гледаат на далечина или да не можат остро да го видат предметот кој е оддалечен”, вели д-р Шери Роуен. Според нејзините зборови, постојат неколку чекори кои треба да ги преземете за да ги заштитите своите очи. Правете пауза на секои 20 минути со што ќе ги одморите очите и трепкајте што е можно почесто за да ги подмачкувате очите и со тоа да го спречите нивното сушење. Освен тоа можете да набавите и екран кој има филтер за заштита од сина светлина и со тоа да го намалите напрегнувањето на очите. Тука е и редовниот офталмолошки преглед со цел навреме да се воочат можни аномалии и навреме да се добијат превентивните лекарства. извор:точка.ком.мк]]>

Од неа и екранот ќе пукне: Огромните гради на Дара Бубамара едвај ги собра во краткиот фустан (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/od-nea-i-ekranot-kje-pukne-ogromnite-gradi-na-dara-bubamara-edvaj-gi-sobra-vo-kratkiot-fustan-foto/ Fri, 09 Aug 2019 08:26:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101257

Дара Бубамара важи за една од најпровоктивните пејачки во регионот, па нема проблем да ги покаже своите атрибути. Без разлика дали е облечена во бикини, панталони, фустан или некое друго модно парче, градите на Бубамара се во прв план. Така и беше  и овој пат, кога пејачката облече мини фустан во кој едвај ги собра нејзините огромни гради. Дара се фати за телефонот и направи неколку секси фотографии со кои ја воодушеви машката популација.
„Даро оваа фотографија е врв. И почесто вакви фотографии бидејќи оцаа фотографија е врв. Совршена си“ „Бомба“ се само некои од коментарите.
]]>

Знаете ли што и стои во позадина на екранот на мобилниот телефон на Јелена Карлеуша? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/znaete-li-shto-i-stoi-vo-pozadina-na-ekranot-na-mobilniot-telefon-na-jelena-karleusha-foto/ Thu, 31 Jan 2019 09:57:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70328

По брилијантниот настап на доделувањето на регионалните музички МАЦ награди, Јелена Карлеша дојде на  најновото снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во високи скапи чизми со знак за долар, а бојата што таа ја избра за својата гардероба овој пат е зелена.
Сепак, она што предизвикува најголемо внимание, а малкумина можат да го забележат, е она што стои во мобилниот на пејачката.  Поточно на позадината  на екранот на нејзиниот м обилен телефон. Пејачката додека излегуваше од автомобилот, како што си вети,  не сакаше да дава никакви изјави за печатот, а лицето и беше покриено со темни очила за сонце. Молчешкум влезе во студиото, но пред тоа фоторепортерите го забележаа она што беше на екранот на најзиниот мобилен телефон кого Карлеуша не го испушта од рака.
Имено, на позадината на екранот од нејзиниот мобилен телефон стои фотографијата во крупен план на сопругот  Душко Тошиќ.
Дали тоа говори колку Јелена се покаја за она што го направи, или сето тоа е само уште една поза за јавноста, ама и начин за да си го спаси бракот, останува да видиме. Сепак едно е сигурно: По скандалот и кога не е во близина на Душко, таа гледа во него... на екранот од својот мобилен телефон. Фото: Соња Спасиќ/Дадо Ѓилас]]>

Дали гледањето во екран од најрана возраст може да предизвика аутизам? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-gledanjeto-vo-ekran-od-najrana-vozrast-moze-da-predizvika-autizam/ Fri, 12 Jan 2018 09:37:07 +0000 http://vistina.mk/?p=9560

Француските педијатри и психолози излегоа пред јавноста со алармантни податоци за поврзаноста меѓу определени нарушувања слични на аутизам со времето што децата го поминуваат пред екрани од разни уреди. Уште во 2009 година Француската управа за јавно здравје објави препорака дека на децата помлади од три години не треба да им се дозволува да поминуваат време пред екрани од кој било вид. Француската академија во 2013 година објави студија која се најде на удар на тешки критики. Имено, оваа студија тврдеше дека тактилните таблети се корисни за развојот на сетилата и моториката. Сепак, најголема тревога во француската јавност предизвика текстот објавен во парискиот „Монд“, кој почнува на следниот начин: „Ние, стручните лица кои работиме во областа детско здравство, сакаме да ја предупредиме јавноста на опасните последици од масовното и прерано изложување на бебињата и малите деца пред секакви видови екрани: пред паметни телефони, таблети, компјутери, телевизори или конзоли за игри“. Потписниците на овој текст се лекари, психолози и ортофоничари (експерти за говор), а сите предупредуваат дека и натаму се поставуваат дијагнози за аутистички нарушувања кај децата без притоа да се испита дали и колку време децата и родителите поминуваат пред некакви екрани. „Вниманието на децата комплетно е насочено кон екраните. Во такви услови, родителите и децата не разменуваат доволно погледи меѓусебно и не можат да изградат меѓусебен однос“, пишува во текстот. Тие предупредуваат дека поради тоа, мозокот на децата не може нормално да се развива, затоа што е прекинато истражувањето на предметите што го опкружуваат. Поради екранот, кој му го „впива“ вниманието, детето е принудено да се откаже од своите истражувања и испитувања на околината, што е доволно за да настане доцнење во развојот на говорот и во општиот развој на детето. Децата кои поради својата опседнатост со екраните доцнат со говорниот развој до својата четврта година, обично не реагираат кога некој ги повикува по име. Не можат да гледаат во лицето на тој што им се обраќа, ниту во предметот што им се покажува, туку само можат да гледаат во екраните. Не можат да комуницираат со околината, ниту со другите деца. Зошто влијанието на екранот врз децата е толку страшно? Француските лекари се повикуваат на истражувањето на Американецот Едвард Троник, кое покажа дека слични нарушувања настануваат кај бебиња на кои им се покажува кукла со безизразно лице („мртво лице“) наместо мајчиното. Детето што гледа во екран наместо во лицето на мајката не може да разменува погледи со неа, да ги идентификува нејзиниот глас и нејзините движења, не може да стекне свест за себе, ниту да развие говор. Линда Пагани, професор за психоедукација на Универзитетот во Монтреал, во текот на повеќе децении го истражувала влијанието на ТВ-екраните врз децата и дошла до заклучок дека тие значително го намалуваат капацитетот на децата, ја намалуваат нивната активност на училиште и способноста да решаваат математички проблеми. Списанието „Сајантифик рипорт“ објави истражување на стручни лица од Лондонскиот универзитет кое покажува дека изложувањето на тактилни екрани кај деца на возраст од шест месеци до три години предизвикува намалување на квалитетот на сонот. Со самото тоа се нанесува штета на формирањето на мозокот и на невронските врски, кои се градат додека детето спие. И додека стручните лица и политичарите се премислуваат, во Силиконската долина директорот на „Гугл“ и неговите милионери не кријат дека на своите деца не им дозволуваат пристап до екрани! Тие сметаат дека децата наместо да допираат екрани, треба да допираат вистински миленичиња, боси да трчаат по трева, да слушнат како шушкаат лисјата, како пее петелот, какви звуци прави магарето. За да се разбере значењето на сите такви активности, не е неопходно да се биде експерт или доктор на науки. Превенција во четири чекори Психологот Сабин Дифло објави програма за превенција „во четири чекори“: да не се  вклучуваат екраните наутро, за време на оброк, во детската соба, ниту пред спиење. Таа заедно со уште девет лекари и психолози го потпишаа текстот објавен во „Монд“, по што здравствените власти прифатиле да покренат кампања на државно ниво. До сите лекари и педијатри ќе биде испратена директива според која тие ќе имаат обврска при прегледите на децата да им поставуваат и прашања за екраните во нивните домови. Експертите сметаат дека тоа може да им помогне на родителите да станат посвесни за опасноста што ја носи претераното изложување на малите деца пред екрани. извор:факултети.мк]]>

На денешен ден излезе „ЕКРАН“ – првата естрадна ревија во Македонија! https://arhiva.vistina.com.mk/na-deneshen-den-izleze-ekran-prvata-estradna-revija-vo-makedonija/ Mon, 20 Nov 2017 13:00:05 +0000 http://vistina.mk/?p=4228

Во денешниот наплив на таканареченото „онлајн новинарство“, каде најважна е брзината,  за жал, не и содржината, каде кликот и лајк-от многу повеќе ја одредуват важноста на информацијата отколку тежината на зборот, малкумина со носталгија ќе се сетат на првата естрадна ревија во Македонија, ревијата „Екран“.
45
Првиот број на легендарната ревија за музика, филм, театар, мода, ТВ… е печатен, (замислете кој куриозитет) на 20.11.1970 година, на ист датум кога почна со работа и нашиот портал Вистина.мк, само цели 43 години подоцна. Неговата насловна страница која ја краси легендата на македонската забавна песна, покојната пејачка Сашка Петковска, изгледаше вака:
„Екран“ најпрвин почна да излегува како подлисток, или поточно, неделен додаток на дневниот весник „Нова Македонија“, за подоцна да прерасне во самостојно издание. Оваа естрадна ревија со години беше “алфа и омега“ кога беа во прашање информациите од светската, тогашната ЈУ и македонската естрада и не само естрада.
 tumblr_mxl9je08kT1s9ze70o2_500
Најзначајните достигнувања од областа на музиката, филмот, театарот, модата, спортот, културата, телевизијата… беа секогаш на првите страници на „Екран“. Да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник. Или барем така требаше да биде! А, воглавном и беше!
Немаше фестивал, манифестација, концерт, премиера, модна ревија, спортски натпревар, културен настан… кој „Екран“ немаше да го проследи, одбележи, рецензира, напише осврт, направи критика, даде мислење, завземе новинарски став…!
Screenshot (3)
Слободан Петровиќ, Лилјана Мазова, Јасминка Јанева,  Живко Јаневски, Тимчо Апостолов, Оливер Белопета, Велибор Педевски, Грета Оџакова, Виолета Хаџи-Скерлева, Љубомир Грбевски-Џери,  Александар Ѓоргиев… се само некои од имињата кои беа екранови новинарски перјаници или фоторепортери на легендарната естрадна ревија.
Screenshot (6)
На 25 годишнината од своето постоење, во 1995 година  „Екран“ доби дури и своја песна – „Екран сонг“. Ја исполнуваат тогашните, а повеќето од нив и денес актуелни музички ѕвезди од македонската поп и фолк естрада. Автор на музиката е некогашниот член на групите „Пу“, „Лева патика“, „Чуден крој“…  Данаил Дарковски-Дарко, а стиховите ги напиша поетот и новинар на „Екран“, Љубомир Грбевски-Џери. Инаку, се работи  за обработка на песната „Денес, утре, задутре“ изведена од групата „Пинаколада“ на Макфест 1990.
„Екран“ оддамна не излегува повеќе. Со згаснувањето на НИП „Нова Македонија“  прекина печатењето и на ова списание.