еколошка акција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Sep 2021 12:26:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еколошка акција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вработените од Џонсон Мети чистеа јавни површини во Скопје, Велес и Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/vrabotenite-od-dzonson-meti-chistea-javni-povrshini-vo-skopje-veles-i-kumanovo/ Thu, 30 Sep 2021 12:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221326

Повеќе од петстотини вработени од компанијата Џонсон Мети Македонија се вклучија во волонтерски активности за масовно чистење на јавни површини во Скопје, Велес и Куманово. Оваа активност е дел од корпоративната Програма за волонтирање на вработените во заедницата, во рамки на Стратегијата за општествена одговорност на Џонсон Мети. Мото на оваа активност е „Два дена да направите разлика“ (Two days to make a difference“) Можеби сите не можеме да направиме сé, но сите можеме да направиме по нешто. Џонсон Мети е една од ретките компании со Глобална политика за волонтирање, која овозможува вработените да искористат два работни дена за помош и поддршка на заедницата преку волонтерски активности. Во првата акција се вклучија 234 волонтери, додека во втората акција се вклучија 275 волонтери.
„Горди сме што постигнавме рекорд во бројноста на вработените кои се вклучија во акциите. Над 500 наши вработени беа дел од акцијата за чистење на јавни површини. Еден ден искористивме да го исчистиме кејот на реката Вардар на потег од Аеродром и Карпош 4, еден ден резервиравме за Градскиот парк и околината и еден за плоштадот Филип Втори и околината. Џонсон Мети е инклузивна компанија и поради фактот што голем дел од нашите вработени се од градовите Велес и Куманово, сметавме дека наша должност е да организираме акции и таму“, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија.
Ова не се први општествено одговорни акции на компанијата, која традиционално го одбележува стартот на учебната година со акција за донирање на училиштен прибор. Исто така, годинава, Џонсон Мети организираше донаторска акција на тема “Секое дете заслужува еднаков почеток”.
„И оваа година нашите вработени ја покажаа својата хуманост на дело и донираа огромен број училиштен прибор. Досега сме биле дел и од акција за готвење храна за лицата во социјален ризик, сликарска работилница со лица со старски дом, предавања низ училишта на тема „Безбедноста на прво место за деца”, изработка на сензорни табли, разубавување на училиштен двор, дружење со дечињата од „Аутизам МК“ и други активности. Среќни сме што ја нудиме можноста за искористување на два работни дена за волонтирање во нашата локална заедница. Нема да застанеме тука, имаме уште многу планови кои се надеваме ќе ги реализираме во блиска иднина“, дообјаснува Борозанов.
]]>

ДНК предизвик: Панчо и Андреј ја придвижија свеста среде Бардовци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-predizvik-pancho-i-andrej-ja-pridvizija-svesta-srede-bardovci-foto/ Wed, 20 Mar 2019 08:18:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78317

Животот е предизвик. Од првиот плач до последниот земен здив. Се' што правиме, сакаме да го направиме онака како што сме го замислиле, а сепак да биде п оубаво, подобро, повредно... и уште во многу други нешта „по“ од она , што фо прават другите. Истото или нешто сосема поразлично, сеедно. Важно е да си одговориш на предизвикот што си го поставил самиот или ти го поставил животот. И додека за повеќето, меѓу кои и за голем дел од македонските естрадни ѕвезди предизвик е да си истурат кофа студена вода на глава или да покажат на фотографија преку социјалните мрежи како изгледале пред 1о години, некои од нив си задаваат и поинаков предизвик. Опшополезен за сите!
На Панчо и Андреј во ДНК-то им е музиката. И на тој предизвик успеале да одговорат максимално успешно, тоа е барем познато. Но малкумина знаат или одвреме-навреме дознаваат дека овие двајца македонски ар ен би музички артисти  во своето ДНК кријат уште многу други предизвици, меѓу кои и оној со хумана нота!
Веројатно се' уште паметите кога неодамна му се придружија на проектот „Среќа“,  па одвоија дел од својот хонорар, купија новогодишни подароци и пакетчиња и им ги делеја на децата од ранливите категории.
Или кога на една самохрана мајка од крива Паланка и нејзините деца, им подарија производи од бела техника и прехрамбрени продукти!
Или кога ги посетија со истата цел седумгодишните близнаци, напуштени од нивните родители и оставени да живеат со нивните дедо и баба во беда, сиромаштија и целосно заборавени од оштеството!
И овој пат ДНК двоецот реши да ги остави настрана сцената, микрофоните и наградите, да ги засука ракавите, да плукне во рацете па да се соочи со новиот предизвик, Овој пат - еколошки! Дивата депонија во близина на населбата Бардовци, создадена од несовесните граѓани или селани сеедно, го загадуваше ова ретко  парче чиста околина во близина на Скопје.
Едно ударничко „ура“ и за час, два или пет, сеедно, депонијата ја снема. Исчистена, средена, локацијата вратена во првобитната состојба, а ѓубрето и шутот уредно спакувани во пластични вреќи, подготвени за на отпад!  Доказот во вид на фотографија пред и потоа, самите ДНК ја постираа на социјалните мрежи! Не за да се пофалат кои се, туку за да покажат како треба! Со сопствен пример!
„Драги наши, денеска по 5 часа работа и собрани преку 50 кеси шут и ѓубре се решивме да направиме еден поразличен ЧЕЛИНЏ, кои воедно треба да ги поттикне сите наши колеги, сограѓани, и истовремено да ја разбуди самосвеста кај луѓето. Искрено ваши ДНК Локација: Населба Бардовци - Скопје“  - напишале Андреј и Панчо во постот!
А Бардовци? Со нивниот ДНК предизвик,  Панчо и Андреј покажаа како Бардовци може да изгледа и поинаку! Ја придвижија свеста, барем за миг. Онаа, еколошката!  ]]>