еко емисија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Nov 2022 14:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еко емисија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Бејби и Игор Џамбазов ќе ја спасуваат планетата: Шоуто „Агенда 21“ на нова телевизија https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-i-igor-dzambazov-kje-ja-spasuvaat-planetata-shouto-agenda-21-na-nova-televizija/ Mon, 28 Nov 2022 14:07:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277690

Втората сезона на едукативното еколошко телевизиско шоу, „Агенда 21“ ќе се емитува на нова фрекфенција. Веќе проверената екипа предводена од актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, заедно со младите Кристијан Ѓоргиев и Јована Миладинова, на забавен начин ќе презентираат нови факти и ќе разменуваат мислења за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, електронскиот отпад и батерииите. Премиерното емитување на втората сезона е на 3-ти декември, на ТВ 24, со почеток во 20:45 часот, а репризите ќе бидат во недела од 15:15 часот и понеделник од 23:20 часот. „Оваа телевизиска емисија ја правиме за да ги поттикнеме гледачите и граѓаните да размислуваат и да делуваат позитивно кон природата, бидејќи грижата за животната средина е на многу ниско ниво. Искуството на терен од минатата сезона, а и од оваа ни покажа колку нашата држава изобилува со диви депонии и ѓубре, а токму тие депонии го загадуваат воздухот и почвата.“ – кажа Весна Петрушевска. „Агенда 21“ за прв пат започна да се емитува лани со реализирани 10 емисии, а оваа година продолжува со истото темпо, нови 10 емисии посветени на климатските промени, глобалното затоплување и уништувањето на природата од страна на човекот. Голема благодарност до Нула отпад, Пакомак и Ладна кои го поддржаа овој проект, ни изјави Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот. „Еколошкото шоу „Агенда 21“ е во продукција на КМК. Овој проект има големата тежина бидејќи токму ние луѓето сме највиновни за уништувањето на животната средина, а само човекот може да го промени тоа.“ вели Игор Џамбазов.]]>