егзит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Jun 2023 10:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png егзит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-bend-bdm-godinava-ke-nastapi-na-exit/ Wed, 28 Jun 2023 10:13:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308024

Македонскиот бенд BDM на 8 јули 2023 (сабота) ќе настапи на еден од наголемите светски музички фестивали, EXIT. Ова ќе биде прв настап на BDM во Нови Сад, а сцената ќе ја делат со некои од најголемите имиња на светската електронска музика. Тие ќе се претстават со музиката од албумот State of Mind, кој го промовираа пред крајот на 2022 година, а ексклузивно на настапот на Петроварадинската тврдина ќе ја промовираат и новата песна Synapsis. „Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат на EXIT и што можеме да дадеме придонес како македонски претставници на фестивалот. За нас, ова е еден вид награда за сиот минат труд“, велат  Бане, Мартин и Дуле. Освен што ќе настапат на EXIT, BDM се во преговори и за настап на неколку фестивали низ Европа. Тие веќе подготвуваат материјал за нивниот следен албум, а истовремено работат и на соло музички проекти и неколку соработки со артисти од земјава и регионот. ]]>

ЕГЗИТ фестивал ја заокружи програмата за едно од своите најјаки изданија! https://arhiva.vistina.com.mk/egzit-festival-ja-zaokruzi-programata-za-edno-od-svoite-najjaki-izdanija/ Fri, 24 Jun 2022 12:50:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255980

Еден од водечките светски фестивали и убедливо најголемиот во регионов, „ЕГЗИТ“ (EXIT) фестивал ја финишираше целокупната програма, заокружувајќи го едно од своите најјаки изданија. Видеото кое е исто така објавено по овој повод покажува дека силата на новосадскиот фестивал лежи, како во водечките светски ѕвезди, така и во неговата музичка разновидност, за која важен придонес дава целата низа помали бини и зони. За разлика од повеќето други големи европски манифестации, Егзитовите бројни бини се еклектичен, мултижанровски спој, во кој се наоѓаат речиси сите современи музички правци, од најголемите глобални хитови до андерграунд електронската музика, од класичен рок звук до жестоки хеви-метал и панк рифови, од олдскул хип-хоп, па сѐ до трап, драмен’бејс, реге, латино и светска етно музика. Први меѓу најдобрите кои од 7 до 10 јули ќе зачекорат на Петроварадинската тврдина се Калвин Харис, Ник Кејв и „Бед Сидс“, Иги Азалиа, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Зу, Сепултура, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Бодзин, АРТБАТ, Денис Султа, Диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм Дет“, „Експлоитед“, „Блајнд Чанел“, Адам Бејер б2б Енрико Сангилиано, Дакс Џеј, Сама’ Абдулади, како и силната регионална екипа која ја предводат Кирил Џајковски, Констракта, Сенида, „Прти Бе Ге“, Марчело, „Бркови“, „Артан Лили“, „Параф“, Кило Кило, Мими Мерцедес, „Деца лоших музичара“, а ним им се придружуваат уште стотина други. Актуелните цени на влезниците за овогодишниот „ЕГЗИТ“, поради огромниот интерес и побарувачка, ќе важат најдоцна до петок, 24 јуни, до крај на денот, а во Македонија се достапни за купување преку МкТикетс. Комплетната музичка програма на годинашниот „ЕГЗИТ“ фестивал е објавена и на официјалната интернет страница на Фестивалот. фото:Јутјуб принтскрин/Егзит  ]]>

Извесно е дека во август нема да има фестивали: Егзит, Бирфест, Нишвил издадоа заедничко соопштение https://arhiva.vistina.com.mk/izvesno-e-deka-vo-avgust-nema-da-ima-festivali-egzit-birfest-nishvil-izdadoa-zaednichko-soopshtenie/ Tue, 07 Jul 2020 09:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157489

Водечките српски манифестации меѓу кои се и Егзит, Бирфест, Нишвил, Ловфест и други, се обратија во јавноста со ново заедничко писмо, во кое порачуваат дека заради влошената епидемиолошка ситуација, извесно е дека домашните фестивали нема да се случат во август во планираниот формат. -Ја потсетуваме јавноста дека српските манифестации се закажани за во август оваа година по препорака на надлежните органи, по драстичното опоравување на епидемиолошката ситуација во мај. Имајќи ја во предвид моменталната влошена здраствена ситуација, она што е веќе сигурно, вообичените фестивалски изданија со повеќе од дестици илјади луѓе оваа година нема да ги има. Како алтернатива за потполното откажување, разгледуваме опции со кои фестивалите симболично би се одржале со неколку стотини, или ако здраствената ситуацијата дозволи, неколку илјади луѓе, колку е дозволено во текот на летото ширум низ Европа, изјавиле организациите на српските манифестации, пренесуваат српските медиуми.]]>

„Егзит“ доби датум: Најголемиот музички фестивал во Европа ќе се одржи од 13-ти до 16-ти август https://arhiva.vistina.com.mk/egzit-dobi-datum-najgolemiot-muzichki-festival-vo-evropa-kje-se-odrzi-od-13-ti-do-16-ti-avgust/ Tue, 02 Jun 2020 12:20:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152238

Откако во повеќето балкански земји се укинуваат рестриктивните мерки за спречување на епидемијата на коронавирусот, одредени се новите датуми за 20. роденденска прослава на “Exit”. Најголемиот фестивал во балканскиот регион и еден од водечките фестивали во светот ќе се одржи од 13-ти до 16-ти август годинава. Тимот на “Exit” најавува и дека целиот настан ќе се организира во блиска соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а како една од мерките ќе биде и намалување на капацитетот на фестивалот на половина од вообичаените 55.000 посетители дневно. Исто така, ќе бидат затворени и рововите во кои инаку се сместени околу 40 бини и зони. Сепак, најимпресивните места на Петроварадинска тврдина кои го прават Егзит легендарен, како што се колосалната “Денс Арена”, главната бина и култната “Ноу Слип” бина, како и уште некои сцени, ќе блескаат и ова лето во полн сјај. Повторното покренување на продажбата на влезниците почнува на 1-ви јуни, додека повеќе детали за фестивалот, можноста за рефундација и програмата пристигнуваат во претстојните денови. Фестивалскиот тим потврди дека голем број од изведувачите се исклучително желни да настапат ова лето. Многумина беа во изолација со месеци, одвоени од фановите, па Егзит го гледаат како можност за сите повторно да се обединат. “Уште поважно од оживувањето на музичката индустрија е сигналот за надеж и оптимизам кој го испраќаме кон целото општество, а тоа е дека најлошото е зад нас. Помеѓу ширењето паника и оптимизам, ние секогаш го бираме ова второто” порачува основачот на “Exit”, Душан Ковачевиќ. Србија, како и многу европски држави, повторно ќе ги отвори своите граници без никаков лимит или ПЦР тестови. Организаторите напомнуваат дека доколку дојде до нов бран на епидемијата во поединечни држави, посетителите од тие земји ќе мора да поминат на ПЦР тест кој ќе биде бесплатен или со симболична цена. Сепак, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека епидемиолозите очекуваат ситуацијата во цела Европа до август да биде целосно под контрола.
]]>

Од 21 до 24 мај: „Sea Star“ стрим-фестивал 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/od-21-do-24-maj-sea-star-strim-festival-2020/ Thu, 21 May 2020 12:53:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150895

Четвртиот „Си Стар“ (Sea Star) Фестивал официјално е одложен за 2021 година, но организаторите од тимот на „ЕГЗИТ“ се погрижија на датумите кога требаше оригинално да се одржи, од четврток 21-ви до недела 24-ти мај, да го претстават првиот регионален „стриминг“ фестивал! „Си Стар Стрим Фестивал“ (Sea Star Stream Festival) ќе ги донесе настапите на глобалните и регионалните музички херои кои од 2017 до 2019 ја испишуваа историјата на лагуната Стела Марис во Умаг. „Ву-Танг Клан“, „Фетбој Слим“, Нина Кравиц, „Модстеп“, „Дубиоза Колектив“, „Хладно Пиво“, „Бајага и Инструктори“, „Урбан енд 4“, Војко В, „Ниплпипл“, „Спилер“, Умек, Петар Дундов, Марко Настиќ, „Елементал“ и Сасја се музичарите со чии снимки од настапите на двете главни бини на „Си Стар“ – „Адико Тесла“ сцената и „Наутилус“ Арената – публиката и овој мај ќе може барем виртуелно да скокне до Умаг. Настапите ќе се емитуваат во вистинскиот фестивалски формат и саатница, од четврток до недела со почеток во 19:00 и 19:30 часот. Четврток, 21 мај 19:30 – Vojko V 20:35 – Nipplepeople 21:30 – Nina Kraviz 23:45 – Spiller Петок, 22 мај 19:00 – Sassja 20:00 – Modestep 20:40 – Wu-Tang Clan 22:00 – Umek Сабота, 23 мај 19:00 – Hladno Pivo 20:00 – Bajaga i Instruktori 21:30 – Fatboy Slim 23:10 – Petar Dundov Недела, 24 мај 19:00 – Elemental 20:00 – Urban & 4 21:00 – Dubioza Kolektiv 22:30 – Marko Nastić Сите снимки ќе бидат емитувани на официјалните интернет и „Фејсбук“ страници на „Си Стар“ Фестивалот. Четвртото издание на „Си Стар“ со комплетната досега потврдена програма, доби нови датуми во 2021 година. Новиот фестивалски термин е уште подобар, бидејќи е една недела поблиску до летото, па во петок на 28 мај и сабота 29 мај 2021 година, публиката ќе ги дочека еден од најголемите хип хоп состави во историјата „Сајпрес Хил“ (Cypress Hill), техно-суперѕвездата Амели Ленс (Amelie Lens), италијанската хит-сензација „Медуза“, најголемиот бенд од нашиот регион Дубиоза Колектив, словенскиот електронски маг Умек, раперското величество Војко В и уште многу други кои можете да ги погледнете на официјалните страници на Фестивалот! Сите купени влезници, превози и сместувања важат и за 2021-ва, а сите купувачи на кои новите датуми не им одговараат ќе можат да остварат рефундација. Тимот на „Си Стар“ со ова стана и единствениот фестивал во Хрватска, но и целиот регион, кој со новите датуми има и потврда на настапите на сите претходно потврдени изведувачи, а организаторите најавуваат дека овој список и дополнително ќе се проширува.]]>

Ќерката на Цеца секси до болка: Анастасија се расоблече на убавиот син Дунав (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-ceca-seksi-do-bolka-anastasija-se-rasobleche-na-ubaviot-sin-dunav-foto/ Tue, 09 Jul 2019 13:09:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96885

Анастасија Ражњатовиќ деновиве престојува во Нови Сад. Повод за тоа е забавата кој овој град јанеизмерно ја нуди, особено во деновите кога трае најголемиот и според многумина најдобриот европски музички фестивал „Егзит“.
Навечер во исто толку младо и симпатично друштво Анастасија ужива во разноврсната музиката на изведувачите на повеќето сцени на Петроварадинската тврдина.
Преку ден време е за одмор од ноќниот живот, релаксација и фаќање боја. Дома си е дома и кога не е твоја дома, особено по долгата бурно проведена ноќ. Малку уживање во дворот, со дополнително опуштање крај базенот за темнеење на тенот, а и побрзо да мине денот.
А, денот сончев, пеколно топол, ама не и пожежок од неа. Анастасија соблечена во мини бикини со леопард апликација, го распослала сиот свој сексапил покрај брегот на најголемата европска река - Дунав!
Испружена на јахта, можеби нема многу што да каже, ама затоа има што да покаже... од која страна и да ја погледнете.
„Расоблечената тигрица“ покажува колку и е животот убав додека ужива во речната идила на убавиот син Дунав!  ]]>

Српската премиерка Ана Брнабиќ јавно се појави со својата девојка Милица на отворањето на „Егзит“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-premierka-ana-brnabikj-javno-se-pojavi-so-svojata-devojka-milica-na-otvoranjeto-na-egzit/ Fri, 13 Jul 2018 11:49:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38104

Српската премиерка Ана Брнабиќ, вчеравечер, заедно со својата девојка Милица, се појави на отворањето на официјално најдобриот фестивал во Европа- „Егзит“Настапот  на музичката ѕвезда „ЛП“ посебно ја израдува, објави српското издание на „Блиц“.
Инаку, ова не е првпат Ана, заедно со Милица, да се појави на јавни настани.
Двете го привлекоа вниманието на публиката и медиумите на годинешниот ФЕСТ. 
Како двата дами си поминаа на концертот, погледнете во галеријата.
Фото:Душан Миленковиќ]]>

Ел-Пи ќе го го отвори, а Дејвид Гета го затвора „Егзит 2018“! https://arhiva.vistina.com.mk/el-pi-kje-go-go-otvori-a-dejvid-geta-go-zatvora-egzit-2018/ Sat, 10 Mar 2018 10:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15658

Откако светските медиуми неодамна го прогласија „Егзит“ за „најголем досега“, оваа година како ниедна претходно, од главната фестивалска бина ќе одекнуваат бројните хитови на денешницата! Иако некои од медиумите овогодинешната програма веќе ја прогласија за „агресивна“, вистината е дека конечната листа со главни ѕвезди ќе биде двојно подолга! Првите ѕвезди од новиот бран се веќе тука! Главната бина во четврток на 12 јули ќе ја освои незапирливата американска рок кант-авторка Ел-Пи (LP), која ја освои светската музичка сцена со синглот, „Lost On You“, една од највпечатливите љубовни песни на оваа деценија, но и преку соработките со Ријана, Кристина Агилера и бројни други ѕвезди.
Големото музичко финале, пак, и спектаклот за затворање на главната бина во недела, на 15 јули, ќе биде под диригентската палка на најголемиот светски хитмејкер и францускиот танцов Голијат – Дејвид Гета! Најуспешниот музички продуцент на 21. век и единствениот диџеј кој има продадено 50 милиони албуми и синглови, се враќа на еден од своите омилени фестивали каде беше поканет и пред 12 години додека го градеше патот до денешниот статус на музичка икона! За неговата водечка позиција во музичката индустрија говорат и податоците, односно Гета зад себе има над девет (9!) милијарди прегледи на Јутјуб и над 100 милиони обожаватели на социјалните мрежи!
Најголемиот хитмејкер на денешницата, Гета зад себе има бројни награди, две Греми и песни кои ги има продуцирано со најголемите музички имиња како што се Дејвид Боуви, Ријана, Снуп Дог, Сиа, Ники Минаж, Емели Санде, Ејкон, Авичи и многу други, а од неодамна ја објави и втората заедничка нумера со помладиот пандан, Мартин Гарикс. Песната „Like I Do“, полнокрвниот хит во најава, Гарикс ја изведе и на затворањето на овогодинешните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг! Моментално невозможно е да се избегне на радио уште еден хит „So Far Away“, додека во етерот се и подеднакво свежите и заразни синглови, „Mad Love“ – кој Гета го сними со ѕвездата од минатогодишниот фестивал „Си денс“ – Шон Пол, и еден од најголемите хитови од минатата година „2U“ со Џастин Бибер. Моментот дека на овој познат Французин очигледно не му е комплицирано да создава хит по хит, говори и фактот дека песната  „Complicated“, за која соработува со хедлајнерите на овогодинешниот фестивал „Си стар“ и „Скопје колинг“, дуото Димитри Вегас и Лајк Мајк, по единасетти пат го освои првото место на листата на „Билборд денс“. Лаура Перголизи е рокерката со бунтовничко педигре која ја споредуваат со Џони Кеш и Стиви Никс, додека нејзините кадрици и одело неодоливо потсетуваат на Боб Дилан. Оваа млада артистка од Њујорк со адреса во Лос Анџелес веќе остави трага како уникатна уметница, одлична авторка и рок ѕвезда во најдобра смисла на зборот. Користејќи го укулелето и продорниот глас исполнет со фини емоции, Ел-Пи се изгради веќе во препознатлива ѕвезда. Додека самостојната кариера ѝ се „крчкаше“, талентот го користеше пишувајќи хитови за Ријана, Шер, Бекстрит Бојс и многу други, а веднаш по објавувањето на албумот „Forever for Now“, таа стана миленичка на критичарите. Кратко потоа го оствари и-пи албумот „Death Valley“ кој ја катапултираше во светската стратосфера, благодарејќи на главниот сингл, „Lost on You“ кој брои над 260 милиони прегледи на Јутјуб, како и преку 75 милиони стримови на Спотифај. Дури и нумерата „Muddy Waters“ го пронајде своето место во четвртата сезона на популарната серија „Портокаловата е новата црна“ (Orange is the New Black)! Нижењето на ваквите успеси природно ја доведе до издавање на новиот студиски албум, „Lost on You“, со кој тргна на големата американска турнеја по која доаѓа и на овогодинешното отворање на „Егзит“ каде сировата енергија на борбената њујорчанка ќе го поведе годинешното мото на фестивалот: EXIT Freedom! Фестивалот „Егзит“ ќе се одржи од 12 до 15 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе ги претстави некои од најбараните светски ѕвезди како што се: „Мигос“, Дејвид Гета, Зиги Марли, Фивр Реј, Ел-Пи, Алис Мертон, Нина Кравиц, Ричи Хотин, Адам Бејер со Ајда Енгберг, Масео Плекс, Соломун, Амели Ленс, Бен Клок, Џекс Џонс, „Офенбах“, „Слепшот“, „Дог ит дог“, „Слејвс“, „Ајдлс“, Махмут Орхан, Карл Крег, „Тејл оф ас“, Севдализа, Бурак Јетер, „Медбол“, „Врухерија“, „Бомберс“ и многу други. Влезниците по промотивна цена со 60% попуст од финалната, за 3.580 денари се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат) , а на сајтот на официјалната туристичка агенција, exittrip.org се достапни и туристички пакети кои покрај влезницата, содржат можности за сместување и превоз до ЕГЗИТ фестивал. Извор:РадиоМК]]>

„Егзит“ ја полни тврдината: Стигнуваат осумкратните добитници на Греми, најголемите хитови и жестоки бендови! https://arhiva.vistina.com.mk/egzit-ja-polni-tvrdinata-stignuvaat-osumkratnite-dobitnici-na-gremi-najgolemite-hitovi-i-zestoki-bendovi/ Wed, 17 Jan 2018 12:08:37 +0000 http://vistina.mk/?p=9983

Откако ја објави новата ера на Денс арената со можеби и најголемата техно екипа досега, „Егзит“ продолжува со високото темпо на објави уште од самиот старт на годината! Новиот бран го предводи јамајканскиот реге крал и осумкратен добитник на Греми наградите Зиги Марли (Ziggy Marley), наследникот на вечната икона и на својот татко Боб Марли со чии песни всушност и настана овогодишното фестивалско мото „EXIT Freedom“ (Егзит слобода)! Покрај него пристигнуваат и најголемите хитови во овој момент, кои ги носат актуелните ѕвезди како што се во моментов најбараната рок кантавторка Aлис Мертон (Аlice Merton), хитмејкерот во стреловит подем Џекс Џонс (Jax Jones), популарното рок-хаус дуо „Офенбах“ (Ofenbach), ориенталниот хаус маг Махмут Орхан (Mahmut Orhan) и сопственикот на најзаразниот клупски хит на денешницата Бурак Јетер (Burak Yeter)! На тврдината во јуриш се упатуваат и жестоките бендови како што се американските рап-хардкор родоначалници „Дог ит дог“ (Dog Eat Dog), новите британски панкери без влакна на јазикот „Слејвс“ (Slaves), легендарните германски хеви-металци „Грејв дигер“ (Grave Digger), бостонските хардкор херои „Слепшот“ (Slapshot), бруталните бристолските панкери „Ајдлс“ (Idles), живата метал икона „Есфикс“ (Asphyx), најголемиот Моторхед трибјут-бенд „Бомберс“ (Bombers), како и бројни други со намера сериозно да згрмат од бините „Фјужн“ (Fusion) и „Експлозив“ (Explosive). Прв кој ќе ја најави овогодишната исклучително богата и разновидна програма на главната бина на Петроварадинската тврдина ќе биде живиот реге-крал Зиги Марли! Иако неговиот татко е кралот Боб недопирлив на својот вечен, небесен трон, најстариот син Дејвид Неста, кому му го даде надимакот Зиги по тогаш актуелниот псевдоним на Дејвид Боуви, го зголеми семејното наследство со неверојатни 27 албуми и рекордни осум награди Греми, што на ниту еден друг реге-музичар не му успеало пред него. По повеќе од три децении на сцената, Зиги Марли е неприкосновена инкарнација на јамајканскиот реге-лав, кој покрај пренесувањето на музиката ширум светот, ја води и големата хуманитарна организација U.R.G.E. која помага на децата во Јамајка и Африка.
На главната бина доаѓа и незапирливата рок-авторка на новата генерација Алис Мертон, чија химна „No Roots“ силно одекна како еден од апсолутните хитови кој ги покори прво европските, а потоа и американската топ-листа! Канаѓанката која пораснала во Германија и Англија, за своите 24 години, се преселила дури 12 пати во 11 различни градови, за токму со автентичната приказна за номадските искуства да го освои светот и да го промени животот речиси преку ноќ. Неверојатно е дека скоро сите водечки светски фестивали оваа година ја поканија да настапи, а од нејзиниот прв албум се очекува да ги сруши сите рекорди на продажба на првенец, токму како што тоа лани го стори „Рег-ен-боун мен“, а чиј денешен статус е зацементиран во светските хедлајнери.
Хитовите во Нови Сад ги носи и хаус ѕвездата Џекс Џонс, чиј сингл „You Don’t Know Me“ е номиниран за БРИТ наградата откако веќе година дена не се симнува од радиските бранови, а неуморниот Англичанец веднаш продолжи со подеднакво заразниот хит „Instructions“ на кој гостува Деми Ловато. Феноменот продолжи и со актуелниот сингл „Breathe“, а неговата соработка со Дјук Думонт на хитот „I Got U“ на двајцата им донесе номинација за Греми!
Како е тоа својата песна да ја слушаш на секој чекор, одлично знае и францускиот диџеј-дует „Офенбах“, без чиј хит „Be Mine“ не беше можно да се замисли ова лето! Идејата да го спојат рокабили звукот со хаус-музиката внесе вистинска свежина во летните месеци, а нивниот актуелен хит-сингл „Katchi“ ги загрева зимскиве денови како во моментов една од најбараните светски песни на Шазам! А директно од морските фестивали „Си стар“ и „Си денс“ на главната бина на „Егзит“ стигнува и Махмут Орхан, творецот на мегахитовите „Feel“ и „Save Me“, но и на официјалниот ремикс на темата од серијата „Игра на тронови“, кој беше неизбежен летен хит на плажите во времето додека целиот свет на екраните ја следеше седмата сезона. Нему ќе му се придружи и подендакво бараниот хитмејкер од Амстердам, кој исто така има турско потекло, Бурак Хетер, чиј сингл „Yesterday“ речиси со хипнотичко дејство изби меѓу најслушаните песни во годината зад нас.
Фјужн“, една од омилените бини на фестивалот „Егзит“, ќе израдува со продорниот панк звук на исклучително актуелните гитарски бендови! Младите музичари „Слејвс“, на „Егзит“ ги носат енергетски преполните панк торпеда „The Hunter“, „Cheer Up London“, а овие денови го издадоа и третиот албум „Beautiful Death“. Бристолската панк сензација, бендот „Ајдлс“, која експлодира минатата година, ја освои публиката и критиката со првенецот „Brutalism“. Гардијан ги нарече фуриозни и возбудливи, „со гитари кои можат да го срамнат градот со земја“, додека Би-би-си ги вклучи меѓу албумите на годината. Колкав „бум“ направија, говори и фактот дека „Фу фајтерс“ неодамна ги повикаа да им бидат единствена предгрупа во лондонската арена „О2“!
Жестоко ќе биде и на бината „Екслозив“, позната по секогаш фуриозната програма, бидејќи публиката до срж ќе ја раздрма познатиот американски бенд „Дог ит дог“, кој мајсторски ги поврзува хардкор и рап звукот, германските хеви-метал пионери „Грејв дигер“, како и планетарно популарните „Бомберс“ – Моторхед трибјут-бенд чии членови се ѕвездите од светската блек метал сцена – Абат (Abbath) од поранешниот бенд „Имортал“ на бас, Tор (Тore) од „Олд фјунерал“ на гитара и Пез (Рez) на тапани! Меѓу експлозивните состави е и легендарниот бостонски бенд кој ги постави стандардите на хардкор сцената – „Слепшот“, и иконите на дет-метал сцената „Есфикс“, кои премиерно ќе настапат на овие простори! На фестивалот „Егзит“ стигнува и едно од најсилните панк психоделик имиња, „Хелфрикс“ (The Hellfreaks), метал-индустријал составот од Словенија „Ноктиферија“ (Noctiferia), рускиот готик-дум состав „Литл дед Берта“ (Little Dead Bertha) и најзвучното домашно метал-име „Стоун“ (The Stone)! На „Експлозив“ стигнуваат и нишките дум-метал пионери „Блади ’рт“ (The Bloody Earth), белградскиот панк состав „Погонбгд“ (Pogonbgd) и еден од најактивните млади метал-бендови на српската сцена „Немезис“ (Nemesis)!