его – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Jul 2023 11:22:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png его – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 6 лаги кои мажите редовно ги изговараат за да го „нахранат“ женското его https://arhiva.vistina.com.mk/6-lagi-koi-mazhite-redovno-gi-izgovaraat-za-da-go-nahranat-zhenskoto-ego/ Mon, 31 Jul 2023 12:20:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312151

Мажите главно знаат да лажат за да избегнат некоја голема кавга или испитување од страна на жените. Погледнете кои се најчестите мали лаги кои партнерот ќе ви ги каже само за да избегне конфликт со вас. 1. Само малку пиев Многу од мажите сакаат да излезат со своите пријатели, иако се во врски. Секако, постојат и оние кои одвај излегуваат некаде без својата партнерка, но тука станува збор за овие првите. Работата е во тоа што доколку вие го чекате дома, додека тој пие со своите пријатели и гледа натпревар, кога ќе се врати сигурно нема да сака да го дочекате со лут тон на гласот со прашањето: Каде си бил, што си правел, со кого и колку пиеше?, туку едноставно ќе ви каже дека испил малку, ќе ве бакне и ќе легне да спие. 2. Никогаш не гледам во други жени Како што ни тие не би сакале жените да гледаат во други мажи, така ни жените не сакаат тие да гледаат во други жени. Но, тоа едноставно е неизбежно. Кога ќе помине девојка со длабоко деколте и во хеланки тој мора да погледне,.Не грижете се, доколку гледа во некој тоа не значи дека ќе ве изневери или дека вие не сте му убава, тоа едноставно е посилно од нив. 3. Пораката ми ја испрати другарот Добил порака која му го сменила изразот на лицето. Сигурно ќе се запрашате кој е тоа, а тој ќе ви каже дека му испратил некој другар нешто иако во суштина тоа е некоја друга жена. Причината за оваа лага е за да не бидете љубоморни. Не е важно кој е, дали тоа е другарка или девојка која некогаш му се додворувала, тој секогаш ќе ви каже дека станува збор за негов другар. 4. Од кога сум со тебе, не гледам филмови за возрасни За многу од луѓето гледањето филмови за возрасни е како неверство. Зошто некој би го гледал тоа кога може сѐ да доживее во реалноста? Меѓутоа, некогаш се случува да имате циклус или едноставно не сакате да спиете со него, а нему баш му се прави таа работа. За да ја намали тензијата и нервозата тој ќе ги пушти филмовите за возрасни. 5. Да, целосно си во право Повторно станува збор за избегнување на кавга. Без оглед на тоа дали вие знаете дека не сте во право или сте убедени дека сте, сигурно тоа нема тој да ви го признае. Тврдоглави сме, тоа е сигурно, затоа подобро е да ви каже дека скроз сте во право и да ги зачува нервите, а да ви го нахрани егото. 6. И јас тебе те сакам Веројатно сте претпоставиле дека ќе има и ваква лага на списокот. Љубовта е комплицирана – сите ја сакаат, но не се целосно способни да ја дадат некому. А, зборот те сакам, не значи за секого исто. Тоа можеби значи дека е заљубен во вас или дека му се допаѓате многу, но не значи дека ве сака во вистинска смисла на зборот. извор:точка.ком.мк]]>

Македонските водителки со мудри мисли, предлози и препораки: Снеже Велков за егото и самобендисаноста, Сузана Турунџиева за флексибилноста и умереноста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-voditelki-so-mudri-misli-predlozi-i-preporaki-sneze-velkov-za-egoto-i-samobendisanosta-suzana-turundzieva-za-fleksibilnosta-i-umerenosta-foto/ Mon, 13 Jun 2022 10:25:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253942

Секој човек е индивидуа за себе, со свој карактер, свои навики, свои тертипи... Сепак постојат некои универзални правила на однесување, граници кои не смеат да се поминат, норми кое мора да се достигнат, за доволно успешен, а сепак доволно раат живот... така барем порачуваат познатите македонски ТВ водителки, од кои едната и фитнес инструкторка, а другата и пејачка и писаталека... Снеже Велков обожува да споделува мудри мисли и цитати, понекогаш туѓи, понекогаш свои... дали и лично ги практикува, и како стои на тоа поле ползувајќи го сопственот искуство - само водителката си знае. Она што сите го знаат е она што таа се обидува да им го посочи како рецепт за подобар и поспокоен живот. Последното нешто - цитати од една книга која и паднала в раце. Насловот  доволно говори сам по себе за што се работи - егото... Сите го имаме, секој жив човек, ама тоа  не значи дека и секој е егоист, иако за волја на вистината, секој од нас понекогаш е „его-тип“ во сопствениот „его-трип“!  Егоист или реалист, самобендисан или скромен, напорен или умерен... и уште сто и еден совет за тоа кој ста и кави (не)треба да бидете... По литературна препорака на Снеже Велков, која сами ќе си се препознаете каде припаѓате. Такава е барем нејзината топла препорака, откако како што самата вели, два пати ја прочитала книгата. Останува да одговори што во неа препознала дека кај неа преовладува?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Сузана Турунџиева меѓудругото е и самата писателка. Сакала или не дел од своите животни искуста сигурно ги преточила во своите дела.  Отааму и пораките и мудрите мисли кои Турунџиева не ретко знае да ги сподели на социјалние мрежи. Животот воопшто не ја галел и милувал, но сепак занае да го живее со „полни гради“, онака како што треба и секој заслужува. Се рабира во границите на возможното и реалното,  во баланс и хармонија на својот внатрешен и оној надворешниот свет.
„Границите служат за да се означи местото каде завршува внатрешниот, а започнува надворешниот свет. Ако се многу цврсти и строги, умее да боли, ако се лабави, умее уште повеќе да боли... Мерката е во флексибилноста, умереноста, а тоа се учи и усовршува“ - порачува Турунџиева.
Колку умеете самите да ја најдете мерката, зависи од тоа колку сте научиле и сте се усовршиле тоа да го практикувата... До душа во зависност во каква држава и каво опкружување живеете. Бидејќи за некои состојби - нема граници! Зашто ако ги имате - е погубно... За вас самите, секако! Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze/suzana_turundzieva      ]]>

Сакате да го научите да биде подобар во кревет без да го повредите неговото его? https://arhiva.vistina.com.mk/sakate-da-go-nauchite-da-bide-podobar-vo-krevet-bez-da-go-povredite-negovoto-ego/ Thu, 10 Sep 2020 13:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166526

Повеќето луѓе се сметаат себеси добри во кревет.. На крајот на краиштата, понекогаш е лесно да се види дали вашиот партнер навистина ужива. Но, тогаш доаѓа ситуацијата (особено кога станува збор за вашиот прв секс), кога работите не одат како што замислувавме. Една корисничка на Reddit се најде во токму таква ситуација и своето искуство го сподели со другите следбеници. Имено, нејзиниот партнер не само што бил лош во кревет, туку и лошо се бакнувал, и тоа треба, како што вели, да биде нејзиниот прв сигнал дека нема сè да оди како што замислувала. Отпрвин, тој не можеше да го најде вистинското место, а поголемиот дел од времето „триеше“ на неа. Му предложи да го намести со рака, за да му биде полесно, а исто така и затоа што веќе и беше непријатно. После тоа, тие ја продолжија и ставија крај на врската, но не ја повторија уште еднаш. Како што вели, единственото нешто во што навистина бил добар е орален секс, но сè друго било крајно лошо. Таа ги замолила своите придружници на Редит да и помогнат да му кажат дека е лошо во кревет или барем да му помогне да се подобри без да го навреди. Еден корисник рече дека би било добро да се обиде „Ајде да се обидеме на овој начин / ми се допаѓа на овој начин“ наместо „Не прави го ова или она“. Од друга страна, голем број луѓе се согласија дека искреноста е добра. „Што се однесува до мене, девојчето ми рече да ги мрдам само колковите, наместо целото тело. Ја ислушав и сфатив дека навистина ужива кога почна да стенка. Само искреност! “ – напиша еден. Исто така, корисниците се согласуваат дека пристапот треба да биде насочен кон тоа што сакате и што сакате, а не кон она што тој го прави погрешно. Сексот е чувствителна тема за многумина, а спомнувањето и на најмалиот проблем може да и наштети на другата страна. Од друга страна, ако не уживате во врската, секако дека треба да зборувате за тоа, но да изберете зборови. Една од клучните работи се разликите во возраста. Од една страна, 35-годишен маж, на пример, ќе реагира многу полесно отколку 18-годишно момче, чиј предлог дека е лош во кревет може целосно да ја уништи неговата самодоверба. Еден корисник одговори на темата велејќи дека најдобро е да се започне со „Сакам кога вака ме бакнуваш… (па затоа се појави)“. Инструкциите како „Истрај, забрзај, направи го тоа на тој начин“ може да бидат од голема помош за време на врската. Нервозата и возбудата понекогаш можат да бидат она што ве спречува да уживате. Релаксација, смеа … може да го олеснат сексот без проблеми. Некои корисници исто така сметаат дека користењето на експлицитни зборови е добро за либидото и дека на мажите ќе им биде многу полесно да слушаат каков било предлог, бидејќи се возбудени. извор:попара.мк]]>

Хороскопски знаци со најголемо его https://arhiva.vistina.com.mk/horoskopski-znaci-so-najgolemo-ego/ Tue, 10 Apr 2018 10:50:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19697

Иако станува збор за една од најнепожелните карактерни особини, сепак себичноста е карактеристика што природно им доаѓа на повеќето луѓе. Себичноста е природна реакција и варира кај секој човек. Додека некои луѓе се како Џои од „Пријатели“ и не сакаат да ја делат својата храна, други се како Барни од „Како ја запознав мајка ви“ и тие секогаш се фокусирани само на себе, поради што ги нервираат сите околу нив. Во ред е да се биде себичен, сѐ додека тоа не премине во егоцентризам. Егоцентричните луѓе ги гледаат работите само од своја лична перспектива, бидејќи во нивниот ум тие се најинтелигентните и најубавите луѓе на Земјата. Според астрологијата, некои хороскопски знаци се поегоцентрични од другите. Ако го пронајдете вашиот знак меѓу следниве 5, немојте да се чувствувате лошо, бидејќи, сепак, тоа е само мислењето на ѕвездите…

Овен

Кога припадниците на овој знак сакаат нешто, подготвени се да сторат сѐ за да го добијат тоа. Овните се родени лидери, поради што веруваат дека светот е нивен и дека сѐ треба да се одвива онака како што тие си замислиле. Тие се многу независни и секогаш го прават она што ним им се допаѓа, без да ги земат предвид туѓите мислења и чувства. Не се запознаени со емпатијата и многу ретко можат да се стават во туѓи чевли за да видат како нивните дела влијаат врз другите. Исто така, Овните се лутат веднаш штом се почувствуваат малку непријатно. Овенот со право е прогласен за најголемиот егоист во зодијакот.

Лав

Лавовите се искрени, директни и лојални, но мислат дека целиот свет се врти околу нив. Благодарение на нивната ведрина, тие влијаат позитивно на сите луѓе кои се дружат со нив. Нив ги води срцето, а живеат за љубовта. Но, не е сѐ толку розово. Лавовите многу лесно можат да се навикнат на комплиментите и да се претворат во егоцентрични личности. Иако се храбри, бестрашни и способни, тие имаат огромно его и ненаситен глад за внимание. Токму затоа, одвреме-навреме Лавовите знаат да бидат многу напорни и здодевни.  

Скорпија

Скорпиите припаѓаат на онаа група луѓе кои мислат дека целиот свет се врти само околу нив. Тие се толку егоцентрични што ако почнете да разговарате на одредена тема и тие сфатат дека знаете повеќе од нив, ќе почнат да ги користат своите манипулативни вештини за да го пренасочат разговорот, но притоа ќе ја задржат смиреноста и нема да покажат никакви знаци на лутина. Скорпиите сакаат да делуваат мистериозно, но вистината е дека се огромни егоцентрици. Освен тоа, тие се љубоморни, посесивни, параноични и сакаат да контролираат до таа мера што можат да го исплашат и најхрабриот човек на Земјата. Знаат да бидат и безобразни без никаква причина.

Близнаци

Нема сомнеж дека Близнаците се духовити, забавни и интересни. Но, можеби веќе знаете дека тие постојано го менуваат своето мислење. Приземните Близнаци лесно можат да станат егоцентрични и да мислат дека тие се центарот на универзумот. Кој ќе се обиде да го негира тоа, веднаш ќе биде избришан од нивниот живот. Никогаш не се грижат премногу за другите луѓе, затоа што веруваат во своите комуникативни вештини и секогаш имаат долга листа на контакти за да можат да ги заменат оние кои не им се потребни повеќе. Накратко, Близнаците никогаш не прифаќаат помалку од она што мислат дека го заслужуваат, а тоа е прилично блиску до совршенството. Тие не бираат средства и не ги земаат предвид туѓите чувства кога сакаат да го добијат она што си го зацртале.

Бик

Бикот е несомнено еден од најчувствителните, најлојалните и најемпатичните знаци во зодијакот, но тој е исто така познат по својата склоност да се фокусира самиот на себе. Биковите се практични и најмногу од сѐ бараат сигурност и стабилност. Токму затоа, тие може да станат алчни и материјалистички ориентирани, а понекогаш и егоцентрични. Не можат да ја поднесат помислата на несигурен живот, па за да го добијат она што го сакаат, почнуваат да се однесуваат многу себично. Освен тоа, Биковите може да станат многу посесивни и претерано заштитнички настроени, но со добри причини. Не постојат луѓе кои не им се важни. Егоцентричното однесување на Биковите е најочигледно кога се вљубени. Меѓутоа, тие се многу лојални и не постои нешто што не би го направиле за личноста која ја сакаат.]]>