егеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:40:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png егеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник: Снеже Велков „на старост полуде“, ги измеша православните празници или побрза да ги слави Водици? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plivashe-po-krstot-zashto-toa-ne-e-toj-praznik-ama-satisfaktsijata-e-pogolema-da-se-kapesh-na-badnik-snezhe-velkov-na-starost-polude-gi-izmesha-pravoslavnite-praznitsi-ili-pobrza-da-gi-slavi-vodits/ Fri, 19 Jan 2024 09:31:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334710

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка Снеже Велков дефинитивно има ако не чудни, во најмала рака необични навики. Особено за поедини празници, кога навиката и преоѓа во ритуал, голем или мал - сеедно... Важно е да се остане посветен на замисленото и секако, да се реализира истото. Достојна на традицијата водителката остана и годинава. Летото оддамна заврши, новото е далеку, но не и за Снеже Велков. Празниците за и по Нова Година нудат низа неработни денови, што се згодна прилика да се замине некаде до дома, доколку се може. А кај Снеже очигледно се има и се може, па водителката за деновите на Рождеството Христово заврши на морето во јужното соседство. Прошетките крај брегот, благата морска клима и убавиот поглед на Егејското синило се доволни за сите да ги наполнат батериите, но не и за Снеже. Она што ја исполнува русокосата убавица е јануарска авантура во вид на зимско капење. Студената вода за сите смрзнувачка, за водителката предизвикувачка... Иако навидум слабичка и нејака, она што на сите други би им било тешка мака и ни за жива глава не би го направиле, таа го направи со невидена леснотија, па за миг русокоста и големата вода како едно се сплотија. Принципот едноставен, без многу филозофија: Одиш, влегуваш, се смрзнуваш, излегуваш... До душа, процедурата претходно малку покомплицирана, ама штом се сака - не е тешко. Го соблекуваш дресот, покажуваш мускули колку си „развиотка како мотка“, па правиш „Кип на слободата“ поза за селфи фотка, по што следи молитва за не дај Боже, па разгибување против грчеви и... Еден, два, три... Снеже  им се фрли во прегратки на морските бранови! Но, неееее... Не пливаше по крстот, зашто тоа не е тој празник, ама сатисфакцијата е поголема да се капеш на Бадник! Снеже Велков со победнички кренати раце на излегување од ледената вода сподели бакнежи и ги остави сите во прашалници: Дали на старост полуде, случајно ги измеша православните празници или намерно побрза предвреме да ги слави Водици? Што и да е... “Нема голема филозофија, ама голема сатисфакција и насмевка и радост, а  најважно чуството на победа“ - што би рекла водителката! За многу години и Бадник и Божиќ отпосле и сега Водици! Или се' на се' - Среќни празници!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Лила „рола“ на кабел… пардон, на глисер по Егејот со познат македонски бизнисмен (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-rola-na-kabel-pardon-na-gliser-po-egejot-so-poznat-makedonski-biznismen-foto/ Fri, 23 Jul 2021 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212247

Лила Филиповска максимално го користи летото за одмор, релаксација, сончање, пливање, уживање... од секаков вид! Малку во Охрид, малку во Грција, најпознатата македонска ТВ водителка не пропушта да го надополни сето она што коронапандемијата и неа и на сите нам ни го одзема, повеќе од една година. Објавите на социјалните мрежи на кои Лила „кисне“, зашто впрочем тие и се полигон или поточно алатка за екстра заработка, покажуваат дека водителката не оскудева од ништо, што може да си го приушти сама или да биде почестена како дама, од некој кавалер. Од прошетките по Солун кој за жал „не е наш“, ама затоа Лила е, преку долгите сончања и опуштени уживања на грчките песочни плажи, до крстарењето со глисер по Егејот. Стилски дотерана и тип-топ средена од глава до петици, од брендирани костими за капење до најситни дребулии и аксесоари, Лила пали и жари во секој поглед и прилика.  Како што гласи името на познатиот моден бренд „Victoria secret“, чии производи и водителката патем практикува, така и Лила има свои тајни, кои на моменти стануваат и јавни. Така, официјално за Грција на море водителката замина со Спасе - Рола, нејзиниот постојан придружник, помошник и колега од ТВ Сител, познат како презентер на временската прогноза. Но, она што Лила го сподели како моменти на морско задоволство и уживање, покажува и нешто друго. Дека водителката на „Се' или нешто“, е во нешто поинакво друштво. Лила „рола“ на кабел... пардон, на глисер по Егејот во друштво на познатиот македонски бизнисмен, штипјанецот Роберт Димитров, сопственик на најголемата македонска кабловска ТВ мрежа „Телекабел“, човек за кој се зборува дека има свои бизниси и во Грција, како и тоа дека е ко-сопстевник на една позната дискотека на Халкидики. Средбата случајна или договорена - тоа е веќе лична работа на двете јавни личности. Она што е евидентно се забавата, ќефот и уживањето, пуштени на „најсилно“... Барем кога е дневната шема во прашање. А штом сонцето зајде зад хоризонтот на морската егејска шир, е тогаш животот се живее „во поинаков манир“... Како? Прашајте ја Лила!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Само, додека водителката ја врши својата летна детоксикација на умот и телото и телефонскиот именик, внимавајте со прашањето да не влетате во “незгодно клише'„ , па и вас од контакт листата... да ве избрише! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska]]>

Среде Грција им ја запеа „Велат не нема, ама еве сме…“: Влатко Миладиновски го крена Егејот на нозе (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/srede-grcija-im-ja-zapea-velat-ne-nema-ama-eve-sme-vlatko-miladinovski-go-krena-egejot-na-noze-video/ Sat, 29 Dec 2018 11:57:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65472

Влатко Миладиноски деновиве заедно со групата „Интермецо“, гостуваше кај нашите Македонци кои живеат во Егејскиот дел на Македонија на северот од Грција. Тој во преполната сала направи извонредна атмосфера откако го запеа неговиот голем хит “Велат не нема”.
Изненадувачки е тоа што многубројната публика, во која што имаше и голем број млади луѓе, запеаа во еден глас заедно со Влатко. И старо и младо станаа и се фатија на оро заедно да заиграат.
Македонец среде Грција им ја запеа “Велат не нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме”. Каква атмосфера направи нашиот Влатко Миладиноски при неговото гостување кај нашите Македонци кои живеат во соседната земја, погледнете од видеото! https://www.youtube.com/watch?time_continue=70&v=oVnRSx23J_E    ]]>