едукација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 May 2022 07:53:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png едукација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што чита новата девојка на Дарко Спејко: Хрисанта дава или зема часови по, знаете веќе што…? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-chita-novata-devojka-na-darko-spejko-hrisanta-dava-ili-zema-chasovi-po-znaete-vekje-shto-foto/ Thu, 12 May 2022 07:51:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249933

Летото наближува, време е да се размислува за годишни одмори, но и  зачестени викенди зашто временските услови се се подобри, а деновите подолги  и посончеви! А моментите за време на престојот  во природа и особено на плажа, меѓу остананатото можат да се пополнат со читање книга. нешто што неретко го гледаме додека на пример се сончаме покрај морскиот или езерскиот песочен брег. Книгата велат е најдобриот нематеријален човеков пријател и не се далеку од вистината. Единствено останува дилемата кој колку и особено кој што чита? Какво четиво, која литература? Новата девојка на „Големиот брат“ од Куманово, Дарко Спејко не е исклучок од кажаното, зашто барем споделеното на нејзиниот Инстаграм, Хрисанта Монева меѓу другото е и голем љубител на книгата! Во се која можна пригода, особено во природа или на плажа долгоногата убавица се дружи со книгата... Така барем покажува! Атрактивната пробиштипјанка  чекаше да дојде саемот на книгата  за да го прошири својот избор на омилена литература, која ја релаксира и забавува, но која може и да едуцира и од неа многу нешта  да се научат! Особено ако одбраната литература е со  содржина која ги третира машко - женските односи... Како и да е, литературниот избор на русокосаа убавица овој пат ем поучен, ем практичен.  До душа не е баш „Камасутра“ во прашање, ама не е ни „мало сутра“... Што можеш денес, не оставај за утре... Меѓудругото и кога е во прашање читањето, а и практикувањето на прочитаното. Единствена дилема што тоа ова лето ќе чита Хрисанта, самата ја расчисти, па на својот профил на социјалните мрежи го понуди одговорот: Хрисанта ја чита „Часови по секс“! Случаен или намерен избор, можеби предлог од некого? Ако не ја знаете содржината на книгата веднаш ќе се запрашате, има ли можност од истата нешто да се научи, па практично да се  примени? И ако е така, кој кого ќе едуцира? Хрисанта е подготвена да дава или да зема часови по... знаете веќе што? Спејко до сега, барем на објавените фотографии покажа дека е прилично „едуциран“ по тоа прашање! Та не би бил тој што е, да нема свој стил во љубовно споделување на емоциите и особено страстите. Усталена практика која одамна ја практикува уште со бившите…! А и Хрисанта од досега споделеното, изгледа дека бргу се вклопила во усталеното! Така барем и самата покажа во неколку наврати … И на отворен и во затворен простор! Оттаму чуди и изборот на книжевното дело на русокосата убавица, кое ако не сте го прочитале, еве мал вовед за што се работи, што тоа пишува во неговата содржина: Како и да е, најважно е да се чита. Што и да прочиташ, побогат си за едно знење, за едно искуство, какво и да е... Впрочем, никогаш не се знае, кога ќе ти притреба!? Фото: Архива + Инстагрма принтскрин/hrisantam]]>

Др. Симона Поповска се сети како да ги „инјектира“ животните принципи во професијата: Исто како кога бираш партнер – доволно едуцирај се пред да избереш! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dr-simona-popovska-se-seti-kako-da-gi-injektira-zivotnite-principi-vo-profesijata-isto-kako-koga-birash-partner-dovolno-educiraj-se-pred-da-izberesh-foto/ Wed, 24 Feb 2021 09:59:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191130

Денес е време кога за убавина пари не се жалат, зашто очигледно во „новото нормално“ убавината  се' повеќе се цени, се почитува и вреднува, многу повеќе од умот. Барем кај нас, а и во опкружувањето не е нешто многу поразлично, па дури и во светот. За неа се живее, ама од неа може и добро да се живее. Тоа се' повеќе го докажуваат и оние кои убавината ја „продаваат“, но и оние кои ја создаваат или коригираат. Затоа убавата охриѓанка со скопска адреса на живеење, пејачката и лекар Др. Симона Поповска се' повеќе и се посвети на нејзината професија - медицината, или поточно нејзината специјалност- дерматологијата каде, како што и самата се декларира, важи за овластен естетски инјектор. И како што естетската хирургија станува се' попопуларна, а нејзината примена се' поширока, така и конкуренцијата станува се' поголема. Затоа Симона се сети како да ги привлече своите пациенти, пардон - клиенти, за  да не згрешат во изборот, па изборот да им биде таа и нејзините естетско-медицински услуги. Пејачкта - лекар веројатно од музиката научила дека  рекламата и добриот ПР отсекогаш биле половина успех, па затоа реши истата формула да ја примени и во својата, сега примарна професија, естетската медицина. Социјалните мрежи и онака се ем гратис, ем во мода, па  просторот за маркетинг на нив дава неограничени можности...Само треба да откриеш како? Која е вистинската формула? Затоа, Др. Симона им понуди „слатка рекламна бомбона“ на идните клиенти, во која ги вгради токму најважните животни компоненти, по принципот: Кога бираш естетски доктор е исто како кога и бираш маж -  доволно едуцирај се пред да избереш! Па рекламата ја поставила на истите оние женски принципи, преточувајќи ги во шест (6) совети за совршен избор: 1)  Не ви е гајле за вашата безбедност?    ( И со мажот со кој треба да бидете е исто, зарем не?) 2) Не ве интересира дали вашиот доктор има искуство или не? (Што секако важи и за партнерот кој ќе го изберете) 3) Повеќе сакате да „платите помалку“ отколку да имате некој што истражува и постојано учи во својата специјалност? (Само што во животот „плаќањето“ доаѓа отпосле, и не е само во пари, туку може да ве чини многу, мноооогу... поскапо) 4) Се јавувате на сите можни места за да ја пронајдете „најдобрата зделка“ за естетски третман, но всушност не прашувате ништо за лицето што ќе ве работи? (Се сеќавате на „скитањата“ од младоста, од кафуле до кафуле, од кафеана до кафеана, од клуб до клуб... Од партнер до партнер, нели?)  5) Мислите дека сите филери во основа се „исти“ и не вие гајле каков материјал внесувате во себе? (Уффф... во животот многу е важно каков материјал внесувате во себе... Зашто е „генетски“!) 6) Вие не сакате доктор кој ќе бара решение за вашите грижи, ќе направи секогаш да се чувствувате приоритетни и најважно ќе ве СЛУША!? (Митот за совршен партнер дома, а всушност сосема поинаква личност надвор, на работа... воопшто... „друга личност“. Во суштина, она кога покрај себе имате „непознат човек“, а мислите дека имате совршенство). И ајде кажете после дека не треба да бидете доволно едуцирани пред да изберете?  Партнер или лекар - сеедно?! За да не ти се случи подоцна да испаднеш „тежок пациент“... Без да си знаел! Како и да е, ова се медицинските препораки на Др. Симона Поповска... Веројатно се придржувала кон истите шест (6) совети за совршен избор и кога бил изборот на нејзиниот животен партнер во прашање!? Фото: Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial
   ]]>

„Дајте музика“: Ако на вашите деца им е досадно во изолација, пуштете им го овие видеа со важни пораки https://arhiva.vistina.com.mk/dajte-muzika-ako-na-vashite-deca-im-e-dosadno-vo-izolacija-pushtete-im-go-ovie-videa-so-vazni-poraki/ Thu, 26 Mar 2020 12:59:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141705

Гледаа ли вашите дечиња „Дајте музика“? Дали се досадуваат во изолација? Главните јунаци на „Дајте музика“ снимија видеа со пораки за тоа како да се поминат овие денови во изолација. Пуштете им ги овие пораки на вашите деца, ќе се забавуваат и ќе научат нешто. Содржат навистина добра забава и корисна едукација за времето во изолација. Видеата се превземени од Фејсбук страницата на „Дајте музика“.]]>

Меѓународно признати вински сертификати за вински професионалци и ентузијасти конечно и во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/megjunarodno-priznati-vinski-sertifikati-za-vinski-profesionalci-i-entuzijasti-konechno-i-vo-makedonija/ Thu, 28 Feb 2019 15:10:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75320

Македонија со свој едукатор станува дел од престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET - Wine and Spirit Education Trust Македонија, од неодамна, се придружи на глобалната мрежа од над 700 вински едукатори (APP – Approved Program Provider) и стана една од 70-те земји кои имаат свој овластен претставник и едукатор на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET - Wine and Spirit Education Trust. WSET квалификациите се глобално познати како интернационален стандард за винско знаење и „возачка дозвола“ во светот на виното. Петар Величковиќ и неговата школа Wine Way, по долготрајни подготовки и со успешно завршување на ригорозната програма за WSET едукатор – минатиот месец станаа официјални македонски претставници на оваа глобално призната едукаторска организација. Првите курсеви се закажани на 6-ти Април. Рокот за пријавување е 20-ти март, а бројот на местата е ограничен. Ќе бидат одржани курсеви од прво и второ ниво, за кои е потребно само љубов кон виното, не и предзнаење.
Високите стандарди на Лондонската школа ќе овозможат на македонската винска сцена да се изградат вински познавачи кои ќе го зборуваат интернационалниот јазик на виното. Создавањето на нови вински ентузијасти, едуцирани вински работници и вработени во угостителството, дирекно ќе влијаат на развојот на домашната винска индустрија и винската култура воопшто во земјата. Повеќе информации за едукативното тело и WSET обуките, како и детали за курсевите кои Wine Way ги нуди, можете да најдете на нивната веб страница wineway.org­­­­.]]>

Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.vistina.com.mk/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70591

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>