ЕДУКА МАК – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 May 2018 10:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ЕДУКА МАК – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промоција на македонска илустрирана енциклопедија за деца на Саем на книга https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-makedonska-ilustrirana-enciklopedija-za-deca-na-saem-na-kniga/ Thu, 03 May 2018 08:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24832

„Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ од авторките м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова ќе биде промовирана на 7.5 (понеделник) во 10 и 30 часот, во рамки на 30-тиот по ред „Саем на книга“. Промотори на енциклопедијата се  проф. Д-р Христо Петрески и учениците од ОУ„Кузман Ј. Питу“ Општина Кисела Вода од Скопје и децата од градинката „13 Ноември“ од Скопје. Во неа се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини, како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.
Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата. Идејно-концепциската и содржинската структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца. Рецензенти на енциклопедијата се  проф. д-р Татјана Котева - Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска - Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет, како и на д-р Христо Петрески, писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.]]>

„ГАТАНКИ погодувалки – пишувалки“, најнова книга за деца од Ели Маказлиева, во издание на ЕДУКА МАК https://arhiva.vistina.com.mk/gatanki-pogoduvalki-pishuvalki-najnova-kniga-za-deca-od-eli-makazlieva-vo-izdanie-na-eduka-mak/ Fri, 30 Mar 2018 17:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18786

„Гатанки погодувалки – пишувалки“ од Ели Маказлиева е  најнова книга чија содржина е мотивирана од древниот литературен жанр гатанки, чиј извор е во фолклорот, и спаѓа во една исклучително дефицитарна област - литература за деца. Авторката верна на своето длабоко познавање на сензибилитетот на современото дете, го доближува на децата овој краток древен фолклорен жанр - гатанките. Книгата е изобилие од свежина, висока и софистицирана инвентивност и креативност, која на оригинален, пристапен и интерактивен начин ги активира најмладите читатели, ја буди и ја поттикнува нивната мисловна активност. Преку строфи од по четири или повеќе стихови (кои во себе содржат „јадро“ кое всушност е латентно метафорично прашање), кои се во совршена синергија со илустрациите и  кои упатуваат на метафоричниот поим се поттикнува когнитивното мислење кај децата. Одговорот суптилно ги насочува децата кон вистинскиот поим кој треба да се погоди и внесе во соодветни графички прикази - графизми кои се важен дел на процесот на растолкување на поимот, во кои треба да се впише точниот одговор. Интеракцијата – како суштински сегмент на овој проект подразбира процес во три етапи: кодирање на пораката (гатанка) – декодирање на пораката или устен одговор (погодувалка) – внесување писмен одговор (пишувалка). Оваа „скала“ на нивоа од домените на развојот на детето се дополнува уште со две етапи – боењето (развој на графомоторика)  и проверката на точниот одговор - гатанката на крајот од книгата. Во оваа ретка книга како по својата концепција, така по структурата, свое место ќе најдат поимите кои му се блиски на детето и со кои секојдневно се среќава. Рецензии за книгата напишаа: проф.д-р Кристина Николовска и проф. Д-р Јованка Денкова. Илустрациите се на Игор Јовчевски.]]>

Нова книга за деца – за прв пат кај нас! „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“. https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kniga-za-deca-za-prv-pat-kaj-nas-makedonska-ilustrirana-enciklopedija-za-deca/ Wed, 20 Dec 2017 13:10:23 +0000 http://vistina.mk/?p=7300

Деновиве во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје, излезе од печат првата „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“  одавторите: м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова, а илустрациите се на Игор Јовчевски. Оваа енциклопедија според својата оригиналност и единственост е прва од ваков вид во Република Македонија и е оригинално дело на тим македонски автори. Рецензијата е доверена на проф. д-р Татјана Котева- Мојсовска и  проф. д-р Сузана Никодиновска- Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет како и на д-р Христо Петрески – писател, поет, есеист и книжевен теоретичар. Енциклопедијата има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата за себе и својата татковина и првенствено  е наменета за деца од 5 до 10 годишна возраст, но има можност да ја користат сите деца и помалите и поголемите. Содржините на ова уникатно дело имаат за цел, исто така, да влијаат на децата врз формирањето на сликата за себе , како и врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет.  Дотолку повеќе што ова дело е создадено  од автори кои ги познаваат детските развојни карактеристики и потреби. Во неа се обработени  39 тематски содржини кои даваат основни информации за татковината – Република Македонија, за нејзините убавини како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.
Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот  на енциклопедијата. Идејно-концепциската  и содржинската  структуираност на тематските содржини- од попросто кон посложено, дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи  драгоцен придонес во литературата за деца. …„Почитувајќи ја идејата на авторката м-р Ели Маказлиева , да се направи едно вакво дело како и на нејзината долгогодишна и целокупна пишувачко-педагошка работа  во областа -литература за деца и млади, сметам дека со  ова дело е направен многу сериозен, но одличен обид да се создаде ваква книга – енциклопедија за деца, создадена со мајсторство, многу оригинална, уникатна и дефицитарна“…- меѓу другото напиша Христо Петрески во својата рецензија. Првата „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“  ќе биде промовирана во петок на 22.12.2017 година.]]>