една душа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Apr 2022 12:39:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png една душа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефанија и Владимир две тела споени во една душа во – „Ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-i-vladimir-dve-tela-spoeni-vo-edna-dusha-vo-mi-falish-video/ Wed, 20 Apr 2022 05:38:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247190

Новата песна „Ми фалиш“ на македонско – српското дуо Стефанија и Владимир, е петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019-та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста. Песната е преполна со емоции кои ги предизвикува секоја разделба помеѓу две битија. “Песната е поетично обраќање за силните чувства кои ги буди осаменоста. Потреба на сетилата од физичко присуство, допир и топлина за комплетно надоплонување на празнината која се јавува во душата. Болката носи во нова димензија каде започнува духовната поврзаност. Мислите се во потрага по сплотеност, а срцето чука во ритамот на вистинската љубов“, истакнуваат Стефанија и Владимир. Нивниот музички израз е рефлексија на нашето секојдневие. „Сметаме дека со јасно изразување на чувствата и емоциите, имаме лек за надминување на сите потешкотии. Видеото на песната има апстрактна форма која ја пренесува состојбата на душата при таа разделба. Секој момент кога сме заедно, го користиме за создавање и снимање на музика“, додаваат тие.   Песните ги издаваат како синглови. Досега имаат издадено 5 песни, на македонски, српски и англиски јазик: ,,Healer”, ,,Нешто”, ,,Од душата не ми бегаш”, ,,Snow” и ,,Ми фалиш”, а во процес на создавање се околу 25 песни. Љубители се на џез стандардите, па затоа од време на време споделуваат и преработуваат некоја нивна омилена песна. Целта им е, покрај нивната авторска музика, преку преработки, да ги зачувуваат вредностите на квалитетната музика, која едуцира, го изострува вкусот и поставува повисоко ниво на разбирање на самата музика. Таа е професионален џез и поп музичар, тој професионален кошаркар. Но она што ги поврзува Стефанија и Владимир е и здравиот начин на живот. За себе велат дека се спој на музика, спорт и здрав живот, така што најчесто се во сала, во студио, во природа или во кујна. „Нашите денови се претходно испланирани за тренинг, приготвуваме балансирана храна за целиот ден, држам часови по танц и пеење во „Анастасија Центар“, креираме авторска музика во нашето музичко студио „Welcome to Stefanija’s Music World”, а слободните денови ги користиме на планина за истражување на убавините на природата“, додава Стефанија. ]]>