една деценија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Feb 2024 09:27:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png една деценија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Гавазова славеше годишнина: Распеаната струмичанка ужива една деценија во брачна хармонија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-slaveshe-godishnina-raspeanata-strumichanka-uzhiva-edna-detsenija-vo-brachna-harmonija-foto/ Fri, 09 Feb 2024 09:26:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338130

Естрадните ѕвезди заради својоата професија имаат и специфичен начин на живот, кој неретко е далеку од хармоничен, особено кога е бракот во прашање. Иако не е секогаш баш така, најчесто за естрадните пејачки важи „непишаното правило“ дека сите ги посакуваат во кафеана, ама реткој кој ги сака за дома. Сите би сакале да бидат со нив „прилично блиски“ кога се проводот и забавата во прашање, ама мажите ги фаќа страв и паника од венчавка со пејачка. Затоа и кога некој ќе  одведе пејачка пред олтар, најчесто прогнозите се дека Божјиот благослов нема долго да трае, зашто каде и да е, младоженецот бргу ќе се покае! И во овие муабети колку и да има вистина, постојат исклучоци кои ја разбиваат фамата, ама пак од друга страна и го потврдуваат правилото. Како и да земете,  дека не е баш секогаш така како што се мисли, предвидува и зборува, покажуваат поедини примери во светот, регионот и секако кај нас. Сузана Гавазова е една од оние, чие естрадно име се врзува не само за успехот на естрадата на која со години царува, на моменти стоејќи дури и на самиот пиедестал како „прва естрадна дама“, туку и како вредна домаќинка, одана и верна сопруга и посветена мајка. Позната жена чија естрадна популарност не ја ни засенила, а камо ли уништила нејзината брачна реалност! Имено, струмичката фолк убавица откако пред десет години блесна во венчаница, цела деценија ужива и во брачната и семејна хармонија. Хемијата на сродните души, спојот на карактери, чувството за професијата со која се занимава неговата убава сопруга, разбирањето и флексибилноста... или некоја друга „скриена магија“ придонесуваат за стабилноста на бракот на Гавазова со нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, кому ова иако му е втор брак, овој пат му е и тоа како погоден. И нему и неа! Токму тие двајца ја прославија брачната годишнина со споделени спомени, букет, рози, вечера и здравица со чаши сортни вина... „Десет среќни години љубов моја... Нека ни се множат“ - споделила фолкерката на една своја Инстаграм приказна покрај најновата заедничка фотографија на двајцата сопружници. Колку за потсетување или компарација, Гавазова споделила уште една фотографија - онаа од пред една деценија, од денот кога нејзиниот сопруг и таа стапија во брак. Покрај честитките и желбите да им се множат годините, многумина тргнаа да прават споредба за тоа кој како изгледал тогаш, а како сега, од нив двајцата. Да не излезе дека држиме страна, ама евидентно е дека Сузана и тогаш, а особено сега е вистинска убавица. Физички не само што не се променила, туку наликува како да се подмладила, па сега, десет години подоцна изгледа дури и многу помлада отколку на денот на венчавката! А сопругот Јасмин...? Можеби малку со подпроретчена коса, прошарана со бели влакна и лик кој не е многу физички променет, иако на сегашната фотографија делува некако исцрпено и уморно. Добро, можеби е тоа заради „бурната прослава“ на годишнината, ама сепак, едно е сигурно: Да се биде покрај ваква расна убавица цела деценија, не е нималку лесна работа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Иако од ова - најново приложеното, а и од оноа порано виденото и од архивите изваденото, очигледно е дека сопругот Гавазова и тоа како добро ја чува. И неа и нивната брачна хармонија! Нека им е со среќа! Фото: Архива/ Инстаграм/suzanagavazova]]>