единствено чувство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Jun 2021 08:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png единствено чувство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На познатиот македонски камионџија и инстаграмџија Дарко Влогс ЕВН и БЕГ му се најдоа: Сметките за потпала, ефектот – за машала, а доброто гравче, надалеку се слуша… и чувствува! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-poznatiot-makedonski-kamiondzija-i-instagramdzija-darko-vlogs-evn-i-beg-mu-se-najdoa-smetkite-za-potpala-efektot-za-mashala-a-dobroto-gravche-nadaleku-se-slusha-i-chuvstvuva-foto/ Tue, 01 Jun 2021 08:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204946

Старите не попусто постојано велат: Деца, чувајте ги сметките, еден ден да не ви затребаат... Оти што знаеш, во оваа „луда“ држава, сешто може да ти се случи. Поучен од ова „свето правило“, познатиот македонски камионџија и уште попознат инстаграмџија Дарко Влогс, кој работи во САД, но во моментов е дома во Македонија, си ги сочувал фактурите за стуја, парно и останатите давачки, па дојде денот кога поуката од старите и тоа како му се најде. И тоа практично... Имено, Дарко и пајташите решија дел од времето да минат во природа, покрај Тиквешккото езеро.  Камион е камион, ама во езеро да влеташ, та било тоа и вештачко, а тоа да не е со глисер, па макар тој наликувал на малку посилен чамец,  исто како да не си „натурализиран Американец“. Нејсе, откако направија неколку круга, ја разбрануваа водата за поарно да работи хидроцентралата и ги исплашија рибите, риби не фатија... Арно ама, затоа досетливиот Дарко имаше алтернативна идеја. Гравче за ручек, сварено на отворено, во бакарно котле на оган во дворот на викендицата каде што отседнаа. А за гравче покрај мастраф и котле, ти треба и оган, ама и нешто за потпалување... Во викендица весници не се чуваат, а и се помалку се печатат и купуваат. Тоалетната хартија - дефицитарна, па греота да се троши и кога ќе видиш - не видиш, од хартија за потпала единственото што ти преостанува се сметките... За струја, вода, парно, телефон... што се нашло. Патем, уште ако се високи, а си морал да ги платиш, можеш да споиш и корисно и убаво... на душата. Со нив да го потпалиш огнот, а ЕВН, БЕГ и останатите... нека „горат во пеколот“! Нашиот камионџија, ем инстаграмџија, така реши и да направи.  На Дарко Влогс, ЕВН и БЕГ му се најдоа... Сметките за потпала, ефектот - за машала! Ниту градот што падна тој ден на Тиквешко не успеа да му ги „помати сметките“ и да му го расипе гравчето. Камионџијата добро знае дека во секоја манџа вкусот го дава запршката, само треба да внимаваш од која страна ќе ја фатиш дршката... на жешкото тавче со мастрафот, се разбира! А после тоа...  Доброто гравче, надалеку се слуша... и чувствува! А, чувството - единствено: Полн стомак и празна околина околу тебе... Во баеги широк радиус! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs]]>

Вака се буди Емилија Розман: Тазе невестата само по гаќички со единствено чувство за добро утро од спалната (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-se-budi-emilija-rozman-taza-nevestata-samo-po-gakjichki-so-edinstveno-chuvstvo-za-dobro-utro-od-spalnata-foto/ Mon, 10 Aug 2020 07:12:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162456

Македонскиот модел, мисица Емилија Розман го имаше можеби најнеобичното и најчудно стапување во брак. И секако убедливо најкусо од познатите личности беше во врска со својот сегашен сопруг, Стефан Ангелкоски, кога за само 24 часа од двајца кои воопшто и не се познаваат станаа прво инстант љубовници, а потоа и брачна двојка. Имено, Розман откако го запозна својот партнер, преку ноќ се сврши и официјално стана мажена жена. Емилија сето тоа го обзнани на социјалните мрежи, по што следуваше кусата  семејна веселба, повеќе свечен ручек за запознавање на семејствата,откако работата веќе беше завршена... И оттогаш штама. Госпоѓа „Розмантична“ ја снема од социјалните мрежи, се' до вчера... Но, со новиот ден, осамнаа и новите фотографии на „невестата“... И тоа онакви, какви што претходно Емилија неретко споделуваше: провокативни, кои ја скокоткаат јавноста и љубопитноста на сите што ги интересира приватноста на познатите. Но, за да не мораат да се распрашуваат и да се мачат да истражуваат и пребаруваат, Розман самата им приушти да ѕирнат во нејзината спална соба. Имено, убавицата сподели две фотографии на кои таа е прилично раскомотена... Или поточно доволно провокартивна и асоцијативна за тоа како тазе невестата ги минува првите брачни ноќи. На првата госпоѓа Розмантична, онака распослана на брачната постела, само во долна облека легната на стомачето уште еднаш го споделила сиот свој телесен раскош визуелно со јавноста... Во прв план покрај ангелскиот лик, она со што мајката природа ја надарила... На втората фотографија Емилија во истите невестински гаќички пред отворената балконска врата во стоечка поза која на многумина им буди копнежи и им ја бранува фантазијата, а само на еден  му ја разубавува стварноста. „Научив дека луѓето ќе заборават што сте кажале, луѓето ќе заборават на она што сте го направиле, но луѓето никогаш нема да заборават што сте направиле за да се почувствуваат вака или онака. Не смееме да дозволиме ограничените сфаќања на другите луѓе да не дефинираат“ - напишала Розман покрај фотографијата, а пораката... Кој ја разбрал - разбрал! Кој не, доволна му е фотографијата!   Првите денови во брачниот живот, особено ако тој започнува во исто време, паралелно со љубовната врска, се најслатки... Како првото сркнато лажиче од тукушто отворената тегла со медот, првата коцка од чоколадото или првата голтка уринско кафе... А госпоѓа Розмантична и нејзиниот брачен партнер тукушто започнаа да „сркаат од медот“. Обично по бурната ноќ доаѓа слатко будење и опуштено утро, со единствено чувство од брачната постела.   За нејзиното задоволство само невестата си знае, ама она на тазе младоженецот е евидентно... Впрочем, споделените емотикони под фотографиите на разголената сопруга, најдобро говорат за „единственото чувство“... од спалната!   Како беше она: „Кој си побарал, си земал...  И си добил“! ]]>

Спејко најде рецепт за врвна форма: Дење теретана, ноќе „тарапаана“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/spejko-najde-recept-za-vrvna-forma-denje-teretana-nokje-tarapaana-foto/ Sat, 21 Sep 2019 09:18:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108202

И покрај сите најави дека ќе биде дел од реалното шоу „Задруга 3“, Дарко - Спејко го нема во шоуто. Третата сезона веќе започна, а Спејко не е дел од „Задруга 3“. Не барем се' уште... Зашто како што е познато, продуцентите секогаш на лагер имаа резервна екипа, која трпеливо чека на „стенд бај“ во секој момент да влета во приказната и да им ги „измеша лончињата“ на „задругарите“. Но само кога продукцијата ќе почувствува потреба за „свежа крв“, која би ја зголемила возбудата кај гледачите и секако, гледаноста на шоуто. Во меѓувреме Спејко не запира, туку вредно тренира и се подготвува. Психофизички, се разбира, а особено физички. Кумановецот очигледно ја нашол формулата за успешно одржување на врвната форма. По приинципот на нашите гастрбајтери кога ќе отидат во странство: работа-дома, дома-работа..., така и Спејко го применува истиот рецепт, само во друго пакување:  „Sex - run, run-sex, sex - run“... И така до бесвест! А формулата повеќе од ефикасна, зашто „големиот брат“ укапирал како да ги спои врвната форма со врвното задоволство! До душа за таа цел не му беа потребни само теретана, шорцеви и патики, туку и нешто што после Љупка Митрова му недостасуваше, ама како што веќе објавивме неодамна, Спејко бргу најде алтернатива за струмичката модна блог дива. Така Спејко сам си го смисли рецептот за врвна форма: Дење теретана, ноќе „тарапаана“! Прво добра „гимнастика“, а потоа и малку акустика... Со песна и гитара до романтично задоволство за единствено чувство! Па, какој викав негови кумановци: „Какво радовање, такво сеќавање“! Затоа и ваквите ноќи - долго се паметат! А ноќите... филмски! Според она малку приложеното, не е тешко да се погоди и жанрот на филмот.... Ќе да е за возрасни! Ама, ако! Кога мислиш дека покрај себе ја имаш најдобрата „риба“, природно е друго и да не интересира! А и од „Задруга 3“ секој момент може да му се јават, па...  мора човекот да е спремен! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koja-e-devojkata-shto-mu-ja-pikna-rakata-dlaboko-vo-pantolani-na-darko-spejko-foto/]]>