еден бакнеж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 15 Jan 2022 08:31:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еден бакнеж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Дарко-Спејко и Хрисанта љубовта им блеска како лампионите на новогодишна елка: Еден бакнеж и желби рој… во скутот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-darko-spejko-i-hrisanta-ljubovta-im-blesja-kako-lampionite-na-novogodishna-elka-eden-baknez-i-zelbi-roj-vo-skutot-foto/ Sat, 15 Jan 2022 08:24:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233095

Две сродни души,  еден во друг „зацопани до уши“...  Дарко-Спејко и неговата веќе и не толку нова девојка Хрисанта.  Уште една најнова потврда дека кумановецот и пробиштипјанката се во серизона љубов,  доказ се најновите фотографии на двете вљубени гулапчиња. Имено,  Спејко со Хрисанта по неодамнешниот  „влажен викенд“ во најпознатото кумановско спа и присуството на една од предновогодишните прослави или веднаш по неа, одново покажаа колку се сакаат. Или поточно како се се љуби саканиот. Дамата прва се одважи да ја покаже својата љубов со еден бакнеж и (веројатно) желби рој, од кои првата самата си уште веднаш си ја исполни! Колку за да си ја исполни душата со љубовно задоволство! За да не испадне дека  споедулувањето на љубовта е едносмерно, само во еден правец, Спејко истата фотографија ја сподели и на својот Инстаграм, покажувајќи го своето задоволство со блажена насмевка и емотикон на срце во моментот на чинот на бакнежот. Арно ама, Спејко не би бил тој што е, да нема свој стил во љубовно споделување на емоциите и особено страстите. Усталена практика која одамна ја практикува уште со претходните... А, веќе ја покажа во неколку наврати и со новата девојка... И на отворено и во затворен простор! Впрочем, за секој успешен маж, заслужни се прегратките на згодна, убава и сексапилна жена… Особено ако таа ти е седната во скутот. Сепак, овој пат се чини дека е малку поразлично... Страста е силна, ама по се' изгледа дека не е само таа во прашање. Се чини дека овој пат љубовта сепак е посилна и преовладува. Барем кога е во прашање Хрисанта. Зашто, како поинаку да се протолкува истата страсна поза, со отворена љубовна порака на русокосата убавица седната во скутот на саканиот пастув: „Си го сакам“! - отворено си ја искажала својата љубов атрактивната пробиштипјанка кон кумановскиот заводник, чија љубов барем сега - засега, цвета... Или поточно блеска, како лампионите на новогодишната елка! Епа, нека е со среќа... И Новата година и љубовта во неа! Фото: Инстаграм принтскрин/hrisantam  ]]>

„Еден бакнеж“ – пејач(к)и рој: Теа во чест на Нина… и безброј сни за сите нас! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-baknez-pejach-k-i-roj-tea-vo-chest-na-nina-i-bezbroj-sni-za-site-nas-video/ Wed, 16 Sep 2020 08:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167095

Неодамна замина и таа, легендата на македонската староградска и забавна песна, единствената Нина Спирова. Испеа безброј староградски песни и новосоздадени шлагери, а нејзината интерпретација го остави можеби најсилниот љубовен печат на сите времиња, во историјата на македонската забавна музика. Таа  ќе остане запаметена по своите евергрини и нејзината специфична изведба, која можеби е највпечатлива во вечната тема, безвременскиот македонски шлагерски бисер, „Еден бакнеж“. И токму тој, нејзиниот „музички бакнеж“ имаа „желби рој и безброј сни“ одново да го препеат и испеат голем број пејачи кои доаѓаа на сцената по неа, но никој не успеа како неповторливата Нина. Нина замина во вечноста, но нејзиното име и дело останаа во аналите на македонската музичка историја, нејзините изведби во сеќавањата на публиката, а нејзините песни запишани во вид на аудио и видео записи, како аманет за навека на идните поколенија, од кои се раѓаат новите генерации македонски музички ѕвезди. Во чест и сеќавање на Нина Спирова, младата македонска пејачка Теа Трајковска сподели на својот инстаграм сопствена изведба на вечниот евергрин „Еден бакнеж“.  Песна која симболично години подоцна беше една од насловните нумери во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, чие пак име “Сенки“, исто така го носи и неодамна објавената најнова песна на младата пејачка. Со спојот на таа симболика во чест на големата Нина, Теа сама зад пијаното ја пее безвременската „Еден бакнеж“. Сигурно не за да докаже дека и таа умее и знае, туку за да покаже дека сопствените вредности треба  да умееме навреме да ги препознеме,  никогаш не треба да престанеме да си ги цениме и почитуваме и вечно да ги чуваме. Само така и останатиот свет и нас ќе не почитува!  „Еден бакнеж“ од Теа за последно збогум на Нина и безброј сни... за сите нас!
 
View this post on Instagram
 
Tribute to Nina Spirova ♥️ #MkMuzika

A post shared by THEA (@theatrajkovska) on

]]>

Вељко Ражнатовиќ ја бакна Богдана во трудничкото меше: „Еден бакнеж, ама за двајца…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/veljko-raznatovikj-ja-bakna-bogdana-vo-trudnichkoto-meshe-eden-baknez-ama-za-dvajca-foto/ Mon, 06 Apr 2020 11:42:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143491

Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да стане татко по прв пат, а радоста за тоа не ја крие ниту неговата мајка,  балканската фолк дива Цеца, која ќе стане баба. Цеца на својот Инстаграм профил сподели со фановите фотографија која и и ја испратиле  Вељко и нејзината снаа Богдана. Новопечената брачна двојка на фотографијата е во домашна атмосфера, во домот на Богдана во село Тител каде се во изолација, а Вељко е клекнат и го бакнува нејзиниот труднички стомак. Еден бакнеж, за двајца.. И за неа и нивното бебе! Колку се среќни и со колку возбуда го чекаат бебето, јасно  кажува сликата што Вељко ја објави на својот Инстаграм со следниот опис: „Се надевам дека и вие ја користите оваа прилика во карантинот за да поминете драгоцено време со вашите најблиски. Ви посакувам многу здравје“ - напишал синот на Цеца и иден татко на својот Инстаграм.]]>

Дамјан Пејчиноски со џипси-џез варијација на евергринот „Еден бакнеж“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-pejchinoski-so-dzipsi-dzez-varijacija-na-evergrinot-eden-baknez-video/ Mon, 15 Apr 2019 11:22:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83046

Македонскиот евергрин Еден бакнеж“, кој во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“ го отпеаја Зоран Георгиев и Нина Спирова, е една од најпознатите и најпреработувани македонски песни, за која текстот го напиша Христо Крстевски, музиката Петар Пешев, а аранжманот го направи легендарниот Драган Ѓаконовски Шпато.
Освен вокалните интерпретации на бројни македонски изведувачи, исто толку воодушевуваат и инструменталните верзии, како што е и штотуку објавената од нашиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски, овој пат во џипси-џез стил.
За новото руво на „Еден бакнеж“, тој ги здружи силите со колегата Емир Хот, со кого соработува веќе подолго време, а на виолина гостува Љубомир Толумбаџиев. Во создавањето учествуваа уште и Горан Гешовски на контрабас и Николче Мицевски на перкусии, а аудио-миксот и мастерингот ги направи Микјал Хванастајн во студиото „Мајк“ на Фарските Острови.
Еден бакнеж“ е дел од новиот проект кој Пејчиноски го подготвува со Емир Хот, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=yks0SBcXqPE Извор:РадиоМК]]>

„Тонал“ ја обработи безвременската – „Еден бакнеж“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tonal-ja-obraboti-bezvremenskata-eden-baknez-video/ Fri, 01 Jun 2018 10:03:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=30191

Иако неговата музичка приказна започна во 2011 година, Томи Апостолов алијас  „Тонал“ дури сега се одлучи на ваков чекор – да преработи македонски евергрин.
„Идејата зад концептот на ’Тонал’ е дека музичкото дело треба да биде безжанровско, односно да е секогаш различно и хетерогено“, вели музичарот, кој дел од својата музичка кариера ја посвети на групата „Колт“ (2014-2016), продуцирајќи ги двата албума на бендот, како и двете самостојни изданија и првенчето на колешката Емилија Славковска.
Имајќи го предвид неговото досегашно творештво, сочинето од авторски дела, нè заинтригира одлуката да направи преработка. Ова е првата преработка што ја имам студиски снимено“, вели тој. „Искрено не знам зошто токму сега се решив на овој чекор. ’Еден бакнеж’ е песна која што отсекогаш ми била драга, но во мојата глава ја слушав во еден поинаков аранжман.“
Отпеана за првпат од Зоран Георгиев во далечната 1962 година на фестивалот „Опатија“, но уште попознат во изведба на легендарната Нина Спирова, безвременскиот хит е потпишан од Петре Пешев и Драган Ѓаконовски – Шпато, сега, „Еден бакнеж“ добива уште една, сосема нова димензија, во малку помрачна, но истовремено оптимистична психоделична рок-џез варијанта, благодарение на длабокиот и прогонувачки вокал на „Тонал“. Извор: РадиоМК]]>