ѕвезда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Dec 2023 13:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѕвезда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто ѕвездата на елката се поставува на врвот? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-zvezdata-na-elkata-se-postavuva-na-vrvot/ Wed, 20 Dec 2023 13:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331878

Украсувањето на елката свечено се завршува со поставување на ѕвезда одозгора, со што започнува празничната атмосфера во домовите. Првиот доказ за украсување на новогодишна елка доаѓа од единаесеттиот век. Во Германија елката ја украсуваа со црвени јаболка, во Западна Германија ја украсуваа и колачињата во различни форми и свеќи, кои се симбол на Христос и вечна светлина. Овој ритуал се раширил низ Европа низ вековите. Принцот Алберт ја украсил првата елка во Англија во 1841 година. Била украсена со подароци, хартиени цвеќиња и бонбони. Многу брзо овој убав обичај се воспостави и преминал од високата класа на обичниот народ. На зелените гранчиња во почетокот се ставаа јаболка, потоа колачиња, ореви, суви сливи и урми, машнички. Легендата вели дека еден германски дувач на стакло бил многу тажен бидејќи немал пари да купи украси за елка што може да се јадат за своите малечки, па решил да направи стаклени топчиња. Неговите одликувања предизвикаа вистински ентузијазам кај луѓето, а овој човек со текот на времето се збогатил. Украсувањето на елката свечено се завршува со поставување на ѕвезда одозгора, со што започнува празничната атмосфера во домовите. Ѕвездата на врвот на елката традиционално се поврзува со божиќните прослави, се пее во многу песни и го претставува најважниот настан во историјата на христијанството, раѓањето на Исус Христос. Легендата вели дека на еден ангел, во моментот кога се родил Исус, му било жал што дрвото немало плод и дека не можел, како другите што дошле да му се поклонат на синот Божји, да му даде нешто, па зел ѕвезда од небото и ја ставил на врвот на елката. Во официјалната христијанска историја е запишано дека во моментот на раѓањето на Исус на небото се појавила светла ѕвезда „Витлеемска ѕвезда“, која објавила дека се родил синот Божји. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Анета Наковска со “ураган“ порака од Америка: „Немам потреба да се мачкам со ѕвездена прашина, ѕвездата ја носам во себе и отсега ќе носам се’ пред себе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-nakovska-so-uragan-poraka-od-amerika-nemam-potreba-da-se-machkam-so-zvezdena-prashina-zvezdata-ja-nosam-vo-sebe-i-otsega-ke-nosam-se-pred-sebe-foto/ Sat, 18 Nov 2023 08:43:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326763

Македонската фолк пејачка и поранешна учесничка во реагионалното реално шоу „Големиот брат“, Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе со години живее на релација Македонија - САД. Кога се дома, во родната грутка, најчесто на лето, најмногу уживаат во семејната куќа  во охридско Велгошти која е вистински рај. Иако зимата кај нас полека почнува да ги покажува забите и вистинското лице, отаде „големата бара“ летото изгледа се' уште држи. До душа каде како, зашто Америка е земја голема, ама таму каде што престојува Анета Наковска - на сончевата Флорида, очигледно е доволно топло и пријатно за фолкерката дури да се сонча. Иако е далеку од тинејџерка, Наковска се' уште расна, стројна и бујна се соблекла во бикини, па така распослана на каменестата „холивудска плажа“(според името) ужива во шумот на океанските бранови впивајќи ги последните сончеви зраци на Флорида, каде времето на крај на Ноември се однесува како да е крај на летото. Максимално релаксирана и опуштена Наковска очигледно има  потреба само од ваквиот тип на убавина, додека  останато, оддамна го има надминато... Особено желбата да се докажува колку е „голема ѕвезда“, какви стајлинзи менува, да го истакнува егото, да продава ветер во магла...   Барем самата така кажува во една од последините пораки што во вид на Фејсбук статуси ги споделила на својот профил. Кому и зошто му е упатена или само онака општо тоа  кажала, колку да знаат оние што се чаталат, знае само пејачката која порачала:   „Немам потреба да се мачкам со ѕвездена прашина и 'фенси стајлинзи'  за да блескам, ѕвездата ја носам во себе.  Затоа сум приземјена, без егоманија, 'ѕвездена глумажа'... немам потреба  да продавам ветер и магла,  бидејќи јас сум ветерот, до душа до сега ветер во туѓи грбови, но отсега ќе носам се' пред себе“ - порачала Наковска. Дали фолкерката била изнервирана од скорешните муабети дека се разведува од бизнисменот Спиро Крлевски, што таа остро ги демантираше преку социјалните мрежи или не можела веќе да ги поднесе самобендисаните Инстаграм и Фејсбук фалбаџики, останува пејачката самата да потврди!? Фото: Фејсбук/Aneta Nakovska]]>

Ова малечко девојченце денес е ултра позната македонска ѕвезда и рамо до рамо со своите идоли од детството (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-malechko-devojchentse-denes-e-ultra-poznata-makedonska-zvezda-i-ramo-do-ramo-so-svoite-idoli-od-detstvoto-foto/ Sat, 02 Sep 2023 07:44:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313543

Таа е млада, талентирана, харизматична и со ѕвезда над себе која ја следи во патот кон успехот од нејзината музичка карира. Од детски фестивалчиња, па се до избор на песна за Евровизија и хитови кои и станаа омилени на тинејџерската публика. Лара Иванова некогаш фан на своите идоли како Елена Ристска и Ламбе Алабакоски, а денес рамо до рамо на иста сцена со нив, само порасната тинејџерка која сигурно чекори по патот до успехот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lara Ivanova (@_lara.iv_)

Лара ги има сите асови во рака, а кога во игра ќе влезат уште неколу хитови, тогаш публиката се множи, а кога ќе се спомене Лара, веќе сите почнуваат да знаат за кого станува збор. Како публиката, така и медиумите веќе будно ја следат Лара Иванова која уште од мали нозе ги покажувала своите музички афинитети. „Бела“ која ја отпеа со Пајак веќе ја знае речиси секој, а брои и милионски прегледи на Јутјуб.
 
Оваа згодна и атрактивна талентирана убавица, пред своите следбеници покажа фотографии од многу малечка, па и такви каде е рамо до рамо со Елена Ристеска и Ламбе. Токму пред неколку дена таа настапи на „Струмица опен“ каде пееше и нејзиниот поискусен колега, а некогашен идол Ламбе. Моментот вредеше да се овековечи, а истиот осамна на социјалните мрежи. Самата за себе вели дека нејзиното време допрва доаѓа, а и ние веруваме во истото. фото: Инстаграм принтскрин/Лара Иванова]]>

Ана Бекута брутално искрена по финалето на „Ѕвездите на Гранд“: „Победниците ретко прават кариера“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-bekuta-brutalno-iskrena-po-finaleto-na-zvezdite-na-grand-pobednitsite-retko-pravat-kariera-foto/ Mon, 26 Jun 2023 06:50:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307601

Пејачката Ана Бекута имаше еден кандидат во големото финале на „Ѕвездите на Гранд“, младата Ивона Дамјановиќ од Сомбор со која несебично работеше и покрај фактот дека таа е некој  од светот на  фолкот, а  својата кандидатка ја  подготвуваше и настапуваше  претежно со  забавна музика изненади многумина. Сепак, таа шокираше со изјавата дека многу победници од ова натпреварување не направиле кариера. - Не сакам да зборувам за тоа бидејќи од многу фактори зависи кој ќе ја заврши работата подоцна. Се покажа дека победниците ретко прават кариери. Не знам зошто е тоа така, варојатно тие од позадина се трудат повеќе. Сè е прашање на моментот. Дали победникот ќе добие добра песна, дали таа песна ќе биде забележана од публиката. Има многу интересни работи овде, јас сум тука од почетокот на овој формат и победникот не значи ништо. По оваа финална вечер се прави кариера и тој што има најмногу среќа и памет ќе стане ѕвезда - изјави Бекута. Пејачката исто така истакна дека еден фактор е пресуден. - Факторот х е одлучувачки, да не се лажеме. Кога се натпреварував како девојка во „Првиот глас на Србија“, никогаш не бев прва, секогаш втора, трета, четврта, но направив кариера - истакна пејачката. Фото: Принтскрин/ТВ Прва/Инстаграм  ]]>

„Кога бев најголема ѕвезда, чекав ред за леб“: Раде Шербеџија се потсети на минатото (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/koga-bev-najgolema-zvezda-chekav-red-za-leb-rade-sherbedhija-se-potseti-na-minatoto-foto/ Mon, 08 May 2023 06:57:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300909

Познатиот актер Раде Шербеџија (74) никогаш не дозволил неговата популарност да го поколеба, доказ е неговата пристапност при интервјуата и непосредноста во разговорот со луѓето кои доаѓаат кај него да го поздрават, а кажува дека во Америка однесувањето на неговите колеги е сосема поинаков во споредба со него и со другите големи актери од  сцената. - Ужасно ми е досадно кога луѓето ми приоѓаат. Замислете колку фотографии треба да направам на ден. На моите пријатели во Америка не им паѓа на памет да го направат тоа, нема како да се сликам со непознат на улица, а овде тоа е невозможно, бидејќи останавме во таа наша земја каде што сите сме браќа и едноставни. Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Бата Живојиновиќ, Павле Вујисиќ, Дворник, правевме филмови како во фабрика и тоа ни беше нормално и не се чувствувавме како ѕвезди. Бевме работници, уметници, на нашата социјалистичка нација и тоа е најубавото нешто - истакнал Шербеџија и додал: - Кога бев најпопуларен во Југославија, како што кажуваа анкетите седум години по ред, секогаш заедно со моите сограѓани чекав ред за леб во Загреб и не барав никаква заштита. Луѓето тоа го препознаа и сакаа, а јас оттогаш се однесувам исто.   Фото: Принтскрин/Зоран Жестиќ/Александар Димитријевиќ/Снежана Крстиќ]]>

Танцот на фолк ѕвездата ја распламти возбудата: Сузана Гавазова и кога не пее народно, ниша колкови најдобро (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tantsot-na-folk-zvezdata-ja-rasplamti-vozbudata-suzana-gavazova-i-koga-ne-pee-narodno-nisha-kolkovi-najdobro-video/ Tue, 28 Mar 2023 09:55:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295363

Веројатно најбараната македонска фолкерка Сузана Гавазова замина на турнеја низ Австралија. Атрактивната струмичанка заедно со неколку свои колеги од фолк естрадата и убавиците од модното студио „Шанел“ од Битола ќе ги забавуваат и веселат нашите иселеници во повеќе градови на најјужниот континент. Сузето и екипата најавија „музички бум-бум“ уште пред да заминат, а пејачката дури со своја видео порака ги повика и покани сите нашинци, нои останатите Балканци да дојдат на закажаните естрадно - музички забави, каде им вети „журка за сите пари“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Во меѓувреме, Гавазова и екипата стигнаа во Австралија. Уште рано изутрината пејачката споделила прекрасна фотографија од окенскиот пејсаж крај „Волонгонг бич“, каде што е сместена или поточно каде што Сузето тргна да се релаксира. Бидејќи толку рано немаше кого да праша дали смее да влезе во вода, односно дали е капењето на „бичот“ безбедно од „шаркови“ (ајкули), соблечена в бели брендирани бикини Сузето на плажата реши да ги покаже своите танцувачки вештини. Згодна, стројна, атрактивна, сексапилна... пејачката го споделила сиот свој телесен раскош симнувајќи се по дрвените скали на шанкот на плажата со „денсерски“ чекори. Патем, пејачка толку заводливо почна да танцува, што танцот на фолк ѕвездата до максимум ја распламти возбудата... Иако за волја на вистината фотографијата и видеото не се ниту најнови, а веројатно не се ни направени во Австралија. Ама ако... Важно е нешто друго. Старо или ново, едно е сигурно: Од видеото што го споделила е повеќе од очигледно дека Сузана Гавазова и кога не пее народно, ниша колкови најдобро! Разиграните бујни атрибути на фолкерката само за надополнуваат секси сликата, каква „бум-бум“ забава и за уши и за очи ја чека публиката во Австралија. Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova    ]]>

Откако Карлеуша „плукаше“ по „Ѕвездите на Гранд“ се огласи и Саша Поповиќ кој откри дека столчето каде седеше таа вреди многу https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-karleusha-plukashe-po-zvezdite-na-grand-se-oglasi-i-sasha-popovik-koj-otkri-deka-stolcheto-kade-sedeshe-taa-vredi-mnogu/ Wed, 22 Feb 2023 10:57:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290029

Поминаа неколку сезони од региналното шоу „Ѕвездите на Гранд“ откако Јелена Карлеуша повеќе не е дел од жирито. На нејзиното месето седна нејзината ривалка Цеца Ражнатовиќ, а пак Јелена доста време остана нема по прашање нејзниното заминување од жирито. По тоалку време без неа во Гранд, таа неодамна се огласи на својот Инстаграм профил и го исмејуваше целото жири на шоуто, вклучително и Саша Поповиќ. Таа рече дека „Звезде Гранда“ изгубила рејтинг без неа, како и дека во иднина емисијата ќе згасне поради лошиот рејтинг.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Таа тогаш изјави дека Јунајтед Медиа, која го купила „Гранд“, ќе го тужи Саша Поповиќ, кој потоа ќе се отсели и ќе исчезне со бродот, пренесуваат српските медиуми. Карлеуша не ги поштеди ниту членовите на жирито, па имаше збор за сите. Поранешниот директор Саша Поповиќ гостуваше во една емисија каде проговори за овие наводи на познатата пејачка. – Навистина ја почитувам Јелена Карлеуша, нема што. Во Ѕвездите на Гранд беше шест години. Колку значеше таа за Ѕвездите на Гранд, толку и Ѕвездите на Гранд значеа за неа. Само да ви кажам дека таа го покачи својот хонорар за 300% од 2015 до 2020 година. Денеска не можете да ја добиете Јелена Карлеуша без 12, 13 или 20 илјади евра – рече Поповиќ и додаде: – Јелена Карлеуша бше забранета на сите национални телевизии до 2015 година. Таа сама го кажа тоа во емисијата и ми се заблагодари што ѝ дадов шанса да се изрази преку овој натпревар. Јелена Карлеуша можеше да зборува секоја сабота 6 години и зборуваше за пејачи, поп музика, историја, политика и општествени прашања. Таа секако многу придонесе, но и ние придонесовме за неа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Потоа Саша се осврна кон самото жири на емисијата и изјави дека местото во самото жири вреди многу. – Никој нема да стане од тоа столче во жирито. Тоа столче вреди многу. Ако ви кажам дека во изминатите 10 години имав притисок од пејачи, актери и водители кои го бараа тоа столче. Сепак, за мене секогаш најдобро жири е она што е тука во моментов – рече Поповиќ. Тој одговори и на изјавата на Јелена за падот на рејтингот на популарното шоу. – Ѕвезде Гранда и понатаму е најгледан формат и е погледан од периодот кога во жирито беше Јелена Карлеуша. Зошто? Една од причините е што мислам дека Цеца има поширока публика од Јелена Карлеуша – изјави Поповиќ. фото:Дамир Дервишагиќ/Инстаграм принтскрин/Ѕвездите на Гранд]]>

Марија Луиса Тодоровска додека настапува има три златни правила и едно кога е сама пред огледало: „Ало, Холивуд ли е тоа…?“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-dodeka-nastapuva-ima-tri-zlatni-pravila-i-edno-koga-e-sama-pred-ogledalo-alo-holivud-li-e-toa-foto-video/ Mon, 28 Nov 2022 08:47:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277516

Секоја професија си има свои специфики, своја тежина, па така и естрадната. Никому не му е лесно, па ни на пејачките, колку нивната работа и да изгледа лесна и весела, од типот: „Само си пеам“! Напротив, ниту оддалеку не е баш така, зашто освен неспиењето, загушливиот воздуш во локалот, галамата... и уште еден куп пропратни нешта, естрадниот уметник мора да се соочи и со желбите на гостите. А тие во многу ситуации се речиси невозможни. Секој сака своја песна, ама неговата желба веднаш да му биде исполнета, нема кој не сака да ја „поашка“ пејачката, додека таа му пее на увце, да ја изгушка образ до образ, а ако е малку потпијанет, ако може дури и да ја седне во скут, не постои некој кој не сака да наздрави или да направи селфи со неа... Со еден збор, пејачката покрај пеењето има полни раце работа, гостите би да имаат „полни раце“ со пејачката... Ако може, се разбира! Епа токму затоа, Марија Луиса Тодоровска има три златни правила додека настапува, па истите ги сподели на своите Инстаграм приказни. Се молат гостите:
  1. Да не ја гушкаат пејачката... зашто ме гушат.
  2. Да не снимаат со блиц... Оќорев!
  3. Да не ми се дерат на увоб кога нарачуваат песна... Оглувев, ме чешаат ушињата. Ви благодарам!
Се разбира чешитата битолчанка сето ова го обзнанила само колку за да се пошегува, арно ама во секоја шега, половина вистина велат, па некои сериозно ја сфатиле! Впрочем гостите тешко дека ќе го променат однесувањето, а и пејачката... Како што жена за убавина мора сешто да трпи, така за добар бакшиш мора и фолкерката! Затоа пак кога ќе си дојде дома со полна чанта илјадарки, евра и долари... Па кога ќе застане прд огледало, чувството е единствено. Ма ни Холивуд оваа ѕвезда ја нема. Се разбира повторно на шега, иако... Во секоја шега нели, половина вистина има?
@marijaluisa8♬ original sound - mariianailic
Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska Видео: ТикТок/marijaluisa8]]>

Ќерката на фолкерот Харис Џиновиќ повторно мами воздишки со предизвикувачка модна комбинација (фото + видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-folkerot-haris-dzinovikj-povtorno-mami-vozdishki-so-predizvikuvachka-modna-kombinacija-foto-video/ Thu, 15 Sep 2022 06:29:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266965

Ќерката на легендарниот пејач Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина Џиновиќ, Џина Џиновиќ стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, каде објавува прилично „бесплатни“ содржини. Повеќе од 195.000 луѓе ја следат на Тик Ток, но не сите се ентузијасти за нејзините неодамнешни видеа. Имено, 18-годишната девојка на таа социјална мрежа сподели видео кое предизвика различни реакции поради нејзината предизвикувачка модна комбинација.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

Џина носеше краток топ и здолниште, со гради на изволте, а под видеото имаше и позитивни и негативни коментари.
@djinadzinovic♬ svaler - spedupblknn
Фото:Принтскрин/ТикТок/Инстаграм/Џина Џиновиќ]]>

Пејачот на „Меморија“ минува низ животна голгота: Апостол Поце Икономов – ѕвезда на сцената со глас како ангел од рајот, а во душата пекол и очај до бескрајот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachot-na-memorija-minuva-niz-zivotna-golgota-apostol-poce-ikonomov-dzvezda-na-scenata-so-glas-kako-angel-od-rajot-a-vo-dushata-pekol-i-ochaj-do-beskrajot-foto/ Wed, 24 Aug 2022 10:08:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263876

Апостол Поце Икономов... пејачот на култната македонска поп-рок група „Меморија“, нема кој не го познава. Ѕвезда на сцената со раскошен вокал, Поце и денес пее како во најдобрите денови, суверено владее и со сцената и со публиката која секогаш му возвраќа со невиден фидбек на искрени емоции, страст, енергија… Вистински „спиритус мувенс“ на бендот, кој со невидена леснотија го влече и носи сиот товар на себе спојувајќи ја музиката на групата со очекувањата на публиката, при тоа толку моќно и сугестивно, а сепак едноставно и непосредно, со насмевка и единствена харизма која ретко кој ја има во себе и истата умее да ја сподели од сцената со оние кои дошле на концерт...! И навидум секој би помислил дека таа експлозија на енергија во симбиоза со божјата дарба за пеење и моќта за анимација на публиката произлегува од лесниот, безгрижен живот на рок ѕвездата, која ужива во убавините на животот, музиката како професија и славата и популарноста кои таа му ги овозможува. За жал, како и во познатата приказна за „тажниот циркуски кловн“,  зад насмеаното лице на Поце се крие тешката животна судбина на пејачот на „Меморија“ кој цели осум години минува низ пеколна животна голгота. „Се' започна пролетта во 2014 година кога бендот не свиреше, мируваше и беше во своевидна 'музичка хибернација', а јас притоа останав и без работа. Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ќе и се слоши на работа... Дијагнозата - онаа најлошата... Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“ - ја започнува својата приказна Поце кој е татко во тоа време на две малолетни ќерки кои се во возраст на „хормонална експанзија“. Покрај шокот од здравствената катастрофа, пејачот останува и во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се', уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела. „Се обидував да најдам работа на разни начини, но... Сфатив дека кога си на сцената сите те воздигнуваат и возвишуваат, сакаат да бидат близу до тебе, во твое друштво и близина, а кога ќе се најдеш во ваква ситуација, едноставно... не те есапат“ - раскажува со грутка во грлото Поце присетувајќи се на тоа време и продолжува: „Не само што пејам, јас сум огромен познавач на музика, колекционер на илјадници плочи, музиката ја познавам многу добро... Можам да работам на било која позиција од типот на музички уредник, соработник, во некој медиум, радио, ТВ, некоја фонотека, библиотека... Впрочем моето семејство Икономови е дел од музичката историја на оваа земја“ - раскажува Поце. Во меѓувреме болеста на сопругата рапидно прогресира до таа мерка што ја врзува за постела, а со тоа и него покрај неа, како некој кој мора физички да биде 24/7 тука и да се грижи постојано за жената. Примањата се никакви, животот нему и на семејството му се сведува на едвај голо преживување, а ратите од кредитот се трупаат, па пејачот е приморан да го продаде станот, за да го врати долгот на банките, а она малку што ќе му остане да го заложи за нов кредит и стан. При тоа помош од никого, освен од родителите - пензионери кои опсежно помагаат семејството некако да преживее. Поце го познаваат многумина, многу од нив знаат и каква му е ситуацијата, но како што самиот вели, никому сам да му текне да праша дали може некако да му помогне? „Конекциите со лекарите воглавном ми помогна да ги обезбедам чичко ми, познатиот музичар Коце Икономов, кој по професија е и лекар. Од 2014 до 2017, до големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“ контактите со членовите на бендот додека не свиревме беа некако развлечени... Не дека не знаеа во каква ситуација се наоѓам, ама сепак... Колку можеле биле тука, но тоа беше далеку од доволно. Живеевме од примањата на болната сопруга и по некој денар од пензиите на моите“ - се присетува Поце и додава: „Тој концерт не беше само враќање на групата и финансиска инјекција за мене, туку и психолошка поткрепа која ме врати во живот. Момент да се почувствуваш дека си повторно жив, некому пак важен, одново потребен. Штета што не се случија уште 10 свирки, а требаше, за повторно да почувствувам дека одново имам тло под нозете“. И покрај „сериозниот лизгачки старт“, како што самиот вели,  што ќе му го приреди животот, пејачот никогаш не потклекнл со духот, не ја загубил вербата и надежта, никогаш не потпаднал под дејство на некакви пороци како бегство од стварноста. „Освен хроничната инсомнија, несоницата заради која спијам едвај само по неколку часа во ноќта, па затоа постојано чувствувам хроничен замор, не забегав во некакви лоши навики. Во меѓувреме животот стануваше се поскап, болеста на сопругата се посериозна, а јас иако познавам разни профили на луѓе, па дури и политичари или моќни сопственици на сериозни фирми, никој не праша како ми е, имам ли од што да живеам... Зарем треба јас некому да му споменам да помогне, како било да ме вработи за да однесам некој денар дома зашто имам тешко болна сопруга, кога веќе знаат каква ми е ситуацијата?“ - разочаран е Поце. „Јас кај 90 % од екстремно блиските луѓе покрај мене, било да се тоа, роднини, пријатели, соседи, колеги... во сите овие години, особено откако со „Меморија“ се вративме на сцена го чувствувам синдромот на Салиери... Така јас тоа го викам. Ем сакаат да бидат блиски до мене, ем би сакале да ме нема... Ем те обожуваат, ем сакаат да те уништат. Убаво им е кога сум Поце - ѕвездата да се дружиме, а никаде ги нема кога треба на оној обичниот Поце, роднината, другарот, колегата, соседот, пријателот... да му помогнат кога најмногу му треба“. Идејата за хуманитерен концерт на „Меморија“ од кои приходот би одел за него и неговото семејство Поце вели дека сега е задоцнета и беспредметна идеја. „Сега вели, на жена ми не и треба толку скапа операција, доцна е. Иако овие години имав некаква финансиска поддршка и поткрепа од бендот... Од кого повеќе, од кого помалку“. Токму затоа можеби на Поце Икономов сега најмногу му треба нешто друго, нешто што е стабилен и постојана финансиски приход. Постојана работа која ќе биде поткрепа за семејството и неговиот опстанок, како и борбата со тешката болест на сопругата.  Поце вели дека никогаш приватно не се поставил како ѕвезда кон некого и нема тоа ни да се случи, но и не е подготвен да биде понижувачки  третиран: „Доделете му нешто на сиромавиот. Не е тоа моето ниво на комуникација“  - категоричен е Икономов. Поце сепак не губи надеж дека се' уште има добри и разбрани луѓе кои умеат да излезат во пресрет и да помогнат.  Можеби пред сите на него треба да се сети и државата и нејзините институции, како Министерството за култура на пример, кои веќе имаат изградени механизми да ги дотираат или трајно финансираат заслужните музички и естрадни уметници во Македонија. „Јас би се изненадил да добијам таков статус... Не сум срамежлив човек, знам да стапнам на било кој тепих. Ако има простор за тоа, би го процесуирал таквото барање. Како што би прифатил било која достојна работа која не е омаловажувачка и понижувачка“ - ја завршува својата приказна пејачот на „Меморија“, Апостол Поце Икономов - ѕвезда на сцената со глас како ангел од рајот, а во душата горчина, пекол и очај до бескрајот!]]>