ѕвезда број 1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Jun 2019 06:54:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѕвезда број 1 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќерката на Мелита и официјално стана пејачка: Барбара беше ѕвезда на вечерта во „Ѕвезда број1“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-melita-i-oficijalno-stana-pejachka-barbara-beshe-dzvezda-na-vecherta-vo-dzvezda-broj1-video/ Tue, 11 Jun 2019 06:54:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92331

Убава на мама, таа деновиве го заврши основното образование и стана полуматурантка. Покрај грижата за упис во некое од средните скопски училишта, ќерката на Мелита најде време и згодна прилика да го покаже и својот скриен талент за пеење.
Младата Барбара тоа срамежливо го најави уште пред некој месец кога заедно со мајка и Мелита беа гости во најпопуларниот ТВ магазин „Бекстејџ“, кога таа запеа и ги изненади сите со својот вокал.
Овој пат новото македонско музичко талент шоу „Ѕвезда бр.1“ беше згодна прилика својот талент младата убавица да го претстави на пошироката јавност.
Барбара со својот англески изглед и исто таков глас ги маѓепса и членовите на жирито и публиката.
Јавноста за прв пат официјално се запозна со вокалните можности талентираната ќерка на македонската водителка и познатиот скопски угостител, кој седеше стрепејќи во бекстејџот, додека нивната Барби ги имаше своите „5 минути огнено крштевање“ на сцената.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ?MELITA ♏??? (@melitameli) on

Патем, јавноста дозна и у ште некои работи за младата идна пејачка, која во своето портфолио наведе дека покрај тоа што обожава да пее, свири и клавир, сака да живее некаде на море, а верувале или не и одлично готви.
За првите неколку работи не можеме да тврдиме со сигурност, ама најверојатно и се наследени од мама Мелита, а она со готвењето...? Сенсот за готвење и домаќинлукот ќе да се наследство од тато!
Како и да е Барбара е на добар пат да ја започне својата музичка и пејачка кариера...Поддршката од  обата родители е тука, другото останува на неа и времето.
А кој да знае, можеби со популарноста ќе ја надмине и мајка и Мелита, иако и татко и Соме, далеку од тоа дека е некој што е непознат... барем за скопските кругови!  ]]>

Потрагата по новата македонска „Ѕвезда број 1“ започна https://arhiva.vistina.com.mk/potragata-po-novata-makedonska-dzvezda-broj-1-zapochna/ Sat, 13 Apr 2019 11:17:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82805

На минатогодишното рестартирање на фестивалот „Мел фест“ во Прилеп, најавено беше и ново музичко шоу, како нов и интересен проект за заживување на нашата музичка сцена, зад кој застанаа поп-пејачката Елена Петреска и продукцијата „Томато“.
Проектот насловен „Ѕвезда број 1“ ќе се емитува на 1ТВ, каде што секој ден од понеделник до петок ќе има 30-минутни емисии во чии рамки ќе бидат претставени кандидатите од сите градови. Потоа ќе следат и емисиите на големата сцена во кои ќе се натпреваруваат кандидатите што ќе ја поминат првата селекција. Голема емисија ќе се емитува секоја седмица, во времетраење од два часа, откри Петреска. Во однос на наградите за најдобрите, предвидено е десет финалисти од шоуто да добијат снимање на песна и видео за истата, а за победникот договор и снимање албум, но листата на награди сè уште не е комплетирана и следуваат многу изненадувања за финалистите.  ]]>