џулиен мир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Sep 2022 11:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џулиен мир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џулиен Мур одржа модна лекција на црвениот килим од филмскиот фестивал во Венеција (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dzulien-mur-odrza-modna-lekcija-na-crveniot-kilim-od-filmskiot-festival-vo-venecija-foto/ Fri, 02 Sep 2022 11:10:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265308

Премиерата на филмот „Бела куќа“ на Ноа Баумбач се случи вчеравечер на отворањето на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција којшто ги собира голем дел од познатите во светот. Нив ги предводела американската актерка Џулиен Мур (61) која речиси никогаш не го пропушта овој фестивал, а годинава таа има важна улога – го претседава жирито.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Julianne Moore (@juliannemoore)

Неколку часа пред гала церемонијата на отворањето на фестивалот, Мур признала дека е пресреќна поради честа која ѝ е дадена во овој момент. Како што истакнала, првпат присуствувала на Фестивалот кон средина на 80-тите години, кога не можела ниту да сонува дека еден ден ќе биде член на жирито.
 
„Беше тоа во 1986 година кога глумев во серија, вистинска сапуница. Да знаев тогаш дека еден ден ќе бидам претседателка на жирито во Венеција, сигурно би паднала во канал“, изјавила Џулиен низ насмевка. Актерката насмеана стигнала на првата венецијанска премиера кога на црвениот тепих прошетала во креација која ја потпишува италијанската модна куќа „Валентино“. Џулиен избрала да носи необичен фустан кој изгледа како да лебди на површината. Црното боди украсено со разнобојни светки кое се спушта надолу во вид на здолниште ѝ прилегало неверојатно, а актерката носела и наметка украсена на ист начин. Под проѕирниот слој наѕирале црните сандали на платформа, а сето тоа изгледало прекрасно со „Картие“ накитот којшто го носела. фото:Инстаграм/Џулиен Мур]]>