Џонсон Мети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Oct 2022 12:42:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Џонсон Мети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џонсон Мети го одбележа „Денот на семејството“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-go-odbeleza-denot-na-semejstvoto/ Tue, 11 Oct 2022 12:42:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270833

Компанијата „Џонсон Мети“, заедно со своите вработени и нивните семејства, го одбележа „Денот на семејството“ во дворот на фабриката во Скопје. Во компанијата се свесни дека патот до подобар ангажман на вработените и градење силни односи со вработените оди преку нивните семејства и дека семејството му е најважно на секој поединец.
„Децата и другите членови на семејството на вработените учествуваа во фантастични и возбудливи активности за време на овој годишен настан. Покрај забавните игри, сесиите на фотоштандови и експериментите со тимот на Лабораторијата Џонсон Мети за децата, имаше и тури во фабриката што ги водеа група вработени волонтери. Вработените во компанијата заедно одлучуваа за активностите, концептот и идејата на настанот. Беа охрабрени мислењата на вработените за тоа како треба да се одвива настанот и потенцијалните иновации. Прашувањето на вработените за нивните преференции и потреби поттикнува чувство на вклученост на работната сила“, велат од Џонсон Мети.
Според нив, ваквите настани ги зајакнуваат односите со вработените и им даваат можност на децата и другите членови на семејството да видат каде работат нивните родители или саканата личност, како изгледа работното место и во каква средина работат. Семејствата се задоволни знаејќи дека нивните најблиски работат во безбедно и здраво опкружување.
„Настан како овој, исто така, им дава можност на семејствата на вработените да комуницираат и да се запознаат. Ова ја подобрува работната средина и гради добри односи меѓу колегите. Покрај интегрирањето на семејствата на вработените во компанијата, овој ден обезбедува чувство на припадност меѓу колегите бидејќи тие го одбележуваат како едно огромно Џонсон Мети  семејство. Повеќе од вработените, членовите на нивните семејства беа оние кои беа повозбудени за настанот“.
Семејствата треба да се интегрираат и да се вклучат повеќе од кога било, особено во место како Северна Македонија каде структурата на семејството е силна, а луѓето се многу емотивни.
„Не треба да се работи само за испраќање покани до членовите на семејството за годишниот собир. Треба да одвоите еден ден и одредена пригода само за нив, каде што можете да направите да се чувствуваат посебно и да им дадете незаборавно искуство. И што е најважно, тоа треба да се направи постојано“, додаде Боријан Борозанов, извршен директор на фабриката во Скопје.
За Катерина Секуловска, вработена која учествуваше во организација на „Денот на семејството“, тоа претставува можност да се сподели со најблиските „не само каде работам и каде се одвиваат процесите, туку да ја споделам со нив гордоста што работам во фабрика кој се грижи за своите вработени, за животната средина и какво наследство остава таа на овој свет“. За Харис Бајрами е огромно задовлство што бил дел од организациониот тим на „Денот на семејството“, но истовремено и притисок дали ќе се успее во организацијата на овој многу важен ден за вработените.
„Посебно ми е драго што во организацијата учествуваа и се запознаа колеги од различни сектори, а како тим што не се познававме направивме пријателска атмосфера за работа. Кога им кажав на моите дека организираме Ден на семејството, тие беа видно возбудени, со оглед на тоа што не се запознаени каде работам, што работам, што и како произведуваме. Дефинитивно повторно ќе бидам тука во организација на ваков настан“, вели Бајрами.
Според Зехра Ќуфлију, советник за човечки ресурси во Џонсон Мети, „ваквите иницијативи влијаат на сите наши вработени. Тие допираат до нивните срца и емоции. Денот на семејството помогна да изградиме одлични односи со нашите вработени. Тие повеќе не ја гледаат својата работа како само уште една обврска“.]]>

Џонсон Мети ја лансираше следната генерација „Програма за професионален и лидерски развој“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-ja-lansirashe-slednata-generacija-programa-za-profesionalen-i-liderski-razvoj/ Tue, 19 Apr 2022 08:07:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246874

Џонсон Мети, традиционално, ги поддржува студентите. Надоврзувајќи се на веќе успешната програма за практикантска работа со можности за вработување, компанијата ја лансира новата пилот програма во Скопје – Програмата за професионален и лидерски развој на студентите. Програмата е наменета за талентирани студенти од завршните години на студии во кои покрај професионален развој, на студентите ќе им се овозможи и развој на лидерски и меки вештини. Програмата за лидерство е единствена, бидејќи вклучува 4 различни ротации на работни места, 3 модули и вкупно 270 дена обука, а директорот на фабриката Џонсон Мети во Скопје e еден од директните ментори. „Програмата има цел да ги идентификува идните млади лидери, да ја продлабочи соработката со универзитетите, да го поврзе образовниот процес со реална работна средина каде младите студенти ќе имаат можност да работат со врвни професионалци на реални проекти. Во текот на целиот процес, студентите ќе бидат следени и менторирани од врвни професионалци во својата област кои во иднина, ќе им помогнат во нивниот кариерен развој“, вели Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси во Џонсон Мети. Во првата фаза од пилот проектот учествуваат 4 учесници: Јана Митреска, Јаков Лазаровски, Ајлена Беќири и Зехра Ќуфлију. Џонсон Мети обезбедува соодветен финансиски надоместок, транспорт, храна, ИТ опрема и позитивна работна атмосфера за сите учесници во програмата, вели покровителот и ментор на програмата Боријан Борозанов, генерален директор на Џонсон Мети Скопје. За Џонсон Мети, ова е долгорочна инвестиција во идните бистри умови и во градењето долготрајна врска со Машинскиот и Електро-техничкиот факултет. Тоа е програма која е наградувачка и за менторите и за практикантите, кои имаат силни позитивни повратни информации за програмата. Практикантот Јаков Лазароски коментира дека досегашното искуство е повеќе отколку што очекувал. „Моментално сум во одделот Clean Air Production Systems (системи за производство на чист воздух). Сосема сум задоволен затоа што мојот ментор Александар и покрај неговата работа и обврски успева да ми помогне да го добијам знаењето за системот и работата, да ми посвети посебно внимание и да ми помогне таму каде што не можам да успеам сам. Потребно е да ја нагласам и добрата работна атмосфера. За само неколку недели научив толку многу практични работи. Ова стажирање ќе има големо позитивно влијание врз мојот работен живот“. Неговата колешка Зехра Ќуфлију, исто така, препознава дека луѓето и поддршката што ја добива имаат огромно влијание на нејзината мотивација и со нетрпение ги очекува следните предизвици. „Мојот програмски модул се состои од четири ротации низ Џонсон Мети: Автоматика, CAPS, Снабдувачки синџири и Квалитет. За време на мојата прва ротација, работев во одделот Автоматика на реални проекти, каде што бев изложена на сите видови програми за контрола на процесите, вклучувајќи широк спектар платформи за автоматизација, опции за следење и техники за мрежно поврзување. Најдобриот дел од мојата работа е што учам нешто ново секој ден, додека се справувам со сложени проблеми заедно со поединци кои имаат заедничка цел“. Јана Митреска е уште еден практикант со позитивен впечаток за програмата и за Џонсон Мети. „Мило ми е што ќе бидам дел од „лансирањето“ на оваа програма и се надевам на понатамошно учење и развивање. Ми се допаѓа како работи и функционира целиот тим и како секој член и покрај своите работни обврски, секогаш е ангажиран и подготвен да не научи и да објасни што и како функционираат“. Ајлена Беќири е четврта практикантка и има слично искуство: „Почнувајќи од самиот процес на регрутирање, се почувствував ценета од претставниците на компанијата. Иако немав јасна слика за тоа што да очекувам од оваа програма, воодушевена сум од секојдневните предизвици со кои се соочувам. Прво нешто што забележав беше колку добро беше организирана работата од сите вработени и колку тие се придржуваа до правилата за работа, однесување и безбедност, особено правилата поврзани со КОВИД-19. Очигледно, успехот на самата компанија е показател за тоа колку сите се однесуваат одговорно и професионално“, додаде Беќири. Сите практиканти се приклучија и на глобалната програма “Sustainability activities” („Одржливи активности“), во која ќе работат со глобални претставници на компанијата и надворешни експерти. *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист и поздрав свет. Џонсон Мети е светски лидер во производството на катализатори за автомобилската индустрија и системи за контрола на катализаторите. Џонсон Мети работи во повеќе од 30 земји во светот и вработува повеќе од 15.000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори на Џонсон Мети. Џонсон Мети ја избра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

Џонсон Мети во сржта на силните економски врски меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-vo-srzta-na-silnite-ekonomski-vrski-megju-severna-makedonija-i-obedinetoto-kralstvo/ Fri, 18 Feb 2022 10:16:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239652

Британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс ја посети фабриката на Џонсон Мети во Северна Македонија. За време на обиколката, г-дин Викерс и менаџерскиот тим на компанијата разговараа за детали за деловната клима во земјата, за потенцијалот за понатамошна идна соработка, како и за важноста на билатералните врски меѓу двете земји. Џонсон Мети е одличен пример за британските бизниси во Северна Македонија кои придонесуваат за трговските односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и создаваат значаен елемент од Бруто домашниот производ на Северна Македонија. Горди сме на таа врска и сакаме да ја видиме како продолжува и се проширува. Ни беше чест да бидеме домаќини на г-дин Викерс и да го споделиме нашето искуство и да го прикажеме најсовремениот објект. Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија, додаде: Северна Македонија е стратешка локација за Џонсон Мети, а одличните и посветени луѓе кои работат во Џонсон Мети Македонија, придонесоа во голема мера за успехот на компанијата и позитивниот напредок на целокупната економска и социјална средина во земјата. Ние сме и ќе продолжиме да бидеме лидер во промовирањето на најдобрите деловни практики, највисоките стандарди за здравје и безбедност и бројни програми за вклучување на заедницата. Денес, Џонсон Мети во Северна Македонија создава повеќе од 25% од вкупниот извоз, достигнувајќи 1,870 милиони евра во 2021 година. Фабриката во индустриските зони во Скопје е една од технолошки најнапредните светски фабрики на Џонсон Мети во светот, која вработува околу 1.000 луѓе на локално ниво.

* * *

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист и поздрав свет. Џонсон Мети е светски лидер во производството на катализатори за автомобилската индустрија и системи за контрола на катализаторите. Џонсон Мети работи во повеќе од 30 земји во светот и вработува повеќе од 15.000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори на Џонсон Мети. Џонсон Мети ја избра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1.
Ја инспирираме науката, го подобруваме животот
]]>

Џонсон Мети останува партнер во професионалниот развој на студентите https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-ostanuva-partner-vo-profesionalniot-razvoj-na-studentite/ Thu, 20 Jan 2022 10:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235520

Четириесетина студенти од технички факултети неодамна ја посетија фабриката Џонсон Мети во Македонија. Студентите се запознаа со процесот на производство и со опремата со која располага компанијата во слободната индустриска зона Бунарџик.
„Преку посетата се стекнав со ново практично искуство кое ми оди во прилог на моите студии на Машинскиот факултет, посебно од областа на роботиката што е широко применета во производниот погон и има простор за дополнително подобрување. Се запознав и со начините на кои една компанија може да го подобри своето производство со примена на почисти технологии или со третман на отпадните материи пред нивно испуштање во околината, што за мене како студент по енергетика и екологија е од особено значење. Вработените воспоставија коректен однос со нас кој не приближи до материјата од интерес и овозможи внатрешен поглед на производствените процеси и пример за секојдневните практики на компанијата. Од голема едукациска значајност претставува ваквата можност за соработка помеѓу една вистинска компанија и студентите, кои се стремиме еден ден да станеме дел од едно вакво опкружување и работа“, вели Бисера Мишевска, студент од четврта година на Машинскиот факултет во Скопје.
За нејзината колешка од прва година, Паола Укајдари, најголем впечаток при посетата на компанијата и оставил фактот што целта на производството во Џонсон Мети е подобрување на животната средина.
„Досега не сум имала прилика да влезам во фабрика која користи најмодерна технологија. Моето присуство ги потврди очекувањата кои ги имав и навистина сум воодушевена што постои ваков објект во мојата земја. Секако тоа и ме мотивираше да ги совладам моите студии што побргу за да можам да бидам дел од тимот во Џонсон Мети. Најголем впечаток ми остави целта на производството - подобрување на животната средина. Огромна благодарност до Џонсон Мети“, вели Укајдари.
Во обиколката на фабриката, студентите од Машинскиот факултет, од Факултетот за електротехника и информациски технологии и од Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа придружувани од менаџмент тимот и од инженери, кои детали ги објаснија стручните аспекти на производството и одговараа на различни прашања на студентите.
„Се радуваме на големиот број студенти кои ја посетија фабриката. Како општествено одговорна компанија, остануваме посветени на студентите, партнер во нивниот професионален развој, пред се во стекнувањето практични вештини и знаења“, објаснува Александра Симоновска, партнер за пронаоѓање таленти во Џонсон Мети.

* * *

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

Џонсон Мети обезбеди приватно здравствено осигурување за вработените во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-obezbedi-privatno-zdravstveno-osiguruvanje-za-vrabotenite-vo-makedonija/ Mon, 10 Jan 2022 08:04:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234071

Сите вработени во Џонсон Мети во Македонија отсега ќе добиваат приватно здравствено осигурување. Компанијата обезбеди здравствени придобивки од Триглав осигурување за сите вработени, бидејќи нивното здравје е приоритет.
„Нашата посветеност за вработените ја покажуваме на дело со воведување нова придобивка - приватно здравствено осигурување. Во соработка со Триглав осигурување, вработените ги добиваат сите поволности од приватното здравствено осигурување. Една од фундаменталните вредности на Џонсон Мети е  „Заштита на луѓето и планетата” и затоа сме среќни што ги имплементираме највисоките стандарди за здравје и заштита на вработените на работното место и надвор од него. Преку различни програми за добросостојба, обезбедуваме здрава и сигурна работна средина за нашите вработени“, вели Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси во Џонсон Мети.
Како дел од информативната кампања за вработените, заедно со Триглав Осигурување, Џонсон Мети организираа „Денови на здравјето“. Претставници на Триглав Осигурување темелно ги информираа вработените што значи приватно здравствено осигурување.
„Свесни сме дека нашата добросостојба може да биде афектирана од различни фактори, како што се физичкото здравје, финансиската стабилност, менталната состојба и од квалитетот на нашите социјални интеракции. Сме компанија која се грижи за целокупната добросостојба на вработените и обезбедуваме различни видови тренинзи, онлајн платформи за учење и поддршка за вработените и нивните семејства. Многу сме горди што имаме вработени кои се грижат за нивната добросостојба и што им ја даваме оваа можност“, додава Апостолова.
Во Триглав Осигурување сметаат дека вработените се вистинскиот капитал на секоја компанија и затоа е важно да се инвестира во нивната добросостојба. „Нашиот главен фокус се клиентите, а како компанија се залагаме за здрав начин на живот и заштита на средината во која што работиме и живееме. Тоа го имплементираме и во производите, кои што ги развиваме, особено во доменот на здравствената заштита. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје. Ни причинува вистинско задоволство што во овој домен соработуваме со компанија како Џонсон Мети и што компанијата ги препознаа предностите на приватното здравствено осигурување и го вклучија во пакетот бенефити за своите вработени“, изјавија од Триглав Осигурување.

Џонсон Мети со 600 волонтерски часови https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-so-600-volonterski-chasovi/ Thu, 23 Dec 2021 15:02:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232509

Околу 600 волонтерски часови минаа вработените од компанијата „Џонсон Мети“ по повод Меѓународниот ден на волонтерството – 5ти декември. Во шестдневната волонтерска активност, 45 вработени дадоа поддршка на заедницата, преку готвење со Ретвитни оброк и во реализација на Инклузивна прослава и кретивни работилници со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром-Трисомија 21.
„Горди сме што оваа година сме рекордери во волонтерски денови на ниво на целата групација. Успеавме да реализираме околу 600 волонтерски денови и се искачивме на врвот на листата на најбројна волонтерска екипа. Меѓународниот ден на волонтерството е многу важен ден за Џонсон Мети но и за сите наши волонтери/ки. Како и секоја година и овој ден беше одбележан со низа активности“, вели Боријан Борозанов, извршен директор на компанијата Џонсон Мети.
Компанијата донираше намирници за подготвување на оброците со Ретвитни оброк, како и сите материјали за изработка на новогодишни украси за работилниците со здружението Трисомија 21. Вработените носат големи импресии и прекрасни искуства од волонтерските активности. *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.]]>

Полугодишни резултати за шест месеци заклучно со 30 септември 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/polugodishni-rezultati-za-shest-meseci-zakluchno-so-30-septemvri-2021/ Sat, 27 Nov 2021 10:06:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229073

Силни перформанси во првото полугодие Основни перформанси
  • Продажба од 1,9 милијарди фунти, зголемена за 21% и е поттикната од силното закрепнување на „Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси“
  • Основен оперативен профит од 293 милиони фунти, зголемен за 102% и се наоѓа на нивоата пред пандемијата, поттикнат од силниот раст на продажбата и повисоките просечни цени на благородните метали
  • Основна заработувачка по акција од 114.8 пени, како одраз на повисока основна оперативна добивка и пониски нето финансиски трошоци
  • Слободен готовински тек од 189 милиони фунти, стекнат од континуираното силно управување со обртните средства (1П 2020/21: 256 милиони фунти)
  • Силен биланс на состојба со нето долг од околу 700 милиони фунти, бидејќи од помалата побарувачка за автомобили корист има обртниот капитал; нето долг кон EBITDA од 0,9 пати
  • Поврат на вложениот капитал (ROIC) од 17,7%, што е зголемување од 10,4% во претходната година, поттикнат од повисока основна оперативна добивка
Пријавени резултати
  • Приходите се зголемени за 23% примарно поттикнати од повисоките просечни цени на благородните метали
  • По објавување на нашата намера да излеземе од Battery Materials, средствата се оштетени за 314 милиони фунти
  • Оперативна добивка од 20 милиони фунти, како одраз на еднократното оштетување од Battery Materials
  • Загуба пред оданочување од 9 милиони фунти, поттикната од помалата оперативна добивка
  • Пријавена загуба по акција од 14,8 пени
  • Готовински прилив од оперативни активности од 412 милиони фунти (1 П 2020/21: 482 милиони фунти)
  • Рана дивиденда од 22,0 пени по акција, зголемена за 10%
  • Откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти, почнувајќи во Новата Година
Клучни случувања
  • Силни перформанси на тргување, со силен раст на продажбата поттикната од закрепнувањето на Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси
  • Промени на портфолиото – договорена продажба на Advanced Glass Technologies за 178 милиони фунти и се водат разговори за потенцијална продажба на “Health“
  • Најавена намера за излез од Battery Materials
  • Добар моментум во нашите бизниси со водород на Fuel Cells и Green Hydrogen (Горивни Ќелии и Зелен Водород)
  • Нов петгодишен рамковен договор со EKPO (ElringKlinger Plastic Omnium JV) за снабдување со компоненти на горивни ќелии за примена во комерцијални возила
  • По завршување на проширување на капацитетот на нашите водородни технологии, во Обединетото Кралство и Кина, планираме понатамошно проширување низ овие региони
  • Зголемување на системот на можности со синиот водород - сега над 20 проекти - вклучувајќи го и HyNet кој продолжува да се движи кон комерцијализација во 2025 година
  • Во Clean Air сме на пат за силно генерирање готовина во 2021/22 година
  • Испорачани £ 42 милиони заштеда на трошоци, од нашата вкупна програма од £ 110 милиони годишно до 2023/24
Коментар на Роберт Меклеод, Главен Извршен Директор: Испорачавме издржливи перформанси за тргување во она што беше предизвикувачко опкружување, со оглед на нестабилноста на синџирот на снабдување што влијаеше на голем број наши крајни пазари. Гледајќи напред, променливиот свет околу нас значи дека Џонсон Мети никогаш не бил порелевантен. Нашата метална експертиза и технологии за процесирање се клучни за многу нови пазари фокусирани на решенија за климатски промени кои ни даваат силна конкурентска предност. Имаме силни основи во Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси и возбудливи можности да го поттикнеме нашиот иден раст во циркуларноста, водородот и декарбонизацијата. За да се осигураме дека ги фокусираме нашите ресурси на овие основни можности за раст, донесовме некои стратешки одлуки околу нашето портфолио. Конкретно, ја објавивме нашата намера да излеземе од Battery Materials бидејќи заклучивме дека овој бизнис нема да генерира соодветен принос за нас. Дополнително, денеска објавуваме дека договоривме продажба на Advanced Glass Technologies и разговараме за потенцијалната продажба на нашиот Здравствен бизнис. По осум години во оваа улога, ќе се повлечам од функцијата Главен Извршен Директор, а Лиам Кондон ќе се приклучи како мој наследник од 1 март 2022 година и му посакувам добро во водењето на Џонсон Мети во следната фаза од неговата еволуција. Изгледи за годината што завршува на 31 март 2022 година Нашите очекувања за насоките за годината што завршува на 31 март 2022 година се непроменети од нашето ажурирање за тргување од 11ти ноември. Побарувачката останува силна во многу од нашите крајни пазари. Сепак, нестабилноста на синџирот на снабдување, особено недостатокот на полупроводници, влијае на производството на голем број наши клиенти за автомобили и камиони. Глобалното производство на автомобили сега се предвидува да се намали за 5% за нашата фискална година, што е намалување за 14% од нашето ажурирање на тргувањето во јули4. Следствено, се намалија и цените на благородните метали, најмногу поради помалата побарувачка од автомобилската индустрија. Ние, исто така, доживуваме акутен привремен недостиг на работна сила во САД што негативно влијае на нашиот здравствен бизнис. За 2021/22 година очекуваме растот на основните оперативни перформанси да биде низок едноцифрен при постојани цени на благородни метали5 и константна валута. Доколку цените на благородните метали останат на нивното сегашно ниво6 до крајот на оваа година, би очекувале нето корист за цела година од околу 45 милиони фунти. Според тековните девизни курсеви⁷, преводните девизни движења за годината што завршува на 31 март 2022 година се очекува негативно да влијаат на основната оперативна добивка за околу 15 милиони фунти. Нашите капитални расходи сега се очекуваат да бидат околу £450 милиони за годината8, со оглед на нашето планирано излегување од Battery Materials. Дивиденда и откуп на сопствени акции Одборот одобри рана дивиденда од 22,0 пени по акција, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната година (1 H 2020/21: 20,0 пени по акција). Раната дивиденда ќе биде исплатена на 1 февруари 2022 година на акционерите во регистарот на 3 декември 2021 година. Одборот, исто така, одобри откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти што ќе започне во Новата година. Објава на Главниот Извршен Директор Како што беше претходно најавено, Роберт Меклеод ќе се повлече од функцијата Главен Извршен Директор и од одборот на 28 февруари 2022 година. Роберт ќе остане да го поддржува процесот на транзиција до Годишното генерално собрание на компанијата на 21 јули 2022 година, кога потоа ќе се повлече од Џонсон Мети. Лијам Кондон ќе го наследи Роберт Меклеод, приклучувајќи се како Главен Извршен Директор на 1 март 2022 година. Промена на Одборот за управување со групата Џоан Брака, Главен Извршен Директор на Clean Air, одлучи да го напушти Џонсон Мети. Последниот ден на Џоан ќе биде на 31 декември 2021 година. Подетални информации за полугодишните резултати за минатите шест месеци, завршно со 30 септември 2021 година, може да добиете на нашата интернет страница на следниот линк: https://matthey.com/en/news/2021/hy-21-22 *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот]]>

Џонсон Мети активен поддржувач на иднината на студентите https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-aktiven-poddrzuvach-na-idninata-na-studentite/ Fri, 19 Nov 2021 08:37:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227968

Компанијата Џонсон Мети ја презентираше својата практикантска програма пред студентите од инженерско-техничките студии на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на двонеделниот виртуелен Саем за вработување, во организација на студентската организација БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија). Претставниците на Џонсон Мети ја презентираа програмата за општа пракса за различни одделенија во компанијата, како што се проекти, човечки ресурси, планирање и одржување. Исто така, тие презентираа и активна кампања наречена „Програма за практикантска работа со можности за понатамошно вработување во Џонсон Мети“ за сите студенти од инженерски и технички студии.
„Овој чекор го презедовме како решение за недостигот на квалификуван технички кадар во оваа област. Во овие тешки времиња, ова се многу критични улоги за вработување и затоа одлучуваме да ги создадеме. Преку настанот се поврзуваме со сегашните студенти, се претставивме пред нив, а тие научија за потребните квалификации за работа!“, вели Александра Симоновска, задолжена за ангажман на нови вработени во компанијата.
БЕСТ го организира Саемот за вработување и кариера по 17-ти пат, каде Џонсон Мети е долгогодишен партнер.
„Џонсон Мети продолжува да биде активен подржувач на иднината на студентите од техничките факултети. БЕСТ Скопје оваа година по 17-ти пат го одржува Job Fair - Саемот за вработување и кариера, наменет за ефективно вмрежување на партнер - компаниите со студенти од техничките факултети. Меѓу нашите долгогодишни партнери е и Џонсон Мети - лидер во развивање на одржливи технологии. Горди сме да кажеме дека имаме успешна и долготрајна соработка со компанијата“, објаснува Марија Кипријанова, претседател на БЕСТ Скопје.
Џонсон Мети Скопје како општествено одговорна компанија на секој начин ја поддржува заедницата и вложува во нејзин развој. Особено внимание Џонсон Мети Скопје вложува во развојот на нови млади стручни кадри и преку директен работен ангажман да се обезбеди развој на професионалните вештини на младите стручни кадри.]]>

Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/dzonson-meti-so-najbrojna-sportska-ekipa-na-wizz-air-skopski-maraton-2021/ Fri, 08 Oct 2021 11:40:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222424

Повеќе од 350 вработени лица од компанијата Џонсон Мети беа дел од овогодинешниот Wizz Air Скопски маратон 2021. За менаџментот на компанијата, ова е само доказ дека вработените трчаат за своето здравје и за поддршка на корпоративното мото за подигнување на свеста за здравјето и безбедноста „Безбедноста на прво место - Безбедни на работа - Безбедни дома“. Организаторот на маратонот додели пехар на Џонсон Мети семејството како најбројна екипа.
„Горди сме на големиот број на претставници од нашата компанија кои земаа учество на овогодинешниот маратон. Честитки и благодарност на сите колеги за истрчаните километри, постигнатите времиња и освоените награди! Нашите вработени, учесници на Скопскиот маратон покажаа храброст и колегијалност, единство и победнички дух. Само тој начин е вистинскиот за реализација на нашите цели и постигнување на резултати!“, додава извршниот директор Боријан Борозанов.
Од компанијата изразуваат благодарност за организаторите на маратонот и до Британската Амбасада, како и до амбасадорката на Обединетото Кралство. Рејчел Галовеј и до нејзиниот тим.
„Се надеваме дека интересот на вработените за учество на спортски и други настани и понатаму ќе расте и понатаму ќе издвојуваме големи успеси. Џонсон Мети е постојано посветен на придонесување кон зачувување и унапредување на физичката и менталната добросостојба на вработените, а освоената награда го потврдува тоа“, вели Борозанов.
Во прилог дел од атмосферата, резултати и повеќе детали на страната на скопски маратон Резултати 2021 | Виз Ер Скопски маратон | Wizz Air Skopje Marathon (skopskimaraton.com.mk).

Вработените од Џонсон Мети чистеа јавни површини во Скопје, Велес и Куманово https://arhiva.vistina.com.mk/vrabotenite-od-dzonson-meti-chistea-javni-povrshini-vo-skopje-veles-i-kumanovo/ Thu, 30 Sep 2021 12:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221326

Повеќе од петстотини вработени од компанијата Џонсон Мети Македонија се вклучија во волонтерски активности за масовно чистење на јавни површини во Скопје, Велес и Куманово. Оваа активност е дел од корпоративната Програма за волонтирање на вработените во заедницата, во рамки на Стратегијата за општествена одговорност на Џонсон Мети. Мото на оваа активност е „Два дена да направите разлика“ (Two days to make a difference“) Можеби сите не можеме да направиме сé, но сите можеме да направиме по нешто. Џонсон Мети е една од ретките компании со Глобална политика за волонтирање, која овозможува вработените да искористат два работни дена за помош и поддршка на заедницата преку волонтерски активности. Во првата акција се вклучија 234 волонтери, додека во втората акција се вклучија 275 волонтери.
„Горди сме што постигнавме рекорд во бројноста на вработените кои се вклучија во акциите. Над 500 наши вработени беа дел од акцијата за чистење на јавни површини. Еден ден искористивме да го исчистиме кејот на реката Вардар на потег од Аеродром и Карпош 4, еден ден резервиравме за Градскиот парк и околината и еден за плоштадот Филип Втори и околината. Џонсон Мети е инклузивна компанија и поради фактот што голем дел од нашите вработени се од градовите Велес и Куманово, сметавме дека наша должност е да организираме акции и таму“, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија.
Ова не се први општествено одговорни акции на компанијата, која традиционално го одбележува стартот на учебната година со акција за донирање на училиштен прибор. Исто така, годинава, Џонсон Мети организираше донаторска акција на тема “Секое дете заслужува еднаков почеток”.
„И оваа година нашите вработени ја покажаа својата хуманост на дело и донираа огромен број училиштен прибор. Досега сме биле дел и од акција за готвење храна за лицата во социјален ризик, сликарска работилница со лица со старски дом, предавања низ училишта на тема „Безбедноста на прво место за деца”, изработка на сензорни табли, разубавување на училиштен двор, дружење со дечињата од „Аутизам МК“ и други активности. Среќни сме што ја нудиме можноста за искористување на два работни дена за волонтирање во нашата локална заедница. Нема да застанеме тука, имаме уште многу планови кои се надеваме ќе ги реализираме во блиска иднина“, дообјаснува Борозанов.