џокси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Apr 2023 07:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џокси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „На Велигден“ не е само Џокси: Некои наши пејачи ја преработија неговата легендарна тема, а кај други големиот христијански празник е вткаен во нивните песни (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-veligden-ne-e-samo-dzoksi-nekoi-nashi-pejachi-ja-prerabotija-negovata-legendarna-tema-a-kaj-drugi-golemiot-hristijanski-praznik-e-vtkaen-vo-nivnite-pesni-video/ Mon, 17 Apr 2023 07:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247393

Кога е еден од најголемите христијански празници во прашање, секогаш во пресрет на Велигден  покрај се друго, на памет ни паѓа и песната... И тоа онаа, најпознатата, легендарната која тогаш радијата најчесто ја вртат... „На Велигден“, напишана и испеана од македонскиот кантавтор  Ѓорѓе Васиќ, алиас Џина Папас Џокси како што го познава јавноста по негвиот уметнички прекар. Но, со текот на годините „На Велигден“ испадна дека не е само синоним за Џокси... Прв кој го преработи неговиот евергрин беше тогаш младиот Ламбе Алабакоски, излезен од музичката работилница на Дарко Димитров и М2 продукцијата и нивното македонско музичко талент шоу - „Портага по ѕвезди“. Младиот пејач иако во свој стил, сепак речиси идентично ја донесе преработката на „велигденската поп химна“. По него уште една македонска пејачка во 2017 година влета во обид да ја долови и на себесвојствен начин да ја донесе „празничната песна“. Песната  доби своја женска верзија кога во студиото „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски ја испеа пејачката Пепа Димитрова, а аранжманот го направи Дамир Имери. Нејзината интерпретација во смут џез варијанта со етно елементи сосема поинаква, а сепак препознатлива на оригиналот. Самиот Џокси на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ во 2020 година во живо заедно со членовите на хорот на АКУД „Мирче Ацев“ донесе уште една малку поразлична верзија на сопственото „животно остварување“. За време корона пандемијата, додека траеа деновите на карантинот, Џокси одново зедно со голема група од 60 помалку или повеќе познати охридски музичари, пејачи и аматери наречена „Охрид биг карантин бенд“ ќе донесе сосема нова, поинаква, необична „онлајн“ верзија на големиот хит. Конечно, „На велигден“ не е само Џокси... Покрај оние наши пејачи кои ја  преработија неговата легендарна тема и кај некои други македонски поп и фолк ѕвезди големиот христијански празник се споменува и во нивните песни! Така на пример во прекрасната „Километри“ на Влатко Лозаноски од 2018-тата, стихот кој е поврзан со големиот христијански празник гласи: „Ми фали за Велигден јас да си дојдам, ми фали да сум дома...“! Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ пак, исто така има песна во чиј наслов е вткаено името на големиот христијански празник - „За Велигден“. Излезена во 2019 година, иако во неа се споменува големиот христијански празник и несомноно дека истата токму тогаш и е најмногу во фокусот и ја достигнува кулминацијата на својата популарност, сепак македонскиот фолкер неа ја правел наменски, зашто пред се’ се работи за печалбарска песна која во себе ја крие патината на македонскиот печалбар, неговиот живот во туѓина и тагата по родниот крај. Уште една позната македонска фолк пејачка, Елена Георгиева исто така има своја наменска песна за празникот што го слави Христовото воскресение и победата на животот над смртта. Нејзината тема е насловена „Молитва за Велигден“. И македонската фолк легенда Благица Павловска исто така има испеано велигденска песна и тоа заедно со познатиот музичар Цане Петров („Биоритам“), која исто така е наменска, празнична и носи наслов: „Хрисистос воскресна“ . На тема „Велигден“ песни посветени на еден од најголемите христијански празници има уште... Но за нив, задравје Боже догодина, во следната велигденска прилика! Христос воскресна - навистина воскресна!]]>

Џокси и академскиот хор „Мирче Ацев“ од дома го преработија неговиот евергрин – „На Велигден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoksi-i-akademskiot-hor-mirche-acev-od-doma-go-prerabotija-evergrinot-na-veligden-video/ Sun, 19 Apr 2020 08:52:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145608

Откако е создадена, Велигден не би можел да помине без да ја слушнеме легендарната песна која ја одбележа кариерата на легендарниот македонски пејач Џина Папас Џокси. И додека сите се шегуваа дека оваа година поради состојбата која владее во светот и кај нас, Џокси „нема да може да се заљуби“ бидејќи ќе мора да остане дома, тој не изненади со фантастично видео кое ќе ви го разубави денот и празникот. Имено, пејачот заедно со академскиот хор „Мирче Ацев“ од дома ја преработија и снимија легендарната песна и на сите им пренесоа моќна видеопорака. Болеста не може да не скрши, музиката се' уште не соединува. Кој вели дека и од дома не можеме да го прославиме најголемиот христијански празник Велигден? Џокси и целиот тим кој стои позади ова прекрасно видео е доказ дека и во вакви тешки времиња  духот не може и не смее да клоне! Инаку, ова е втор пат Џокси да ја пее оваа песна со хорот „Мирче Ацев“. Тие годинава заедно ја испејаа и на манифестацијата „Златна Буба Мара“. Слушнете ја, погледнете го видеото и... празнично останете дома! https://www.youtube.com/watch?v=uj0LG4BdEyI&feature=emb_logo]]>

Џокси им го плесна в лице… шалчето: Секој ден не е Велигден, ама и за секого Македонија не е северна! https://arhiva.vistina.com.mk/dzoksi-im-go-plesna-v-lice-shalcheto-sekoj-den-ne-e-veligden-ama-i-za-sekogo-makedonija-ne-e-severna/ Wed, 12 Jun 2019 08:58:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92559

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз дома од Австрија... Можеби играта и залагањето на фудбалерите не беше на потребното ниво, ама затоа атмосверата и патриотизмот на националната арена (Филип ли е, Тоше ли е?) беа повеќе од завидни. Десетилјадната публика со громогласно навивање и разни навивачки транспаренти ги бодреше нашите фудбалери.
А, во публиката меѓу сите навивачи, обични и необични луѓе, познати и непознати лица, меѓу јавните фаци и тоталните анонимуси и тој... Џина Папас - Џокси! Или Ѓорѓе Васиќ, како што му е вистинското име и презиме. И тоа како еден од најверните навивачи на трибините. Башка со навивачки реквизит во рацете - широко раширено шалче на кое е извезано сонцето од Кутлеш и исконското име на оваа земја - Македонија!
Можеби Македонија овој пат не победи на теренот, ама затоа повторно триумфираше патриотизмот на трибините. Џокси најдобро го покажа тоа, постирајќи ја фотографијата со посочениот реквизит на својот Фејсбук профил, а покрај неа иронично напишал:  „Немаше шалчиња со Северна, јбг.“!
Можеби секој ден не е Велигден, ама и за секого Македонија не е  - северна!  ]]>