џој фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Aug 2023 10:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џој фест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џој фест 2023: По 50 години  Здравко Чолиќ  со концерт во Крива Паланка https://arhiva.vistina.com.mk/dhoj-fest-2023-po-50-godini-zdravko-cholik-so-kontsert-vo-kriva-palanka/ Mon, 21 Aug 2023 10:41:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314556

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ  одамна не ја забавувал публиката во Македонија, уште пред короната. Затоа, како што вели тој пред концертот на Joy fest , на овој настап ќе додаде енергија и магија на одредени песни. -Во Крива Паланка сум бил во 70-тите години, на самиот почеток на мојата кариера. Настапував заедно со Маја Оџаклиевска и Кемал Монтено. Во тоа време работевме и патувавме многу, особено на југот на поранешна Југославија, кога ги посетивме речиси сите градови. Крива Паланка е историски град кој го паметам по прекрасниот манастир и мислам дека е дел од регионот познат по рударството, вели Здравко и додава: -Драго ми е што работите конечно се средија и што по долго време се вративме пред македонската публика. Во нашата стандардна поп-програма, која ќе ја слушне и публиката во Крива Паланка, има сплет на песни кои претставуваат вистинска музичка временска машина низ мојата педесетгодишна кариера, а судејќи според реакциите на публиката, би рекол дека секоја избрана песна го има своето заслужено место на таа листа и дека публиката е многу среќна што ја пее со нас. Доаѓаме во голем ансамбл, со бенд од 12 члена, танцова група која на свој начин ќе разубави и додаде малку енергија и магија на одредени песни, а носиме и интересно гудачко трио кое ќе претстави некои од моите песни кои вообичаено не ги изведуваме на малку поинаков начин. Сигурен сум дека не очекува посебна вечер на музика и дружење, вели тој. Пред големиот концерт на градскиот стадион во Крива Паланка, кој е во рамките на Joy fest, Чолиќ ги откри и плановите. -Во моментов сме посветени на завршување на нови песни и издавање на нов албум. Ако се оди според планираното, ќе објавиме неколку синглови, а потоа и целиот албум до пролет. Потоа следи концертна промоција во бројни земји и градови. Секако, Македонија е неизбежна на таа листа и верувам дека наскоро ќе се дружиме не само во Скопје, туку и во другите градови во кои секогаш со задоволство се враќам, вели Здравко, а на жителите на Крива Паланка им порача: -Драги мои Паланчани, среќен сум што после многу години конечно се враќам во вашиот убав град и што заедно со песна ќе го прославиме празникот Успение на Пресвета Богородица. Ќе се погрижиме за најдобрата атмосфера, а се надевам дека ќе не послужи и убавото време и дека во Крива Паланка ќе дојде драга публика и нашите пријатели од другите градови од Македонија, Србија и Бугарија. Крива Паланка, те сака и те поздравува твојот Здравко Чолиќ, додаде тој на крајот.]]>

Музика за сечиј вкус и раце горе: По деветти пат се одржа „Џој Фест“ во Крива Паланка https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-za-sechij-vkus-i-race-gore-po-devetti-pat-se-odrza-dzoj-fest-vo-kriva-palanka/ Tue, 30 Aug 2022 05:07:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264575

Полн плоштад, весели луѓе и празнично расположение со музика за сечиј вкус. Вака помина викендов во Крива Паланка, каде по дводневното журкање практично завршува и летото во овој град. Особено интересно е што еден по друг ден викендов се славеа неколку важни моменти во македонското живеење, а особено во овој град, па многу познати ѕвезди продефилираа на сцената забавувајќи ги лугето од сите генерации и од повеќе градови во државава, кои решија празничниот викенд да го поминат тука. Најпрва забавата почна во сабота со одлжување на деветото изание на музчкиот фестивал „Џој Фест“, кој инаку стартуваше пред 11 години, но поради пандемијата имаше пауза од две години. Прв оваа вечер настапи Бени и „Нон стоп“, кој настапуваше  и на првото издание на „Џој Фест“. Публиката реагираше со кренати раце и на неговите авторски песни, но и на познатите балкански хотви кој тој им ги подари на присутните. По него настапи Каролина, коај прв пат е дел од овој фестивал и која рече дека за следно гостување не треба да се чекаат нови 11 години, туку се надева на многу побрза средба со кривапаланечката публика. За крај на фестивалпт на сцената се појавија „Бас брадарс“ , четири момчиња кои не им дадоа на присутните да си заминат дома, туку играа со нив на познати светски хитови до раните утрински часови. Следниот ден, недела, беше Денот на рударите, но и христијанскиот празник Богородица, кој во Крива Паланка се слави традиционално на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. По традиција во приквечерите се посетува манастирот, не само за „Богородица“, туку и се дочекува денешниот ден, „Св. Јоаким Осоговски“. Оваа вечер, пак, плоштадот се наполни со публика, кој беше дојдена да ги слушне „Црвена јабука“, Аца Лукас и на крај вечерта заврши со прекрасните „Нокаут“. Колку сакаме да признаеме или не балканските пејачи се пожелни во Македонија, а тоа уште еднаш го докажаа со зовриената весела атмосфера која траеше до после полноќ. Фото:  Ѓоко Костовски]]>

Министерството за култура им ја повлече донацијата, Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка демантира: „Аца Лукас е платен од спонзори и не настапува во рамкте на „Џој Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-im-ja-povleche-donacijata-sashko-mitovski-gradonachalnik-na-kriva-palanka-demantira-aca-lukas-e-platen-od-sponzori-i-ne-nastapuva-vo-ramkte-na-dzoj-fest/ Thu, 18 Aug 2022 09:10:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263229

Министерството за култура  објави дека нема да префрли 153.000 денари на Општина Крива Паланка за организирање на рок фетивалот „Џој Фест“, бидејќи на него ќе настапи Аца Лукас. По оваа вест се јави градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски кој  вели дека концертот на српскиот фолк пејач не е во рамките на фестивалот, туку  е договорен за прославата на Денот на рударите. „Парите од Министерство за култура не се префрлени, само е склучен договор, а настапите на сите учесници на „Џој Фест“ и Аца Лукас веќе се платени од спонзори. Што значи дека Министерство за култура не ни мора да ги префрла, иако, секако дека беа наменети за македонски пејачи. На „Џој Фест“ ќе настапат Каролина Гочева, Бени и„Нон Стоп“, Гоце Саф, „Брас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, а тие се веќе исплатени, вели Митовски. „Џој Фест„  е поп-рок фестивал и се роди на иницијатива на група музичари од Крива Паланка, но по неколку години влезе под капата на општината и на него за сите овие години никогаш не учествувал турбо фол пејач. Оттаму и кажувањето на градоначалникот дека концертот на Лукас, кој е закажан за 28-ми овој месец, не е во рамките на „Паланечко културно лето“ и фестивалот, бидејќи „Џој Фест“ со настап на Бени, Каролина и другите пејачи и групи се одржува ден претходно, на 27-ми август. Според него српската турбо фолк ѕвезда ќе настапи исклучиво поради желба на граѓаните, бидејќи во секојдневен разговор со нив тие самите го предложиле српскиот пејач да ги забавува за празникот. „Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето.  По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која и реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува  само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се од спонзорства. Еве ќе кажам дека за концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е и самиот рудник во Крива Паланка, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба“ - изјави Митовски.]]>