ѕла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Oct 2019 07:45:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѕла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Добро познатата екипа повторно заедно: Талат, Марио, Јелена…..дојдоа на гости кај газда Ула од „Преспав“ https://arhiva.vistina.com.mk/dobro-poznatata-ekipa-povtorno-zaedno-talat-mario-jelena-dojdoa-na-gosti-kaj-gazda-ula-od-prespav/ Mon, 21 Oct 2019 07:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113550

Откако заврши третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“,  гледачите останаа со прашалници дали ќе има продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“. И одговорот на радост на бројниот ТВ аудиториум е – ќе има! Имено, Тијана Дапчевиќ која ја имаше улогата на Германката Ула на својот „Инстаграм“ неодамна најави дека во средината на октомври започнуваат снимањата на новата сезона на „Преспав“, а нејзиното емитување ќе започне во декември. Во претходната сезона имавме прилика да го гледаме секојдневието во „Преспав“, па ликовите со своите карактеристики и разни карактери знаеја да ја насмејат публиката до солзи. Рецепционерот Талат со својот смешен изглед и хумор, брзо ја освои македонската публика и стана еден од омилените лекови, а на социјалните мрежи се најдоа многу негови смешни цитати. Германката Ула која ја игра Тијана Дапчевиќ беше сопруга на Коста и се обидуваше да го убеди да си заминат од пансионот. Тука беа и чичко Миле, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Коста... Сите со своите особини ги создаваа и ги решаваа проблемите, а заедно направија серијата да биде најгледана и со нетрпение да се очекува новата сезона. Како што и најави Дапчевиќ, новата сезона започна да се снима деновиве, а веќе на социјалните мрежи се појавија и првите фотографии. Имено, на „Инстаграм“ е отворен профил на ликот Ула каде се објавени првите фотографии од снимањето, а газда Ула се пофали кој ја посетил. „Дојдоа Марио и Јелена на гости малце“ напиша Ула во една објава на „Инстаграм“. На фотографија со Дритон, односно со Талат, Ула напиша: „И Талат дошол да посети газда Ула“, стои на профилот на Ула. Тијана на својот „Инстаграм“ исто така објави фотографија во ресторан со своите колеги од „Преспав“ и напиша: „Со моите колеги од Преспав“. Тие исто така во ресторанот го прославија и роденденот на Јелена Јованова.   Што не очекува во четвртата сезона на „Преспав“ и какви промени ќе има останува да видиме.]]>