џипси фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Apr 2019 11:44:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џипси фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Џипси фестивалот“ во Цирих најави преименување во „Есма фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzipsi-festivalot-vo-cirih-najavi-preimenuvanje-vo-esma-fest/ Wed, 10 Apr 2019 11:42:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82231

Симеон Атанасов, едно од децата кои ги одгледа легендарната Есма Реџепова, и кој до крајот на нејзиниот живот и беше менаџер, заедно со „Есмас бенд“ настапи на фестивал во Цирих, Швајцарија.
Вели дека по кој знае кој пат, повторно се докажало дека кралицата на Ромската песна, Есма, е многу повеќе ценета и почитувана надвор од нашата земја. Во нејзина чест, фестивалот на Ромски песни на кој што настапиле, во иднина ќе биде наречен „Есма-фест“.
„На 13. ’Џипси Фестивал’ кој се одржа во Цирих, настапи и ’Есмас бенд’. Традицијата продолжува. На манифестацијата каде Есма беше честа гостинка, сега продолжуваме со учество ние, нејзините музички наследници. Нашиот пријател Кристијан Фоцх не покани да настапиме со неколку песни и така да ги потсетиме сите обожаватели на музиката на нашата Мајка Есма. Публиката беше воодушевена, нè пречекаа и испратија со овации. Очигледно е дека песните на Есма оставија трагa што не може да се избрише, таа живее во срцата на нејзините почитувачи низ целиот свет“, раскажа Симеон за „Фокус“.
Тој додаде и дека се подготвува турнеја низ Европа, во чии рамки ќе настапат групи од Шпанија, Индија, Бугарија, Швајцарија… Вокалистка на „Есмас бенд“ е младата Елеонора Мустафова, единственото девојче што го одгледа Есма.
 
]]>