џина папас џокси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 May 2020 08:08:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џина папас џокси – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Џокси Ѓурѓовден му е подеднакво важен, па можеби дури и поважен од Велигден, а еве и зошто?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-dzoksi-gjurgjovden-mu-e-podednakvo-vazen-pa-mozebi-duri-i-povazen-od-veligden-a-eve-i-zoshto-foto/ Thu, 07 May 2020 08:08:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148334

Вчера,6 мај 2020 година, православните верници од христијанска вероисповед го празнуваа Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто. Празник за Македонскиот народ, МПЦ - Охридска архиепископија, а за многумина и посебен ден - именден! Ѓурѓовден собено го славеја и чествуваа сите оние чие име е Ѓурѓа, Ѓорѓија, Ѓорѓи, Ѓуро, Ѓоре, Гоце, Ганка, Гане, Гина, Гена... А меѓу сите нив и еден познат македонски пејач. најпознатиот, чие име или потчно прекар се врзува токму со христијанските празници, односно со најголемиот - „Велигден“, зашто токму тој Џина Папас Џокси, ја напиша, испеа и остави за навека да се пее неговата песна „На Велигден“, која со текот на времето прерасна во легендарен македонски евергрин. Некој, особено од помладите сега можеби ќе се праша, каква врска има Џокси со Ѓурѓовден? Од каде пак сега Велигден и Ѓурѓовден, иако како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден па и во народната пена се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период. Малкумина знаат дека на македонскиот кантавтор и пејач Џина Папас Џокси му е всушност уметнички прекар. Ниту тој се вика Џина, ниту му е Папас презимето... Имено, вистинскот име и презиме на Џокси е всушност Ѓорѓе Васиќ. Оттаму и именденот кој го слави токму за време на празнувањето на Ѓурѓовден! За именденот Џокси доби стотици честитки, најмногу преку социјалните мрежи заради ситуацијата со коранапандемијата. Тој на сите им се заблагодари за честитките, исто така преку своите профили на Фејсбук и Инстаграм, но сепак една од ите честитки ја издвои со посебен пиетет. Онаа од Отец Пимен. Причината, повеќе од посебна. ]]>

Џокси на „Бубамара“ за „На Велигден“ доби награда за „песна за век и векови“, а истиот ден без да знае, доби и „наследник“… по прекар?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoksi-na-bubamara-za-na-veligden-dobi-nagrada-za-pesna-za-vek-i-vekovi-a-istiot-den-bez-da-znae-dobi-i-naslednik-po-prekar-foto/ Fri, 06 Mar 2020 08:48:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137816

Секој живот има чудна приказна... Помалку или повеќе среќна, грда или убава, сурова и тажна или безгрижна и весела... Секој од нас ги има „своите 5 минути во животот“, па некој умее да ги препознае и ужива во моментите на слава, некој не умее да ги препознае и тие ќе го одминат како да е странец, трети пак „5-те минути“ ги претвораат во слава за навек... Веројатно, кому како му е пишано и од Бога дадено! На Џина Папас Џокси на последната „Златна Бубамара на популарноста“ му беше дадена награда за навека. Неговата антологиска „На Велигден“ сосема заслужено беше прогласена за „песна за век и векови“, иако и пред тоа, како на Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ да речеме неколку години претходно, веќе беше слично валоризирана и песната и и самиот тој како кантавтор и пејач. Но и без тоа и без наградите, песната си го најде својот пат во аналите на македонската поп музика, вгнездуваји се во срцата на народот, што е најголемата и најважна награда за секој пејач и автор. Сепак, она што ќе се случи истата вечер или истиот тој ден е исто така за аналите... но, на животот! Имено, на денот на одржувањето на „Бубамара“ и чинот на наградување, во една приватна скопска клиника се раѓа нов живот, на свет доаѓа машко детенце. Но, ниту бебето, ниту родителите не се во никаква роднинска врска со Џокси, напротив - воопшто и не се познаваат! Сепак, пресреќната мајка без да знае што се случува на настанот, (на кој како и секогаш, освен организаторот никој друг не знае кој ќе биде награден и кој се ќе се појави да пее), заради природниот изглед на косичката на нејзиното синче веднаш по неговото раѓање, уште пред бебенцето официјално да добие име, таа ќе му даде прекар - Џокси! И не само тоа, туку некој ден потоа, таа ќе најде начин тоа да му го соопшти на македонскиот кантавтор: „Здраво, јас сум мајка на бебе што се роди во ист ден кога Вие добивте награда на „Златна Бубамара“. Не само што се роди на тој ден, туку без да знам дека сте добиле награда ( бидејќи гледав снимка на ТВ некој ден покасно), прекар му дадов по вас, ќе видите и зошто по сликата. Голем поздрав од мал Џокси и мајка му“ - му напишала пресреќната мајка на Џокси. Неможејќи да ги скрие емоциите, Џокси „не остана должен“ па објавувајќи ја приказната, возврати со свој одговор кој го сподели на својот  профил на социјалните мрежи: „Еве нешто што ми го разубави денот, не заради прекарот, туку за почетокот на животот на ова прекрасно суштество“ - напиша големиот за малиот Џокси. Останува само да видиме дали Ѓорѓе Васиќ, како што е вистинското има на Џина Папас Џокси ќе се запознае со семејството и со својот „несуден наследник по прекар“ - малиот Џокси и дали можеби убавата животна приказна ќе има и нова епизода?]]>

Жаклина Стефковска и Џокси како во (песната за) старите добри времиња: „Како е добро пак да те видам…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zaklina-stefkovska-i-dzoksi-kako-vo-pesnata-za-starite-dobri-vreminja-kako-e-dobro-pak-da-te-vidam-foto/ Tue, 03 Dec 2019 10:38:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121905

Веројатно сите ја паметиме познатата песна на легендарната група „Нови фосили“, која своевремено беше голем хит, а потоа стана евергрин, насловена: „За она добра стара времена“ (За оние добри стари времиња). И рефренот од истата секако, кој одеше отприлика вака: „Како је добро видјети те опет... (Како е добро пак да те видам)... Отприлика така некако може да се опише средбата на две музички имиња од македонската акустичарска сцена од времето кога кантавторството и акустичната музика беа рамо до рамо со рок ен ролот во Македонија. Имено Џина Папас Џокси и Жаклина Стефковска се најдоа на исто место, во ист локал. Обајцата припааѓаат на времето кога Џокси беше дел од можеби најпознатата македонска акустичарска група „Макакус“, а Жаклина Стевковска исто така кантавтор и дел од македонската акустичарска сцена. Она што ги врзува покрај музиката е и фактот што и Џокси пред многу години живееше, а  Жаклина последниве години живее на релација Македонија - Хрватска! Но, кога е во Скопје, Жаки не ретко има настапи со својата акустична гитара во некој од скопските локали, како  последниот, во еден од најпознатите виски пабови во македонската метропола. Згодна прилика за средба на старите пријатели - Жаки и Џокси! Но, она што приказната ја прави уште повозбудлива е фактот што некогаш во младоста, или што би рекле - на времето, Жаклина Стефковска и Џина Папас Џокси беа во љубовна врска. Момче и девојка, кои ги спојуваа задоволството од заедничкото, тогаш само хоби - музиката и љубовта. До душа врската не потраја нешто премногу долго, но доволно за да останат спомените, а некогашната љубов да прерасне во пријателство кое трае... до ден денешен! И затоа кога ќе се сретнат по долго време има што да си кажат и раскажат. Ако не за друго, заради старите добри времиња и долгогодишното  пријателство, кое многу извесно ќе остане за навек! Впрочем, веројатно се' уште има „писма неотворени“ како што пее Жаклина во својата позната песна во кои има доволно напишано за да се разменат убави зборови меѓу старите пријатели. А и Џокси знае како пријателството да го негува за да трае, па затоа можеби неслучајно покрај средбата, на својот Интернет  портал  кој го работи, постираше и напис со интересна содржина: „Како да останете пријатели со својата поранешна партнер/ка?“        ]]>

Џина Папас Џокси со емотивна порака што ќе ве наежи, замисли и расплаче и ја честиташе магистратурата на својата ќерка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzina-papas-dzoksi-so-emotivna-poraka-shto-kje-ve-naezi-zamisli-i-rasplache-i-ja-chestitashe-magistraturata-na-svojata-kjerka-foto/ Sat, 30 Mar 2019 10:09:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80224

Нема нормален човек, не постои родител кој не му посакува се' најдобро на своето дете во животот. Кога се родителите и децата во прашање пак, велат момчињата се повеќе приврзани кон мајките, додека девојчињата кон татковците. Ова не е пишано правило, но во најчест случај е така. Како и да е,  двајцата ародители се подеднакво горди и среќни, подеднакво се радуваат на секој успех на нивното дете. Особено, ако тоа не е обичен успех туку, нешто што не е така лесно да се достигне. Образованието е еден од тие сегменти, а моментот на неговото завршување или надоградба се оние нешта кога во душата на родителот се случува експлозија од радост, екстаза од задоволство, среќа и гордост проследена со мислата: „Да, тоа е моето дете“!
Токму понесен едно такво случување, познатиот македонски кантавтор и пејач Џина Папас - Џокси (Ѓорѓе Васиќ), авторот и изведувач на легендарната песна „На Велигден“ со емотивен статус на својот Фејсбук профил и ја честиташе магистратурата на својата ќерка Ева. Порака што секој родител ќе ја разбере.
Имено,  младата Ева Васиќ - ќерката на Џокси е една од ретките Македонки која најпрвин дипломираше Меѓународен проект менаџмент, а потоа и магистрираше на Универзитетот Кјото во Јапонија, кој е рангиран на самиот врв на јапонската универзитетска листа.
Моментот на среќа гордиот татко Џокси не можеше да не го сподели со јавноста, преку отворено обраќање кон својата ќерка. Неговите зборови ја кријат сета животна мудрост на еден совесен и стабилен родител. Зборови од кои ќе се наежите, замислите, а  некому можеби и ќе му се насолзат очите.
„Ќерко, сега кога магистрира ред е да почнеш да го живееш животот. Мајка ти те научи букви и бројки, јас те запознав со нотите, а тоа се неговите три основни елементи. Буквите, преку кои ја доби својата писменост, ти овозможуваат да комуницираш со луѓето, да го разбереш нивниот збор и со иста јачина да им се спротивставиш. Бројките ти овозможуваат да ја пресметаш тежината на животот. Ќе вадиш корења за да преживееш, но плодовите секогаш доаѓаат на добро пресметаното време. Музиката е таа која треба да ги спои овие елементи и во хармонија да ти го олеснат патот кон успехот.
Патот, и самата знаеш, не е постела од пердуви, опак е. Ако не знаеш да пресметаш (бројки) по која рута да се движиш, ако не можеш да разбереш (букви) што се бара од тебе, тогаш застани, одмори, слушни ја музиката (ноти), опушти се, и ... ќе ти текне, за сѐ има решение. И не брзај да докторираш, има време. И не брзај да се враќаш, пак има време. П.С. Ти текнува кога ја бранеше дипломската? Професорот ме виде пред да ме претставиш и на глас кажа: - Оооо, па ти си викнала и музика да прославиме! Се стаписа кога разбра кој сум. - Четири години не си ни кажала кој ти е татко?! - Професоре тука јас ја бранам дипломската, а не татко ми! Тоа само ја покажува твојата големина што си се изборила сама за своите ставови и успеси, ја покажува твојата перцепција на животот и работите околу себе. Ти честитам на успехот што денеска ме направи да се чувствувам возвишено. Што и да ти треба, кај и да си, тука сум. Те сакам!“
 
]]>