џими мицевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Jan 2024 11:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џими мицевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љубовта е минлива, ама интересот е вечен: За Џими и Анета Молика работата има своја цена, иако приватно разделени, повторно заедно на сцена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lubovta-e-minliva-ama-interesot-e-vechen-za-dhimi-i-aneta-molika-rabotata-ima-svoja-tsena-iako-privatno-razdeleni-povtorno-zaedno-na-stsena-foto/ Mon, 29 Jan 2024 09:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336588

Познатата музичка сега веќе екс- брачна двојка Анета Љумаковска и Џими Мицевски од „Молика“, сакале или не ќе бидат службено заедно неколку дена. Анета и Џими заедно со колегите од групата „Молика“ ќе отпатуваат во странство и ќе настапуваат на иста сцена. Иако се разделија уште пред неколку месеци минатата година, поранешните сопружници останаа лојални на оние што ги ангажирале за настап, па ќе мора да ги испочитуваат, а и да ги задоволат сопствените интереси. Па така, наскоро односно на 8-ми март Анета Љумаковска и група „Молика“ ќе пеат на дамите од дијаспората во Виена – Аврстија. Тука не завршува нивната работна задача, па ќе мора да се гледаат и да патуваат и настапуваат и следниот ден односно на 9-ти март во Брисел- Белгија. Натапите на својот профил на Фејсбук ги најави и самата Анета, ги информираше и оние што не разбрале навреме, да си обезбедат место. За потсетување, во време кога потврдија дека не се повеќе заедно и му ставиле крај на бракот, а постапката е во тек, Џими и Анета потврдија дека кога се во прашање заедничките настапи со „Молика“ ќе ги имаат и испочитуваат се’ она договороеното до месец авкуст годинава. Љубовта е минлива, но интересот останува ист! фото:Facebook/ Aneta Ljumakovska]]>

Шефот на групата Молика по разводот од Анета, со својата нова убавица замина на Јадранот: Кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shefot-na-grupata-molika-po-razvodot-od-aneta-so-svojata-nova-ubavitsa-zamina-na-jadranot-koga-dhimi-ke-ja-javne-zadovolstvoto-nishto-ne-mozhe-da-go-zapre-foto/ Thu, 24 Aug 2023 10:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315124

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски  и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените  обврски со групата (свадби, настапи, турнеји... ) до август следната година - останува да се испочитува. Сепак, иако летото за естрадата важи за „сезона на жетва“, сепак многумина од нив наоѓаат малку слободно време и за себе, да одморат и да ги наполнат батериите.  После месеците напорна работа и пред се'  турболентна приватност, на Џими и тоа како му требаша начин да ги тргне мислите, ослободи умот, релаксира душата... Затоа музичарот заедно со својата нова убавица, заминал на приватна турнеја, овој пат во посета на некои од најубавите локации на бившата СФРЈ. Разбирливо, Јадранот летно време е неизбежен, а сообраќајните гужви кои се вообичаени на патиштата и граничните премини, за да ги избегне му помогнала токму споменатата „убавица“ со која шефот на „Молика“ вешто ги минувал и километрите и гужвите и границите. Впрочем, кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре! Дива како ждребица, црна како пантер,  брза како гепард, елегантна како газела, моќна како анаконда, убавото и корисното Џими го споил уживајќи во возењето со својата нова Хонда. „Лутата машина“ која искусниот моторџија  летово го одведе на неколку егзотични дестинации, како своевидна „утеха“ која музичарот си ја пронајде во возењето мотор со кој решил да замине во Хрватска за да ужива во убавините на Јадранот. Анета, која во меѓувреме си го промени и презимето, на социјалните мрежи не е така активна. Но, тоа не важи за нејзиниот сега веќе екс сопруг, кој своето летно мото патешествие го овековечил со неколку фотографии од разни локации на патот кон јадранското крајбрежје. Од преубавиот мост на полуостровот Пељешац, преку древниот Дубровник... Надалеку прочуеното лековито Игало... Па се' до обновениот стар мост на Неретва во Мостар, изграден во времето на Османлиите, а урнат во југословенскиот воен конфликт. Неговата црна убавица на две тркала,  која верно му служи без да го изневери и со која Џими Мицевски ова лето реши да ги мине најубавите денови, преточени во незаборавни спомени, кои музичарот ги овековечил со фотографии, споделени на социјалните мрежи! Фото: Фејсбук/Dzimi Micevski]]>

Откако Џими Мицевски за Вистина.мк го потврди разводот, сега Анета се реши на крупен чекор иако бракоразводната постапка е во тек (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-dhimi-mitsevski-za-vistina-mk-go-potvrdi-razvodot-sega-aneta-se-reshi-na-krupen-chekor-iako-brakorazvodnata-postapka-e-vo-tek-foto/ Fri, 28 Jul 2023 08:35:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311889

Музичарот и фронтмен на популарните „Молика“, Џими Мицевски неделава во изјава за Вистина.мк го потврди крајот на 22 годишниот брак со пејачката Анета Мицевска. Тој во телефонски разговор со нас даде одговор на написите кои изминатиот викенд како непотврдени се ширеа во домашните медиуми. -Вистина е. „Молика“ ќе продолжи бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор, завршува Мицевски. Приказните секогаш имаат две страни, па така сега и Анета почувствува потреба да покаже јавно дека и таа е согласна со потврдата дека на бракот му дошол крај по повеќе од две децении заедница. Имено, македонскиот славеј пред три дена го прослави својот 39-ти роденден, а за своите следбеници на социјалните мрежи сакаше да се претстави во едно поинакво стилско светло, но и со една голема промена во одност на нејзиниот профил на Инстаграм. Имено, Анета иако е во бркоразводна постапка, таа уште сега се реши на социјалните мрежи да го промени презимето по кое е препознатлива, па од Мицевска стана Љуманковска, односно го врати моминското. Тоа не беше се’, пејачката се почувствува неискажана, па во изјава за порталот Гламур.мк го кажа своето:
-Да точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи, вели пејачката која наедно го кажа истото што и екс- сопругот. Истата сцена ќе ја делат уште една година, но не и истиот покрив над главата. Да потсетиме, пред да застанат на лудиот камен Анета и Џими беа во врска една година, а Џими има и син од првиот брак, а пак во заедница ја добија ќерката Мони. фото:Инстаграм принтскрин/Анета Молика]]>

Се огласи осудениот Џими Мицевски – фронтменот на групата „Молика“: Ме осудивте за најчесно и најдомаќинско работење, но немојте да мислите дека ќе ме скршите!“ https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-osudeniot-dzimi-micevski-frontmenot-na-grupata-molika-me-osudivte-za-najchesno-i-najdomakjinsko-rabotenje-no-nemojte-da-mislite-deka-kje-me-skrshite/ Fri, 03 Apr 2020 07:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143000

Во последниот ден на месец март годинава, во судската завршница во Основниот суд – Скопје 1 беше донесена првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години. Меѓу осудените се најде и битолскиот музичар и лидер на мегапопуларната и реномирана група „Молика“, Џими Мицевски, воедно и сопруг на пејачката на групата, Анета Мицевска, кој доби затворска казна од 2 години и 6 месеци. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzimi-miceski-liderot-na-grupata-molika-i-soprug-na-pejachkata-aneta-miceska-osuden-na-2-godini-i-6-meseci-zatvor-foto/ Македонското таканаречено „Луј Витон“ судство уште еднаш покажа „одмазничка правда“ со драконски казни кон функционерите на бившата власт - денес опозиција. Покрај сувото, гори и суровото - вели народот, па така меѓу сите осудени се најде и лидерот на фолк групата „Молика“, Џими Мицевски, чија фирма „Џими Турс“ вршела транспорт на ученици во времето на градоначалникувањето на Владимир Талески, а наводно наплаќала повеќе пари од општинската каса од што услугата реално чинела. Музичарот и лидер на „Молика“ не можејќи да ја издржи направдата, писмено и се обрати на јавноста преку својот Фејсбук профил, тврдејќи дека е апсолутно невин, жртва на политиките, дека нема наплатено ниту денар повеќе од договореното и дека правдата ќе ја тера до крај, ако треба и до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур. При тоа Џими ги повика порталите да ја пишуваат вистината, а написите да ги темелат на факти, а не на „од ракав истресени“ информации. Неговото јавно Фејсбук обраќање го пренесоа и некои домашни, локални битолски портали, како и еден портал кој е наменет за информирање на нашата дијаспора во Австралија, каде Џими, Анета и нивната група „Молика“ се чести гости со своите настапи и турнеи. Но, само ден по јавната објава, истата исчезна, односно ја снема од фејсбук профилите на Џими. Ниту на едниот, ниту на вториот негов Фејсбук профил таа повеќе не се наоѓа.   А, со тоа исчезна и од споменатите портали, односно од оние, кои со линк целосно ја пренесоа неговата изјава!!? Дали музичарот се исплаши од уште поостри консеквенци, поголема одмазда, дали некој го уцени или му се закани или едноставно  пријателски го посоветува дека е подобро да молчи и да ја турка работата или пак самиот процени дека е најдобро така, останува отворена поканата од Вистина.ком.мк, самиот Мицевски одговорот да го сподели со нас и јавноста. Во меѓувреме ние успеавме да дојдеме до неговата интегрална изјава која остана зачувана кај некои од неговите Фејсбук пријатели, па ви ја пренесуваме во целост: „Јас, Мицевски Џими ова што сега го правам – пишувам го правам за честа и угледот, прво на моите деца, а потоа на мојата фамилија, на мојот славеј, Анета Мицевска и групата Молика.. Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола, поточно во мегапознатиот случај Транспортер. Осудени сме сите обвинети, а сите угледни и чесни граѓани на Битола, кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 год и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење. Јас, Мицевски Џими најодговорно тврдам дека со мојата фирма 'Џими Турс' немам наплатено ниту (1) еден скршен денар повеќе од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола, а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења ( значи вештачење нарачано од СЈО ). Секако дека овде ова нема да застанам со ова ќе одам и до последниот суд овде во МК да си ја докажам мојата невиност, а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две спротиставени страни, правдата ќе ја барам и во Стразбур во Франција, во меѓународниот суд за човекови права…“ „Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга, јас сум спремен да одговарам во секое време… Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго. Меѓутоа, немојте да мислите дека ќе ме скршите. Битката продолжува. Немојте да се чудите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите...  Не дај Бог да ви стане јасно, како на мене сега што ми станува јасно. Немам намера на никого да му се правдам и ќе ве замолам вие од порталите, ако имате барем малку човечко достоинство, да пишувате според факти, а не од ракав истресени информации“ - напиша Џими во своето фејсбук обраќање до јавноста.  ]]>