џијан емин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 08 Apr 2023 08:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џијан емин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Диригентот Џијан Емин реагира: Од Филхармонија намерно не сакаат „Оркестарот за џез музика во Македонија“ да работи https://arhiva.vistina.com.mk/297292-2/ Sat, 08 Apr 2023 08:50:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297292

По иницијатива на Здружението на џез музичари и слободни уметници, Владата неодамна донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Македонија“. Веднаш потоа Владата донесе одлука новоформирната национална установа „Оркестар за џез музика“ просторно да биде сместена во објектот на Македонската филхармонија, а по потреба да го користи и музичко-сценскиот простор на Македонската опера и балет (МОБ). На ваквата одлука реагираа вработените во филхармонијата сметајќи дека сместувањето на „Оркестарот за џез музика“ во објектот на Филхармонија е несоодветно и ќе направи повеќе штета, отколку полза, а реакцијата ја срочиле  во отворено писмо испратено до медиумите. Матичниот диригент на ЗЏМ Биг бенд, Џијан Емин вели дека членовите на оркестарот се затекнати и вчудоневидени од реакцијата на голем дел од нивните пријатели, колеги и соработници од Филхармонија.  за кои вели дека тие не понудиле сериозен аргумент кој би го оправдал ваквиот нивни став. Ваквиот став на вработените во Филхармонија предизвика револт и кај останатите членови на ЗЏМ Биг бенд. Џијан Емин својот став по ова прашање го искажа на својот Фејсбук  - профил, јавно споделувајќи ја следната објава:
„Во интерес на реалното информирање, директорот на Филхармонија, управниот одбор, концерт-мајсторите, водачите на групите, оркестарот, билетарките, нототекарките, правниците, сметководството, маркетинг служба, техничка служба; се радуваат и гордеат со концерти од типот на Божо Вречa, ‘Црвена јабука’ и настани како овој на видеото (сцена од претставата ‘Лепа Брена проект’) без срам со закана за штрајк, кажуваат дека не може и нема Биг бендот на ЗЏМ да работи во филхармонија, затоа што тие така сакаат. Јас не се согласувам со ова, вие почитувани граѓани?“
]]>

„Раат“- електро-акустична ѓурулитија со Џијан Емин https://arhiva.vistina.com.mk/raat-elektro-akustichna-gjurulitija-so-dzijan-emin/ Tue, 29 Nov 2022 13:50:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277849

Во четврток, со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин. Најубавите работи во животот, љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините, …се бесплатни и не можат да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот кој може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места. Сите си имаме свој раат, на различни места и во различни нешта, но чувството е исто….раат. За Џијан Емин, музиката има магична моќ. На различни начини успева да нè води низ времето, ни ги пренесува мудростите на животот, среќата, радоста, тагата…, несвесно влијае на нашиот разум и нè прави подобри луѓе. Тој го следи своето срце кое, признава, му нанело многу болки, но за возврат, денес ја има слободата која носи безмерна среќа, а која сака да ја споделува со луѓето.]]>

Македонски ѕвезди за крај на насилството врз жени и девојчиња со своја верзија на – „Очи црни“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-dzvezdi-za-kraj-na-nasilstvoto-vrz-zeni-i-devojchinja-so-svoja-verzija-na-ochi-crni-video/ Fri, 10 Dec 2021 06:38:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230746

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое  Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“ Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажува последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаите на домашно насилство каде најголем број од жртвите се жени. Во рамки на кампањата, одекнуваат моќно гласовите на македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во песната „Очи црни“. Аранжманот е на Џијан Емин, а препевот на песната го направиле Диме Поповски и Васиа Поповска, песна со која македонските музички ѕвезди сакаат да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да пеат, да бараат, да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ! ]]>

Џијан Емин и Дерик Меј ја кренаа публиката на нозе во престижната „Ројал Фестивал Хол“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzijan-emin-i-derik-mej-ja-krenaa-publikata-na-noze-vo-prestiznata-rojal-festival-hol/ Wed, 04 Sep 2019 11:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105139

Нашиот маестро Џијан Емин и славниот диџеј Дерик Меј, ја кренаа публиката на нозе во престижната „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон! На 29 август, Џијан Емин заедно со оркестарот „Сити оф Лондон Синфонија“, настапи како диригент заедно со Дерик Меј, чија успешна соработка трае годиниве наназад на меѓународните сцени. На концертот во Лондон беа изведени композиции на Меј и на Емин, за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник.
„Концертот беше дел од ‘Мелтдаун Фестивал’ чиј куратер е познатиот продуцент Најл Роџерс. Настанот помина прекрасно. Оркестарот беше фантастичен, како и маестралните Сем Лик на соло пијано и Елоиз Вернер која настапи како соло вокал. Звукот, пак, во концертната сала беше извонреден. За првпат во историјата на ‘Ројал Фествал Хол’ се случи еуфорија и публиката стана да танцува. Настапот помина со овации, не викнаа два пати на бис, а критиките по концертот беа мошне позитивни“, вели Џијан Емин.
„Многу сум среќен што имавме ваква можност, да одржиме концерт во еден таков, престижен простор во кој настапуваат светски имиња, диригенти, оркестри, солисти. Меѓу публиката имаше многу ѕвезди кои јас како дете, на пример, сум ги гледал на ТВ и тоа даде дополнително задоволство. Едноставно, ова беше еден од најважните концерти кои досега сум ги одржал“, вели македонскиот уметник.]]>

Хуан Аткинс и Македонската филхармонија на 2 август во Антички во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/huan-atkins-i-makedonskata-filharmonija-na-2-avgust-vo-antichki-vo-ohrid/ Fri, 27 Jul 2018 11:08:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40356

На 2 август, од 22 часот, во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи вистински летен спектакл. Концерт ќе одржат Хуан Аткинс и  Македонската филхармонија, предводена од маестро Џијан Емин. За помладата публика истата вечер диџејот Џеф Милс ќе има свој сет на плажата кај хотел „Парк“. Според организаторите овој перформанс ќе биде едно неверојатно патување кое ќе овозможи класиката да се збогати со електронски призвук, со што ќе се создаде уметничко дело од светски размери.]]>

Џијан Емин и Дерик Меј ќе настапуваат во Франција https://arhiva.vistina.com.mk/dzijan-emin-i-derik-mej-kje-nastapuvaat-vo-francija/ Fri, 23 Mar 2018 12:54:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17432

Македонскиот музички уметник Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на националниот оркестар „Де Лорен“, заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј. На концертот ќе гостува атрактивниот композитор и пијанист од Луксембург, Франческо Тристано. Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзума – електронската и класичната музика, а кои се чини се спротивставени. Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј се случи во Антички театар - Охрид во 2014 година, и оттогаш двајцата уметници, со различни оркестри, го прошетаа светот, настапувајќи во Европа, САД и во Австралија. Извор: Н.М.]]>