ѕезездите на гранд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Feb 2022 13:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѕезездите на гранд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Добрила Ивановска Чабриќ во „Ѕвездите на Гранд“: Жирито воодушевено од 94 – годишната Македонка – „Таа е мој идол“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dobrila-ivanovska-chabrikj-vo-dzvezdite-na-grand-zirito-voodusheveno-od-94-godishnata-makedonka-taa-e-moj-idol-video/ Mon, 28 Feb 2022 08:19:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240849

Во саботната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и македонскиот кандидат Дамјан Димевски (19) од Скопје. Тој се натпреваруваше во дуел со Стефан Томиќ од Краљево. Дамјан се претстави со песните „Параходот ме пристигла“ и „Море од соли“. На крајот резултатот беше 5:5 oдносно 5 гласа за Дамјан и 5 гласа за Стефан. Македонецот во Бекстејџ имаше силна поддршка, односно македонската победничка на „Никогаш не е доцна“, 94 годишната Добрила Ивановска Чабриќ. Таа со својата харизма и позитина енергија го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“ и успеа да ги насмее присутните. Поповиќ ја праша зошто е со стап, а Добрила откри дека имала сообраќајна несреќа. -Се превретев со автомобил, одговори Доби. =Поповиќ ја праша колку сега има години. -Секогаш кажувам обратно, имам 49 односно 94, изјави таа. Саша истакна дека и покрај годините изгледа како девојче, а Добрила на тоа му одговори: -Така се чувствувам, имав корона, тежок облик, цитокинска бура од која умираат пациенти, но ете жива сум, додаде таа. -Таа е поздрава од сите нас заедно, констатираше Цеца. Нејзините одговори ги воодушевија присутните во студиото, а Поповиќ ја праша дали и на 94 години има додвурувачи -Колку сакаш, Фејсбукот е полн. Јас само одговарам, блокирам, па ќе одблокирам. Знаете што, во хороскоп сум водолија, ја сакам слободата. Немам против да најдам некое рамо на кое ќе се потпрам, но ја немам таа среќа. Јас двапати се мажев за мојот маж, прво го оставив, па се жалеше и жалеше, па јас го вратив, подобар не најдов, вели победничката на „Никогаш не е доцна“. Жирито беше воодушевено од нејзината енергија. -Се уште се прашувам чија поддршка е Добрила, таа е мојот идол, изјави Ана Бекута, а Саша додаде дека таа е прабаба на македонскиот кандидат Дамјан Димевски. Членовите на жирито имаа и пофални зборови и за натпреварувачите. -Фантастични, браво момчиња, истакна Вики Миљковиќ. -Дамјан беше одличен, многу инспиративно, убаво пееше, добро е што пееш на својот мајчин јазик, добро пееше, изјави Ана Бекута. Димевски е под менторство на Александар Милиќ Мили кој беше задоволен од настапот на неговиот кандидат. -Дамјане, секоја чест, изјави Мили. Неговиот настап може да го погледнете во видоето подолу на 29:15. фото: принтскрин/јутуб/зведе згранда/З.К Муња/Лука/Елена]]>