џез – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 08:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џез – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хуморот на Четкар е како џезот – з’ш за да го разбереш, мора да си или џезер во душа или… охриѓанец! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/humorot-na-chetkar-e-kako-dhezot-z-sh-za-da-go-razberesh-mora-da-si-ili-dhezer-vo-dusha-ili-ohriganets-video/ Thu, 02 Nov 2023 08:11:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324988

Владимир Василевски - Четкар, македонскиот џез гитарист со интернационално реноме, туку што се врати од турнеја по Далечниот Исток. Таму, како и на многу други места ширум светот е мегаѕвезда, кај нас на Балканот, каде што царуваат турбофолкот и кичот, а Техеран звукот доминира,  остана некако несфатен до крај...
Иако, како што самиот умее да каже: „Нема граници кои врвната и искрена уметност неможе да ги пробие!“, некои закоравени жабокречини, тешко се брануваат. Впрочем за да го разбереш џезот, мора да си и по малку музички „писмен“, троа едуциран, да сакаш да слушаш малку повеќе од „завивање од Ориентот“ и трилери на хармоника и синтисајзер. Таква е таа музика, не е баш за сечие уво, ама по се' изгледа таков е и хуморот на родениот охриѓанец Четкар!
Имено покрај останатото што го споделува на социјалните мрежи како дел од неговата музичка кариера, спотови, настапи, турнеи, Четкар се труди понекогаш да сподели и парче  сопствен хумор... Овој пат, охридски. Така на пример октомвриското капење во Охридското езеро Четкар го зачинил со „Лепотан френдли совет“.
Или што би рекол охридскиот гитармастер: „Надворешната убавина понекогаш заслепува, па луѓето не можат да ја видат вашата генијалност“! Е сега дали баш тајната на внатрешната убавина е во надворешната или надворешната ја засенува внатрешната, е прашање за дилема? Особено што надворешната е минлива, за разлика од внатрешната, чиј секој изустен збор долго се памти!
Она што Четкар како хумор го сервирал на поединци им е смешно, а многу други се прашуваат: „Што сака со ова да каже писателот?“ Во случајов џезерот! З'ш хуморот на Четкар е како џезот - за да го разбереш мора да си или џезер во душа или... охриѓанец! Фото и видео: Инстаграм/vladimir_cetkar
 ]]>

Ќе се основа нова установа, „Оркестар за џез музика“ https://arhiva.vistina.com.mk/ke-se-osnova-nova-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika/ Wed, 22 Mar 2023 13:12:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294595

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ – Скопје. Установата се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност. Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност. Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, Република Северна Македонија. Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај. Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој. извор:курир.мк]]>

Почина легендарниот џез саксофонист Вејн Шортер https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-dhez-saksofonist-vejn-shorter/ Fri, 03 Mar 2023 10:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291583

Американскиот саксофонист Вејн Шортер, автор на некој од најслушаните џез композиции, почина во четврток на 89 години, објавија весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“. Неговата издавачка Алиша Кингсли ја потврди смртта на легендарниот музичар. Со кариера долга неколку децении, Шортер е пионер во многу џез жанрови, како би-бап, џез-фјужн и други. Соработуваше со многу музичари од различни жанрови, а познато е неговото партнерство со Џони Мичел, на чијшто 10 албуми свиреше. Работел и со Сантана и Стили Дан. Автор е на некои од најпознатите песни на квинтетот како што се „E.S.P.“ и „Nefertiti“. Дејвис го нарече „личноста од идеи во бендот, концептуализатор на низа музички идеи кои ги спроведовме и кој сфати дека слободата во музиката и способноста за препознавање на правилата за да би можело да бидат заобиколени“. Шортер има освоено 11 Греми награди, како и Греми за животно дело.  ]]>

„Скопско лето“: Концерт на Васил Хаџиманов трио насловен “Melody Rhimes“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopsko-leto-koncert-na-vasil-hadzimanov-trio-nasloven-melody-rhimes/ Wed, 30 Jun 2021 12:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209089

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва со почеток во 21 часот во Куршумли Ан ќе се одржи долго најавуваниот и очекуван концерт на популарното Васил Хаџиманов трио. Како и секогаш, и овој пат на сцената ќе се појават: Васил Хаџиманов – клавијатури, Мартин Ѓаконовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. На овој концерт триото ќе го промовира новиот албум “Melody Rhymes”, а воедно ќе се претстави и со композиции кои досега биле промовирани и снимени на претходните албуми.   Генерален покровител на „Скопско лето“ и годинава е Град Скопје, поддржувач е Министерството за култура на Република Македонија. Концертот за Васил Хаџиманов Трио е веќе распродаден!]]>

Боса нова е ритамот што возбудува во новиот спот на Павле Камилоски – „Љубовна рапсодија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/ Fri, 04 Jun 2021 10:08:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205651

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја објави својата најнова песна и спот „Љубовна рапсодија“. Неговиот префинет стил и боемски шарм се одлика на спотот кој несомнено ќе ви украде воздишка и ќе ви ги разбуди сите сетила. Ритамот што возбудува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој умее да комуницира со публиката го напиша Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата елеганција во оваа филмска видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“. Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани и перкусии кои создаваат хармоничен музички баланс во боса нова стил, стилот по кој е препознатлив Камилоски. Павле лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“. Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, тој се истакнува како изведувач на безвременските Џез песни кои се дел од неговиот музички печат. https://www.youtube.com/watch?v=ZUQekpthhyU]]>

„Џез во лозјето“ за крај на гроздоберот https://arhiva.vistina.com.mk/dzez-vo-lozjeto-za-kraj-na-grozdoberot/ Tue, 08 Oct 2019 11:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111514

Оваа среда, на 9ти октомври од 17 до 23 часот, бидете дел од културниот настан „Џез во лозјето“. Со оваа несекојдневна манифестација за прв пат на ваков начин ќе се одбележи крајот на гроздоберот во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкото виногорје. Гостите ќе можат да уживаат во некои од најквалитетните вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винаријата. Сите вина ќе бидат по специјална цена за настанот, а вино на вечерта ќе биде Каберне Совињон Резерва 2014. Ова вино е направено од грозје од сортата Каберне Совињон од сопственото лозје на Шато Сопот. Комплексно, со полно тело, меки зрели танини и богати овошни вкусови. Гостите ќе уживаат во џез репертоарот на три џез состави: Традаванда Квартет во состав Трајче Илиевски на гитара, Давид Скерлевски на клавијатури, Андреа Мирческа на контрабас и Дамјан Грујо на тапани. Млади инструменталисти, студенти од катедрата за популарни жанрови при Факултетот за музичка уметност од Скопје кои пукаат од енергија и ентузијазам на сцена. Репертоарот вклучува џез стандарди од свинг и бибоп ерата, звуци од 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Квартетот на извонредниот Оливер Јосифовски, популарниот музичар на контрабас и основач на групата Љубојна. Го придружуваат фантастичната Лина Авшар, позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк-соул-џез стандарди и современа популарна музика, клавијатуристот Филип Димишковски, најдобар млад џез музичар за 2018 година и Александар Џигер Ванчовски на тапани. Тумбао Салса Бенд со десетчлен состав (Петар Ренџов- гитара, Сенад Усеин – труба, Ставре Ставрев – тапани, Горан Гешовски – бас, Кирил Кузманов – саксофон, Анче Наумовска – вокал, Мартина Христовска – вокал, Дамир Имери – пијано, Сашко Николовски - тромбон, Арсо Јаневски – перкусии). Тумбао Салса Бенд е носител на стилот латинџез кој успешно го имплементира вo традиционалната македонска музика и фолклор. Временската прогноза за оваа среда предвидува сончево и стабилно време со температура до максимални 23 степени, а вечерта ќе се спушти до 14 степени. Веројатноста за дожд и посилен ветер е многу мала. Времето е добро за Џез во лозјето (во надворешни услови), сепак препорачуваме топла облека. Настанот е на отворено, но достапен е и затворен дел. Шато Сопот препорачува одговорно конзумирање на вино на настанот и користење на превоз. Велес – Шато Сопот – Велес Превозник: Маро турс Цена на повратен билет: 100 ден. Поаѓање: 17:00, 18:00 и 19:00 часот пред маркет Жито Ване (попатно застанува Трговски, Ерик и Нама) Враќање: 22:45, 23:30 и 00:15 Скопје – Шато Сопот – Скопје Цена на повратен билет: 300 ден. Поаѓање: 16:45 и 18:30 часот пред Цветен пазар (кај Нова Македонија) Враќање: 22:45 и 24:00 часот Резервација на превоз преку порака на https://www.facebook.com/chateausopotmacedonia/ Влезот на „Џез во лозјето“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен! Резервации на телефон 078 66 33 00. Настанот е поддржан од Министерство за Култура „Нов културен бран“ 2019 и Винаријата Шато Сопот, а организатор е здружението Базилика. Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/926675597707874/]]>

Концерт на отворено: „Мала Италија патува” по петти пат со латино и џез звуци https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-otvoreno-mala-italija-patuva-po-petti-pat-so-latino-i-dzez-zvuci/ Mon, 02 Sep 2019 10:39:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104667

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез звуци, се враќа пред домашната публика овој септември. На 18.09.2019 година, под отворено небо, на платото „Мајка Тереза” пред Националната Опера и Балет, публиката повторно ќе има можност да ужива во изведбата на Павле Камилоски. Овој музички настан, единствен од ваков тип, по јубилеен петти пат ќе им пружи на љубителите на овој вид музика уште една извонредна вечер исполнета со емоции и уживање. Изведувачот кој воедно е и иницијатор на овој проект, кој полека прераснува во традиција, е најзаслужен за се поголемиот успех на оваа манифестација. Павле со својата огромна љубов кон музиката и изведбата на шансони, канцони и безвременските џез песни, ќе и подари на публиката уште едно повеќечасовно уживање, кое ќе ги разигра сите ваши сетила. Билетите за овој концерт може да се купат на следниот линк.]]>

„Today it’s all about jazz“! https://arhiva.vistina.com.mk/today-it-s-all-about-jazz/ Thu, 25 Apr 2019 09:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84977

На 30-ти април во Младинскиот културен центар ќе се случи третото издание на веќе традиционалниот фестивал „Today it's all about jazz“! Годинава, фестивалот кој е во организација на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ), ќе се случува во текот на целиот ден почнувајќи од 15 часот. На сите љубители на џезот и на добрата музика, ќе им биде понудена разновидна, атрактивна програма во која се вклучени настани и за најмладите, за нашата идна џез-публика. Всушност, годинашниот „Today it's all about jazz“ ќе почне со интересна работилница за млади под наслов „Џез за деца!“, на која присутните ќе имаат можност да се запознаат со специфичниот инструментариум, како и со дел музиката создавана во различни периоди од историјата на џезот. Проектот подразбира мини-работилници чии носители се истакнати музичари и универзитетски професори: Кирил Кузманов - саксофон, Гордан Спасовски - клавир, Кирил Туфекчиевски - контрабас и Благоја Антовски - тапани и удирачки инструменти.
Во рамките на фестивалот ќе биде одржана и работилница посветена на творештвото на врвниот американски композитор Макс Роуч (1924-2007), пионерот на бибапот и еден од најдобрите тапанари воопшто во историјата на џезот. Работилницата носи наслов Drum talk, а ќе ја води тапанарот и композиторот Дамјан Даневски. Во рамките на работилницата се вклучени изведби на стандардни џез-теми, заедно со Гордан Спасовски на пијано и Кирил Туфекчиевски на бас. Како дел од програмата предвидена е и проекција на документарен филм, како и врачување на награда за посебен развој на џез-музиката во Македонија. Годинава, наградата ќе ја добие почитуваниот Илија Пејовски, композитор, аранжер, еден од пионерите на џез-музиката во Македонија. Годинашното издание на „Today it's all about jazz“ ќе го збогатат и концертите на студентите од Џез-катедрата на Факултетот за музичка уметност, како и на Биг-Бендот на ЗЏМ со извонредниот Џон Илија Апелгрен како вокален солист. Во рамките на фестивалот, концерт ќе одржи и новиот квинтет „Проект 5“, во кој членуваат извонредните Иван Иванов - тенор саксофон, Армент Џафери – гитара, Џијан Емин - клавијатури / електроника, Оливер Јосифовски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани, а ќе изведуваат дела на Емин и Џафери во нови аранжмани направени специјално за овој состав. Концерти ќе имаат и фантастичните македонски џез-бендови - „Парусион квартет“ во состав: Дамир Имери, клавијатури, Зоран Костадиновски, гитара, Мартин Јосифовски, бас и Михаил Парушев, тапани, потоа „Боперс“, како и „Сетстат“, кои ќе го промовираат нивниот деветти албум „9IX“ издаден за ПМЏ Рекордс.]]>

Најдете време да ги преслушате Македонката Анета Џорџ и Мартин Милсент трио – „Give It Time“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/najdete-vreme-da-gi-preslushate-makedonkata-aneta-dzordz-i-martin-milsent-trio-give-it-time/ Mon, 22 Apr 2019 10:11:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84333

Анета Џорџ е македонска композиторка, пејачка и пијанистка, која веќе неколку години живее во Париз. Зад псевдонимот Анета Џорџ се крие всушност името на Анета Качуркова, некогашната членка на женската вокална поп група „ПС“  од Скопје од средината на 90-те. Јавноста ја памети и понејзината соработка со Роберт Билбилов („Април“), но и како соло вокал („Порака“).
Досега таа има соработувано со музичари како Оскар Салас, Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Мишел Хендрикс, Чарлс Тарнер, Седрик Анрио, Меџик Малик, Џејмс Робинс… Има настапувано во Индија, Јужна Африка, насекаде во Европа со нејзиниот проект „Universal Love“.
Париз/Лондон – Moods and Modes е горд да го најави новото албумско издание на Анета Џорџ и Мартин Милсент Трио наречено „Playground“, кое е достапно на сите музички платформи.
Новиот албум е нејзина соработка со француското џез трио предводено од композиторот и пијанист Мартин Милсент, и е фузија меѓу соулфул џез и нејзините македонски мелодии и ритами.
Нејзиното ново видео за првиот сингл од албумот насловен “Give it time” можете да го погледнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_TJOWNKFMg0]]>

„Postmodern jukebox“ – врвно џез и свинг кабаре https://arhiva.vistina.com.mk/postmodern-jukebox-vrvno-dzez-i-sving-kabare/ Thu, 14 Jun 2018 11:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32692

Со желба Скопје и Македонија да бидат навистина исполнети со различни музички доживувања на светско ниво, Авалон Продукција  ја донесе веројатно најголемата и најинтересна концертна атракција во светот моментално, музичкиот колектив POSTMODERN JUKEBOX. Станува збор за музички колектив кој што во тотален винтиџ стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи во кои што на специфичен кабаре начин изведува песни во опсег од Radiohead и The White Stripes, па се`  до Lady Gaga, Strokes и уште многу други. Настапите на POSTMODERN JUKEBOX во суштина претставуваат врвно џез и свинг кабаре кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи низ светот кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на Јутјуб воопшто и да не зборуваме. За нивниот настап во Скопје е одбрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за ваков тип на шоу. извор:република]]>