џез музичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Dec 2017 13:58:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џез музичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Baby It’s Cold Outside“: Концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници https://arhiva.vistina.com.mk/baby-it-s-cold-outside-koncert-na-zdruzenieto-na-dzez-muzichari-i-slobodni-umetnici/ Tue, 12 Dec 2017 06:57:08 +0000 http://vistina.mk/?p=6431

Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржи предновогодишен џез-концерт насловен „Baby It’s Cold Outside“. Концертот ќе биде составен од два дела и ќе го води диригентот Џијан Емин. Првиот дел, со наслов „Charlie Parker With Strings“, ќе се реализира во соработка меѓу ритам-секцијата на ЗЏМ Биг бендот и гудачката секција на Македонската филхармонија и солистот на алто-саксофон Кирил Кузманов. ЗЏМ соопшти дека оваа програма ќе биде изведена премиерно на концерт наменет за пошироката публика. „Станува збор за изведба на компилациски албум на еден од најпознатите џез-саксофонисти и композитори на сите времиња, Чарли Паркер, кој е прогласен за најпродаван и е награден со Греми награда во 1988 година“, информира ЗЏМ. Вториот дел е концертен настап на ЗЏМ Биг бенд оркестарот на кој ќе настапат и вокалните солисти Џон Илија Апелгрен и Марија Димитријевиќ. Во вториот дел од вечерашниот концерт ќе бидат изведени дела од најголемите имиња од областа на џез-музиката.]]>